Ладилник - Замрзнувач
Frižider - Zamrzivač
Hűtőszekrény - Fagyasztó
Упатство за употреба
Uputstvo za upotrebu
Használati útmutató
Прочитајте го ова упатство за корисникот прво!
Почитуван кориснику,
Се надеваме дека овој производ којшто е произведен во модерна фабрика и проверен
според многу прецизни процедури за проверка на квалитетот, ќе ви овозможи ефективна
услуга.
Според тоа, внимателно прочитајте го овој прирачник пред да го употребувате
производот и чувајте го за во иднина. Ако го дадете производот на друг, дајте го и
упатството за употреба.
Упатството ќе ви помогне да го користите производот на брз и безбеден начин.
Прочитајте го упатството пред да го поставите и вклучите производот.
Прочитајте ги безбедносните упатства.
Чувајте го упатството на лесно достапно место зашто може да ви притреба подоцна.
Прочитајте ја и другата документација што се доставува со производот.
Имајте предвид дека ова упатство се однесува на неколку други модели. Разликите меѓу
моделите се посочени во упатството.
Објаснување на симболите
Следните симболи се користат низ упатството:
Важни информации или корисни совети.
Предупредувања за опасни состојби по животот и имотот.
Предупредување за електричниот напон.
1 Вашиот ладилник ........................ 34
2 Важни безбедносни
предупредувања ............................. 4
Наменета употреба ........................... 4
Општа безбедност ............................ 4
Производи со диспензер за вода ..... 6
Безбедност за деца ........................... 6
Усогласување со Директивата за
фрлање на електронска и електрична
опрема и за одлагање на отпадот ... 6
Информации за пакувањето ............ 7
Предупредување за HCA .................. 7
Работи што треба да ги направите
да заштедите енергија ...................... 7
3 Поставување ................................ 8
Точки на кои треба да обрнете
внимание кога го преместувате
ладилникот ......................................... 8
Пред да го вклучите ладилникот, .... 8
Електрично поврзување ................... 8
Фрлање на пакувањето .................... 9
Фрлање на стариот ладилник .......... 9
Поставување и поврзување ............. 9
Менување на светилката за
осветлување ...................................... 9
Прилагодување на ногарките ........... 9
4 Подготовка ............................... 1012
5 Употреба на ладилникот ........ 1113
Копче за поставување на
термостатот .................................... 11
Одмрзнување ................................. 11
Замрзнување свежа храна ............ 12
Препораки за зачувување на
смрзната храна ............................... 13
Препораки за одделот за свежа
храна ............................................... 13
Преместување на вратите............. 14
6 Одржување и чистење ............. 151
Избегнување на смрдеа ................ 15
Заштита на пластичните
површини ........................................ 15
7 Решавање проблеми .................1620
Сликите што се прикажани во ова упатство за употреба се шематски и
може да не соодветствуваат точно со производот. Ако деловите од
поглавјето не се вклучени во производот што сте го купиле, тогаш тие важат
за други модели.
1. Поставување на регулаторот и на
внатрешното осветлување
2. Прилагодливи полици во внатрешноста
3. Стаклени полици
4. Фиока за салата
5. Потпора за садот за мраз и сад за мраз
6. Оддел за брзо замрзнување
7. Оддели за чување на замрзната храна
8. Прилагодливи предни ногарки
9. Полици за тегли
10. Полица за шишиња
Важни безбедносни предупредувања
Прочитајте ги следните информации.
Непочитувањето на овие информации
може да предизвика повреди или
материјална штета.
И гаранцијата и заложбите за
доверливост нема да бидат важечки.
Оригиналните резервни делови ќе ги
добивате 10 години по датумот кога е
набавен производот.
Наменета употреба
Овој производ е наменет да се користи
во затворени простории како што се
домови,
во затворени работни средини како што
се продавници и канцеларии,
во затворени простории за сместување
како што се објекти на селскиот туризам,
хотели, пансиони.
Не треба да се користи на отворено.
Општа безбедност
Ви препорачуваме да се консултирате
со локалниот авторизиран сервис и со
овластените институции за да ги добиете
неопходните информации кога ќе сакате
да го фрлите / одложите производот.
Консултирајте се со овластен сервис за
сите прашања и проблеми поврзани со
ладилникот. Не интервенирајте ниту не
пуштајте друг да интервенира на
ладилникот без да го известите
овластениот сервисер.
За производите од одделот на
замрзнувачот - не јадете сладолед во
корнет или коцки мраз веднаш по вадење
од одделот за замрзнување! (Може да
предизвикате смрзнатини на устата.)
За производите во одделот на
замрзнувачот; не ставајте пијалаци во
шише или конзерва во одделот на
замрзнувачот. Инаку, тие може да пукнат.
Не допирајте ја замрзната храна со
рака, може да ви се залепи за раката.
Исклучете го ладилникот од струја пред
чистење или одмрзнување.
Испарувачи и материјали за чистење
што испаруваат не смее никогаш да се
користат за чистење и за процесот на
одмрзнување на ладилникот. Во тие
случаи, испарувањето може да дојде во
контакт со електричните делови и да
предизвика краток спој или електричен
удар.
Никогаш не користете делови од
ладилникот како што е вратата за потпора
или расчекор.
Не користете електрични уреди во
внатрешноста на ладилникот.
Не оштетувајте ги деловите каде што
циркулира фреонот со дупчалки или
алатки за сечење. Фреонот може да прсне
и може да предизвика иритација на
кожата и повреда на очите кога ќе се
дупнат каналите за испарувањата,
продолжетоците на цевките или
површинските премази.
Не покривајте ги или не блокирајте ги
отворите за вентилација на ладилникот со
каков било материјал.
Електричните делови мора да ги
поправи само овластено лице.
Поправките што ги извршиле
некомпетентни лица може да
предизвикаат ризик за корисникот.
Во случај на грешка при работа или во
текот на одржување или поправка,
исклучете го ладилникот од довод на ел.
енергија со тоа што ќе го извадите
соодветниот осигурувач или ќе го
извлечете кабелот.
Не влечете го кабелот кога го вадите
приклучокот.
Поставете ги пијалаците со повисоки
затворувачи вертикално и убаво
затворени.
Никогаш не чувајте конзерви под
притисок што содржат запаливи и
експлозивни супстанци во ладилникот.
Не користете механички уреди или
други средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен оние
што ги препорачува производителот.
Овој производ не е наменет да го
користат лица со намалени физички,
сетилни или ментални способности или
необучени или неискусни лица
(вклучително и деца), освен ако не се под
надзор на лице кое е одговорно за
нивната безбедност или кое ќе ги научи
како да го користат производот правилно.
Не вклучувајте оштетен ладилник.
Консултирајте се со сервисер ако се
сомневате на дефект.
Електричната безбедност на
ладилникот е гарантирана само кога
системот за заземјување во домот е
усогласен со стандардите.
Изложување на производот на дожд,
снег, сонце и ветер е опасно во однос на
електричната безбедност.
Контактирајте овластен сервисер кога е
оштетен кабелот за струја за да избегнете
опасност.
Никогаш не вклучувајте го ладилникот
на ѕиден приклучок за време на
поставувањето.
Инаку, може да има ризик од смрт или
сериозна повреда.
Овој ладилник е наменет само за
чување на храна. Не смее да се користи
за други намени.
Етикетата со техничките спецификации
се наоѓа на левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не поврзувајте го ладилникот
за системи за штедење струја. Може да го
оштетат ладилникот.
Ако има сина светилка на ладилникот,
не гледајте во неа со оптички уреди.
Почекајте најмалку 5 минути за да го
вклучите ладилникот откако снемало
струја кај ладилниците што се
контролираат рачно.
Ова упатство за работа треба да се
предаде на новиот сопственик на
производот ако го дадете на други.
Избегнувајте да предизвикувате
оштетувања на кабелот за напојување
кога го транспортирате ладилникот.
Превитканиот кабел може да предизвика
пожар. Никогаш не ставајте тешки
предмети врз кабелот за струја.
Не допирајте го приклучокот со мокри
раце кога го приклучувате производот.
Не приклучувајте го ладилникот ако
штекерот е разлабавен.
Вода не смее да се прска директно на
внатрешните и надворешните делови на
производот од безбедносни причини.
Не прскајте разни средства што
содржат запаливи гасови како што е
пропанот близу до ладилникот за да
избегнете ризик од пожар и експлозија.
Никогаш не ставајте садови со вода врз
ладилникот. Во спротивно, може да
предизвикаат електричен удар или пожар.
Не преполнувајте го ладилникот
прекумерно со храна. Ако го преполните,
храната може да падне и да ве повреди и
да го оштети ладилникот кога ја отворате
вратата.
Никогаш не ставајте предмети врз
ладилникот; во спротивно, овие предмети
може да паднат кога ја отворате или
затворате вратата на ладилникот.
Вакцините, лековите што се осетливи
на топлина, истражувачките материјали и
слично не смее да се чуваат во
ладилникот бидејќи бараат прецизна
температура.
Ладилникот треба да се исклучи од
струја ако не се користи долго време.
Можен проблем со кабелот може да
предизвика пожар.
Клемите на приклучокот треба да се
чистат редовно со сува крпа. Во
спротивно, може да предизвикаат пожар.
Ладилникот може да се мрда ако
прилагодливите ногарки не се правилно
поставени на подот. Ладилникот нема да
се мрда со правилно обезбедување на
прилагодливите ногарки на подот.
Не држете го ладилникот за рачката на
вратата кога го транспортирате. Во
спротивно, може да се скрши.
Кога треба да го поставите производот
до друг ладилник или замрзнувач,
растојанието меѓу нив треба да биде
најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните
ѕидови може да фатат влага.
Производи со диспензер
за вода;
Притисокот на доводот на водата мора
да биде минимум 1 бар. Притисокот на
доводот на водата мора да биде
максимум 8 бари.
Користете само вода за пиење.
Безбедност за децата
Ако вратата има брава, клучот треба да
се чува далеку од дофатот на децата.
Децата мора да се надгледуваат за да
се спречи тие да си играат со ладилникот.
Усогласување со Директивата за
фрлање на електронска и
електрична опрема и за одлагање
на отпадот
Симболот на производот или на
пакувањето посочува дека овој производ
не смее да се третира како домашен
отпад. Наместо тоа, треба да се предаде
на соодветен собирен пункт за
рециклирање на електрична и
електронска опрема. Со правилно
одложување на овој производ, ги штитите
животната средина и здравјето на луѓето
од можните негативни последици што
може да се појават од неправилно
ракување со отпадот. За повеќе
информации околу рециклирањето на овој
производ, контактирајте со општината, со
сервисот за фрлање на отпад од куќни
апарати или со продавницата каде го
купивте истиот.
Информации за пакувањето
Материјалот за пакувањето на
производот е произведен од материјал
што може да се рециклира во согласност
со државните одредби за заштита на
животната средина. Не фрлајте го
материјалот за пакување заедно со
домашниот или друг отпад. Однесете го
во центри за собирање материјал за
пакување коишто ги посочуваат
општинските тела.
Не заборавајте...
Рециклирањето е неопходно за
природата и за нашите природни
богатства.
Ако сакате да придонесете при
проценката на материјалите за пакување,
консултирајте се со експерт за заштита на
животната средина или со експерт во
општината.
Предупредување за HCA
Ако системот за разладување на
производот содржи R600a:
Овој гас е запалив. Затоа, треба са се
обрне внимание да не се оштетуваат
системот за ладење и цевководите при
употреба и транспорт. Во случај на
оштетување, чувајте го производот
настрана од можни извори на оган што
може да предизвикаат негово палење и
вентилирајте ја просторијата каде што е
сместен.
Типот на гас што се користи во
производот е посочен на етикетата на
левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не фрлајте го производот во
оган.
Работи што треба да ги направите
да заштедите енергија
Штедење
Не држете ги вратите на ладилникот
отворени подолг период.
Не ставајте топли пијалаци или храна
во ладилникот.
Не преоптоварувајте го ладилникот со
што ќе се попречи циркулацијата на
воздухот во внатрешноста.
Не поставувајте го ладилникот под
директна сончева светлина или близу до
уреди што зрачат топлина како што се
печка, машина за миење садови или
радијатори. Ставете го производот
најмалку 30 см оддалечен од извори на
топлина и најмалку 5 см подалеку од
електричните рерни.
Внимавајте храната да ја чувате во
затворени садови.
Со отстранување на фиоките од
одделот на замрзнувачот можете да ја
внесете дозволената максимална
количина храна во ладилникот.
Декларацијата за потрошувачката на
струја на ладилникот е одредена во
состојба на отстранети фиоки од
одделот на замрзнувачот. Нема ризик
да се користи полица или фиока што
одговара на облиците или големината
на храната што треба да се замрзне.
Ако ја одмрзнувате замрзната храна во
одделот на ладилникот, ќе заштедите
струја и ќе го зачувате квалитетот на
храната.
Амбиенталната температура во
просторијата каде што ќе го поставите
ладилникот мора да биде најмалку -15°C.
Не се препорачува работа на ладилникот
во поладни услови затоа што ја попречува
неговата ефикасност.
Внатрешноста на ладилникот мора да
се исчисти.
Во случај доколку не се земат
предвид информациите што се дадени
во прирачникот производителот нема
да преземе одговорност.
Точки на кои треба да обрнете
внимание кога го преместувате
ладилникот
1. Ладилникот треба да се исклучи од
струја. Треба да се испразни и исчисти
пред транспортот.
2. Пред да го спакувате одново,
полиците, дополнителната опрема,
кутиите и сл. треба да се фиксираат со
леплива лента и да се обезбедат од
удари. Пакувањето треба да се врзе со
цврста лента или силни јажиња.
Почитувајте ги правилата за транспорт
доследно.
3. Оригиналното пакување и
материјалите од пена треба да се
чуваат за евентуален иден транспорт
или преместување.
Пред да го вклучите
ладилникот
Проверете го следново пред да
почнете да го употребувате
ладилникот:
1. Поставете ги 2 пластични клина како
што е прикажано подолу. Пластичните
клинови се наменети за да го задржат
растојанието што ќе обезбеди
циркулација на воздухот меѓу
ладилникот и ѕидот. (Сликата е дадена
како пример и не е идентична со
вашиот производ.)
2. Исчистете ја внатрешноста на
ладилникот како што е препорачано во
поглавјето „Одржување и чистење“.
3. Ставете го приклучокот на
ладилникот во штекер. Кога вратата е
отворена, ќе се вклучи внатрешно
осветлување.
4. Ќе слушнете звук кога ќе се вклучи
компресорот. Течноста и гасовите
затворени во системот на ладилникот
ја зголемуваат бучавата, без оглед
дали компресорот е вклучен или не,
тоа е сосема нормално.
5. Предните рабови на ладилникот
може да се малку топли. Тоа е сосема
нормално. Овие области се
дизајнирани да бидат топли за да се
спречи кондензација.
Електрично поврзување
Поврзете го производот во заземјен
штекер што е заштитен со осигурувач
со соодветен капацитет.
Важно:
Поврзувањето мора да биде
усогласено со државните регулативи.
Приклучокот на кабелот за
напојување мора да биде лесно
достапен по приклучувањето.
Електричната безбедност на
ладилникот е гарантирана само кога
системот за заземјување во домот е
усогласен со стандардите.
Напонот посочен на етикетата
внатре одлево во производот треба да
биде еднаков на напонот на мрежата.
Не смее да се користат продолжни
кабли и приклучоци со повеќе
влезови.
Квалификуван електричар мора да
го замени оштетениот кабел за
напојување.
Производот не смее да работи
пред да се поправи! Постои ризик од
електричен удар.
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е опасен
за децата. Чувајте го материјалот за
пакување подалеку од дофат на
децата или фрлете го класифицирајќи
го во согласност со упатствата за
фрлање отпад што ги посочуваат
локалните надлежни органи. Не
фрлајте го заедно со домашен отпад.
Фрлете го на места што ги посочуваат
локалните надлежни органи.
Пакувањето на ладилникот е
произведено од рециклирачки
материјали.
Фрлање на стариот ладилник
Фрлете го стариот ладилник без да
направите штета за животната
средина.
Консултирајте се со овластениот
застапник или со центар за собирање
отпад во вашата општина за тоа како
да го фрлите ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот,
исечете го кабелот за напојување и,
ако има брави на вратата, искршете ги
за да ги заштитите децата од каква
било опасност.
Поставување и поврзување
Ако влезната врата на просторијата
каде што треба да се смести
ладилникот не е доволно широка за да
може тој да помине, тогаш повикајте го
овластениот сервис да ги извади
вратите на ладилникот и тогаш,
поминете го ладилникот низ вратата
странично.
1. Поставете го ладилникот на место
кое овозможува лесна употреба.
2. Поставете го ладилникот подалеку
од извори на топлина, влажни места
или директна сончева светлина.
3. Мора да има соодветна воздушна
вентилација околу ладилникот со цел
да се постигне ефикасна работа.
Ако ладилникот треба да се постави во
вдлабнатина во ѕидот, тогаш мора да
има најмалку 5 цм. растојание од
таванот и најмалку 5 цм од ѕидот. Не
ставајте го производот врз материјали
како што се простирка или килим.
4. Поставете го ладилникот на рамни
подови за да се спречи нишање.
Менување на светилката за
осветлување
Повикајте овластен сервисер за да
ја смените светилката/ЛЕД-сијаличката
што служи за осветлување на
ладилникот.
Сијаличката што се користи во овој
уред не е соодветна за осветлување
простории во домаќинството.
Наменетата употреба на оваа
сијаличка е да му помага на
корисникот да става храна во
ладилникот/замрзнувачот на безбеден
и удобен начин.
Сијаличките употребени во уредот
треба да издржат екстремни физички
услови како што е температура под
-20°C.
Прилагодување на ногарките
Ако ладилникот не е балансиран
Може да го балансирате ладилникот
со вртење на предните ногарки како
што е прикажано на сликата. Аголот
каде што има ногарка се спушта кога
вртите во правец на црната стрелка и
се подигнува кога вртите во
спротивната насока. Ако некој би ви
помогнал со делумно подигнување на
ладилникот, тоа ќе ви ја олесни
работата.
Ладилникот треба да се постави на
најмалку 30 цм. оддалеченост од
извори на топлина, како што се
камини, фурни, централно греење и
печки и најмалку 5 цм. оддалеченост
од електрични печки и не смее да се
изложува на директна сончева
светлина.
Исчистете ја внатрешноста на
ладилникот темелно.
Ако треба да се постават два
ладилника еден до друг, тогаш треба
да има најмалку 2 см. растојание меѓу
нив.
Кога ќе го вклучите ладилникот за
првпат, почитувајте ги следните
упатства во текот на првите шест часа.
Вратата не треба да се отвора
често.
Мора да се вклучи празен, без храна
во него.
Не исклучувајте го ладилникот од
струја. Ако снема струја, видете ги
предупредувањата во поглавјето
„Препорачани решенија за
проблемите“.
Производот е дизајниран да
функционира при температури до 43°C
(110°F).
Копче за поставување на
термостатот
Внатрешната температура на
ладилникот се менува од следните
причини:
• Сезонски температури,
• Често отворање на врата и оставање
отворена врата подолго време,
• Храната што се става во ладилникот
не е изладена на собна температура,
• Локацијата на ладилникот во
просторијата (на пр. изложеност на
сончева светлина).
• Може да ја прилагодувате
променливата внатрешна
температура од различни причини со
помош на термостатот.
Работната температура се контролира
со регулатор на термостатот и може
да се поставува на која било позиција
меѓу 0 и 5 (најладно).
Просечната температура во
ладилникот треба да биде околу +5°C
(+41°F).
Затоа, прилагодете го термостатот за
да ја постигнете саканата
температура. Некои секции во
ладилникот може да бидат поладни
или потопли ( како што е одделот за
салата и горниот дел на
внатрешноста) што е сосема
нормално. Препорачуваме
периодично да ја проверувате
температурата со термометар
за да бидете сигурни дека
внатрешноста се одржува на оваа
температура. Често отворање на
вратата може да предизвика
покачување на внатрешната
температура, затоа се препорачува да
ја затворите вратата веднаш по
користењето.
Одмрзнување
А) Оддел на ладилникот
Одделот на ладилникот извршува
целосно автоматизирано
одмрзнување. Водата капе и може да
се појави мраз до 7-8 мм. на
внатрешниот заден ѕид во ладилникот
кога тој лади. Таквите формации се
нормални како резултат на системот
за разладување. Формацијата на мраз
ќе се одмрзне автоматски на одредени
интервали благодарение на системот
за автоматизирано одмрзнување на
задниот ѕид. Корисникот не треба да
го отстранува мразот или капките вода
Водата што е производ на
одмрзнувањето минува низ одводот за
собирање вода и истекува во
испарувачот преку одводната цевка и
тука испарува.
Проверувајте ја редовно одводната
цевка за да видите дали е запушена
или не и исчистете ја со стапче во
отворот ако е неопходно
Одделот за длабоко замрзнување не
извршува автоматизирано
одмрзнување за да се спречи
расипување на замрзнатата храна.
Б) Оддел на замрзнувачот
Одмрзнувањето е многу лесно и без
растурање благодарение на
специјалниот сад за собирање на
одмрзната вода.
Одмрзнувајте двапати годишно или
кога ќе се формира слој од мраз од
околу 7 мм. (1/4 инчи).
Понатаму, мора да бидат добро
затворени и мора да се изработени од
материјали што се лесни за употреба и
соодветни за употреба во длабоко
замрзнување.
• Замрзнатата храна мора да се употреби
веднаш по растопување и не смее
повторно да се замрзнува.
• Следете ги следните инструкции за да
ги добиете најдобрите резултати.
1. Не замрзнувајте премногу големи
количини храна одеднаш. Квалитетот на
храната најдобро се зачувува кога се
замрзнува целосно колку што е можно
поскоро.
2. Ставање топла храна во одделот за
замрзнување предизвикува системот за
ладење да работи постојано додека не се
замрзне храната целосно.
3. Особено внимавајте да не мешате веќе
смрзната храна и свежа храна.
• Врелата храна и пијалоците мора прво
да се изладат на собна температура пред
да се стават во ладилникот.
• Максималната количина на складирана
замрзната храна се постигнува без да се
користат фиоките и капакот на горната
полица во одделот на замрзнувачот.
Потрошувачката на струјата е прикажана
со максимално наполнет замрзнувач без
да се користат фиоките и капакот на
горната полица.
• Ако снема струја, не отворајте ја врата
на замрзнувачот. Дури и ако нема струја
до поставеното „Време за зголемување
на температурата“ во одделот за
„Технички спецификации на ладилникот“,
тоа нема да повлијае на замрзнатата
храна. Во случај кога нема струја подолго
време, храната мора да се провери и кога
ќе биде неопходно, мора да се консумира
веднаш или мора да се замрзне откако ќе
се зготви.
• Внимавајте на рокот на употреба на
купената храна, максимално дозволениот
период на складирање и препорачаната
температурата за неа. Не ја консумирајте
доколку и е истечен рокот.
За да ја започнете постапката на
одмрзнување, исклучете го
напојувањето и извадете го
приклучокот.
Сета храна треба да се завитка во
неколку слоја весници и да се стави на
ладно место (на пр. ладилник или
шпајз).
Садови со топла вода може да се
стават во замрзнувачот за да се
забрза одмрзнувањето.
Не користете остри предмети како
ножеви и виљушки за да го извадите
мразот.
Не користете никогаш фен за коса,
електрични греалки или други слични
апарати за одмрзнување.
Соберете ја одмрзнатата вода на
дното од одделот на замрзнувачот со
сунѓер. По одмрзнување, исушете ја
внатрешноста темелно Ставете го
приклучокот во штекер и пуштете ја
струјата.
Замрзнување свежа храна
• Се претпочита храната да се завитка
или покрие пред да се стави во
ладилникот.
• Врела храна мора прво да се излади на
собна температура пред да се стави во
ладилникот.
• Храната што сакате да ја замрзнете
мора да биде свежа и со добар квалитет.
• Храната мора да се подели во порции
во согласност со дневните потреби на
семејството или со потребите за
консумирање месо.
• Храната мора да биде спакувана со
истиснат воздух за да се спречи
исушување дури и кога ќе се чува краток
период.
• Материјалите што ќе се употребат за
пакување на храната мора да се отпорни
на кинење и отпорни на ладно, влага,
миризби, масла или киселини и со
истиснат воздух.
Препораки за одделот за свежа
храна
*по избор
Не оставајте храната да го допира
сензорот за температура во одделот
за свежа храна. Сензорот не смее да
биде попречен со храната за да може
да се одржува идеална температура
во одделот за чување свежа храна.
Не ставајте врела храна во
ладилникот.
Препораки за зачувување на
смрзната храна
Купената спакувана замрзната храна
треба да складира во согласност со
упатството на производителот за
замрзната храна во одделот за
складирање смрзната храна
( 4 ѕвездички).
• За да го оддржите најдобриот
квалитет кој што го постигнал
производителот на замрзната храна,
треба да го запомните следново:
1. Ставете ги пакувањата во
ладилникот колку што е можно побргу
по купување.
2. Проверете дали пакувањето е
обележано и има датум.
3. Не надминувајте ги датумите на
пакувањето „Да се употреби до“ и „Рок
на употреба“.
Преместување на вратите
Постапете по нумерираниот редослед
Избегнување смрдеа
Не се употребуваат материјали при
производството коишто може да
предизвикаат смрдеа.
Сепак, поради несоодветните услови за
чување на храната и нечистење на
внатрешната површина на фрижидерот
како што се бара може да дојде до
проблемот со смрдеата. Внимавајте на
следново за да го одбегнете овој
проблем:
• Важно е да се чува ладилникот што е
можно почист.
Остатоците од храна, дамките, итн., може
да предизвикаат смрдеа. Според тоа, за
да го избегнете ова, чистете ја
внатрешноста со вода и сода бикарбона
секои 15 дена. Никогаш не употребувајте
детергенти и сапун.
• Чувајте ја храната во затворени садови.
Микроогранизмите од отворените садови
може да предизвикаат непријатна
миризба.
• Никогаш не ја чувајте храната со
поминат рок и расипаната храна во
ладилникот.
Заштита на пластичните
површини
Не ставајте течни масла или храна
зготвена со масло во незатворени садови
во ладилникот бидејќи тие може да ги
оштетат пластичните површини на
ладилникот. Во случај на истурање или
размачкување масло врз пластичните
површини, исчистете го и исплакнете го
дадениот дел на површината веднаш со
топла вода.
Никогаш не користете бензин, нафта
или слични средства за чистење.
Препорачуваме да го исклучите
апаратот пред чистење.
Никогаш не користете груби абразивни
инструменти, сапун, домашни
средства за чистење, детергент и
средство за полирање за чистење.
Користете топла вода за чистење на
внатрешноста на апаратот и
избришете за да се исуши.
Користете влажна и добро исцедена
крпа потопена во раствор од една
лажичка сода бикарбонат и една чаша
вода за чистење на внатрешноста, а
потоа избришете за да се исуши.
Внимавајте да не навлезе вода во
куќиштето на осветлувањето или во
другите електрични делови.
Ако апаратот нема да се користи
подолго време, исклучете го,
извадете ја храната, исчистете го и
оставате ја вратата полуотворена.
Проверувајте ја редовно гумата на
вратата која треба да биде чиста и
без остатоци од храна.
За да ги извадите полиците на
вратата, извадете ја целата содржина
и потоа едноставно притиснете ја
полицата нагоре од лежиштето.
Никогаш не користете средства за
чистење или вода што содржат хлор за
да ги исчистите надворешните површини
и деловите обложени со хром на
производот. Хлорот предизвикува
корозија на таквите метални површини.
• Приклучокот не е правилно ставен во штекерот. >>>Ставете го правилно
приклучокот во штекерот.
• Осигурувачот на приклучокот на којшто е поврзан ладилникот или главниот
осигурувач се прегорени. >>>Проверете го осигурувачот.
Се јавува кондензација на страничните ѕидови во одделот на ладилникот
(ПОВЕЌЕНАМЕНСКА ЗОНА, КОНТРОЛА НА ЛАДЕЊЕТО И ФЛЕКСИБИЛНА
ЗОНА).
• Средината е многу студена. >>>Не ставајте го ладилникот на места каде
температурата се спушта под 10°C.
• Вратата се отвора често. >>>Не отворајте и затворајте ја врата на ладилникот
многу често.
• Има влага во средината. >>>Не ставајте го ладилникот во средина со многу
влага.
• Храната што содржи течност се чува во отворени садови. >>>Не чувајте ја
течната храна во отворени садови.
• Вратата на ладилникот е оставена подотворена. >>>Затворете ја вратата на
ладилникот.
• Термостатот е поставен на многу ниско ниво. >>>Поставете го термостатот на
соодветно ниво.
Компресорот не се вклучува
• Заштитната термика на компресорот ќе престане да работи при ненадеен
прекин на ел. енергија или ќе го прекине ел. напојување бидејќи притисокот на
ладилникот во системот за ладење сè уште не е избалансиран. Ладилникот ќе
продолжи со работа по приближно 6 минути. Повикајте го сервисерот ако
ладилникот не се вклучи по истекување на овој период.
• Ладилникот е во циклус на одмрзнување. >>>Ова е нормално за целосно
автоматизиран процес на одмрзнување кај ладилникот. Циклусот на
одмрзнување започнува периодично.
• Ладилникот не е приклучен во штекер. >>>Проверете дали приклучокот е
правилно поставен во штекерот.
• Поставките за температурата не се правилни. >>>Изберете ја соодветната
вредност за температурата.
• Снемало струја. >>>Ладилникот ќе се врати на нормалната работа кога ќе
дојде струја.
Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот.
• Работата на ладилникот се менува соодветно со промените во амбиенталната
температура. Тоа е нормално и не е грешка.
Прочитајте го овој список пред да повикате сервис. Ќе ви заштеди време и пари. Овој
список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или
употреба на материјали. Некои од одликите што се опишани тука веројатно не постојат
кај вашиот производ.