Beko CNA400EC0ZX User manual [MK]

CNA400EC0ZX
Хладилник - Фризер
Прочитајте го ова упатство за корисникот прво!
Почитуван кориснику,
Се надеваме дека овој производ којшто е произведен во модерна фабрика и
проверен според многу прецизни процедури за проверка на квалитетот, ќе ви
овозможи ефективна услуга.
Затоа, прочитајте го целото упатство внимателно пред да го користите производот
и чувајте за идни осврти. Ако го дадете производот на друг, дајте го и упатството за
употреба.
Упатството ќе ви помогне да го користите производот на брз и безбеден
начин.
Прочитајте го упатството пред да го поставите и вклучите производот. Прочитајте ги безбедносните упатства. Чувајте го упатството на лесно достапно место зашто може да ви притреба
подоцна.
Прочитајте ја и другата документација што се доставува со производот.
Имајте предвид дека ова упатство се однесува на неколку други модели.
Разликите меѓу моделите се посочени во упатството.
Објаснување на симболите Следните симболи се користат низ упатството:
Важни информации или корисни совети.
Предупредувања за опасни состојби по животот и имотот.
Предупредување за електричниот
напон.
1 Вашиот ладилник 34
2 Важни безбедносни
предупредувања 4
Наменета употреба 4 Општа безбедност 4 Производи со диспензер за вода 6 Безбедност за деца 6
Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична
опрема и за одлагање на отпадот 6 Информации за пакувањето 7 Предупредување за HCA 7
Работи што треба да ги направите да
заштедите енергија 7
3 Поставување 8
Точки на кои треба да обрнете внимание кога го преместувате
ладилникот 8 Пред да го вклучите ладилникот 8 Електрично поврзување 9 Фрлање на пакувањето 9 Фрлање на стариот ладилник 9 Поставување и поврзување 9
Менување на светилката за
осветлување 10
Менување на правецот на отворањето
на вратата 10 Прилагодување на ногарките 10
СОДРЖИНА
2 МК
4 Подготовка 11 5 Употреба на ладилникот 12
Индикатор за температура 12 Двоен систем за ладење 14
Кутија за зеленчук со контролирана
влага 15
Оддел за чување храна што лесно се
расипува 15 Замрзнување свежа храна 16
Препораки за чување смрзната храна
17
Одмрзнување 17 Ставање храна 17 Информации за длабоко замрзнување 18 Препораки за одделот за свежа храна 18
6 Одржување и чистење 19
Заштита на пластичните површини 19
7 Решавање проблеми 20
Вашиот ладилник
1
1. Контролен панел
2. Внатрешна светилка
3. Вентилатор за свежа храна
4*. Потпора за шишиња со вино
5. Прилагодливи полици во
внатрешноста
6. Оддел со нула температура
7. Капак на кутијата за контролирано чување зеленчук
8. Кутија за контролирано чување зеленчук
9. Потпора за садот за мраз и сад за мраз
10. Оддел за брзо замрзнување
11. Оддели за чување на замрзната храна
12. Прилагодливи предни ногарки
13*. Млечен дел
14. Полици за тегли
15. Полица за шишиња
16. Вентилатор во замрзнувачот
По избор
Сликите што се прикажани во ова упатство за употреба се шематски и
може да не соодветствуваат точно со производот. Ако деловите од поглавјето
не се вклучени во производот што сте го купиле, тогаш тие важат за други
модели.
3 МК
Важни безбедносни предупредувања
2
Прочитајте ги следните информации.
Непочитувањето на овие информации може да предизвика повреди или
материјална штета.
И гаранцијата и заложбите за
доверливост нема да бидат важечки. Векот на употреба на овој производ е 10
години. Резервните делови за правилна работа на производот ќе бидат достапни
во текот на овој период.
Наменета употреба
Овој производ е наменет да се користи
во затворени простории како што се
домови,
во затворени работни средини како што
се продавници и канцеларии,
во затворени простории за сместување
како што се објекти на селскиот туризам,
хотели, пансиони.
Не треба да се користи на отворено.
Општа безбедност
Ви препорачуваме да се консултирате
со локалниот авторизиран сервис и со овластените институции за да ги добиете неопходните информации кога ќе сакате
да го фрлите / одложите производот.
Консултирајте се со овластен сервис за
сите прашања и проблеми поврзани со ладилникот. Не интервенирајте ниту не пуштајте друг да интервенира на ладилникот без да го известите
овластениот сервисер.
За производите од одделот на
замрзнувачот - не јадете сладолед во
корнет или коцки мраз веднаш по вадење од одделот за замрзнување! (Може да
предизвикате смрзнатини на устата.)
За производите во одделот на
замрзнувачот - не ставајте пијалаци во
шише или конзерва во одделот на
замрзнувачот. Инаку, тие може да пукнат.
Не допирајте ја замрзната храна со
рака, може да ви се залепи за раката.
Исклучете го ладилникот од струја пред
чистење или одмрзнување.
Испарувачи и материјали за чистење
што испаруваат не смее никогаш да се користат за чистење и за процесот на одмрзнување на ладилникот. Во тие случаи, испарувањето може да дојде во контакт со електричните делови и да предизвика краток спој или електричен
удар.
Никогаш не користете делови од
ладилникот како што е вратата за потпора
или расчекор.
Не користете електрични уреди во
внатрешноста на ладилникот.
Не оштетувајте ги деловите каде што
циркулира фреонот со дупчалки или алатки за сечење. Фреонот може да прсне и може да предизвика иритација на кожата и повреда на очите кога ќе се дупнат каналите за испарувањата, продолжетоците на цевките или
површинските премази.
Не покривајте ги или не блокирајте ги
отворите за вентилација на ладилникот со
каков било материјал.
Електричните делови мора да ги
поправи само овластено лице. Поправките што ги извршиле некомпетентни лица може да
предизвикаат ризик за корисникот.
4 МК
Во случај на грешка при работа или во
текот на одржување или поправка, исклучете го ладилникот од довод на ел. енергија со тоа што ќе го извадите соодветниот осигурувач или ќе го
извлечете кабелот.
Не влечете го кабелот кога го вадите
приклучокот.
Поставете ги пијалаците со повисоки
затворувачи вертикално и убаво
затворени.
Никогаш не чувајте конзерви под
притисок што содржат запаливи и
експлозивни супстанци во ладилникот.
Не користете механички уреди или
други средства за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние
што ги препорачува производителот.
Овој производ не е наменет да го
користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или необучени или неискусни лица (вклучително и деца), освен ако не се под надзор на лице кое е одговорно за нивната безбедност или кое ќе ги научи
како да го користат производот правилно.
Не вклучувајте оштетен ладилник.
Консултирајте се со сервисер ако се
сомневате на дефект.
Електричната безбедност на
ладилникот е гарантирана само кога системот за заземјување во домот е
усогласен со стандардите.
Изложување на производот на дожд,
снег, сонце и ветер е опасно во однос на
електричната безбедност.
Контактирајте овластен сервисер кога е
оштетен кабелот за струја за да избегнете
опасност.
Никогаш не вклучувајте го ладилникот
на ѕиден приклучок за време на
поставувањето.
Инаку, може да има ризик од смрт или
сериозна повреда.
Овој ладилник е наменет само за
чување на храна. Не смее да се користи
за други намени.
Етикетата со техничките спецификации
се наоѓа на левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не поврзувајте го ладилникот
за системи за штедење струја. Може да го
оштетат ладилникот.
Ако има сина светилка на ладилникот,
не гледајте во неа со оптички уреди.
Почекајте најмалку 5 минути за да го
вклучите ладилникот откако снемало струја кај ладилниците што се
контролираат рачно.
Ова упатство за работа треба да се
предаде на новиот сопственик на
производот ако го дадете на други.
Избегнувајте да предизвикувате
оштетувања на кабелот за напојување кога го транспортирате ладилникот. Превитканиот кабел може да предизвика пожар. Никогаш не ставајте тешки
предмети врз кабелот за струја.
Не допирајте го приклучокот со мокри
раце кога го приклучувате производот.
Не приклучувајте го ладилникот ако
штекерот е разлабавен.
Вода не смее да се прска директно на
внатрешните и надворешните делови на
производот од безбедносни причини.
5 МК
6 МК
Не прскајте разни средства што
содржат запаливи гасови како што е пропанот близу до ладилникот за да
избегнете ризик од пожар и експлозија.
Никогаш не ставајте садови со вода врз
ладилникот. Во спротивно, може да
предизвикаат електричен удар или пожар.
Не преполнувајте го ладилникот
прекумерно со храна. Ако го преполните, храната може да падне и да ве повреди и да го оштети ладилникот кога ја отворате
вратата.
Никогаш не ставајте предмети врз
ладилникот. Во спротивно, овие предмети може да паднат кога ја отворате или затворате вратата на ладилникот.
Вакцините, лековите што се осетливи
на топлина, истражувачките материјали и слично не смее да се чуваат во ладилникот бидејќи бараат прецизна
температура.
Ладилникот треба да се исклучи од
струја ако не се користи долго време. Можен проблем со кабелот може да
предизвика пожар.
Клемите на приклучокот треба да се
чистат редовно со сува крпа. Во
спротивно, може да предизвикаат пожар.
Ладилникот може да се мрда ако
прилагодливите ногарки не се правилно поставени на подот. Ладилникот нема да се мрда со правилно обезбедување на прилагодливите ногарки на подот.
Не држете го ладилникот за рачката на
вратата кога го транспортирате. Во
спротивно, може да се скрши.
Кога треба да го поставите производот
до друг ладилник или замрзнувач, растојанието меѓу нив треба да биде најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните
ѕидови може да фатат влага.
Производи со диспензер за вода
Притисокот на доводот на водата мора да биде минимум 1 бар. Притисокот на доводот на водата мора да биде
максимум 8 бари.
Користете само вода за пиење.
Безбедност за децата
Ако вратата има брава, клучот треба да
се чува далеку од дофатот на децата.
Децата мора да се надгледуваат за да
се спречи тие да си играат со ладилникот.
Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање
на отпадот
Симболот на производот или на пакувањето посочува дека овој производ не смее да се третира како домашен отпад. Наместо тоа, треба да се предаде на соодветен собирен пункт за рециклирање на електрична и електронска опрема. Со правилно одложување на овој производ, ги штитите животната средина и здравјето на луѓето од можните негативни последици што може да се појават од неправилно ракување со отпадот. За повеќе информации околу рециклирањето на овој производ, контактирајте со општината, со сервисот за фрлање на отпад од куќни апарати или со продавницата каде го купивте истиот.
7 МК
Информации за пакувањето
Материјалот за пакувањето на
производот е произведен од материјал
што може да се рециклира во согласност со државните одредби за заштита на животната средина. Не фрлајте го материјалот за пакување заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центри за собирање материјал за пакување коишто ги посочуваат
општинските тела.
Не заборавајте...
Рециклирањето е неопходно за
природата и за нашите природни
богатства. Ако сакате да придонесете при
проценката на материјалите за пакување, консултирајте се со експерт за заштита на животната средина или со експерт во
општината.
Предупредување за HCA
Ако системот за разладување на
производот содржи R600a:
Овој гас е запалив. Затоа, треба са се
обрне внимание да не се оштетуваат системот за ладење и цевководите при употреба и транспорт. Во случај на оштетување, чувајте го производот настрана од можни извори на оган што може да предизвикаат негово палење и вентилирајте ја просторијата каде што е
сместен. Типот на гас што се користи во
производот е посочен на етикетата на
левиот ѕид во ладилникот. Никогаш не фрлајте го производот во оган.
Работи што треба да ги направите
да заштедите енергија Штедење
Не држете ги вратите на ладилникот
отворени подолг период.
Не ставајте топли пијалаци или храна
во ладилникот.
Не преоптоварувајте го ладилникот со
што ќе се попречи циркулацијата на
воздухот во внатрешноста.
Не поставувајте го ладилникот под
директна сончева светлина или близу до уреди што зрачат топлина како што се печка, машина за миење садови или радијатори. Ставете го производот најмалку 30 см оддалечен од извори на топлина и најмалку 5 см подалеку од
електричните рерни.
Внимавајте храната да ја чувате во
затворени садови.
За производи со оддел за замрзнување
- може да чувате максимална количина храна во замрзнувачот ако ја извадите
полицата или фиоката од замрзнувачот. Посочената вредност за потрошувачката на струја за ладилникот е одредена со извадени полици или фиоки и под максимално оптоварување. Нема штета ако се користи полица или фиока во
согласност со облиците или големината на храната што треба да се замрзне.
Ако ја одмрзнувате замрзната храна во
одделот на ладилникот, ќе заштедите струја и ќе го зачувате квалитетот на
храната.
Loading...
+ 19 hidden pages