Хладилник - Фризер
Frižider - zamrzivač
Упатство за употреба
Uputstva za upotrebu
Прочитајте го ова упатство за корисникот прво!
Почитуван кориснику,
Се надеваме дека овој производ којшто е произведен во модерна фабрика и
проверен според многу прецизни процедури за проверка на квалитетот, ќе ви
овозможи ефективна услуга.
Затоа, прочитајте го целото упатство внимателно пред да го користите производот
и чувајте за идни осврти. Ако го дадете производот на друг, дајте го и упатството за
употреба.
Упатството ќе ви помогне да го користите производот на брз и безбеден
начин.
Прочитајте го упатството пред да го поставите и вклучите производот.
Прочитајте ги безбедносните упатства.
Чувајте го упатството на лесно достапно место зашто може да ви притреба
подоцна.
Прочитајте ја и другата документација што се доставува со производот.
Имајте предвид дека ова упатство се однесува на неколку други модели.
Разликите меѓу моделите се посочени во упатството.
Објаснување на симболите
Следните симболи се користат низ упатството:
Важни информации или корисни совети.
Предупредувања за опасни состојби по животот и имотот.
Предупредување за електричниот напон.
1 Вашиот ладилник 34
2 Важни безбедносни
предупредувања 4
Наменета употреба 4
Општа безбедност 4
Производи со диспензер за вода 6
Безбедност за деца 6
Усогласување со Директивата за
фрлање на електронска и електрична
опрема и за одлагање на отпадот 6
Информации за пакувањето 7
Предупредување за HCA 7
Работи што треба да ги направите да
заштедите енергија 7
3 Поставување 8
Точки на кои треба да обрнете
внимание кога го преместувате
ладилникот 8
Пред да го вклучите ладилникот 8
Електрично поврзување 9
Фрлање на пакувањето 9
Фрлање на стариот ладилник 9
Поставување и поврзување 9
Менување на светилката за
осветлување 10
Менување на правецот на отворањето
на вратата 10
Прилагодување на ногарките 10
4 Подготовка 11
5 Употреба на ладилникот 12
Индикатор за температура 12
Двоен систем за ладење 14
Кутија за зеленчук со контролирана
влага 14
Оддел за чување храна што лесно
се расипува 15
Замрзнување свежа храна 15
Препораки за чување смрзната храна
16
Одмрзнување 16
Ставање храна 16
Информации за длабоко
замрзнување 17
Препораки за одделот за свежа
храна 17
6 Одржување и чистење 18
Заштита на пластичните површини 18
7 Решавање проблеми 19
1. Контролен панел
2. Внатрешна светилка
3. Вентилатор за свежа храна
4. Потпора за шишиња со вино*
5. Прилагодливи полици во
внатрешноста
6. Оддел со нула температура
7. Капак на кутијата за контролирано
чување зеленчук
8. Кутија за контролирано чување
зеленчук
9. Потпора за садот за мраз и сад за
мраз
10. Оддел за брзо замрзнување
11. Оддели за чување на замрзната храна
12. Прилагодливи предни ногарки
13. Млечен дел*
14. Полици за тегли
15. Полица за шишиња
16. Вентилатор во замрзнувачот
Сликите што се прикажани во ова упатство за употреба се шематски и
може да не соодветствуваат точно со производот. Ако деловите од поглавјето
не се вклучени во производот што сте го купиле, тогаш тие важат за други
модели.
Важни безбедносни предупредувања
Прочитајте ги следните информации.
Непочитувањето на овие информации
може да предизвика повреди или
материјална штета.
И гаранцијата и заложбите за
доверливост нема да бидат важечки.
Векот на употреба на овој производ е 10
години. Резервните делови за правилна
работа на производот ќе бидат достапни
во текот на овој период.
Наменета употреба
Овој производ е наменет да се користи
во затворени простории како што се
домови,
во затворени работни средини како што
се продавници и канцеларии,
во затворени простории за сместување
како што се објекти на селскиот туризам,
хотели, пансиони.
Не треба да се користи на отворено.
Општа безбедност
Ви препорачуваме да се консултирате
со локалниот авторизиран сервис и со
овластените институции за да ги добиете
неопходните информации кога ќе сакате
да го фрлите / одложите производот.
Консултирајте се со овластен сервис за
сите прашања и проблеми поврзани со
ладилникот. Не интервенирајте ниту не
пуштајте друг да интервенира на
ладилникот без да го известите
овластениот сервисер.
За производите од одделот на
замрзнувачот - не јадете сладолед во
корнет или коцки мраз веднаш по вадење
од одделот за замрзнување! (Може да
предизвикате смрзнатини на устата.)
За производите во одделот на
замрзнувачот - не ставајте пијалаци во
шише или конзерва во одделот на
замрзнувачот. Инаку, тие може да пукнат.
Не допирајте ја замрзната храна со
рака, може да ви се залепи за раката.
Исклучете го ладилникот од струја пред
чистење или одмрзнување.
Испарувачи и материјали за чистење
што испаруваат не смее никогаш да се
користат за чистење и за процесот на
одмрзнување на ладилникот. Во тие
случаи, испарувањето може да дојде во
контакт со електричните делови и да
предизвика краток спој или електричен
удар.
Никогаш не користете делови од
ладилникот како што е вратата за потпора
или расчекор.
Не користете електрични уреди во
внатрешноста на ладилникот.
Не оштетувајте ги деловите каде што
циркулира фреонот со дупчалки или
алатки за сечење. Фреонот може да прсне
и може да предизвика иритација на
кожата и повреда на очите кога ќе се
дупнат каналите за испарувањата,
продолжетоците на цевките или
површинските премази.
Не покривајте ги или не блокирајте ги
отворите за вентилација на ладилникот со
каков било материјал.
Електричните делови мора да ги
поправи само овластено лице.
Поправките што ги извршиле
некомпетентни лица може да
предизвикаат ризик за корисникот.
Во случај на грешка при работа или во
текот на одржување или поправка,
исклучете го ладилникот од довод на ел.
енергија со тоа што ќе го извадите
соодветниот осигурувач или ќе го
извлечете кабелот.
Не влечете го кабелот кога го вадите
приклучокот.
Поставете ги пијалаците со повисоки
затворувачи вертикално и убаво
затворени.
Никогаш не чувајте конзерви под
притисок што содржат запаливи и
експлозивни супстанци во ладилникот.
Не користете механички уреди или
други средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен оние
што ги препорачува производителот.
Овој производ не е наменет да го
користат лица со намалени физички,
сетилни или ментални способности или
необучени или неискусни лица
(вклучително и деца), освен ако не се под
надзор на лице кое е одговорно за
нивната безбедност или кое ќе ги научи
како да го користат производот правилно.
Не вклучувајте оштетен ладилник.
Консултирајте се со сервисер ако се
сомневате на дефект.
Електричната безбедност на
ладилникот е гарантирана само кога
системот за заземјување во домот е
усогласен со стандардите.
Изложување на производот на дожд,
снег, сонце и ветер е опасно во однос на
електричната безбедност.
Контактирајте овластен сервисер кога е
оштетен кабелот за струја за да избегнете
опасност.
Никогаш не вклучувајте го ладилникот
на ѕиден приклучок за време на
поставувањето.
Инаку, може да има ризик од смрт или
сериозна повреда.
Овој ладилник е наменет само за
чување на храна. Не смее да се користи
за други намени.
Етикетата со техничките спецификации
се наоѓа на левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не поврзувајте го ладилникот
за системи за штедење струја. Може да го
оштетат ладилникот.
Ако има сина светилка на ладилникот,
не гледајте во неа со оптички уреди.
Почекајте најмалку 5 минути за да го
вклучите ладилникот откако снемало
струја кај ладилниците што се
контролираат рачно.
Ова упатство за работа треба да се
предаде на новиот сопственик на
производот ако го дадете на други.
Избегнувајте да предизвикувате
оштетувања на кабелот за напојување
кога го транспортирате ладилникот.
Превитканиот кабел може да предизвика
пожар. Никогаш не ставајте тешки
предмети врз кабелот за струја.
Не допирајте го приклучокот со мокри
раце кога го приклучувате производот.
Не приклучувајте го ладилникот ако
штекерот е разлабавен.
Вода не смее да се прска директно на
внатрешните и надворешните делови на
производот од безбедносни причини.
Не прскајте разни средства што
содржат запаливи гасови како што е
пропанот близу до ладилникот за да
избегнете ризик од пожар и експлозија.
Никогаш не ставајте садови со вода врз
ладилникот. Во спротивно, може да
предизвикаат електричен удар или пожар.
Не преполнувајте го ладилникот
прекумерно со храна. Ако го преполните,
храната може да падне и да ве повреди и
да го оштети ладилникот кога ја отворате
вратата.
Никогаш не ставајте предмети врз
ладилникот. Во спротивно, овие предмети
може да паднат кога ја отворате или
затворате вратата на ладилникот.
Вакцините, лековите што се осетливи
на топлина, истражувачките материјали и
слично не смее да се чуваат во
ладилникот бидејќи бараат прецизна
температура.
Ладилникот треба да се исклучи од
струја ако не се користи долго време.
Можен проблем со кабелот може да
предизвика пожар.
Клемите на приклучокот треба да се
чистат редовно со сува крпа. Во
спротивно, може да предизвикаат пожар.
Ладилникот може да се мрда ако
прилагодливите ногарки не се правилно
поставени на подот. Ладилникот нема да
се мрда со правилно обезбедување на
прилагодливите ногарки на подот.
Не држете го ладилникот за рачката на
вратата кога го транспортирате. Во
спротивно, може да се скрши.
Кога треба да го поставите производот
до друг ладилник или замрзнувач,
растојанието меѓу нив треба да биде
најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните
ѕидови може да фатат влага.
Производи со диспензер
за вода
Притисокот на доводот на водата мора да
биде минимум 1 бар. Притисокот на
доводот на водата мора да биде
максимум 8 бари.
Користете само вода за пиење.
Безбедност за децата
Ако вратата има брава, клучот треба да
се чува далеку од дофатот на децата.
Децата мора да се надгледуваат за да
се спречи тие да си играат со ладилникот.
Усогласување со Директивата за
фрлање на електронска и
електрична опрема и за одлагање
на отпадот
Симболот на производот или на
пакувањето посочува дека овој производ
не смее да се третира како домашен
отпад. Наместо тоа, треба да се предаде
на соодветен собирен пункт за
рециклирање на електрична и
електронска опрема. Со правилно
одложување на овој производ, ги штитите
животната средина и здравјето на луѓето
од можните негативни последици што
може да се појават од неправилно
ракување со отпадот. За повеќе
информации околу рециклирањето на овој
производ, контактирајте со општината, со
сервисот за фрлање на отпад од куќни
апарати или со продавницата каде го
купивте истиот.
Информации за пакувањето
Материјалот за пакувањето на
производот е произведен од материјал
што може да се рециклира во согласност
со државните одредби за заштита на
животната средина. Не фрлајте го
материјалот за пакување заедно со
домашниот или друг отпад. Однесете го
во центри за собирање материјал за
пакување коишто ги посочуваат
општинските тела.
Не заборавајте...
Рециклирањето е неопходно за
природата и за нашите природни
богатства.
Ако сакате да придонесете при
проценката на материјалите за пакување,
консултирајте се со експерт за заштита на
животната средина или со експерт во
општината.
Предупредување за HCA
Ако системот за разладување на
производот содржи R600a:
Овој гас е запалив. Затоа, треба са се
обрне внимание да не се оштетуваат
системот за ладење и цевководите при
употреба и транспорт. Во случај на
оштетување, чувајте го производот
настрана од можни извори на оган што
може да предизвикаат негово палење и
вентилирајте ја просторијата каде што е
сместен.
Типот на гас што се користи во
производот е посочен на етикетата на
левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не фрлајте го производот во
оган.
Работи што треба да ги направите
да заштедите енергија
Штедење
Не држете ги вратите на ладилникот
отворени подолг период.
Не ставајте топли пијалаци или храна
во ладилникот.
Не преоптоварувајте го ладилникот со
што ќе се попречи циркулацијата на
воздухот во внатрешноста.
Не поставувајте го ладилникот под
директна сончева светлина или близу до
уреди што зрачат топлина како што се
печка, машина за миење садови или
радијатори. Ставете го производот
најмалку 30 см оддалечен од извори на
топлина и најмалку 5 см подалеку од
електричните рерни.
Внимавајте храната да ја чувате во
затворени садови.
За производи со оддел за замрзнување
- може да чувате максимална количина
храна во замрзнувачот ако ја извадите
полицата или фиоката од замрзнувачот.
Посочената вредност за потрошувачката
на струја за ладилникот е одредена со
извадени полици или фиоки и под
максимално оптоварување. Нема штета
ако се користи полица или фиока во
согласност со облиците или големината
на храната што треба да се замрзне.
Ако ја одмрзнувате замрзната храна во
одделот на ладилникот, ќе заштедите
струја и ќе го зачувате квалитетот на
храната.
Ако не ги почитувате насоките
дадени во ова упатство за корисникот,
производителот нема да се смета за
одговорен.
Точки на кои треба да обрнете
внимание кога го преместувате
ладилникот
1. Ладилникот треба да се исклучи од
струја. Треба да се испразни и исчисти
пред транспортот.
2. Пред да го спакувате одново,
полиците, дополнителната опрема,
кутиите и сл. треба да се фиксираат со
леплива лента и да се обезбедат од
удари. Пакувањето треба да се врзе со
цврста лента или силни јажиња.
Почитувајте ги правилата за транспорт
доследно.
3. Оригиналното пакување и
материјалите од пена треба да се
чуваат за евентуален иден транспорт
или преместување.
Пред да го вклучите
ладилникот
Проверете го следново пред да
почнете да го употребувате
ладилникот:
1. Поставете ги 2 пластични клина како
што е прикажано подолу. Пластичните
клинови се наменети за да го задржат
растојанието што ќе обезбеди
циркулација на воздухот меѓу
ладилникот и ѕидот. (Сликата е дадена
како пример и не е идентична со
вашиот производ.)
2. Исчистете ја внатрешноста на
ладилникот како што е препорачано во
поглавјето „Одржување и чистење“.
3. Ставете го приклучокот на
ладилникот во штекер. Кога вратата е
отворена, ќе се вклучи внатрешно
осветлување.
4. Ќе слушнете звук кога ќе се вклучи
компресорот. Течноста и гасовите
затворени во системот на ладилникот
ја зголемуваат бучавата, без оглед
дали компресорот е вклучен или не,
тоа е сосема нормално.
5. Предните рабови на ладилникот
може да се малку топли. Тоа е сосема
нормално. Овие области се
дизајнирани да бидат топли за да се
спречи кондензација.
Електрично поврзување
Поврзете го производот во заземјен
штекер што е заштитен со осигурувач со
соодветен капацитет.
Важно:
Поврзувањето мора да биде усогласено
со државните регулативи.
Приклучокот на кабелот за напојување
мора да биде лесно достапен по
приклучувањето.
Електричната безбедност на
ладилникот е гарантирана само кога
системот за заземјување во домот е
усогласен со стандардите.
Напонот посочен на етикетата внатре
одлево во производот треба да биде
еднаков на напонот на мрежата.
Не смее да се користат продолжни
кабли и приклучоци со повеќе влезови.
Квалификуван електричар мора да го
замени оштетениот кабел за напојување.
Производот не смее да работи пред
да се поправи! Постои ризик од
електричен удар.
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е опасен за
децата. Чувајте го материјалот за
пакување подалеку од дофат на децата
или фрлете го класифицирајќи го во
согласност со упатствата за фрлање
отпад што ги посочуваат локалните
надлежни органи. Не фрлајте го заедно со
домашен отпад. Фрлете го на места што
ги посочуваат локалните надлежни
органи.
Пакувањето на ладилникот е
произведено од рециклирачки материјали.
Фрлање на стариот ладилник
Ладилник
Фрлете го стариот ладилник без да
направите штета за животната средина.
Консултирајте се со овластениот
застапник или со центар за собирање
отпад во вашата општина за тоа како да
го фрлите ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот, исечете
го кабелот за напојување и, ако има брави
на вратата, искршете ги за да ги
заштитите децата од каква било опасност.
Поставување и поврзување
Ако влезната врата на просторијата
каде што треба да се смести ладилникот
не е доволно широка за да може тој да
помине, тогаш повикајте го овластениот
сервис да ги извади вратите на
ладилникот и тогаш, поминете го
ладилникот низ вратата странично.
1. Поставете го ладилникот на место кое
овозможува лесна употреба.
2. Поставете го ладилникот подалеку од
извори на топлина, влажни места или
директна сончева светлина.
3. Мора да има соодветна воздушна
вентилација околу ладилникот со цел да
се постигне ефикасна работа. Ако
ладилникот треба да се постави во
вдлабнатина во ѕидот, тогаш мора да има
најмалку 5 цм. растојание од таванот и
најмалку 5 цм од ѕидот. Не ставајте го
производот врз материјали како што се
простирка или килим.
4. Поставете го ладилникот на рамни
подови за да се спречи нишање.
Менување на светилката за
осветлување
Повикајте овластен сервисер за да
ја смените светилката/ЛЕД-сијаличката
што служи за осветлување на
ладилникот.
Сијалицата што се користи во овој
уред не служи за осветлување на соби
во домот. Намената на сијалицата е да
му помогне на корисникот да ја стави
храната во фрижидерот безбедно и
удобно.
Сијалиците што се користат во овој
производ треба да ги издржуваат
екстремните физички услови, како што
се температурите под -20° C.
Менување на правецот на
отворањето на вратата
Правецот на отворање на вратата
на ладилникот може да се смени за да
одговара на местото каде е поставен.
Повикајте го најблискиот овластен
сервис ако е неопходно.
Прилагодување на ногарките
Ако ладилникот не е балансиран
Може да го балансирате ладилникот
со вртење на предните ногарки како
што е прикажано на сликата. Аголот
каде што има ногарка, се спушта кога
вртите во правец на црната стрелка и
се подигнува кога вртите во
спротивната насока. Ако некој би ви
помогнал со делумно подигнување на
ладилникот, тоа ќе ви ја олесни
работата.
Ладилникот треба да се постави на
најмалку 30 цм. оддалеченост од
извори на топлина, како што се камини,
фурни, централно греење и печки и
најмалку 5 цм. оддалеченост од
електрични печки и не смее да се
изложува на директна сончева
светлина.
Температурата во просторијата каде
што ќе го поставите ладилникот мора
да биде најмалку 10°C. Не се
препорачува работа на ладилникот под
уреди за ладење затоа што ја
попречува неговата ефикасност.
Исчистете ја внатрешноста на
ладилникот темелно.
Ако треба да се постават два
ладилника еден до друг, тогаш треба
да има најмалку 2 цм. растојание меѓу
нив.
Кога ќе го вклучите ладилникот за
првпат, почитувајте ги следните
упатства во текот на првите шест часа.
Вратата не треба да се отвора често.
Мора да се вклучи празен, без храна
во него.
Не исклучувајте го ладилникот од
струја. Ако снема струја, видете ги
предупредувањата во поглавјето
„Препорачани решенија за
проблемите“.
Оригиналното пакување и
материјалите од пена треба да се
чуваат за евентуален иден транспорт
или преместување.
Панел со индикатори
Панелот со индикаторите ви
овозможува да ги поставите
температурата и контролата врз
другите функции поврзани со
производот без да ја отворате вратата.
Само притиснете на сликите за
соодветните копчиња кај поставките за
функциите.
1. Индикатор за дефект во
напојувањето / висока температура /
предупредување за грешка
Овој индикатор (!) засветува кога
снемува струја, има висока температура
и кога треба да се предупреди за
грешка.
Во случај на долготрајно снемување
струја, највисоката температура што ќе
ја достигне замрзнувачот ќе трепка на
екранот. По проверката на храната во
замрзнувачот, притиснете го копчето за
исклучен аларм ( ) за да го избришете
предупредувањето.
Погледнете го поглавјето
„препорачани решенија за
решавање проблеми“ во упатството
ако свети овој индикатор.
2. Функција Заштедување енергија
(исклучен дисплеј):
Ако вратите на производот се
затвораат за долго време, функцијата
за заштеда на енергија автоматски се
активира по 1 минута и симулира
симбол за заштеда на енергија. ( )
Кога е активна функцијата за штедење
енергија, сите симболи на екранот,
освен симболот за штедење енергија,
ќе се изгасат. Кога е активна
функцијата за штедење енергија и ако
се притисне кое било копче или ако се
отвори вратата, функцијата за
штедење енергија ќе се откаже и
симболите на екранот ќе светат
нормално.
Функцијата за енергетска заштеда е
активирана согласно фабричките
поставки и не може да се откаже.
*По избор: Сликите во ова упатство за употреба се дадени како урнек и не
мора совршено да се совпаѓаат со вашиот производ. Ако вашиот апарат нема
одредени делови, тога информациите се однесуваат на други модели.