Stihl STIHL TS 410, 420 STIHL TS 410, 420 (mk) [mk]

{
STIHL TS 410, 420
Упатство за употреба
Содржина
македонски
Кон ова упатство за употреба 2 Мерки за безбедност и упатства
за работа 2 Примери за примената 12 Брусни дискови за сечење 15 Брусни дискови од синтетичка
смола 16 Дијамантски брусни дискови за
сечење 17
Оригинално упатство за
употреба
Електронска регулација на водата 19
Монтирање на „Приклучниот дел со штитник“ 21
Затегнување на ребрестиот клинест ремен 25
Ставање / замена на брусен диск за сечење 26
Гориво 27 Полнење гориво 29 Стартување и исклучување на
моторот 30 Систем на филтерот за воздух 32 Штелување на карбураторот 33
Печатено на хартија белена без хлор.
Печатните бои содржат растителни масла, хартијата може
да се рециклира.
Заштитна решетка од искри во придушувачот на бучава 35
свеќичка 36 Систем за стартување 37 Замена на ребрест клинест
ремен 37 Количка за водење 38 Чување на уредот 38 Совети за чување и одржување 39
Намалување на абењето и избегнување штети 41
Важни делови 42 Технички податоци 43 Специјален прибор 44 Упатства за вршење поправки 45 Фрлање 45 ЕЗ Изјава за сообразност 45
Почитуван купувачу,
Ви благодариме што се одлучивте за квалитетниот производ на фирмата STIHL.
Овој производ е направен со современ начин на изработка и при обемни мерки за контрола на квалитетот. Ние се обидуваме да сториме се’ за да бидете задоволни со овој уред и да работите со него без проблем.
Доколку имате прашања во врска со Вашиот уред, Ве молиме да се обратите до Вашиот продавач или директно до нашата продажна служба.
Вашиот
Dr. Nikolas Stihl
{
0458-370-5821-F. VA1.B14.
0000000891_015_MK
TS 410, TS 420
Ова упатство за употреба е заштитено со законот за авторски права. Сите права се задржани, особено правото за умножување, преведување и обработка со електронски системи.
1
македонски
Кон ова упатство за употреба
Сликовни ознаки
Сликовните ознаки што се наоѓаат на уредот се објаснети во ова упатство за употреба.
Во зависност од уредот и изведбата, на уредот се наоѓаат следниве сликовни ознаки.
Резервоар за гориво; мешавина за гориво од бензин и моторно масло
Активирање на вентилот за декомпресија
Активирање на рачната пумпа за гориво
Приклучок за вода, запорна славина
Навртка за затегнување ремен
Повлекување на рачката на стартерот
Ознаки пред делови од текст
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување поради опасност од несреќи и повреди на лица, како и од големи материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања на уредот или на делови од уредот.
Техничко усовршување
STIHL постојано ги усовршува сите машини и уреди; од тие причини мораме да го задржиме правото за правење измени во обемот на испораката, во вид на формата, техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и илустрациите во ова упатство за употреба не може да се изведат никакви побарувања.
Мерки за безбедност и упатства за работа
При работењето со брусниот секач неопходни се посебни безбедносни мерки, бидејќи се работи со многу голема брзина на вртење на брусниот диск за сечење.
Пред првото користење, прочитајте го внимателно целото упатство за употреба и чувајте го на сигурно место за подоцнежна употреба. Непочитувањето на безбедносните упатства може да биде опасно по живот.
Запазете ги безбедносните прописи специфични за секоја држава, како на пр. од синдикалните и социјалните здруженија, од службите за безбедност на работа и други.
За работодавците во Европската Унија обврзувачка е директивата 2009/104/EC – безбедност и чување на здравјето на вработените при користење машини и уреди во текот на работата.
Ако првпат работите со моторниот уред: Побарајте од продавачот или од друго стручно лице објаснување како безбедно се ракува со уредот – или учествувајте на стручен семинар.
2
TS 410, TS 420
македонски
Малолетни лица не смеат да работат со моторниот уред – освен постари од 16 години, обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се држат подалеку од уредот.
Ако моторниот уред не се користи, треба да биде одложен безбедно – никој да не биде загрозен. Чувајте го моторниот уред непристапен за нестручни лица.
Корисникот е одговорен за настанатите несреќни случаи со други лица или врз туѓа сопственост.
Моторниот уред смее да се дава или да се изнајмува само на лица запознаени со начинот на ракување со овој модел – секогаш првин да им се даде упатството за употреба.
Употребата на моторни уреди што создаваат бучава може да биде временски ограничена како со државни, така и со локални прописи.
Лицето што работи со моторниот уред мора да биде одморено, здраво и во добра психичка состојба.
Лица што не смеат да се напрегаат од здравствени причини треба да го прашаат својот лекар дали смеат да работат со моторен уред.
Само за лица со пејсмејкери: системот за палење предизвикува многу слабо електромагнетно поле. Влијанието врз одделни видови пејсмејкери не може да биде сосема исклучено. За да не се ризикува здравјето, STIHL препорачува да се посоветувате со својот лекар или со производителот на пејсмејкерот.
По конзумирање алкохол, лекови што негативно в лија ат врз способно ста з а реагирање или дрога, не смее да се работи со моторниот уред.
При неповолно време (снег, мраз, силен ветер) одложете ја работата – зголемена опасност од несреќи!
Моторниот уред е предвиден само за брусно сечење. Не е погоден за сечење дрво и дрвени предмети.
Азбестниот прав е исклучително штетен по здравјето – никогаш да не се сече азбест!
Употребата на моторниот уред за други цели не е дозволена и може да доведе до повреди или оштетување на уредот.
Не вршете промени на уредот – со тоа се загрозува безбедноста. За штети врз лица и предмети што се јавуваат при користење недозволени алати за надоградба, STIHL е ослободен од секаква одговорност.
Смеат да се употребуваат само брусни дискови за сечење и прибор што STIHL ги одобрува за овој уред, или технички истоветни делови. За сите прашања во врска со тоа побарајте совет од специјализиран продавач. Смеат да се употребуваат само висококвалитетни брусни дискови и прибор. Во спротивно, опасност од повреди или оштетувања на моторниот уред.
STIHL препорачува употреба на оригиналните брусни дискови за сечење и прибор од STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
За чистење на уредот не смее да се користи уред за чистење под висок притисок. Силниот воден млаз може да оштети делови на уредот.
Уредот не смее да се прска со вода.
Никогаш не користете сечила за кружни пили, алати од тврди метали, алати за спасување, за сечење дрво и други алати со запци – опасност од смртоносни повреди! За разлика од рамномерното отстранување честички кога се користат брусни дискови за сечење, запците на сечилото за кружна пила би можеле да се заглават во материјалот што се сече. Тоа доведува до агресивно однесување на уредот при сечење и може да предизвика неконтролирани, исклучително опасни сили на реакција на уредот (одбивање нагоре).
Облека и заштитни средства
Носете прописна облека и заштитни средства.
TS 410, TS 420
3
македонски
Облеката мора да биде соодветна и не смее да пречи во работата. Носете облека што е добро припиена до телото – работен комбинезон, а не работен мантил
При сечење челик носете облека од тешко запаливи материјали (на пр. кожа или памук што е обработен за придушување пламен) – не од синтетика – опасност од пожар поради искрење!
На облеката не смее да има запаливи материи (струганици, гориво, масло и сл.).
Не носете облека што може да се заплетка во подвижните делови на уредот – не носете шал, вратоврска или накит. Соберете ја долгата коса и заштитете ја.
Носете заштитни чевли со изрецкан ѓон што не се лизга и со челична капа.
Носете заштитен шлем кога постои опасност од предмети што паѓаат. Носете заштита за лице и задолжително заштитни очила – опасност од одбиени или отфрлени предмети.
Заштитата за лицето не е доволна заштита за очите.
За време на работата може да дојде до појава на прав (на пр. кристален материјал од предметот што се сече), испарувања и чад – опасност по здравјето!
Носете заштитна маска секогаш кога се крева прав.
Доколку мож е да с е оче кува појава на пареа или чад (на пр. при сечење композитни материјали), носете заштита за дишните патишта.
Носете „лична“ заштита од бучава – на пр. заштитни тампони.
Носете робусни работни ракавици од отпорен материјал (на пр. од кожа).
STIHL нуди широк асортиман на прибор за лична заштита.
Превезување на моторниот уред
Секогаш со изгаснат мотор.
Држете го уредот само за цевчестата рачка – брусниот диск за сечење свртен наназад – жешкиот придушувач на бучава подалеку од телото.
Не допирајте ги жешките делови на уредот, особено површината на придушувачот на бучава – опасност од изгореници!
Моторниот уред никогаш не треба да се превезува со вграден брусен диск – опасност од кршење!
При превоз во возила: Заштитете го моторниот уред од превртување, оштетување и од истекување на горивото.
Полнење гориво
Бензинот е многу лесно запалива течност – држете го подалеку од отворен оган – не истурајте гориво – не пушете.
Пред полнење гориво изгаснете го моторот.
Не полнете го резервоарот со гориво додека моторот е жежок – може да дојде до прелевање на горивото – опасност од пожар!
Отворете го капакот на резервоарот внимателно, за да се намали постоечкиот притисок и за да се спречи прскање на горивото.
Полнете го резервоарот со гориво само на добро проветрени места. Доколку се истури гориво, веднаш избришете го моторниот уред – не дозволувајте горивото да дојде во допир со облеката – во спротивно, сменете ја веднаш.
На моторната единица може да се собере прав, особено околу карбураторот. Кога правот ќе се натопи со бензин, се јавува опасност од пожар. Редовно чистете го правот од моторната единица.
4
TS 410, TS 420
македонски
Внимавајте на дихтувањето! Ако истекува гориво, не палете го моторот – опасност по живот од изгореници!
Различните модели на брусни секачи може да се опремени со различни капачиња за резервоарот:
Капаче за резервоар со бајонетски затворач
Капачето за резервоар со бајонетски затворач не смее да се отвора или затвора со алат. Алатот може да го оштети капачето и горивото да почне да истекува.
Откако ќе наполните гориво, капачето со бајонетски затворач затворете го внимателно.
Капаче за резервоар со навој
По завршеното полнење, затегнете го капачето на резервоарот што е можно поцврсто.
Со тоа се намалува ризикот капачето на резервоарот да се одврти поради вибрациите на моторот и да истече гориво.
Брусен секач, лежиште на вретено
Беспрекорното лежиште на вретеното обезбедува прецизно и симетрично вртење без потреси на дијамантскиот брусен диск за сечење – ако е потребно, проверката нека ја направи специјализиран продавач.
Брусни дискови за сечење
Избор на брусни дискови за сечење
Брусните дискови мора да се допуштени за сечење водено со рака. Не користете други алатки за брусење и дополнителни уреди – опасност од несреќи!
Брусните дискови се предвидени за сечење различни материјали: запазете ја ознаката на брусниот диск за сечење.
STIHL генерално препорачува мокро сечење.
Запазете го надворешниот пречник на брусниот диск за сечење.
Пречникот на отворот за вретеното на брусниот диск и вратилото на брусниот секач мора да соодветствуваат.
Проверете дали има оштетувања на отворот за вретеното. Не користете брусни дискови со оштетени отвори за вретено – опасност од несреќи!
Дозволениот број на вртежи на брусниот диск мора да биде исто толку голем или поголем од максималниот број на вртежи на вретеното на брусниот секач! – погледнете под „Технички податоци“.
Пред да се вградат веќе употребувани брусни дискови за сечење, тие мора да се проверат дали се напукнати, искршени, истрошени или изабени на јадрото, дали се мазни, дали има губиток на сегментите, дали има знаци на прегрејување (сменета боја), како и можни оштетувања на отворот за вретеното.
Никогаш не користете напукнати, искршени или искривени брусни дискови за сечење.
Неквалитетни, одн. недозволени ди јам а н тски брусни дис ков и мо ж ат да треперат при брусното сечење. Треперењето може да предизвика силно забавување или заглавување на дијамантските брусни дискови во засекот – опасност од повратен удар! Повратниот удар може да доведе до смртоносни исеченици! Дијамантските брусни дискови што постојано или само повремено треперат, мора да бидат заменети веднаш.
Никогаш не исправајте дијамантски брусни дискови.
Не корист ете брус ен диск што пад н ал на тло – оштетените брусни дискови се кршат – опасност од несреќи!
TS 410, TS 420
5
македонски
Кај брусните дискови од синтетичка смола запазете го рокот на употреба.
Монтажа на брусен диск
Проверете го вретеното на брусниот секач; не употребувајте брусни секачи со оштетени вретена – опасност од несреќи!
Запазете ги стрелките за насоката на вртење кај дијамантските брусни дискови за сечење.
Позиционирајте го предниот притисен диск – затегнете ја завртката за затегнување – завртете го брусниот диск со рака, правејќи визуелна контрола на симетричноста на ротациското движење.
Чување на брусните дискови
Чувајте ги брусните дискови на суви места, без мраз, на рамна подлога и при постојана температура – опасност од кршење и отфрлени парчиња!
Чувајте ги брусните дискови од паѓање на тло или удирање со други предмети.
Пред стартување
Проверете го брусниот секач во смисла на безбедноста при работа – внимавајте на соодветното поглавје во упатството:
проверете го дихтувањето на
системот за гориво, особено на видливите делови како на пр. капачето на резервоарот, спојките на цревото, рачната пумпа за гориво (само кај моторните уреди со рачна пумпа
за гориво). При недихтување или оштетување, не стартувајте го моторот – опасност од пожар! Пред да се користи, уредот треба да го сервисира специјализиран продавач
проверете дали брусниот диск е
соодветен за материјалот што треба да се сече, дали е во беспрекорна состојба и правилно монтиран (насока на вртење, цврсто лежиште)
проверете го цврстото лежиште
на штитникот – доколку штитникот е лабав, побарајте помош од специјализиран продавач
рачката за гас и запорникот на
рачката за гас се лесно подвижни – рачката за гас мора сама да се врати во положбата на празен од
комби-лизгачот / комби-рачката /
прекинувачот да може лесно да се стави во положбата STOP одн. 0
проверете го приклучникот на
свеќичката – ако не е наместен добро, можно е да се јави искрење што може да ја запали смесата од гориво и воздух – опасност од пожар!
не вршете никакви измени на
командните и на безбедносните механизми
рачките за држење секогаш да
бидат чисти и суви, без масло и нечистотија на нив – за да може сигурно да се ракува со брусниот секач
при мокро сечење обезбедете
доволно вода
Моторниот уред смее да се користи само ако е безбеден за употреба – опасност од несреќи!
Стартување на моторот
На растојание од најмалку 3 m од местото за полнење гориво и никогаш во затворени простории.
Само на рамна подлога, застанете цврсто и стабилно, држете го уредот сигурно – брусниот диск за сечење не смее да го допира тлото, предмети или да се наоѓа во засек.
По стартувањето, брусниот диск може веднаш да почне да се врти.
Моторниот уред го опслужува само едно лице – не дозволувајте присуство на ниедно друго лице во работната зона – исто и при стартување.
Моторот да не се стартува „од рака“ – стартувајте го како што е опишано во упатството за употреба.
Брусниот диск за се движи понатаму уште некое време откако ќе се отпушти рачката за гас – опасност од повреди поради ефектот на последователно движење!
Држење и управување со уредот
Брусниот секач смее да се користи само за сечење водено со рака или на количка за водење STIHL.
6
TS 410, TS 420
македонски
002BA549 AM
180BA022 KN
Сечење водено со рака
Моторниот уред држете го секогаш цврсто со двете раце: десната рака на задната рачка за држење – исто и за левораки лица. За безбедно ракување, рачките треба цврсто да се опфатат со палците.
Кога брусниот секач со вртлив брусен диск се придвижува во насока на стрелките, се јавува сила што се обидува да го преврти уредот.
Предметот што треба да се обработи треба да лежи цврсто; движете го уредот секогаш кон предметот – никогаш обратно.
Количка за водење
Брусните секачи STIHL може да бидат монтирани на количка за водење STIHL.
Штитник
Подрачјето за штелување на штитникот е одредено со граничен клин. Штитникот не смее да се притиска преку граничниот клин.
Штитникот за брусниот диск треба да биде наштелуван исправно: честичките од работниот материјал треба да бидат насочени подалеку од опслужителот и уредот.
Внимавајте на насоката во која се отфрлаат отстранетите честички на работниот материјал.
За време на работата
При опасност или во итен случај, веднаш изгаснете го моторот – комби­лизгачот / комби-рачката / прекинувачот ставете го на STOP одн. 0.
Внимавајте на беспрекорното функционирање на празниот од на моторот; по отпуштањето на рачката за гас, погонот на брусниот диск треба да престане и дискот треба да застане.
Редовно контролирајте ја наштелуваноста на празниот од, и, ако е потребно, поправете ја. Ако
брусниот диск и понатаму се врти при празен од, побарајте помош од специјализиран продавач.
Ослободете ја работната зона – внимавајте на пречки, дупки и јами.
Внимавајте при подмразица, влага, снег, на нагорнини, на нерамно земјиште итн. – опасност од лизгање!
Не работете стоејќи на скала или на нестабилна подлога – не работете над висината на рамењата – не работете со една рака – опасност од несреќи!
Секогаш стојте цврсто и стабилно.
002BA550 AM
Не работете сами – бидете секогаш во близина на други лица, за да побарате помош во итен случај.
Не дозволувајте присуство на други лица во работната зона – треба да сте доволно оддалечени од другите лица за да ги заштитите од бучавата и од отфрлените честички.
При употреба на средства за заштита на слухот потребно е зголемено внимание – способноста за забележување звуци, што би можеле да укажуваат на опасност (повици, сигнали и др.) е намалена.
Благовремено правете паузи.
Работете мирно и промислено – само при добра осветленост и видливост. Работете внимателно, не загрозувајте други лица.
TS 410, TS 420
7
македонски
Моторниот уред создава отровни гасови штом моторот ќе проработи. Тие гасови може да се без мирис и невидливи и да содржат несогорени јаглеводороди и бензол. Никогаш не работете со моторниот уред во затворени или лошо проветрени простории – како ни со машини со катализатор.
При работа во ровови, јами или при слични услови, секогаш погрижете се да има доволно струење на воздухот – опасност по животот од труење!
Доколку почувствувате мачнина, главоболка, пречки на видот (на пр., стеснување на видното поле), пречки во слухот, вртоглавица, попуштена концентрација, веднаш прекинете со работата – тие симптоми може, меѓу другото, да се предизвикани и од преголема концентрација на издувни гасови – опасност од несреќи!
Не пушете при работа и близу до моторниот уред – опасност од пожар!
Доколку моторниот уред бил изложен на непрописна употреба (на пр. бил удрен или паднал), исправноста на уредот треба веднаш да се провери пред повторната употреба – погледнете и под „Пред стартување“. Особено да се провери дихтувањето на системот за гориво и исправноста на работењето на безбедносните системи. Никогаш не користете моторни уреди што веќе не се
безбедни за употреба. Доколку не сте сигурни – прашајте специјализиран продавач.
Не работете при стартен гас – во оваа положба на рачката за гас, бројот на вртежи на моторот не може да се регулира.
Никогаш не допирајте ротирачки брусен диск со рака или со друг дел од телото.
Проверете го работното место. Спречете ја опасноста од оштетувања на цевки и електрични водови.
Уредот не смее да се користи во близина на запаливи материи и гасови.
Не сечете цевки, лимени канти или други садови доколку не сте сигурни дали содржат испарливи или запаливи материи.
Не оставајте го моторот да работи без надзор. Пред да го одложите уредот (на пр. при работна пауза), изгаснете го моторот.
Пред да го спуштите брусниот секач на тлото:
изгаснете го моторот
почекајте да застане брусниот
диск или сопрете го брусниот диск со внимателно допирање цврста површина (на пр. бетонска плоча)
Контролирајте го брусниот диск почесто – заменете го веднаш кога ќе забележите пукнатини, искривеност или други оштетувања (на пр. од прегрејување) – поради кршење опасност од несреќи!
Доколку забележите промени во однесувањето при сечењето (на пр. поголеми вибрации, помала ефикасност при сечењето), прекинете со работа и отстранете ги причините што предизвикале промени.
Сили на реакција
Силите на реакција што најчесто се јавуваат се повратен удар и вовлекување.
Опасност од повратен удар
Повратниот удар може да доведе до смртоносни исеченици.
002BA551 AM
При повратен удар (Kickback), брусниот секач наеднаш и неконтролирано се отфрла кон опслужителот.
8
TS 410, TS 420
Повратниот удар може да се случи
002BA552 AM
кога на пр. брусниот диск
ќе се заглави – пред се’, во
горната четвртина
кога поради триење со цврст
предмет ќе дојде до нагло сопирање на дискот
Намалување на опасноста од повратен удар
со промислено, правилно
работење
со цврсто и сигурно држење на
брусниот секач со две раце
со горната четвртина на брусниот
диск по можност да не се сече. Брусниот диск се внесува во засек со исклучителна претпазливост, не се врти и не се удира во засекот
избегнете ја можноста од
заглавување – отсечениот дел не смее да го сопира брусниот диск
секогаш бидете подготвени за
придвижување на предметот што го сечете или за други причини што би можеле да го затворат засекот и да го заглават брусниот диск за сечење
предметот што се обработува
треба да биде безбедно прицврстен и потпрен за да остане отворен засекот за време и после сечењето
предметите што се сечат не
смеат да бидат потпрени само делумно и мора да бидат обезбедени од тркалање, лизгање, вибрирање
002BA555 AM
цевка што лежи слободно мора
да биде зајакната со стабилна носечка субструкција; по потреба, користете клинови – внимавајте на субструкцијата и подлогата – материјалот може да се распукне
дијамантскиот брусен диск се
користи за мокро сечење
во зависност од изведбата,
брусните дискови од синтетичка смола се погодни само за суво сечење, односно, само за мокро сечење. Брусните дискови од синтетичка смола што се предвидени за мокро сечење, користете ги само за мокро сечење
Вовлекување
македонски
002BA556 AM
TS 410, TS 420
002BA553 AM
Брусниот секач влече нанапред кога брусниот диск од горната страна ќе го допре предметот што се сече.
9
македонски
Работење – брусно сечење
Брусниот диск за сечење се става секогаш право во засекот, не се врти настрана и не се изложува на странични оптоварувања.
Не брусете и не стругајте странично.
Ниеден дел од телото не смее да се наоѓа во продолжената зона на движење на брусниот диск за сечење. Внимавајте да има доволно слободен про стор; особ ено во ископит е мора да се обезбеди доволно простор за опслужителот и место каде што ќе падне отсечениот дел.
Не работете во премногу наведната положба и никогаш не наведнувајте се врз брусниот диск, особено кога штитникот е повлечен нагоре.
Не работете над висината на рамењата.
Брусниот секач се користи само за брусно сечење. Не смее да се користи за кревање како лост или за собирање предмети како лопата.
Не притискајте го брусниот секач.
Првин одредете ја насоката на сечење, па спуштете го брусниот секач. Потоа, не менувајте ја насоката на сечење. Никогаш не удирајте со уредот во засек – не оставајте го уредот да падне во засек – опасност од кршење!
Дијамантски брусни дискови: при послаб учинок на сечење, проверете го дијамантскиот брусен диск и, ако е потребно, наострете го. За таа цел, сечете кусо време абразивни материјали како на пр. песочен камен, гас-бетон или асфалт.
На крајот од засекот, брусниот секач веќе не се потпира во него со брусниот диск. Опслужителот мора да
002BA554 AM
ја прифати силата на тежината – опасност од губење контрола!
При сечење челик: поради вжарените честички на работниот материјал – опасност од пожар!
Електричните кабли под напон држете ги подалеку од вода и кал – опасност од струен удар!
Вовлечете го брусниот диск во работниот материјал – не туркајте го нанапред. Не поправајте ги направените засеци со брусниот секач. Не засекувајте дополнително –
скршете го оставеното мовче или лента за прекршување (на пр. со чекан).
Дијамантските брусни дискови се за мокро сечење – на пр. користете го приклучокот за вода STIHL.
Во зависност од изведбата, брусните дискови од синтетичка смола се погодни само за суво сечење, односно, само за мокро сечење.
При употреба на брусни дискови од синтетичка смола, што се предвидени само за мокро сечење, сечете мокро – на пр. користете го приклучокот за вода STIHL.
При употреба на брусни дискови од синтетичка смола, што се предвидени само за суво сечење, сечете суво. Доколку таквите брусни дискови од синтетичка смола сепак се намократ, учинокот на сечењето се намалува и тие стануваат тапи. Доколку таквите брусни дискови од синтетичка смола при употреба се намократ (на пр. од барички и остатоци од вода во цевки) – притисокот при сечењето не смее да се зголеми, туку да се задржи претходниот – опасност од кршење! Таквите брусни дискови од синтетичка смола треба да се искористат веднаш.
Количка за водење
Направете место за количката за водење. Доколку количката за водење се движи преку предмети,
10
TS 410, TS 420
македонски
брусниот диск за сечење може да се заглави во засекот – опасност од кршење!
Вибрации
При подолготрајно користење на уредот, вибрациите може да доведат до проблеми со циркулација во рацете („болест на бели прсти“).
Не е можно да се одреди општоважечко правило за должината на користењето, бидејќи истото зависи од повеќе фактори.
Должината на користењето може да се продолжи со:
заштита за рацете (топли
ракавици)
правење паузи
Должината на користењето може да се скрати поради:
особена лична предиспонираност
за лоша циркулација на крвта (симптоми: прстите се често ладни, трнење)
ниски надворешни температури
силата со која се притиска при
држењето (цврстото држење ја попречува циркулацијата)
При редовно и долготрајно користење на уредот и при честа појава на наведените симптоми (на пр., трнење на прстите) се препорачува медицински преглед.
Одржување и поправка
Моторниот уред одржувајте го редовно. Одржувањето и поправките правете ги како што е опишано во упатството за употреба. Сите останати интервенции треба да ги врши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и поправки само преку специјализирани продавачи на STIHL. На специјализираните продавачи на STIHL им се нудат редовни обуки и достапни им се технички информации.
Употребувајте само висококвалитетни резервни делови. Во спротивно, постои опасност од повреди или оштетувања на уредот. За сите прашања во врска со тоа побарајте совет од специјализиран продавач.
STIHL советува да се употребуваат оригинални резервни делови на STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
При поправка, одржување и чистење, секогаш изгаснете го моторот и извлечете го приклучникот на свеќичката – опасност од повреди од ненемерно проработување на моторот! – Исклучок: штелување на карбураторот и на празниот од.
Палете го моторот со потегнување на системот за палење и при извлечен приклучник на свеќичка или при
одвртена свеќичка само тогаш, кога комби-лизгачот / комби-рачката / прекинувачот е поставен на STOP односно 0 – опасност од пожар поради искрење надвор од цилиндерот.
Не држете го моторниот уред во близина на отворен оган – поради горивото – опасност од пожар!
Редовно проверувајте го дихтувањето на капачето на резервоарот.
Употребувајте само исправни свеќички одобрени од STIHL – видете во „Технички податоци“.
Проверете го кабелот на свеќичката (беспрекорна изолација, цврст приклучник).
Придушувачот на бучавата мора да биде во беспрекорна состојба.
Не смее да се работи со расипан придушувач на бучавата или без него – опасност од пожар! – Оштетувања на слухот!
Не допирајте го придушувачот на бучавата кога е жежок – опасност од изгореници!
Проверете го гумениот амортизер на долната страна на уредот – куќиштето на уредот не смее да го допира тлото – опасност од оштетувања!
Состојбата на придушувачите на вибрации влијае врз вибрациското однесување на уредот – контролирајте ги редовно.
TS 410, TS 420
11
македонски
Примери за примената
Дијамантските брусни дискови се само за мокро сечење
Зголемување на трајноста и на брзината на сечење
Во општ случај потребно е да се обезбеди вода за брусните дискови.
Сврзување на правот
За брусниот диск обезбедете количество вода од најмалку 0,6 l/min.
Приклучок за вода
приклучок за вода на уредот, за
сите видови снабдување со вода
резервоар за вода под притисок
од 10 l, за сврзување на правот
резервоар за вода што се користи
на количката за водење, за сврзување на правот
Брусните дискови од синтетичка смола служат за суво или мокро сечење – во зависност од изведбата
Во зависност од изведбата, брусните дискови од синтетичка смола се погодни само за суво сечење, односно, само за мокро сечење.
При суво сечење користете само соодветни брусни дискови од синтетичка смола
Носете соодветна заштитна маска од прав при суво сечење.
Доколку мож е да с е оче кува појава на пареа или чад (на пр. при сечење композитни материјали), носете заштита за дишните патишта.
При мокро сечење користете само соодветни брусни дискови од синтетичка смола
Брусниот диск се користи само со вода.
За да се сврзе правот, за брусниот диск треба да се обезбеди количество вода од најмалку 1 l/min. За да не се намали учинокот при сечење, за брусниот диск треба да се обезбеди количество вода од најмногу 4 l/min.
За да се отфрли залепената вода од брусниот диск, по завршената работа оставете го уредот да работи уште околу 3 до 6 секунди без вода и под работен број на вртежи.
приклучок за вода на уредот, за
сите видови снабдување со вода
резервоар за вода под притисок
од 10 l, за сврзување на правот
резервоар за вода што се користи
на количката за водење, за сврзување на правот
При употреба на дијамантски брусни дискови и брусни дискови од синтетичка смола, внимавајте на следново
Предметите што се сечат
не смеат да бидат потпрени само
делумно
обезбедете ги да не се тркалаат,
односно да не се лизгаат
обезбедете ги да не вибрираат
Отсечените делови
При пробивање, сечење процепи итн., важен е редоследот на засеците за раздвојување. Последниот засек за раздвојување секогаш мора да се направи так а што брус ниот диск нема да се заглави и исечениот или одвоениот дел нема да го загрози опслужителот.
По потреба, оставете мовче од материјалот што ќе го задржи отсечениот дел во неговата положба. На крај, искршете го мовчето.
Пред завршното одвојување на делот, одредете:
колку е тежок делот
како би можел да се движи по
одвојувањето
дали е напрегнат
При кршење на делот не загрозувајте го лицето што помага.
12
TS 410, TS 420
Сечете во повеќе работни чекори
македонски
N означете ја линијата (A) за
сечење
N работете по должината на
линијата за сечење. Не вртете го брусниот диск на страна при правење корекции, туку спуштајте го брусниот диск секогаш одново – длабочината на засекот треба да изнесува најмногу 5 до 6 cm по работен чекор. Подебелите материјали се сечат во повеќе работни чекори
Сечење плочи
N избрусете жлеб за водење (A) по
должината на претходно означената линија по која ќе сечете
180BA027 AM
N продлабочете ја фугата за
сечење (B)
N оставете лента за
прекршување (C)
N исечете ги првин краевите на
засекот на плочата, за да се избегне кршење на материјалот
N прекршете ја плочата
N со повеќе работни чекори
направете криви – притоа внимавајте брусниот диск да не се заглави поради вртење настрана
Сечење цевки, валчести и шупливи тела
N цевките, валчестите и шупливите
тела мора да бидат прицврстени,
180BA028 AM
тие не смеат да вибрираат, да се лизгаат или тркалаат
N внимавајте на местото на паѓање
и на тежината на делот што го сечете
N одредете ја линијата за сечење и
означете ја, притоа избегнете ги армираните делови, особено во насока на засекот за раздвојување
N одредете го редоследот на
засеците за раздвојување
N прицврстете ја плочата (на пр. на
подлога што не се лизга, песочно лежиште)
TS 410, TS 420
13
македонски
002BA558 AM
002BA562 AM
N избрусете жлеб за водење по
должината на претходно означената линија за сечење
N продлабочете ја фугата за
сечење долж жлебот за водење – запазете ја длабочината на засекот при секој работен чекор – за помали корекции на насоката не вртете го брусниот диск настрана, туку спуштете го одново – по потреба, оставете мовче од материјалот што ќе го задржи отсечениот дел во неговата положба. Искршете го мовчето по последниот планиран засек за раздвојување
Сечење бетонски цевки
N одредете го и означете го текот
на сечењето
N одредете го редоследот на
засеците
Надворешниот пречник е помал од максималната длабочина на засекот
002BA528 AM
N секогаш почнувајте оддолу;
работете со горната четвртина на брусниот диск
N спротивната долна страна сечете
ја со горната четвртина на брусниот диск
002BA560 AM002BA561 AM
A
Пристапот зависи од надворешниот пречник на цевката и од најголемата длабочина на засекот со брусниот диск (A).
N прицврстете ја цевката да не
вибрира, да не се лизга или тркала
N внимавајте на тежината,
напрегнатоста и местото на паѓање на делот што го сечете
14
N направете еден засек за
002BA557 AM
раздвојување од горе надолу
Надворешниот пречник е поголем од максималната длабочина на засекот
Направете план пред да почнете со работа. Потребни се повеќе засеци за раздвојување – вистинскиот редослед е важен.
N штитникот свртете го до задниот
граничник
N првиот страничен засек на
горната половина на цевката
TS 410, TS 420
Loading...
+ 36 hidden pages