37 ЕЗ Изјава за сообразност.......................49
Почитуван купувачу,
Ви благодариме што се одлучивте за
квалитетниот производ на фирмата STIHL.
Овој производ е направен со современ начин
на изработка и при обемни мерки за контрола
на квалитетот. Ние се обидуваме да сториме
се’ за да бидете задоволни со овој уред и да
работите со него без проблем.
Доколку имате прашања во врска со Вашиот
уред, Ве молиме да се обратите до Вашиот
продавач или директно до нашата продажна
служба.
Вашиот
Dr. Nikolas Stihl
1Кон ова упатство за
употреба
Ова упатство за употреба се однесува на
моторната пила STIHL што во упатството се
нарекува и моторен уред.
1.1Сликовни ознаки
Сликовните ознаки што се наоѓаат на уредот
се објаснети во ова упатство за употреба.
Во зависност од уредот и изведбата, на
уредот се наоѓаат следниве сликовни ознаки.
Резервоар за гориво; мешавина за
гориво од бензин и моторно масло
Резервоар за масло за
подмачкување синџири; масло за
подмачкување синџири
Блокирање и отпуштање на
сопирачката на синџирот
Сопирачка на последователното
движење
Насока на движење на синџирот
Ematic; регулирање на
количеството масло за
подмачкување синџири
Затегнување на синџирот
Отвор за влезен воздух: зимска
експлоатација
Отвор за влезен воздух: летна
експлоатација
Греење на рачката за држење
Оригинално упатство за употреба
0000000876_033_MK
Печатено на хартија белена без хлор.
Печатните бои содржат растителни масла, хартијата може да се рециклира.
Предупредување поради опасност од несреќи
и повреди на лица, како и од големи
материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања на
уредот или на делови од уредот.
1.3Техничко усовршување
STIHL постојано ги усовршува сите машини и
уреди; од тие причини мораме да го
задржиме правото за правење измени во
обемот на испораката, во вид на формата,
техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и
илустрациите во ова упатство за употреба не
може да се изведат никакви побарувања.
2Безбедносни упатства
При работењето со моторната пила
се неопходни посебни безбедносни
мерки, бидејќи се работи со синџир
со многу остри режни запци и со
голема брзина на синџирот.
Пред првото користење, прочитајте
го внимателно целото упатство за
употреба и чувајте го на сигурно
место за подоцнежна употреба.
Непочитувањето на упатствата
може да биде опасно по животот.
2.1Општи препораки
Запазете ги безбедносните прописи
специфични за секоја држава, како на пр. од
синдикалните и социјалните здруженија, од
службите за безбедност на работа и други.
Употребата на моторни пили што создаваат
бучава може да биде временски ограничена
како со државни, така и со локални прописи.
Ако првпат работите со моторна пила:
Побарајте од продавачот или од друго
стручно лице објаснување како безбедно се
ракува со уредот – или учествувајте на
стручен семинар.
Малолетни лица не смеат да работат со
моторна пила – освен постари од 16 години,
обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се држат
подалеку од уредот.
Корисникот е одговорен за настанатите
несреќни случаи со други лица или врз туѓа
сопственост.
Моторната пила смее да се дава или да се
изнајмува само на лица запознаени со
начинот на ракување – секогаш првин да им
се даде упатството за употреба.
Лицето што работи со моторната пила мора
да биде одморено, здраво и во добра
психичка состојба. Лицата што не смеат да се
напрегаат од здравствени причини треба да
го прашаат својот лекар дали смеат да
работат со моторна пила.
По конзумирање алкохол, лекови што
негативно влијаат врз способноста за
реагирање или дрога, не смее да се работи
со моторната пила.
При неповолно време (дожд, снег, мраз,
ветер) одложете ја работата – зголемена
опасност од несреќи!
Само за лица со пејсмејкери: системот за
палење на оваа моторна пила предизвикува
многу слабо електромагнетно поле.
Влијанието врз одделни видови пејсмејкери
не може да биде сосема исклучено. За да не
се ризикува здравјето, STIHL препорачува да
се посоветувате со својот лекар или со
производителот на пејсмејкерот.
2.2Наменска употреба
Моторната пила служи само за сечење дрво и
дрвени предмети.
Моторната пила не смее да се користи за
друга намена – опасност од несреќи!
Не вршете промени на моторната пила – со
тоа се загрозува безбедноста. За штети врз
лица и предмети што се јавуваат при
користење недозволени алати за надоградба,
STIHL е ослободен од секаква одговорност.
2.3Облека и опрема
Носете прописна облека и опрема.
0458-533-5821-E3
001BA115 KN
македонски2 Безбедносни упатства
Облеката мора да биде соодветна
и не смее да пречи во работата.
Носете облека што е добро
припиена до телото и има вградени
заштитни подметки против
исеченици – не носете работен
мантил.
Не носете облека што може да се заплетка во
дрво, грмушки или во подвижните делови на
моторната пила. Не носете шал, вратоврска
или накит. Соберете ја долгата коса (под
шамија, капа, шлем и сл.).
Носете соодветни обувки – со
заштита од исеченици, со ѓон што
не се лизга и со челична капа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали опасноста од
повреди на очите, носете добро
припиени заштитни очила според
стандардот EN 166 или заштита за
лице. Запазете ја добрата
наместеност на заштитните очила
и на заштитата за лицето.
Носете „лична“ заштита од бучава – на пр.
заштитни тампони.
Носете заштитен шлем кога постои опасност
од предмети што паѓаат.
Носете робусни работни ракавици
од отпорен материјал (на пр. од
кожа).
STIHL нуди широк асортиман на прибор за
лична заштита.
2.4Транспортирање
Пред да се транспортира – исто и на покуси
растојанија – секогаш исклучете ја моторната
пила, блокирајте ја сопирачката на синџирот и
ставете штитник за синџир. Така се спречува
ненамерно придвижување на синџирот.
Држете ја моторната пила само за цевчестата
рачка – жешкиот придушувач на бучава
подалеку од телото – мечот свртен наназад.
Не допирајте ги жешките делови на уредот,
особено површината на придушувачот на
бучава – опасност од изгореници!
При превоз во возила: заштитете ја
моторната пила од превртување, оштетување
и од истекување на горивото и на маслото за
синџирот.
2.5Чистење
Пластичните делови се чистат со крпа.
Агресивните средства за чистење може да ја
оштетат пластиката.
Исчистете ја моторната пила од прав и
нечистотија – без употреба на средства за
отстранување маснотии.
Ако е потребно, исчистете ги отворите на
воздушното ладење.
За чистење на моторната пила не смее да се
користи уред за чистење под висок притисок.
Силниот воден млаз може да оштети делови
на моторната пила.
2.6Прибор
Смеат да се употребуваат само алати,
мечеви, синџири за пила, запчаници, прибор и
технички истоветни делови, што STIHL ги
одобрува за оваа моторна пила. За сите
прашања во врска со тоа побарајте совет од
специјализиран продавач. Употребувајте
само висококвалитетни алати и прибор. Во
спротивно постои опасност од повреди или
оштетувања на моторната пила.
STIHL препорачува употреба на оригиналните
алати, мечеви, синџири, запчаници и прибор
од STIHL. Со нивните карактеристики тие се
оптимални како за уредот, така и за
потребите на корисникот.
2.7Полнење гориво
Бензинот е многу лесно запалива
течност – држете го подалеку од
отворен оган – не истурајте гориво
– не пушете.
Пред полнење гориво, изгаснете го моторот.
Не полнете го резервоарот со гориво додека
моторот е жежок – може да дојде до
прелевање на горивото – опасност од пожар!
40458-533-5821-E
001BA087 LÄ
2 Безбедносни упатствамакедонски
Отворете го капакот на резервоарот
внимателно, за да се намали постоечкиот
притисок и за да се спречи прскање на
горивото.
Полнете го резервоарот со гориво само на
добро проветрени места. Доколку истече
гориво, веднаш исчистете ја моторната пила.
Не дозволувајте горивото да дојде во допир
со облеката – во спротивно, сменете ја
веднаш.
Во зависност од серијата, моторните пили
може да бидат опремени со следниве
капачиња за резервоарот:
Капаче со крилце (бајонетски затворач)
Капачето со крилце (бајонетски
затворач) наместете го правилно,
завртете го докрај и спуштете го
крилцето.
Со тоа се намалува ризикот капачето на
резервоарот да се одврти поради вибрациите
на моторот и да истече гориво.
Внимавајте на дихтувањето! Ако
истекува гориво, не палете го
моторот – опасност по живот од
изгореници!
2.8Пред работа
Проверете ја моторната пила во смисла на
безбедноста при работата – внимавајте на
соодветното поглавје во упатството:
проверете го дихтувањето на системот за
–
гориво, особено на видливите делови како
на пр. капачето на резервоарот, спојките на
цревото, рачната пумпа за гориво (само кај
моторните пили со рачна пумпа за гориво).
При недихтување или оштетување, не
стартувајте го моторот – опасност од
пожар! Пред да се користи, моторната пила
треба да ја поправи специјализиран
продавач.
беспрекорно работење на сопирачката на
–
синџирот, предниот штитник за раката
правилно вграден меч
–
правилно затегнат синџир за пила
–
рачката за гас и запорникот на рачката за
–
гас мора да бидат лесно подвижни –
отпуштената рачка за гас мора самата да
се врати во почетната положба
комби-рачката може лесно да се стави на
–
STOP, 0 односно на †
проверете го приклучникот на свеќичката –
–
ако не е наместен добро, можно е да се
јави искрење што може да ја запали
смесата од гориво и воздух – опасност од
пожар!
не вршете никакви измени на командните и
–
на безбедносните механизми
рачките за држење секогаш да се чисти и
–
суви, без масло и смола на нив – за да
може сигурно да се ракува со моторната
пила
доволно количество на гориво и масло за
–
подмачкување во резервоарите
Моторната пила смее да се користи само во
состојба за безбедна употреба – опасност од
несреќи!
2.9Стартување на моторната
пила
Само на рамна подлога. Застанете цврсто и
стабилно. Држете ја цврсто моторната пила –
гарнитурата за сечење не смее да го допира
тлото, ниту предмети – опасност од повреди
заради синџирот во движење.
Со моторната пила смее да работи само едно
лице. Не дозволувајте присуство на други
лица во работната зона – дури ни при
стартување.
Моторната пила не смее да се стартува кога
синџирот на пилата се наоѓа во засек.
Стартувајте го моторот на растојание од
најмалку 3 m од местото за полнење гориво и
никогаш во затворени простории.
Пред стартување, блокирајте ја сопирачката
на синџирот – поради придвижување на
синџирот опасност од повреди!
Моторот да не се стартува „од рака“ –
стартувајте го како што е опишано во
упатството за употреба.
2.10За време на работата
Секогаш стојте цврсто и стабилно.
Внимавајте при мокра кора на дрвото –
опасност од лизгање!
0458-533-5821-E5
македонски2 Безбедносни упатства
проверете ги состојбата и стабилноста
Моторната пила држете ја секогаш цврсто со
двете раце: десната рака на задната рачка за
држење – исто и за левораки лица. За
безбедно ракување, рачките треба цврсто да
се опфатат со палците.
При опасност или во итен случај, веднаш
изгаснете го моторот – комби-рачката /
прекинувачот ставете го во положба STOP, 0
односно †.
Никогаш не оставајте ја моторната пила да
работи без надзор.
Внимавајте при подмразица, влага, снег,
мраз, на наклони, на нерамно земјиште и при
свежо излупена кора од дрво.– опасност од
лизгање!
Внимавајте во близина на трупци од дрва,
корења и дупки – опасност од сопнување!
Не работете сами – бидете секогаш во
близина на други лица што се обучени за
давање прва помош, за да побарате помош
во итен случај. Доколку на местото каде што
се работи има помошен персонал, истиот
мора да носи заштитна облека (заштитен
шлем!) и не смее да стои директно под
гранките што се сечат.
При употреба на средства за заштита на
слухот, потребно е зголемено внимание –
способноста за забележување звуци што би
можеле да укажуваат на опасност (повици,
сигнали и др.) е намалена.
Благовремено правете паузи, за да се
намалат заморот и изнемоштеноста –
опасност од несреќи!
Правот што се создава при сечењето (на пр.
прав од дрво), пареата и чадот, може да
бидат опасни по здравјето. Носете заштитна
маска кога се крева прав.
Кога моторот работи: синџирот на пилата се
движи понатаму уште кусо време, откако ќе се
отпушти рачката за гас – ефект на
последователно движење.
Не пушете при работа и близу до моторната
пила – опасност од пожар! Системот за
гориво може да испушта запаливи бензински
испарувања.
Синџирот на пилата треба да се проверува
редовно, во куси интервали, а при видливи
промени веднаш:
изгаснете го моторот и почекајте да
–
застане синџирот
–
запазете ја наостреноста
–
Не допирајте го синџирот додека работи
моторот. Доколку некој предмет го блокира
синџирот, веднаш исклучете го моторот –
дури потоа отстранете го предметот –
опасност од повреди!
Пред да ја одложите моторната пила –
исклучете го моторот.
При замена на синџирот, изгаснете го
моторот. При несакано придвижување на
моторот – опасност од повреди!
Лесно запаливите материи (на пр.
струганици, кора од дрво, сува трева, гориво)
држете ги подалеку од врелите издувни
гасови и од врелиот придушувач на бучавата
– опасност од пожар! Придушувачите на
бучава со катализатор може да станат
посебно врели.
Никогаш не работете без подмачкување на
синџирот; внимавајте на количеството масло
во резервоарот за масло. Ако во резервоарот
за масло има премалку масло, веднаш
прекинете ја работата и дополнете масло за
подмачкување на синџирот – погледнете и
под „Дополнување масло за подмачкување“ и
„Проверка на подмачканоста на синџирот“.
Доколку моторната пила била изложена на
непрописна употреба (на пр. била удрена или
паднала), исправноста треба веднаш да се
провери пред повторната употреба –
погледнете и под „Пред работа“.
Особено да се провери дихтувањето на
системот за гориво и исправноста на
работењето на безбедносните системи.
Моторна пила што не е безбедна за работа во
ниеден случај да не се користи понатаму.
Доколку не сте сигурни – прашајте
специјализиран продавач.
Внимавајте на беспрекорниот празен од на
моторот – по отпуштањето на рачката за гас,
синџирот мора да престане да се движи.
Редовно контролирајте ја наштелуваноста на
празниот од и, ако е можно, поправете го. Ако
синџирот и понатаму се врти при празен од,
да се изврши поравка од страна на
специјализиран продавач.
Моторната пила создава отровни
гасови штом моторот ќе проработи.
Тие гасови може да се без мирис и
невидливи и да содржат
несогорени јаглеводороди и
бензол. Никогаш не работете со
60458-533-5821-E
2 Безбедносни упатствамакедонски
моторна пила во затворени или
лошо проветрени простории –
истото важи и за уреди со
катализатор.
При работа во ровови, јами или во стеснет
простор, секогаш погрижете се да има
доволно струење на воздухот – опасност по
животот од труење!
Доколку почувствувате мачнина, главоболка,
пречки на видот (на пр., стеснување на
видното поле), пречки во слухот, вртоглавица,
попуштена концентрација, веднаш прекинете
со работата – тие симптоми може, меѓу
другото, да се предизвикани и од преголема
концентрација на издувни гасови – опасност
од несреќи!
2.11По работата
Изгаснете го моторот, блокирајте ја
сопирачката на синџирот, ставете штитник за
синџир.
2.12Чување
Ако моторната пила не се користи, треба да
биде одложена безбедно – никој да не биде
загрозен. Чувајте ја моторната пила
недостапна за нестручни лица.
Чувајте ја моторната пила на безбедно место
и во сува просторија.
2.13Вибрации
При подолготрајно користење на уредот,
вибрациите може да доведат до проблеми со
циркулација во рацете („болест на бели
прсти“).
Не е можно да се одреди општоважечко
правило за должината на користењето,
бидејќи истото зависи од повеќе фактори.
Должината на користењето може да се
продолжи со:
заштита за рацете (топли ракавици)
–
правење паузи
–
Должината на користењето може да се скрати
поради:
особена лична предиспонираност за лоша
–
циркулација на крвта (симптоми: прстите се
често ладни, трнење)
ниски надворешни температури
–
силата со која се притиска при држењето
–
(цврстото држење ја попречува
циркулацијата)
При редовно и долготрајно користење на
уредот и при честа појава на наведените
симптоми (на пр., трнење на прстите) се
препорачува медицински преглед.
2.14Одржување и поправки
Пред да почнете со поправка, чистење и
одржување, како и при интервенции на
гарнитурата за сечење, секогаш првин
исклучете го моторот. При несакано
придвижување на синџирот на пилата –
опасност од повреди!
Исклучок: штелување на карбураторот и
празниот од.
Моторната пила одржувајте ја редовно.
Извршувајте ги само одржувањата и
поправките што се наведени во упатството за
употреба. Сите останати интервенции треба
да ги изврши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и поправки
само преку специјализирани продавачи на
STIHL. На специјализираните продавачи на
STIHL им се нудат редовни обуки и достапни
им се технички информации.
Употребувајте само висококвалитетни
резервни делови. Во спротивно постои
опасност од повреди или оштетувања на
моторната пила. За сите прашања во врска со
тоа побарајте совет од специјализиран
продавач.
Не вршете никакви промени на моторната
пила – со тоа се загрозува безбедноста –
опасност од несреќи!
Палете ја моторната пила при извлечен
приклучник на свеќичка или при одвртена
свеќичка само тогаш, кога комби-рачката е
ставена на STOP, 0 односно † – опасност од
пожар поради искрење надвор од
цилиндерот!
Не држете го моторниот уред во близина на
отворен оган – поради горивото – опасност од
пожар!
Редовно проверувајте го дихтувањето на
капачето на резервоарот.
Употребувајте само исправни свеќички
одобрени од STIHL – погледнете во „Технички
податоци“.
Проверете го кабелот на свеќичката
(беспрекорна изолација, цврст приклучник).
0458-533-5821-E7
001BA036 KN
001BA257 KN
македонски3 Сили на реакција
Придушувачот на бучавата мора да биде во
беспрекорна состојба.
Не смее да се работи со расипан придушувач
на бучава или без него – опасност од пожар,
оштетувања на слухот!
Не допирајте го придушувачот на бучавата
кога е жежок – опасност од изгореници!
Состојбата на придушувачите на вибрации
влијае врз вибрациското однесување на
уредот – контролирајте ги редовно.
Проверете ја водилката на синџирот –
доколку е оштетена, заменете ја.
Гаснење на моторот
при проверка на затегнатоста на синџирот
–
при дополнително затегнување на синџирот
–
на пилата
при замена на синџирот на пилата
–
при отстранување пречки
–
Запазете го упатството за острење – за
сигурно и правилно ракување, синџирот за
пила и мечот мора да бидат во беспрекорна
состојба, синџирот правилно наострен,
затегнат и добро подмачкан.
Синџирот за пила, мечот и запчаникот
менувајте ги навремено.
Редовно проверувајте ја беспрекорната
состојба на барабанот на спојката.
Горивото и маслото за подмачкување на
синџирот чувајте ги само во дозволени и
беспрекорно означени садови. Складирањето
треба да е на суво, свежо и безбедно место,
заштитено од светлина и сонце.
При пречки во работата на сопирачката на
синџирот, веднаш исклучете го моторот –
опасност од повреди! Побарајте помош од
специјализиран продавач – не употребувајте
ја моторната пила се’ додека пречките не
бидат отстранети; погледнете во „Сопирачка
на синџирот“.
3Сили на реакција
Силите на реакција што најчесто се јавуваат
се: повратен удар, одбивање и вовлекување.
3.1Опасност од повратен удар
Повратниот удар може да доведе
до смртоносни исеченици.
При повратен удар (Kickback), пилата
наеднаш и неконтролирано се отфрла кон
опслужителот.
3.2Повратниот удар може да се
случи на пр. кога
синџирот на пилата во областа на горната
–
четвртина на врвот од мечот случајно ќе
удри во дрво или друг цврст предмет –
на пр. кога при сечење гранка случајно ќе
се допре друга гранка
синџирот на врвот од мечот за момент ќе се
–
заглави во засекот
3.3Сопирачка за синџир
QuickStop:
На тој начин во одредени ситуации може да
се намали опасноста од повреди – иако
самиот повратен удар не може да се
оневозможи. При активирање на сопирачката
на синџирот, синџирот на пилата застанува за
дел од секунда
погледнете во поглавјето „Сопирачка на
синџирот“ во ова упатство за употреба.
3.4Намалување на опасноста од
повратен удар
со промислено, правилно работење
–
со цврсто и сигурно држење на моторната
–
пила со двете раце
со сечење само под полн гас
–
со набљудување на врвот од мечот
–
80458-533-5821-E
001BA037 KN
A
001BA038 KN
B
4 Начин на работамакедонски
не сечете со врвот од мечот
–
претпазливост при мали и жилави гранки,
–
грмушки и млади растенија – синџирот на
пилата може да се заглави
никогаш не сечете повеќе гранки одеднаш
–
не работете во премногу наведната
–
положба
не сечете над висина на рамената
–
ставајте го мечот во веќе започнат засек
–
само со најголема претпазливост
работете со „прободување“ само ако Ви е
–
позната таа работна техника
внимавајте на положбата на стеблото и на
–
силите што може да го затворат засекот и
да го заглават синџирот на пилата
работете само со правилно наострен и
–
затегнат синџир – растојанието на
ограничувачот на длабочина да не биде
премногу големо
користете синџири што го намалуваат
–
повратниот удар и мечеви со мала глава
3.5Вовлекување (A)
Ако при сечење со долната страна на мечот –
сечење со предна рака – синџирот се заглави
или удри во цврст предмет во дрвото,
моторната пила може одеднаш да биде
повлечена кон стеблото – за да се избегне
тоа, запчестиот граничник треба секогаш да
биде добро наместен.
3.6Одбивање (B)
Ако при сечење со горната страна на мечот –
сечење со задната рака – синџирот се заглави
или удри во цврст предмет во дрвото,
моторната пила може да биде турната назад
кон опслужителот – за да се избегне тоа:
не дозволувајте да се заглави горната
–
страна на мечот
не вртете го мечот додека се наоѓа во засек
–
3.7Работете со најголема
претпазливост
на нагорнини
–
кај стебла што незгодно паднале меѓу други
–
дрвја и се во напрегната состојба
при работа со дрвја што ги соборил или
–
искршил ветар
Во тој случај, не работете со моторна пила –
користете дигалки, макари или влечни
возила.
Извлечете ги надвор стеблата што слободно
лежат и се исечени. Понатамошната
обработка по можност да биде на поширок
простор.
Мртвото дрво (исушено, гнило или изумрено
дрво) претставува голема опасност што
тешко може да се процени. Препознавањето
на опасноста е многу тешко или е речиси
невозможно. Користете помошни средства
како макари или влечни возила.
При соборување дрвја во близина на
патишта, пруги, електрични проводници итн,
работете особено претпазливо. Ако е
потребно, информирајте ја полицијата,
електродистрибуцијата или железницата.
4Начин на работа
Сите работи во врска со сечењето и
соборувањето стебла (прободување,
кастрење гранки итн.) смеат да ги извршуваат
само посебно обучени и школувани лица.
Леца без искуство во работата со моторната
пила и во работната техника не треба да
извршуваат ниедна од овие работи –
зголемена опасност од несреќи!
При соборување стебла задолжително
запазете ги регионалните прописи во врска со
техниката за соборување дрвја.
4.1Сечење
Не работете во положба за стартен гас. Во
оваа положба на рачката за гас, бројот на
вртежи на моторот не може да се регулира.
0458-533-5821-E9
001BA082 KN
001BA033 KN
македонски4 Начин на работа
Работете мирно и промислено – само при
добра осветленост и видливост. Не
загрозувајте други лица – работете
внимателно.
За почетниците се препорачува да вежбаат
сечење на тркалезно дрво со помош на
ногарки за пилење – погледнете под „Сечење
тенко дрво“.
Ако е можно, користете краток меч: синџирот
на пилата, мечот и запчаникот мора да
одговараат меѓусебно и со моторната пила.
Ниеден дел од телото не смее да се наоѓа во
продолжената зона на движење на синџирот
на пилата.
Моторната пила смее да се извлече од
дрвото само кога синџирот на пилата е во
движење.
Користете ја моторната пила само за сечење
– не и за кревање како со лост или за
собирање гранки и корења како со лопата.
Не сечете ги од долната страна гранките што
слободно висат.
Бидете претпазливи при сечење грмушки и
млади дрвја. Синџирот на пилата може да ги
зафати тенките изданоци и да ги отфрли кон
корисникот.
Внимавајте при сечење напукнато дрво –
опасност од повреди поради отфрлените
парчиња дрво!
Не дозволувајте странски предмети да дојдат
во контакт со моторната пила: камења, шајки
и сл. може да бидат отфрлени, а може и да го
оштетат синџирот. Моторната пила може да
отскокне - опасност од несреќи!
Доколку синџирот на пилата во движење удри
во камен или друг цврст предмет, можно е да
дојде до искрење што во дадени услови може
да доведе до пожар кај лесно запаливите
материјали. Сувите растенија и грмушки се
исто така лесно запаливи, особено при жешки
и суви временски услови. Доколку постои
опасност од пожар, моторната пила не смее
да се користи во близина на лесно запаливи
материјали, растенија или грмушки.
Задолжително распрашајте се кај надлежен
орган за шумарство дали постои опасност од
пожар.
При работа на падини, секогаш застанете од
горната страна или странично во однос на
стеблото или дрвото што лежи. Внимавајте на
стеблата што се тркалаат.
При работа на високо:
секогаш користете подвижна работна
–
платформа
никогаш не работете стоејќи на скала или
–
качени на дрво
никогаш не работете на нестабилна
–
подлога
никогаш не работете над висината на
–
рамената
никогаш не работете со една рака
–
Ставете ја пилата во засек под полн гас и со
добро наместен запчест граничник – дури
потоа започнете со сечење.
Никогаш не работете без запчестиот
граничник, зашто пилата може да го повлече
корисникот нанапред. Запчестиот граничник
секогаш мора да биде добро наместен.
На крајот од засекот, моторната пила веќе не
се потпира во него со гарнитурата за сечење.
Корисникот мора да ја прифати силата на
тежината на моторната пила – опасност од
губење контрола!
Сечење тенко дрво:
користете стабилен и цврст систем за
–
затегнување – ногарки за пилење
не држете го дрвото со нога
–
други лица не смеаат ниту да го држат
–
дрвото, ниту да помагаат на друг начин
100458-533-5821-E
1
001BA151 KN
2
1
001BA152 KN
2
001BA189 KN
001BA088 LÄ
2
/
1
2
11
/
1
2
4 Начин на работамакедонски
Кастрење гранки
користете синџир за пила со мал повратен
–
удар
ако е можно, потпрете ја моторната пила
–
не кастрате гранки кога сте качени на дрво
–
не сечете со врвот од мечот
–
внимавајте на гранки што се наоѓаат во
–
напрегната состојба
никогаш не сечете повеќе гранки одеднаш
–
Стебла што лежат или стојат под притисок:
Неопходно е да го запазите точниот редослед
на работните чекори (првин страната што
притиска (1), потоа страната што влече (2)),
во спротивно, гарнитурата за сечење може да
се заглави во засекот или да биде отфрлена
наназад – опасност од повреди!
Надолжен засек:
Техника на сечење без употреба на запчест
граничник – опасност од вовлекување –
работете со мечот под што е можно помал
агол – работете со крајна претпазливост –
зголемена опасност од повратен удар!
4.2Подготовка за соборување
Во подрачјето каде што се соборуваат стебла
смеат да се задржуваат само лица што
работат на соборувањето.
Внимавајте никој да не биде загрозен од
дрвото што паѓа – повиците може да не се
слушнат поради бучавата на моторните
уреди.
► направете го засекот за растоварување на
страната што притиска (1)
► направете го засекот за раздвојување на
страната што влече (2)
Засекот за раздвојување се прави со
движење од долу нагоре (засек со задната
рака) – опасност од одбивање!
УПАТСТВО
Дрвото што лежи не смее да го допира тлото
на местото каде што се сече – во спротивно,
оштетувања на синџирот на пилата.
0458-533-5821-E11
Растојанието до следното работно место
треба да биде најмалку 2 1/2 должини од
дрвото што се сече.
Одредување на насоката на соборување и на
местото за засолнување
Изберете слободен простор меѓу дрвјата каде
што може да се собори стеблото.
Притоа, внимавајте на следново:
на природната наведнатост на дрвото
–
на невообичаено дебели гранки,
–
асиметрични израстоци, оштетувања на
дрвото
на насоката и брзината на ветерот – не
–
соборувајте дрвја при силен ветер
на насоката на падината
–
001BA040 KN
B
B
001BA146 KN
001BA271 KN
C
C
001BA153 KN
македонски4 Начин на работа
на соседните дрвја
–
на снежната покривка
–
на здравствената состојба на дрвото –
–
работете особено претпазливо при
оштетувања на стеблото или со мртви
дрвја (исушени, гнили или изумрени дрвја)
исечете ги поголемите корења: почнете од
–
најголемата жила – сечете првин
вертикално, а потоа хоризонтално – само
при здраво дрво
4.3Бразда за соборување
A Насока на соборување
B Место за засолнување (аналогно на
патеката за избегнување)
одредете ги местата за засолнување за
–
сите вработени – под агол од 45° и
спротивно од насоката на соборување
исчистете ги местата за засолнување,
–
тргнете ги пречките
тргнете ги алатите и уредите на сигурно
–
растојание – но не на местата за
засолнување
при соборување стебла секогаш застанете
–
странично од дрвото што паѓа и само
странично тргнете кон местото за
засолнување
одредете ги местата за засолнување на
–
стрмни падини секогаш паралелно со
падината
при одење наназад, внимавајте на гранките
–
што паѓаат и набљудувајте ја крошната на
дрвото
Подготвување на работниот простор при
стеблото
исчистете ја работната зона на стеблото од
–
гранки, грмушки и од сите други пречки –
безбедна положба за сите вработени
исчистете го темелно подножјето на
–
стеблото (на пр. со секира) – песокот,
камењата и другите предмети го
затапуваат синџирот на пилата
Подготовка на браздата за соборување
Браздата за соборување (C) ја одредува
насоката на соборување.
Важно:
браздата за соборување направете ја под
–
прав агол во однос на насоката на
соборување
по можност, сечете близу до тлото
–
засечете отприлика 1/5 до најмногу 1/3 од
–
пречникот на стеблото
Одредување на насоката на соборување со
помош на контролната лента на хаубата и на
куќиштето на вентилаторот
120458-533-5821-E
001BA153 KN
001BA150 KN
001BA259 KN
G
E
C
C
Ø
1/10
4 Начин на работамакедонски
Оваа моторна пила е опремена со контролна
лента на хаубата и на куќиштето на
вентилаторот. Користете ја оваа контролна
лента.
Правење бразда за соборување
При правењето бразда за соборување
насочете ја моторната пила така, што
браздата за соборување ќе лежи под прав
агол во однос на насоката на соборување.
При правењето бразда за соборување со
помош на долен (хоризонтален) и горен (кос)
засек, дозволен е различен редослед на
работните чекори – запазете ги регионалните
прописи во врска со техниката за соборување
стебла.
► направете долен засек (хоризонтален
засек)
► горниот (косиот) засек направете го под
агол од прибл. 45°‑ 60° во однос на долниот
засек
Проверка на насоката на соборување
► мечот на моторната пила ставете го во
засекот за соборување. Контролната лента
мора да ја покажува утврдената насока на
соборување – потребните корекции на
насоката на соборување направете ги со
соодветна доработка на браздата за
соборување
4.4Помошни засеци
Помошните засеци спречуваат распукнување
на стеблото при неговото соборување – на
двете страни од браздата за соборување
засечете околу 1/10 од пречникот на стеблото
– кај подебели стебла, најмногу до ширината
на мечот.
Доколку дрвото е болно, не треба да се
прават помошни засеци.
4.5Засек за соборување –
основна техника
Референтни мерки
Браздата за соборување (C) ја одредува
насоката на соборување.
Лентата за прекршување (D) го води дрвото
кон тлото како шарка.
ширина на лентата за прекршување: околу
–
1/10 од пречникот на стеблото
во ниеден случај не засекувајте ја лентата
–
за прекршување додека правите засек за
соборување – во спротивно, можно е
отстапување од предвидената насока на
соборување – опасност од несреќи!
кај гнили стебла оставете поширока лента
–
за прекршување
Дрвото го соборува засекот за
соборување (E).
точно хоризонтално
–
1/10 (најмалку 3 cm) од пречникот на
–
стеблото над долниот засек на браздата за
соборување (C)
Потпорната лента (F) или безбедносната
лента (G) го потпираат дрвото и го
обезбедуваат од предвремено паѓање.
ширина на лентата: околу 1/10 до 1/5 од
–
пречникот на стеблото
во ниеден случај не засекувајте ја лентата
–
додека правите засек за соборување
при гнили стебла оставете поширока лента
–
0458-533-5821-E13
001BA269 KN
3.
1.
2.
001BA270 KN
001BA260 KN
македонски4 Начин на работа
Прободување
како засек за растоварување при
–
скратување
при резбарење
–
► користете синџир за пила со мал повратен
удар и работете особено внимателно
1.Наместете го мечот со долната страна од
врвот – не со горната страна – опасност од
повратен удар! Сечете под полн гас додека
мечот влезе во стеблото со двојна
ширина2.Полека завртете до точката на
прободувањето – опасност од повратен удар
и одбивање!3.Прободете внимателно –
опасност од одбивање!
Челичните клинови може да предизвикаат
тешки оштетувања на синџирот на пилата и
опасен повратен удар.
Изборот на соодветните клинови за
соборување зависи од пречникот на стеблото
и од ширината на засекот (аналогно засек за
соборување (E)).
При изборот на клинови за соборување
(соодветна должина, ширина и висина)
побарајте совет од специјализиран продавач
на STIHL.
4.6Избор на соодветен засек за
соборување
Изборот на соодветен засек за соборување
зависи од истите карактеристики што треба
да се запазат и при одредувањето насока на
соборување и на местото за засолнување.
Овие карактеристики се разликуваат според
манифестирањето на повеќе различни
својства. Во ова упатство за употреба ќе
бидат опишани две својства што најчесто се
среќаваат:
Ако е можно, користете ја прободната лента.
Прободната лента и горната, односно
долната страна на мечот се паралелни.
При прободувањето, прободната лента
помага да добиете паралелен засек, т.е.
лево:нормално дрво – дрвото стои
вертикално и има рамномерна
крошна
десно:наведнато дрво – крошната
покажува во насоката на
соборување
засек со еднаква дебелина. За таа цел,
прободната лента водете ја паралелно во
однос на дното на браздата за соборување.
Клинови за соборување
Ако е можно, клинот за соборување треба да
се намести порано, односно кога не очекувате
пречки во сечењето. Наместете го клинот за
соборување во засекот за соборување и
втерајте го со помош на соодветен алат.
4.7Засек за соборување со
безбедносна лента
(нормално дрво)
A) Тенки стебла
Овој засек за соборување треба да се
направи кога пречникот на стеблото е помал
од должината на засекот на моторната пила.
Користете само клинови од алуминиум или од
пластика – не користете челични клинови.
140458-533-5821-E
001BA261 KN
1.
2.
001BA273 KN
3.
001BA263 KN
4.
5.
1.
2.
3.
001BA274 KN
6.
4 Начин на работамакедонски
Пред да го направите засекот за соборување,
повикајте „внимание!“
► засекот за соборување (E) направете го со
прободување – притоа целосно прободете
со мечот
► запчестиот граничник наместете го зад
лентата за прекршување и користете го
како точка на вртење – движете ја
моторната пила колку е можно помалку за
правење нов засек
► формирајте (1) засек за соборување до
лентата за прекршување
притоа не сечете ја лентата за
–
прекршување
► формирајте (2) засек за соборување до
безбедносната лента
притоа не сечете ја безбедносната лента
–
► ставете клин за соборување (3)
Непосредно пред стеблото да падне,
повикајте вторпат „внимание!“
► пресечете ја безбедносната лента со
испружени раце однадвор, хоризонтално во
рамнината на засекот за соборување
B) Дебели стебла
Овој засек за соборување треба да се
направи кога пречникот на стеблото е
поголем од должината на засекот на
моторната пила.
Пред да го направите засекот за соборување,
повикајте „внимание!“
► запчестиот граничник наместете го во
височина на засекот за соборување и
користете го како точка на вртење –
движете ја моторната пила колку е можно
помалку за правење нов засек
► врвот од мечот оди во дрвото (1) пред
лентата за прекршување – држете ја
моторната пила апсолутно хоризонтално и
завртете колку е можно повеќе
► формирајте (2) засек за соборување до
лентата за прекршување
притоа не сечете ја лентата за
–
прекршување
► формирајте (3) засек за соборување до
безбедносната лента
притоа не сечете ја безбедносната лента
–
Засекот за соборување треба да биде
продолжен на спротивната страна на
стеблото.
Внимавајте, вториот засек мора да биде на
иста височина како првиот засек.
► засекот за соборување направете го со
прободување
► формирајте (4) засек за соборување до
лентата за прекршување
притоа не сечете ја лентата за
–
прекршување
► формирајте (5) засек за соборување до
безбедносната лента
притоа не сечете ја безбедносната лента
–
► ставете клин за соборување (6)
0458-533-5821-E15
001BA265 KN
1.
2.
001BA266 KN
001BA267 KN
1.
2.
3.
4.
5.
6.
македонски4 Начин на работа
Непосредно пред стеблото да падне,
повикајте вторпат „внимание!“
► пресечете ја безбедносната лента со
испружени раце однадвор, хоризонтално во
рамнината на засекот за соборување
4.8Засек за соборување со
потпорна лента (наведнато
дрво)
A) Тенки стебла
Овој засек за соборување треба да се
направи кога пречникот на стеблото е помал
од должината на засекот на моторната пила.
► прободете со мечот во стеблото така што
ќе излезе од другата страна
► формирајте (1) засек за соборување (E) сè
до лентата за прекршување
точно хоризонтално
–
притоа не сечете ја лентата за
–
прекршување
► формирајте (2) засек за соборување сè до
потпорната лента
точно хоризонтално
–
притоа не сечете ја потпорната лента
–
Непосредно пред стеблото да падне,
повикајте вторпат „внимание!“
► пресечете ја потпорната лента со
испружени раце однадвор, косо озгора
B) Дебели стебла
Овој засек за соборување треба да се
направи кога пречникот на стеблото е
поголем од должината на засекот на
моторната пила.
► запчестиот граничник наместете го зад
потпорната лента и користете го како точка
на вртење – движете ја моторната пила
колку е можно помалку за правење нов
засек
► врвот од мечот оди во дрвото (1) пред
лентата за прекршување – држете ја
моторната пила апсолутно хоризонтално и
завртете колку е можно повеќе
притоа не сечете ги потпорната лента и
–
лентата за прекршување
► формирајте (2) засек за соборување до
лентата за прекршување
притоа не сечете ја лентата за
–
прекршување
► формирајте (3) засек за соборување до
потпорната лента
притоа не сечете ја потпорната лента
–
Засекот за соборување треба да биде
продолжен на спротивната страна на
стеблото.
Внимавајте, вториот засек мора да биде на
иста височина како првиот засек.
► запчестиот граничник наместете го зад
лентата за прекршување и користете го
како точка на вртење – движете ја
моторната пила колку е можно помалку за
правење нов засек
► врвот од мечот оди во дрвото (4) пред
потпорната лента – држете ја моторната
пила апсолутно хоризонтално и завртете
колку е можно повеќе
► формирајте (5) засек за соборување до
лентата за прекршување
притоа не сечете ја лентата за
–
прекршување
► формирајте (6) засек за соборување до
потпорната лента
160458-533-5821-E
Loading...
+ 36 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.