Stihl STIHL FS 55 STIHL FS 55 (mk) [mk]

{
STIHL FS 55
Упатство за употреба
Содржина
македонски
Кон ова упатство за употреба 2 Мерки за безбедност и упатства
за работа 2 Дозволени комбинации на алат
за сечење, штитник, рачка за држење и ремен за носење 12
Монтирање на рачката за држење со две раце 13
Монтирање на кружната рачка за
Оригинално упатство за
употреба
држење 14 Монтирање на прстенот за
носење 16 Монтирање штитници 16 Монтирање алати за сечење 17 Гориво 19 Полнење гориво 21 Местење на ременот за носење 21 Балансирање на уредот 22 Стартување и исклучување на
моторот 23 Упатства за работа 26 Чистење на филтерот за воздух 26 Штелување на карбураторот 27
Печатено на хартија белена без хлор.
Печатните бои содржат растителни масла, хартијата може
да се рециклира.
свеќичка 30 Однесување на моторот при
работа 31 Систем за стартување 31 Подмачкување на преносниот
механизам 31 Чување на уредот 32 Острење на металните алати за
сечење 32 Одржување на главата за косење 33
Контрола и одржување кај специјализиран продавач 34
Совети за чување и одржување 35 Намалување на абењето и
избегнување штети 37 Важни делови 38 Технички податоци 39 Специјален прибор 41 Упатства за вршење поправки 41 Фрлање 42 ЕЗ Изјава за сообразност 42
Почитуван купувачу,
Ви благодариме што се одлучивте за квалитетниот производ на фирмата STIHL.
Овој производ е направен со современ начин на изработка и при обемни мерки за контрола на квалитетот. Ние се обидуваме да сториме се’ за да бидете задоволни со овој уред и да работите со него без проблем.
Доколку имате прашања во врска со Вашиот уред, Ве молиме да се обратите до Вашиот продавач или директно до нашата продажна служба.
Вашиот
Dr. Nikolas Stihl
{
0458-233-5821-E. VA0.L13.
0000000059_010_MK
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
Ова упатство за употреба е заштитено со законот за авторски права. Сите права се задржани, особено правото за умножување, преведување и обработка со електронски системи.
1
македонски
Кон ова упатство за употреба
Сликовни ознаки
Сликовните ознаки што се наоѓаат на уредот се објаснети во ова упатство за употреба.
Во зависност од уредот и изведбата, на уредот се наоѓаат следниве сликовни ознаки.
Резервоар за гориво; мешавина за гориво од бензин и моторно масло
Активирање на вентилот за декомпресија
Рачна пумпа за гориво
Активирање на рачната пумпа за гориво
Туба со маст за подмачкување
Отвор за влезен воздух: летна експлоатација
Отвор за влезен воздух: зимска експлоатација
Греење на рачката за држење
Ознаки пред делови од текст
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување поради опасност од несреќи и повреди на лица, како и од големи материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања на уредот или на делови од уредот.
Техничко усовршување
STIHL постојано ги усовршува сите машини и уреди; од тие причини мораме да го задржиме правото за правење измени во обемот на испораката, во вид на формата, техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и илустрациите во ова упатство за употреба не може да се изведат никакви побарувања.
Мерки за безбедност и упатства за работа
При работа со овој моторен уред неопходни се додатни мерки за безбедност, бидејќи се работи со многу голем број вртежи на алатот за сечење.
Пред првото користење, прочитајте го внимателно целото упатство за употреба и чувајте го на сигурно место за подоцнежна употреба. Непочитувањето на упатствата може да биде опасно по животот.
Запазете ги безбедносните прописи специфични за секоја држава, како на пр. од синдикалните и социјалните здруженија, од службите за безбедност на работа и други.
Ако првпат работите со моторниот уред: Побарајте од продавачот или од друго стручно лице објаснување како безбедно се ракува со уредот – или учествувајте на стручен семинар.
Малолетни лица не смеат да работат со моторниот уред – освен постари од 16 години, обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се држат подалеку од уредот.
2
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
македонски
Ако моторниот уред не се користи, треба да биде одложен безбедно – никој да не биде загрозен. Чувајте го моторниот уред непристапен за нестручни лица.
Корисникот е одговорен за настанатите несреќни случаи со други лица или врз туѓа сопственост.
Моторниот уред смее да се дава или да се изнајмува само на лица запознаени со начинот на ракување со овој модел – секогаш првин да им се даде упатството за употреба.
Употребата на моторни уреди што создаваат бучава може да биде временски ограничена како со државни, така и со локални прописи.
Лицето што работи со моторниот уред мора да биде одморено, здраво и во добра психичка состојба.
Лица што не смеат да се напрегаат од здравствени причини треба да го прашаат својот лекар дали смеат да работат со моторен уред.
Само за лица со пејсмејкери: системот за палење предизвикува многу слабо електромагнетно поле. Влијанието врз одделни видови пејсмејкери не може да биде сосема исклучено. За да не се ризикува здравјето, STIHL препорачува да се посоветувате со својот лекар или со производителот на пејсмејкерот.
По конз умир ање алкохо л, ле кови што негативно влијаат врз способноста за реагирање или дрога, не смее да се работи со моторниот уред.
Во зави снос т од на мена та на а лати те за сечење, моторниот уред смее да се употребува само за косење трева,
како и за сечење плевел, грмушки, жбунови, мали дрвја и слични растенија.
Моторниот уред не смее да се користи за друга намена – опасност од несреќи!
Употребувајте само алати за сечење и прибор што STIHL ги одобрува за овој моторен уред или технички истоветни делови. За сите прашања во врска со тоа побарајте совет од специјализиран продавач. Употребувајте само висококвалитетни алати и прибор. Во спротивно постои опасност од повреди или оштетувања на моторниот уред.
STIHL препорачува употреба на оригиналните алати и прибор од STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
Не вршете промени на уредот – со тоа се загрозува безбедноста. За штети врз лица и предмети што се јавуваат при користење недозволени алати за надоградба, STIHL е ослободен од секаква одговорност.
За чистење на уредот не смее да се користи уред за чистење под висок притисок. Силниот воден млаз може да оштети делови на уредот.
Штитникот на моторниот уред не може да го заштити корисникот од сите предмети (камења, стакло, жици итн.), што алатот за сечење може да ги отфрли настрана. Тие предмети може да се одбијат и да го погодат корисникот.
Облека и заштитни средства
Носете прописна облека и заштитни средства.
Облеката мора да биде соодветна и не смее да пречи во работата. Носете облека што е добро припиена до телото – работен комбинезон, а не работен мантил
Не носете облека што може да се заплетка во дрво, грмушки или во подвижните делови на уредот. Не носете шал, вратоврска или накит. Соберете ја долгата коса (под шамија, капа, шлем и сл.).
Носете заштитни чизми со челична капа и со изрецкан ѓон што не се лизга.
Само при работење со глави за косење, алтернативно може да се носат и цврсти чевли со изрецкан ѓон што не се лизга.
Носете заштитен шлем при расчистување шуми, во високи грмушки и кога постои опасност од предмети што паѓаат. Носете заштита за лице и задолжително заштитни очила – опасност од одбиени или отфрлени предмети.
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
3
македонски
002BA079 KN
Заштитата за лицето не е доволна заштита за очите.
Носете „лична“ заштита од бучава – на пр. заштитни тампони.
Носете робусни работни ракавици од отпорен материјал (на пр. од кожа).
STIHL нуди широк асортиман на прибор за лична заштита.
Превезување на моторниот уред
Секогаш исклучете го моторот.
Носетете го моторниот уред обесен на ременот за носење или избалансирано за телото на уредот. Металните алати за сечење мора да бидат обезбедени од случаен допир – наместете го транспортниот штитник.
При превоз во возила: Заштитете го моторниот уред од превртување, оштетување и од истекување на горивото.
Полнење гориво
Бензинот е многу лесно запалив – држете го подалеку од отворен оган – не истурајте гориво – не пушете.
Пред полнење гориво, изгаснете го моторот.
Не полнете го резервоарот со гориво додека моторот е жежок – може да дојде до прелевање на горивото – опасност од пожар!
Отворете го капакот на резервоарот внимателно, за да се намали постоечкиот притисок и за да се спречи прскање на горивото.
Полнете го резервоарот со гориво само на добро проветрени места. Доколку се истури гориво, избришете го моторниот уред веднаш – не дозволувајте горивото да дојде во допир со облеката – во спротивно, сменете ја веднаш.
Во зависност од серијата, моторните уреди може да бидат опремени со различни капачиња за резервоарот.
По завршеното полнење, капачето со навој затегнете го што е можно поцврсто.
Капачето со крилце (бајонетски затворач) наместете го правилно, завртете го докрај и спуштете го крилцето.
Со тоа се намалува ризикот капачето на резервоарот да се одврти поради вибрациите на моторот и да истече гориво.
Внимавајте на дихтувањето – ако истекува гориво, не палете го моторот – опасност по живот од изгореници!
Пред стартување
Проверете го моторниот уред во смисла на безбедноста при работата – внимавајте на соодветното поглавје во упатството:
проверете го дихтувањето на
системот за гориво, особено на видливите делови како на пр. капачето на резервоарот, спојките на цревото, рачната пумпа за гориво (само кај моторните уреди со рачна пумпа за гориво). При недихтување или оштетување, не стартувајте го моторот – опасност од пожар! Пред да се користи, уредот треба да го поправи специјализиран продавач
комбинацијата на алат за сечење,
штитник, рачка за држење и ремен за носење мора да е дозволена за употреба и сите делови мора да се беспрекорно монтирани
4
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
македонски
комби-лизгачот / прекинувачот да
може лесно да се стави во положбата STOP односно 0
запорникот на рачката за гас
(доколку постои) и рачката за гас мора да бидат лесно подвижни – рачката за гас мора самата да се врати во положбата на празен од
проверете го приклучникот на
свеќичката – ако не е наместен добро, можно е да се јави искрење што може да ја запали смесата од гориво и воздух – опасност од пожар!
алатот за сечење или алатот за
надоградба: исправно монтиран, цврсто лежиште и беспрекорна состојба
системите за заштита (на пр.
штитникот на алатот за сечење, замаецот) да се проверат да не се оштетени или истрошени. Заменете ги оштетените делови. Уред со оштетен штитник или со истрошен замаец (кога текстот и стрелките веќе не се гледаат) не смее да се користи
не вршете никакви измени на
командните и на безбедносните механизми
рачките за држење секогаш да се
чисти и суви, без масло и нечистотија на нив – за да може сигурно да се ракува со моторниот уред
наместете ги ременот за носење
и рачката (рачките) за држење соодветно на телесната големина. Внимавајте на поглавјето „Местење на ременот за носење“ – „Балансирање на уредот“
Моторниот уред смее да се користи само ако е безбеден за употреба – опасност од несреќи!
За итни случаи при употреба на ремени за носење: вежбајте брзо симнување на уредот. При овие вежби уредот не треба да се фрла на земја, за да се избегнат оштетувања.
Стартување на моторот
На растојание од најмалку 3 m од местото за полнење гориво и никогаш во затворени простории.
Само на рамна подлога, застанете цврсто и стабилно, држете го уредот сигурно – алатот за сечење не смее да го допира тлото или предмети, бидејќи може да се придвижи при стартувањето.
Моторниот уред го опслужува само едно лице – не дозволувајте присуство на ниедно друго лице во радиус од 15 m – дури ни кога се стартува – поради одбиените предмети постои опасност од повреди!
Избегнувајте допир со алатот за сечење – опасност од повреди!
Моторот да не се стартува „од рака“ – стартувајте го како што е опишано во упатството за употреба. Алатот за сечење се движи понатаму уште кусо време откако ќе се отпушти рачката за гас – ефект на последователно движење!
Проверете го празниот од на моторот: при празен од и пуштена рачка за гас, алатот за сечење мора да мирува.
Лесно запаливите материи (на пр. струганици, кора од дрво, сува трева, гориво) држете ги подалеку од врелите издувни гасови и од врелата површина на придушувачот на бучавата – опасност од пожар!
Држење и управување со уредот
Моторниот уред се држи со двете раце за рачките за држење.
Секогаш стојте цврсто и стабилно.
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
5
македонски
002BA055 KN
002BA080 KN
15m (50ft)
Кај моделите со рачка за држење со две раце
Десната рака на командната рачка, левата рака на држачот на цевчестата рачка.
Кај моделите со кружна рачка за држење
Кај моделите со кружна рачка за држење и кружна рачка за држење со стремен (чекорен граничник), левата рака на кружната рачка, десната рака на командната рачка – истото важи и за левораки лица.
За време на работата
Секогаш стојте цврсто и стабилно.
При опасност или итен случај, веднаш изгаснете го моторот – комби­лизгачот / прекинувачот ставете го во положба STOP, односно 0.
6
Во поширокиот круг на местото каде што се работи постои опасност од повреди од отфрлените предмети; во радиус од 15 m не смее да се задржува ниедно друго лице. Истото растојание треба да се држи и во однос на предмети (возила, прозорци) – опасност од материјална штета! Опасноста не може да биде исклучена и на растојание поголемо од 15 m.
Внимавајте на беспрекорниот празен од на моторот – по отпуштањето на рачката за гас, алатот за сечење мора да престане да се врти.
Празниот од контролирајте го редовно и по потреба, коригирајте го. Ако алатот за сечење и понатаму се врти при празен од, да се изврши поравка од страна на специјализиран продавач. STIHL препорачува специјализирани продавачи на STIHL.
Внимавајте при подмразица, влага, снег, на нагорнини, на нерамно земјиште итн. – опасност од лизгање!
Внимавајте на пречки: пенушки и корења – опасност од сопнување!
Работете секогаш стоејќи на земја, никогаш на нестабилни подлоги, никогаш качени на скала или на скеле со дигалка.
При употреба на средства за заштита на слухот потребно е зголемено внимание – способноста за забележување звуци што би можеле да укажуваат на опасност (повици, сигнали и др.) е намалена.
Благовремено правете паузи, за да се намалат заморот и изнемоштеноста – опасност од несреќи!
Работете мирно и промислено – само при добра осветленост и видливост. Работете внимателно, не загрозувајте други лица.
Моторниот уред создава отровни гасови штом моторот ќе проработи. Тие гасови може да се без мирис и невидливи и да содржат несогорени јаглеводороди и бензол. Никогаш не работете со моторен уред во затворени или лошо проветрени простории – истото важи и за уреди со катализатор.
При работа во ровови, јами или во стеснет простор, секогаш погрижете се да има доволно струење на воздухот – опасност по животот од труење!
Доколку почувствувате мачнина, главоболка, пречки во видот (на пр., стеснување на видното поле), пречки во слухот, вртоглавица, попуштена концентрација, веднаш прекинете со работата – тие симптоми може, меѓу другото, да се предизвикани и од преголема концентрација на издувни гасови – опасност од несреќи!
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
македонски
Со моторниот уред работете колку што е можно потивко и со помалку издувни гасови – моторот да не работи без потреба, додавајте гас само при работа.
Не пушете при работа и близу до моторниот уред – опасност од пожар! Системот за гориво може да испушта запаливи бензински испарувања.
Правот, испарувањата и чадот што се создаваат при работењето може да бидат опасни по здравјето. Кога се создава многу прав или чад, носете заштита за дишните органи.
Доколку моторниот уред бил изложен на непрописна употреба (на пр. бил удрен или паднал), исправноста на уредот треба веднаш да се провери пред повторната употреба – погледнете и под „Пред стартување“.
Особено да се провери дихтувањето на системот за гориво и исправноста на работењето на безбедносните системи. Никогаш не користете моторни уреди што веќе не се безбедни за употреба. Доколку не сте сигурни – прашајте специјализиран продавач.
Не работете при стартен гас – во оваа положба на рачката за гас, бројот на вртежи на моторот не може да се регулира.
Никогаш не работете без соодветен штитник за уредот и за алатот за сечење – поради отфрлените предмети – опасност од повреди!
Проверете го земјиштето: цврстите предмети – камења, метални делови и сл. може да бидат отфрлени – исто и подалеку од 15 m – опасност од повреди! – и може да го оштетат алатот за сечење како и други предмети (на пр. паркирани возила, прозорци) – материјална штета.
На непрегледно, густо обраснато земјиште работете особено внимателно.
При косење во високи грмушки, под жбунови и живи огради: работната висина на алатот за сечење мора да биде најмалку 15 cm – не загрозувајте ги животните.
Пред да го одложите уредот – исклучете го моторот.
Алатот за сечење треба да се проверува редовно, во куси интервали, а при видливи промени веднаш:
изгаснете го моторот, држете го
цврсто уредот, почекајте да застане алатот за сечење
проверете ги состојбата и
стабилноста, внимавајте на пукнатините
запазете ја наостреноста
неисправните или тапите алати
за сечење заменете ги веднаш, исто и при мали пукнатини
Лежиштето на алатот за сечење чистете го редовно од трева и остатоци од грмушки – отстранете ги насобраните купчиња во областа на алатот за сечење и штитникот.
При замена на алатот за сечење изгаснете го моторот – опасност од повреди!
Оштетени или напукнати алати за сечење не треба понатаму да се користат ниту да се поправаат, на пример, со швајсување или исправање – изменет облик (неврамнотеженост).
Искршени честички или парчиња може да го погодат корисникот или други лица со голема брзина – опасност од најтешки повреди!
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
Употреба на глави за косење
Надградете го штитникот на алатот за сечење со доградните делови што се опишани во упатството за употреба.
7
македонски
Употребувајте само штитник со исправно монтиран нож, за да се ограничи конецот за косење на дозволената должина.
За извл еку вање на к оне цот з а ко сење кај главите за косење што се штелуваат рачно, задолжително изгаснете го моторот – опасност од повреди!
Неправилното користење со предолг конец за косење го намалува работниот број вртежи на моторот. Поради постојаното лизгање на спојката, тоа може да доведе до прегрејување и оштетување на важни делови (на пр., на спојката и на пластичните делови од куќиштето) – на пр. кога алатот за сечење се врти при празен од – опасност од повреди!
Употреба на метални алати за сечење
STIHL препорачува да се употребуваат оригинални метални алати за сечење на STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
Металните алати за сечење се вртат со многу голема брзина. Притоа се јавуваат сили што влијаат како на уредот и алатот, така и на материјалот што се сече.
Металните алати за сечење мора да се острат редовно и како што е пропишано.
Нерамномерно наострените метални алати за сечење предизвикуваат неврамнотеженост што екстремно го оптоварува уредот – опасност од кршење!
Тапи или неправилно наострени сечила предизвикуваат зголемено оптоварување на металните алати за сечење – поради искршените делови опасност од повреди!
Проверете ги металните алати за сечење по секој контакт со цврсти предмети (на пр. со камења, карпи, метални делови), дали има на пр. пукнатини и деформации на алатот. Остатоците од отсечениот и секаков друг насобран материјал мора да бидат отстранети (најдобро со турпија), бидејќи во текот на понатамошната работа тие може да се откачат и да бидат отфрлени настрана – опасност од повреди!
Доколку металниот алат за сечење удри во камен или друг цврст предмет додека ротира, можно е да дојде до искрење што во дадени услови може да доведе до пожар кај лесно запаливите материјали. Сувите растенија и грмушки се исто така лесно запаливи, особено при жешки и суви временски услови. Доколку постои опасност од пожар, металните алати за сечење не смеат да се користат во близина на лесно запаливи материјали, растенија или грмушки. Задолжително распрашајте се кај надлежен орган за шумарство дали постои опасност од пожар.
За да се намалат наведените опасности што се јавуваат при работа со метални алати за сечење, пречникот на металниот алат за
сечење што го користите не смее да биде премногу голем. Металниот алат за сечење не смее да биде премногу тежок. Тој мора да биде изработен од доволно квалитетен метеријал и мора да има соодветна форма и дебелина.
Металните алати за сечење што не ги изработил STIHL не смеат да бидат потешки, подебели, со поинаква форма и со поголем пречник отколку најголемиот метален алат за сечење STIHL што е дозволен за употреба со овој моторен уред – опасност од повреди!
Вибрации
При подолготрајно користење на уредот, вибрациите може да доведат до проблеми со циркулација во рацете („болест на бели прсти“).
Не е можно да се одреди општоважечко правило за должината на користењето, бидејќи истото зависи од повеќе фактори.
Должината на користењето може да се продолжи со:
заштита за рацете (топли
ракавици)
правење паузи
8
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
македонски
Должината на користењето може да се скрати поради:
особена лична предиспонираност
за лоша циркулација на крвта (симптоми: прстите се често ладни, трнење)
ниски надворешни температури
силата со која се притиска при
држењето (цврстото држење ја попречува циркулацијата)
При редовно и долготрајно користење на уредот и при честа појава на наведените симптоми (на пр., трнење на прстите) се препорачува медицински преглед.
Одржување и поправки
Моторниот уред одржувајте го редовно. Извршувајте ги само одржувањата и поправките што се наведени во упатството за употреба. Сите останати интервенции треба да ги изврши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и поправки само преку специјализирани продавачи на STIHL. На специјализираните продавачи на STIHL им се нудат редовни обуки и достапни им се технички информации.
Употребувајте само висококвалитетни резервни делови. Во спротивно постои опасност од повреди или оштетувања на уредот. За сите прашања во врска со тоа побарајте совет од специјализиран продавач.
STIHL советува да се употребуваат оригинални резервни делови STIHL. Со нивните карактеристики тие се оптимални како за уредот, така и за потребите на корисникот.
При поправка, одржување и чистење, секогаш изгаснете го моторот – опасност од повреди! – Исклучок: штелување на карбураторот и на празниот од.
Палете го моторот со потегнување на системот за палење и при извлечен приклучник на свеќичката или при одвртена свеќичка само тогаш, кога комби-лизгачот / прекинувачот е ставен на STOP односно на 0 – опасност од пожар поради искрење надвор од цилиндерот.
Не држете го моторниот уред во близина на отворен оган – поради горивото – опасност од пожар!
Редовно проверувајте го дихтувањето на капачето на резервоарот.
Употребувајте само исправни свеќички одобрени од STIHL – погледнете под „Технички податоци“.
Проверете го кабелот на свеќичката (беспрекорна изолација, цврст приклучник).
Придушувачот на бучавата мора да биде во беспрекорна состојба.
Не смее да се работи со расипан придушувач на бучава или без него – опасност од пожар! – Oштетувања на слухот!
Не допирајте го придушувачот на бучавата кога е жежок – опасност од изгореници!
Симболи на заштитните системи
Стрелката на штитникот на алатот за сечење ја покажува насоката на вртење на алатот за сечење.
Штитникот се користи само во комбинација со глави за косење – не употребувајте метални алати за сечење.
Ремен за носење
N користете ремен за носење N моторниот уред со запален мотор
закачете го на ременот за носење
Сечилата за трева мора да се користат заедно со ремен за носење (со ремен за носење на едно рамо)!
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
9
македонски
000BA015 KN
002BA049 KN
Глава за косење со конец за косење
За „меко сечење“ – за прецизно сечење при нерамни рабови околу дрвја, столбови на огради и др. – за помало оштетување на дрвената кора.
Во испорачаниот комплет со главата за косење е и приложениот лист. Во главата за косење се вградува конец за косење само според упатствата во приложениот лист.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Конецот за косење не смее да се замени со метална жица или сајла – опасност од повреди!
STIHL FixCut
Внимавајте на ознаките за истрошеност!
N Доколку прстените (1) на долната
страна се истенчени одн. истрошени – како на сликата десно – главата за косење не треба да се користи понатаму, туку да се замени со нова! Поради отфрлените делови на алатот – опасност од повреди!
Глава за косење со пластични ножеви – STIHL PolyCut
За косење слободни рабови на тревници (без столбови, огради, дрвја и слични пречки).
Внимавајте на ознаките за истрошеност!
Во случај некоја од ознаките на главата за косење PolyCut да се распукне надоле (стрелка): главата за косење не смее да се користи
понатаму и истата мора да се замени со нова! Опасност од повреди поради отфрлените делови од алатот!
Задолжително запазете ги упатствата за одржување на главата за косење PolyCut!
Наместо пластични ножеви, во главата за косење PolyCut може да се вгради и конец за косење.
Во испорачаниот комплет со главата за косење се наоѓаат и приложените листови. Во главата за косење се вградуваат пластични ножеви или конец за косење само според упатствата во приложените листови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Наместо конец за косење не смее да се користат метални жици или сајли – опасност од повреди!
Опасност од повратен удар кај металните алати за сечење
Кога се користат сечила за трева, опасноста од повратен удар се јавува кога алатот ќе наиде на цврста пречка (стебло, гранка, корен, камен и сл.). Притоа, уредот се одбива наназад – спротивно од насоката на вртење на алатот.
10
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
Зголемена опасност од повратен
002BA135 KN
000BA020 KN
удар постои кога алатот ќе наиде на цврста пречка во црната област.
Сечило за трева
македонски
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Несоодветна употреба може да го оштети сечилото за трева– поради отфрлените делови – опасност од повреди!
При осетна тапост наострете го сечилото за трева како што е пропишано.
Само за сечење трева и плевел – водете го уредот како коса.
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
11
македонски
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
15
16
17
19
20
20
19
18
20
681BA120 KN
Дозволени комбинации на алат за сечење, штитник, рачка за држење и ремен за носење
Алат за сечење Штитник Рачка Ремен за носење
Дозволени комбинации
Во зависност од алатот за сечење, одберете ја исправната комбинација според табелата!
12
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Од безбедносни причини смеат да се комбинираат само типовите на алат за сечење, штитник, рачка за држење и ремен за носење што се наоѓаат во ист ред на табелата. Други комбинации не се дозволени – опасност од несреќи!
Алати за сечење
Глави за косење
1 STIHL SuperCut 20-2 2 STIHL AutoCut C 25-2 3 STIHL AutoCut 25-2 4 STIHL TrimCut 31-2 5 STIHL FixCut 25-2
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
македонски
1
3
2
5
7
6
4
233BA025 KN
4
A
3
233BA018 KN
6 STIHL PolyCut 20-3
Метални алати за сечење
7 Сечило за трева 230-2 8 Сечило за трева 230-4 9 Сечило за трева 230-8
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сечила за трева од материјали различни од метал не се дозволени.
Штитници
10 Штитник за глави за косење 11 Штитник со 12 Навлака и нож за глави за косење 13 Штитник без навлака и нож за
метални алати за сечење
Рачки за држење
14 Кружна рачка 15 Кружна рачка со 16 Стремен (чекорен граничник) 17 Рачка за држење со две раце
Ремени за носење
18 Ремен за носење на едно рамо
може да се употребува
19 Ремен за носење на едно рамо
мора да се употребува
20 Ремен за носење на две рамења
може да се употребува
Монтирање на рачката за држење со две раце
Вградување цевчеста рачка
N наместете ги стегата (1) и
лежиштето за рачката (2) на телото (3) на уредот
N ставете ја цевчестата рачка (4) во
лежиштето за рачката – притоа, гумениот држач (5) мора да се наоѓа лево (гледајќи од моторот кон цевчестата рачка)
N наместете ја стегата (6) на
лежиштето за рачката
N ставете ги завртките (7) во
отворите на деловите и затегнете ги докрај во стегата (6)
N прицврстете ја цевчестата
рачка (4) на растојание (А) од околу 15 cm (6 in) пред куќиштето на моторот на телото (3) на уредот
N цевчестата рачка наместете ја во
правилна положба и затегнете ги завртките
FS 55, FS 55 C, FS 55 R, FS 55 RC
13
Loading...
+ 33 hidden pages