Кон ова упатство за употреба2
Мерки за безбедност и упатства
за работа2
Дозволени комбинации на алат
за сечење, штитник, граничник и
ремен за носење14
Монтирање на рачката за
држење со две раце15
Штелување на сајлата за гас19
Оригинално упатство за
употреба
Монтирање штитници19
Монтирање алати за сечење23
Гориво29
Полнење гориво31
Местење на ременот за носење
на две рамења32
Балансирање на уредот32
Стартување и исклучување на
моторот33
Транспортирање на уредот36
Упатства за работа38
Филтер за воздух38
M-Tronic39
Зимска експлоатација39
Печатено на хартија белена без хлор.
Печатните бои содржат растителни масла, хартијата може
да се рециклира.
свеќичка41
Однесување на моторот при
работа42
Чување на уредот43
Острење на металните алати за
сечење43
Одржување на главата за косење 44
Контрола и одржување од страна
на корисникот45
Контрола и одржување кај
специјализиран продавач46
Совети за чување и одржување47
Намалување на абењето и
избегнување штети49
Важни делови50
Технички податоци51
Упатства за вршење поправки53
Фрлање53
ЕЗ Изјава за сообразност54
Почитуван купувачу,
Ви благодариме што се одлучивте за
квалитетниот производ на фирмата
STIHL.
Овој производ е направен со
современ начин на изработка и при
обемни мерки за контрола на
квалитетот. Ние се обидуваме да
сториме се’ за да бидете задоволни
со овој уред и да работите со него без
проблем.
Доколку имате прашања во врска со
Вашиот уред, Ве молиме да се
обратите до Вашиот продавач или
директно до нашата продажна
служба.
Ова упатство за употреба е заштитено со законот за авторски права. Сите права се задржани, особено правото за
умножување, преведување и обработка со електронски системи.
1
македонски
Кон ова упатство за
употреба
Сликовни ознаки
Сликовните ознаки што се наоѓаат на
уредот се објаснети во ова упатство
за употреба.
Во зависност од уредот и опремата,
на уредот се наоѓаат следниве
сликовни ознаки.
Резервоар за гориво;
мешавина за гориво од
бензин и моторно масло
Активирање на
вентилот за
декомпресија
Рачна пумпа за гориво
Активирање на рачната
пумпа за гориво
Туба со маст за
подмачкување
Отвор за влезен воздух:
Летна експлоатација
Отвор за влезен воздух:
Зимска експлоатација
Ознаки пред делови од текст
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување поради опасност од
несреќи и повреди на лица, како и од
големи материјални штети.
УПАТСТВО
Предупредување поради оштетувања
на уредот или на делови од уредот.
Техничко усовршување
STIHL постојано ги усовршува сите
машини и уреди; од тие причини
мораме да го задржиме правото за
правење измени во обемот на
испораката, во вид на формата,
техниката и опременоста на уредите.
Од тие причини, од податоците и
илустрациите во ова упатство за
употреба не може да се изведат
никакви побарувања.
Мерки за безбедност и
упатства за работа
При работа со овој
моторен уред
неопходни се додатни
мерки за безбедност,
бидејќи се работи со
многу голем број
вртежи на алатот за
сечење.
Пред првото
користење, прочитајте
го внимателно целото
упатство за употреба и
чувајте го на сигурно
место за подоцнежна
употреба.
Непочитувањето на
упатствата може да
биде опасно по
животот.
Внимавајте на безбедносните
прописи специфични за секоја
др жава, ка к о на пр . од син дик алните и
социјалните здруженија, од службите
за безбедност на работа и други.
Ако првпат работите со моторниот
уред: Од продавачот или од друго
стручно лице побарајте објаснување
како безбедно се ракува со уредот –
или учествувајте на стручен семинар.
Малолетни лица не смеат да работат
со моторниот уред – освен лицата над
16 години, обучувани под надзор.
Деца, животни и нестручни лица да се
држат подалеку од уредот.
Греење на рачката за
држење
2
FS 510 C, FS 560 C
македонски
Ако моторниот уред не се користи,
треба да се одложи безбедно – никој
да не биде загрозен. Чувајте го
моторниот уред непристапен за
нестручни лица.
Корисникот е одговорен за
настанатите незгоди со други лица
или туѓа сопственост.
Моторниот уред смее да се дава или
да се изнајмува само на лица
запознаени со начинот на ракување
со овој модел – секогаш првин да им
се даде упатството за употреба.
Употребата на моторни уреди што
создаваат бучава може да биде
временски ограничена како со
државни, така и со локални прописи.
Лицето што работи со моторниот
уред мора да биде одморено, здраво
и во добра психичка состојба.
Лицата што не смеат да се напрегаат
од здравствени причини треба да го
прашаат својот лекар дали смеат да
работат со моторен уред.
Само за лица со пејсмејкери:
системот за палење предизвикува
многу слабо електромагнетно поле.
Влијанието врз одделни видови
пејсмејкери не може да биде сосема
исклучено. За да не се ризикува
здравјето, STIHL препорачува да се
посоветувате со својот лекар или со
производителот на пејсмејкерот.
По консумирање алкохол, лекови што
негативно влијаат врз способноста за
реагирање или дрога, не смее да се
работи со моторниот уред.
Моторниот уред – во зависност од
намената на алатите за сечење –
смее да се користи само за косење
трева, како и за сечење плевел,
грмушки, жбунови, мали дрвја и
слични растенија.
Моторниот уред не смее да се
користи за друга намена – опасност
од незгоди!
Употребувајте само алати за сечење
и прибор што STIHL ги одобрува за
овој моторен уред или технички
истоветни делови. За сите прашања
побарајте совет од специјализиран
продавач. Употребувајте само
висококвалитетни алати и прибор. Во
спротивно, опасност од повреди или
оштетувања на моторниот уред.
STIHL препорачува употреба на
оригиналните алати и прибор од
STIHL. Со нивните карактеристики
тие се оптимални како за уредот, така
и за потребите на корисникот.
Не вршете промени на уредот – со тоа
се загрозува безбедноста. За штети
врз лица и предмети што се јавуваат
при користење недозволени алати за
надградба, STIHL е ослободен од
секаква одговорност.
За чистење на уредот не користете
ур еди за ч ист ење под висо к пр итис ок.
Силниот воден млаз може да оштети
делови на уредот.
Штитникот на моторниот уред не
може да го заштити корисникот од
сите предмети (камења, стакло, жици
итн.) што може да ги отфрли алатот
за сечење. Тие предмети може да се
одбијат и да го погодат корисникот.
Облека и опрема
Носете прописна облека и опрема.
Облеката мора да биде
соодветна и не смее да
пречи во работата.
Носете облека што е
добро припиена до
телото – работен
комбинезон, а не
работен мантил.
Не носете облека што може да се
заплетка во дрво, грмушки или во
подвижните делови на уредот. Не
носете шал, вратоврска или накит.
Соберете ја долгата коса (под
шамија, капа, шлем и сл.).
Носете заштитни чизми
со челична капа и со
изрецкан ѓон што не се
лизга.
Само при работење со глави за
косење, алтернативно може да се
носат и цврсти чевли со изрецкан ѓон
што не се лизга.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали
опасноста од повреди
на очите, носете добро
припиени заштитни
очила според
стандардот EN 166.
Запазете ја добрата
наместеност на
заштитните очила.
Носете заштита за лицето, запазете
ја добрата наместеност. Заштитата
за лицето не е доволна заштита за
очите.
Носете „лична“ заштита од бучава –
на пр. заштитни тампони.
FS 510 C, FS 560 C
3
македонски
002BA479 KN
Носете заштитен шлем при
расчистување шуми, во високи
грмушки и кога постои опасност од
предмети што паѓаат.
Носете робусни
работни ракавици од
отпорен материјал
(на пр. од кожа).
STIHL нуди широк асортиман на
прибор за лична заштита.
Транспортирање на моторниот уред
Секогаш со изгаснат мотор.
Носете го моторниот уред обесен на
ременот за носење или
избалансирано за телото на уредот.
Металните алати за сечење мора да
бидат обезбедени од случаен допир –
наместете го транспортниот штитник.
Не допирајте ги
жешките делови на
машината и преносниот
механизам – опасност
од изгореници!
При превоз во возила: Заштитете го
моторниот уред од превртување,
оштетување и од истекување гориво.
Полнење гориво
Бензинот е многу лесно
запалив – држете го
подалеку од отворен
оган – не истурајте
гориво – не пушете.
Пред полнење гориво изгаснете го
моторот.
Не полнете гориво додека моторот е
жежок – може да дојде до прелевање
на горивото – опасност од пожар!
Отворете го капакот на резервоарот
внимателно, за да се намали
постоечкиот притисок и за да се
спречи прскање на горивото.
Полнете го резервоарот со гориво
само на добро проветрени места.
Доколку се истури гориво, веднаш
избришете го моторниот уред – не
дозволувајте горивото да дојде во
допир со облеката – во спротивно,
сменете ја веднаш.
По завршеното
полнење, капачето на
резервоарот со навој
затегнете го што е
можно поцврсто.
Со тоа се намалува ризикот капачето
на резервоарот да се одврти поради
вибрациите на моторот и да истече
гориво.
Внимавајте на дихтувањето – ако
истекува гориво, не палете го
моторот – опасност по живот од
изгореници!
Пред стартување
Проверете го моторниот уред во
смисла на безбедноста при работата
– внимавајте на соодветното поглавје
во упатството:
–проверете го дихтувањето на
системот за гориво, особено на
видливите делови како на пр.
капачето на резервоарот,
спојките на цревото, рачната
пумпа за гориво (само кај
моторните уреди со рачна пумпа
за гориво). При недихтување или
оштетување, не стартувајте го
моторот – опасност од пожар!
Пред да се користи, уредот треба
да го сервисира специјализиран
продавач
–комбинацијата на алат за сечење,
штитник, рачка за држење и
ремен за носење мора да е
дозволена за употреба и сите
делови мора да се беспрекорно
монтирани
–стоп-тастерот мора да може
лесно да се притисне
–стартниот преклопник,
запорникот на рачката за гас и
рачката за гас мора да се лесно
подвижни – рачката за гас мора
да може сама да се врати во
положбата за празен од. Од
положбата } на стартниот
преклопник, истиот мора да се
врати сам во положбата за
работа F при истовремено
притискање на запорникот на
рачката за гас и на рачката за гас
4
FS 510 C, FS 560 C
македонски
002BA480 KN
15m (50ft)
–проверете го приклучникот на
свеќичката – ако не е наместен
добро, може да се јави искрење
што може да ја запали смесата од
гориво и воздух – опасност од
пожар!
–алатот за сечење или алатот за
надградба: исправно монтиран,
цврсто лежиште и беспрекорна
состојба
–заштитните механизми (на пр.
штитник за алат за сечење,
отстојна шолја) да се проверат да
не се оштетени или истрошени.
Заменете ги оштетените делови.
Не користете уред со оштетен
штитник или со истрошена
отстојна шолја (кога текстот и
стрелките веќе не се видливи)
–не вршете измени на командните
и на безбедносните механизми
–рачките за држење секогаш да се
чисти и суви, без масло и
нечистотија на нив – за да може
сигурно да се ракува со
моторниот уред
–наместете ги ременот за носење
и рачката (рачките) за држење
соодветно на телесната
големина. Во врска со тоа,
запазете го поглавјето „Местење
на ременот за носење“ и
„Балансирање на уредот“.
Моторниот уред смее да се користи
само ако е безбеден за употреба –
опасност од незгоди!
За итни случаи при употреба на
ремени за носење: Вежбајте брзо
симнување на уредот. При овие
вежби уредот не треба да се фрла на
земја, за да се избегнат оштетувања.
FS 510 C, FS 560 C
Стартување на моторот
На растојание од најмалку 3 m од
местото за полнење гориво и никогаш
во затворени простории.
Само на рамна подлога, застанете
цврсто и стабилно, држете го
моторниот уред сигурно – алатот за
сечење не смее да го допира тлото
или предмети зашто може да се
придвижи при стартувањето.
Моторниот уред го опслужува само
едно лице – не дозволувајте
присуство на ниедно друго лице во
радиус од 15 m – дури ни кога се
стартува – поради отфрлените
предмети – опасност од повреди!
Избегнувајте допир со
алатот за сечење –
опасност од повреди!
Моторот да не се
стартува „од рака“ –
стартувајте го како што
е опишано во
упатството за употреба.
Алатот за сечење се
движи понатаму уште
кусо време откако ќе се
отпушти рачката за гас
– ефект на
последователно
движење!
Лесно запаливите материи (на пр.
струганици, кора од дрво, сува трева,
гориво) држете ги подалеку од
врелите издувни гасови и од врелата
површина на придушувачот на
бучавата – опасност од пожар!
Држење и управување со уредот
Моторниот уред се држи со двете
раце за рачките за држење.
Секогаш стојте цврсто и стабилно.
Десната рака на командната рачка,
левата рака на држачот на
цевчестата рачка.
За време на работата
Секогаш стојте цврсто и стабилно.
За гаснење на моторот при опасност
или во итен случај, притиснете го
стоп-тастерот.
Во поширокиот круг на местото каде
што се работи постои опасност од
повреди поради отфрлените
предмети; затоа, во радиус од 15 m
не смее да се задржува ниедно друго
лице. Истото растојание треба да се
држи и во однос на предмети (возила,
прозорци) – опасност од материјална
5
македонски
штета! Опасноста не може да биде
исклучена и на растојание поголемо
15 m.
Внимавајте на беспрекорниот празен
од на моторот – по отпуштањето на
рачката за гас, алатот за сечење
мора да престане да се врти. Ако
алатот за сечење и понатаму се врти
при празен од, уредот треба да се
сервисира кај специјализиран
продавач. STIHL препорачува
специјализирани продавачи на
STIHL.
Внимавајте при подмразица, влага,
снег, на нагорнини, на нерамно
земјиште итн. – опасност од лизгање!
Внимавајте на пречки: трупци од
дрва, корења – опасност од
сопнување!
Работете секогаш стоејќи на земја,
никогаш на нестабилни подлоги,
никогаш качени на скала или на
скеле.
При употреба на средства за заштита
на слухот потребно е зголемено
внимание – способноста за
забележување звуци што би можеле
да укажуваат на опасност (повици,
сигнали и др.) е ограничена.
Благовремено правете паузи, за да се
намалат заморот и изнемоштеноста –
опасност од незгоди!
Работете мирно и промислено – само
при добра осветленост и видливост.
Работете внимателно, не
загрозувајте други лица.
Моторниот уред
создава отровни
издувни гасови штом
проработи моторот. Тие
гасови може да се без
мирис и невидливи и да
содржат несогорени
јаглеводороди и
бензол. Никогаш не
работете со моторен
уред во затворени или
лошо проветрени
простории – истото
важи и за уредите со
катализатор.
При работење во ровови, јами или во
стеснет простор, секогаш погрижете
се да има доволно струење на
воздухот – опасност по животот од
труење!
Доколку почувствувате мачнина,
главоболка, пречки на видот (на пр.,
стеснување на видното поле), пречки
во слухот, вртоглавица, попуштена
концентрација, веднаш прекинете со
работата – тие симптоми може,
меѓу другото, да се предизвикани и од
преголема концентрација на издувни
гасови – опасност од незгоди!
Со моторниот уред работете колку
што е можно потивко и со помалку
издувни гасови – моторот да не
работи без потреба, додавајте гас
само при работење.
Не пушете при работа и близу до
моторниот уред – опасност од пожар!
Системот за гориво може да испушта
запаливи бензински испарувања.
Правот, испарувањата и чадот што се
создаваат при работењето може да
бидат опасни по здравјето. Кога се
создава многу прав или чад, носете
заштита за дишните органи.
Доколку моторниот уред бил изложен
на непрописна употреба (на пр. бил
удрен или паднал), исправноста на
уредот веднаш треба да се провери
пред повторна употреба – видете и во
„Пред стартување“.
Особено да се провери дихтувањето
на системот за гориво и
функционалноста на безбедносните
системи. Никогаш не користете
моторни уреди што веќе не се
безбедни за употреба. Доколку не сте
сигурни, прашајте специјализиран
продавач.
Никогаш не
работете без
соодветен
штитник за уредот
и за алатот за
сечење – поради
отфрлените
предмети –
опасност од
повреди!
6
FS 510 C, FS 560 C
македонски
Проверете го
земјиштето: цврстите
предмети – камења,
метални делови и сл.
може да бидат
отфрлени – и подалеку
од 15 m – опасност од
повреди! – и може да го
оштетат алатот за
сечење како и други
предмети (на пр.
паркирани возила,
прозорци) –
материјална штета.
На непрегледно, густо обраснато
земјиште работете особено
внимателно.
При косење во високи грмушки, под
жбунови и живи огради: работната
висина на алатот за сечење мора да
биде најмалку 15 cm – не загрозувајте
ги животните.
Пред да се одложи уредот – изгаснете
го моторот.
Алатот за сечење треба да се
проверува редовно, во куси
интервали, а при видливи промени
веднаш:
–изгаснете го моторот, држете го
цврсто уредот, почекајте да запре
алатот за сечење
–проверете ги состојбата и
стабилноста, внимавајте на
пукнатините
–запазете ја наостреноста
–неисправните или тапите алати
за сечење заменете ги веднаш,
исто и при мали пукнатини
Лежиштето на алатот за сечење
чистете го редовно од трева и
остатоци од грмушки – отстранете ги
насобраните купчиња во областа на
алатот за сечење и штитникот.
При замена на алатот за сечење,
изгаснете го моторот – опасност од
повреди!
Преносниот механизам
се загрева кога работи.
Не допирајте го
преносниот механизам
– опасност од
изгореници!
Оштетени или напукнати алати за
сечење не треба да се користат ниту
да се поправаат – на пример, со
швајсување или исправање – изменет
облик (неврамнотеженост).
Искршени честички или парчиња
може да го погодат корисникот или
други лица со голема брзина –
опасност од најтешки повреди!
Употреба на глави за косење
Употребувајте само штитник со
исправно монтиран нож, за да се
скрати конецот за косење на
дозволената должина.
При рачно штелување на должината
на конецот к ај гл ави за косе ње шт о се
штелуваат рачно, задолжително
изгаснете го моторот – опасност од
повреди!
Неправилното користење со предолг
конец за косење го намалува
работниот број вртежи на моторот.
Поради постојаното лизгање на
спојката, тоа може да доведе до
прегрејување и оштетување на важни
делови (на пр., на спојката и на
пластичните делови од куќиштето) –
на пр. кога алатот за сечење се врти
при празен од – опасност од повреди!
Употреба на метални алати за
сечење
STIHL препорачува да се
употребуваат оригинални метални
алати за сечење на STIHL. Со
нивните карактеристики тие се
оптимални како за уредот, така и за
потребите на корисникот.
Металните алати за сечење се вртат
со многу голема брзина. Притоа се
јавуваат сили што влијаат како на
уредот и алатот, така и на
материјалот што се сече.
Металните алати за сечење мора да
се острат редовно и како што е
пропишано.
Нерамномерно наострените метални
алати за сечење предизвикуваат
неврамнотеженост што екстремно го
оптоварува уредот – опасност од
кршење!
Тапи или неправилно наострени
сечила предизвикуваат зголемено
оптоварување на металните алати за
сечење – поради искршените делови
опасност од повреди!
Металните алати за сечење
проверете ги по секој контакт со
цврсти предмети (на пр. со камења,
карпи, метални делови), на пр. дали
има пукнатини и деформации на
алатот. Остатоците од отсечениот и
секаков друг насобран материјал
мора да бидат отстранети, бидејќи во
FS 510 C, FS 560 C
7
македонски
текот на понатамошната работа тие
може да се откачат и да бидат
отфрлени настрана – опасност од
повреди!
Доколку металниот алат за сечење
удри во камен или друг цврст предмет
додека ротира, можно е да дојде до
искрење што во дадени услови може
да доведе до пожар кај лесно
запаливите материјали. Сувите
растенија и грмушки се исто така
лесно запаливи, особено при жешки и
суви временски услови. Доколку
постои опасност од пожар, металните
алати за сечење не смеат да се
користат во близина на лесно
запаливи материјали, растенија или
грмушки. Задолжително распрашајте
се кај надлежен орган за шумарство
дали постои опасност од пожар.
За да се намалат наведените
опасности што се јавуваат при работа
со метални алати за сечење,
пречникот на металниот алат за
сечење што го користите не смее да
биде премногу голем. Тој не смее да
биде премногу тежок. Тој мора да
биде изработен од доволно
квалитетен материјал и мора да има
соодветна форма и дебелина.
Металните алати за сечење што не ги
изработил STIHL не смеат да бидат
потешки, подебели, со поинаква
форма и со поголем пречник отколку
најголемиот метален алат за сечење
STIHL што е дозволен за употреба со
овој моторен уред – опасност од
повреди!
Вибрации
При подолготрајно користење на
уредот, вибрациите може да доведат
до проблеми со циркулација во
рацете („болест на бели прсти“).
Не е можно да се одреди
општоважечко правило за должината
на користењето, бидејќи истото
зависи од повеќе фактори.
Должината на користењето може да
се продолжи со:
–заштита за рацете (топли
ракавици)
–правење паузи
Должината на користењето може да
се скрати поради:
–особена лична предиспонираност
за лоша циркулација на крвта
(симптоми: прстите се често
ладни, трнење)
–ниски надворешни температури
–силата со која се притиска при
држењето (цврстото држење ја
попречува циркулацијата)
При редовно и долготрајно користење
на уредот и при честа појава на
наведените симптоми (на пр., трнење
на прстите) се препорачува
медицински преглед.
Одржување и поправки
Моторниот уред одржувајте го
редовно. Извршувајте ги само
одржувањата и поправките што се
наведени во упатството за употреба.
Сите останати интервенции треба да
ги изврши специјализиран продавач.
STIHL препорачува одржување и
поправки само преку специјализирани
продавачи на STIHL. На
специјализираните продавачи на
STIHL им се нудат редовни обуки и
достапни им се технички
информации.
Употребувајте само
висококвалитетни резервни делови.
Во спротивно постои опасност од
повреди или оштетувања на уредот.
За сите прашања побарајте совет од
специјализиран продавач.
STIHL советува да се употребуваат
оригинални резервни делови STIHL.
Со нивните карактеристики тие се
оптимални како за уредот, така и за
потребите на корисникот.
Поправање, одржување и чистење
секогаш со изгаснат мотор и извлечен
приклучник на свеќичката – опасност
од повреди при несакано
придвижување на моторот! –
Исклучок: штелување на
карбураторот и на празниот од.
Не палете го моторот со извлечен
приклучник на свеќичката или при
одвртена свеќичка – опасност од
пожар поради искрење надвор од
цилиндерот!
Не одржувајте го и не чувајте го
моторниот уред во близина на
отворен оган – поради горивото
опасност од пожар!
Редовно проверувајте го
дихтувањето на капачето на
резервоарот.
Употребувајте само исправни
свеќички одобрени од STIHL –
погледнете под „Технички податоци“.
8
FS 510 C, FS 560 C
македонски
002BA397 KN
Проверете го кабелот на свеќичката
(беспрекорна изолација, цврст
приклучник).
Придушувачот на бучавата мора да
биде во беспрекорна состојба.
Не смее да се работи со расипан
придушувач на бучава или без него –
опасност од пожар! – оштетувања на
слухот!
Не допирајте го придушувачот на
бучавата кога е жежок – опасност од
изгореници!
Состојбата на антивибрациските
елементи влијае врз вибрациското
однесување на уредот –
контролирајте ги редовно.
Симболи на заштитните системи
Стрелката на штитникот за алати за
сечење ја покажува насоката на
вртење на алатот за сечење.
Некои од овие симболи се наоѓаат на
надворешната страна на штитникот и
ја покажуваат дозволената
комбинација на алат за сечење и
штитник.
Штитникот смее да се
користи заедно со глави
за косење.
Штитникот смее да се
користи заедно со
ножеви за грмушки.
Штитникот смее да се
користи заедно со
ножеви за ситнење.
Штитникот не смее да
се користи заедно со
глави за косење.
Штитникот не смее да
се користи заедно со
сечила за трева.
Штитникот не смее да
се користи заедно со
ножеви за грмушки.
Штитникот не смее да
се користи заедно со
ножеви за ситнење.
Ремен за носење
Ременот за носење се наоѓа во
испорачаниот комплет или е
достапен како специјален прибор.
Nкористете ремен за носење
Nмоторниот уред со запален мотор
закачете го на ременот за носење
Сите алати за сечење мора да се
користат заедно со ремен за две
рамена и систем за брзо симнување!
Штитникот смее да се
користи заедно со
сечила за трева.
FS 510 C, FS 560 C
Штитникот не смее да
се користи заедно со
сечила за кружни пили.
9
македонски
000BA015 KN
681BA209 KN
002BA396 KN
Глава за косење со конец за косење
За „меко сечење“ – за прецизно
сечење при нерамни рабови околу
дрвја, столбови на огради и др. – за
помало оштетување на дрвената
кора.
Во испорачаниот комплет со главата
за косење е и приложениот лист. Во
главата за косење се вградува конец
за косење само според упатствата во
приложениот лист.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Конецот за косење не смее да се
замени со метална жица или сајла –
опасност од повреди!
STIHL DuroCut
Внимавајте на ознаките за
истрошеност!
Ако стане видлива ознаката за
истрошеност во форма на извичник
на штитникот на DuroCut, тогаш оваа
глава за косење не смее да се
користи понатаму, во спротивно,
опасност од оштетувања на главата
за косење.
Истрошениот штитник мора да се
замени со нов штитник.
Во испорачаниот комплет со главата
за косење се наоѓаат и приложените
листови. Во главата за косење се
вградува конец за косење само
според упатствата во приложените
листови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Наместо конец за косење не смее да
се користат метални жици или сајли –
опасност од повреди!
Глава за косење со пластични ножеви
– STIHL PolyCut
За косење слободни рабови на
тревници (без столбови, огради, дрвја
и слични пречки).
Внимавајте на ознаките за
истрошеност!
Во случај некоја од ознаките на
главата за косење PolyCut да се
распукне надолу (стрелка): главата за
косење не смее да се користи
понатаму и истата мора да се замени
со нова! Опасност од повреди поради
отфрлените делови од алатот!
Задолжително запазете ги упатствата
за одржување на главата за косење
PolyCut!
Наместо пластични ножеви, во
главата за косење PolyCut може да се
вгради и конец за косење.
Во испорачаниот комплет со главата
за косење се наоѓаат и приложените
листови. Во главата за косење се
вградуваат пластични ножеви или
конец за косење само според
упатствата во приложените листови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Наместо конец за косење не смее да
се користат метални жици или сајли –
опасност од повреди!
10
FS 510 C, FS 560 C
македонски
002BA135 KN
000BA020 KN
002BA355 KN
002BA509 KN
Опасност од повратен удар кај
металните алати за сечење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Кога се користат
метални алати за
сечење, опасноста од
повратен удар се јавува
кога алатот ќе удри во
цврста пречка (стебло,
гранка, корен, камен и
сл.). Притоа, уредот се
одбива наназад –
спротивно од насоката
на вртење на алатот.
Зголемена опасност од повратен
удар постои кога алатот ќе удри во
цврста пречка во црната област.
Сечило за трева
Само за сечење трева и плевел –
водете го уредот како коса.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Несоодветна употреба може да го
оштети сечилото за трева– поради
отфрлените делови – опасност од
повреди!
При осетна тапост наострете го
сечилото за трева како што е
пропишано.
Нож за грмушки
За сечење заплеткана трева, за
кастрење плевел и грмушки и за
расчистување млади растенија со
пречник на стеблото од максимално
2 cm – не сечете подебели стебла –
опасност од несреќи!
При сечење трева и расчистување
млади растенија уредот треба да се
води како коса, блиску до тлото.
При кастрење плевел и грмушки,
ножот за грмушки „нурнете“ го од горе
во растението за да го исечкате –
притоа, алатот за сечење не смее да
се држи повисоко од колковите.
При овој начин на работа неопходна е
крајна претпазливост. Колку е
поголемо растојанието на алатот за
сечење од тлото, толку е поголем
ризикот од странично отфрлените
честички – опасност од повреди!
Внимание! Несоодветна употреба
може да го оштети ножот за грмушки
– поради отфрлените делови
опасност од повреди!
FS 510 C, FS 560 C
11
македонски
002BA210 KN
002BA449 KN
За да ја намалите опасноста од
несреќи, задолжително внимавајте на
следново:
–мора да се избегнува допир со
камења, метални тела и слично
–не смее да се сечат дрва и
растенија со пречник над 2 cm –
за поголемите пречници
користете сечило за кружна пила
–редовно контролирајте го ножот
за грмушки – оштетен нож не
смее да се користи понатаму
–острете го ножот за грмушки
редовно и правилно (при осетна
тапост на ножот) и – ако е
потребно – избалансирајте го (за
оваа цел, STIHL го препорачува
специјализираниот продавач на
STIHL)
Нож за ситнење
За кастрење и ситнење жилава,
заплеткана трева, плевел и грмушки.
При кастрење и ситнење плевел и
грмушки, ножот за ситнење „нурнете“
го од горе во растението за да го
исечкате – притоа, алатот за сечење
не смее да се држи повисоко од
колковите.
При овој начин на работа неопходна е
крајна претпазливост. Колку е
поголемо растојанието на алатот за
сечење од тлото, толку е поголем
ризикот од странично отфрлените
честички – опасност од повреди!
Внимание! Несоодветна употреба
може да го оштети ножот за ситнење
– поради отфрлените делови –
опасност од повреди!
За да ја намалите опасноста од
несреќи, задолжително внимавајте на
следново:
–мора да се избегнува допир со
камења, метални тела и слично
–не смее да се сечат дрва и
растенија со пречник над 2 cm –
за поголемите пречници
користете сечило за кружна пила
–редовно контролирајте го ножот
за ситнење – оштетен нож за
ситнење не смее да се користи
понатаму
–острете го ножот за ситнење
редовно и правилно (при осетна
тапост на ножот) и – ако е
потребно – избалансирајте го (за
оваа цел, STIHL го препорачува
специјализираниот продавач на
STIHL)
Сечило за кружна пила
За сечење грмушки и дрвја со пречник
на стеблото до 7 cm.
Најдобар резултат при сечењето се
постигнува со полн гас и рамномерна
сила на притискање.
Користете сечила за кружни пили
само со граничник што одговара на
пречникот на алатот за сечење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Задолжително избегнувајте допир на
сечилото за кружна пила со камења и
земја – опасност од појава на
пукнатини. Острете го алатот
навремено и како што е пропишано –
тапите запци може да предизвикаат
создавање на пукнатини, а со тоа и
кршење на сечилото – опасност од
незгоди!
При соборување дрвја држете
растојание од најмалку две должини
на стеблото до следното работно
место.
Опасност од повратен удар
Опасноста од повратен удар е
особено голема во областа означена
со црно: Не почнувајте засек со оваа
област на сечилото и не сечете ништо
со неа.
Исто и во сивата област на сечилото
постои опасност од повратен удар: Со
оваа област смеат да работат само
искусни и специјално обучени лица за
специјални работни техники.
12
FS 510 C, FS 560 C
Лесно и помалку опасно работење е
можно со белата област на сечилото.
Секогаш започнувајте засек со неа.
македонски
FS 510 C, FS 560 C
13
македонски
10
11
12
13
17
16
15
14
7
9
0000-GXX-0377-A0
5
8
6
18
2
1
4
3
Дозволени комбинации на алат за сечење, штитник, граничник и ремен за носење
Алат за сечењеШтитник, граничникРемен за носење
14
FS 510 C, FS 560 C
македонски
1
3BA003 KN
3BA004 KN
4
2
Дозволени комбинации
Во зависност од алатот за сечење,
одберете ја исправната комбинација
според табелата!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Од безбедносни причини смеат да се
комбинираат само типовите на алати
за сечење и штитници, односно
граничници, што се наоѓаат во ист
ред на табелата. Други комбинации
не се дозволени – опасност од
незгоди!
Сечила за трева, ножеви за грмушки,
ножеви за ситнење и сечила за
кружни пили од неметални
материјали не се дозволени.
Штитници, граничник
14 Штитник за глави за косење
15 Штитник за метални алати за
сечење, положби 6 до 9
16 Штитник за ножеви за ситнење
17 Граничник за сечилата за кружни
пили
Ремен за носење
18 Ремен за две рамена мора да се
употребува
Монтирање на рачката за
држење со две раце
Монтирање на рачката за држење со
две раце со вртливо лежиште
Откако ќе се отпакува уредот и пред
да се монтира на цевчестата рачка,
не вртете ја командната рачка (1)
околу надолжната оска; погледнете и
во поглавјето „Штелување на сајлата
за гас“.
Уредот е достапен со различни
цевчести рачки:
2Цевчеста рачка за уреди што се
користат претежно за косење,
сечење грмушки и ситнење, но со
кои може и да се сече како со
пила.
FS 510 C, FS 560 C
15
македонски
2BA001 KN
4
3
3BA005 KN
5
4900BA002 KN
7
2
4
8
3BA007 KN
5
8
3BA008 KN
7
3Цевчеста рачка за уреди што се
користат главно за пилење, но со
кои може и да се коси и да се
сечат грмушки.
На испорачаните цевчести
рачки (2, 3) се прицврстени
стегите (4).
Nне менувајте ја положбата на
стегите на цевчестата рачка пред
да се намести лежиштето за
рачката
Двата типа цевчести рачки се
монтираат на ист начин на уредот.
Затоа во име на двата типа ќе биде
покажана само монтажата на
цевчестата рачка (2).
Монтажа на цевчестата рачка
За да се склопи вртливото лежиште
за рачката, двете стеги мора да бидат
опремени со пружина и прицврстени
на лежиштето за рачката на уредот.
Nпружината (5) земете ја од
комплетот со делови што е
испорачан со уредот
Nпружината (5) втиснете ја во
долната стега (6)
Nстегите (4) заедно се цевчестата
рачка (2) наместете ги лесно на
лежиштето за рачката (7)
Nне вртете ја цевчестата рачка во
стегите
Nкрилцето на клинестата
завртка (8) отворете го да стои
вертикално
Nклинестата завртка свртете ја
налево и затегнете ја само малку
Nклинестата завртка (8) ставете ја
во навојниот вметник во
лежиштето за рачката (7) – и
против притисокот на
пружината (5)
16
FS 510 C, FS 560 C
Loading...
+ 42 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.