Ова е Xperia™ SP Упатство за корисник за верзијата на софтвер Android™ 4.3 (Jelly
Bean). Ако не сте сигурни која верзија на софтвер ја користи вашиот уред, можете да проверите
преку менито за поставки. За повеќе информации за ажурирања на софтверот, погледнете
Ажурирање на уредот.
За да ја проверите тековната верзија на софтверот во вашиот уред
1
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > За телефонот > Верзија на Android.
Android™ – што и зошто?
Вашиот Xperia™ од Sony работи на платформата од Android™. Android™ уредите може да
изведуваат многу од истите функции како компјутерот и можете да ги прилагодувате според
сопствените потреби. На пример, можете да додадете и избришете апликации или да ги
осовремените постоечките апликации за да ја подобрите функционалноста. На Google Play™
можете да преземате бројни апликации и игри од колекција што постојано се зголемува. Можете и
да ги интегрирате апликациите на Android™ уредот со другите апликации и со онлајн услугите што
ги користите. На пример, можете да направите резервна копија на своите контакти, од едно место
да пристапувате до различни сметки за е-пошта и календари, да ги забележувате своите
состаноци и да се вклучувате во социјалните мрежи.
Android™ уредите постојано еволуираат. Кога е достапна нова верзија на софтверот и уредот го
поддржува новиот софтвер, можете да го ажурирате уредот за да добиете нови функции и најнови
подобрувања.
Android™ уредот е со претходно внесени услуги на Google™. За да го добиете
максимумот од обезбедените услуги на Google™, треба да имате сметка на Google™ и
да се пријавите на истата при првото вклучување на уредот. Треба да имате и интернетпристап за да користите многу од функциите на Android™.
Новите софтверски изданија може да не се компатибилни со сите уреди.
Исклучете го уредот и извадете го задниот капак, па вметнете ги мемориската картичка и
micro SIM-картичката во соодветните лежишта.
Мемориската картичка може да не е вклучена при купувањето на сите пазари.
Уредот бара micro SIM-картичка. Вметнување некомпатибилна SIM-картичка во отворот
на micro SIM-картичката може да ја оштети картичката или уредот, па Sony не гарантира
и нема да биде одговорен за какво било оштетување предизвикано со користење на
некомпатибилни или модифицирани SIM-картички.
Ставање на задниот капак
1
Поставете го задниот капак врз задниот дел од уредот, потоа притиснете надолу на
горните агли да легнат на своето место.
2
Движејќи од врвот до дното, притиснете ги надолу страните од капакот. Јазичињата во
внатрешноста на капакот прават звуци на кликнување кога легнуваат на своите места.
Осветлувачка проѕирна врвка
Проѕирната врвка на телефонот свети кога користите одредени апликации, кога пристигнува
дојдовен повик и кога алармот се огласува. Потоа таа избледнува по неколку секунди за да се
зачува енергија.
Бојата на светлечката врвка варира во зависност од темата што ја користите. Кога прикажувате
фотографии во Галерија, бојата се менува според фотографијата што ја прикажувате. Кога
репродуцирате музика со музичкиот плеер, бојата се менува секој пат кога е прикажан нов
насловен албум. Можете да ги прилагодите овие различни светлосни ефекти.
Проверете дали батеријата се полнела барем 30 минути пред да го вклучите уредот за
прв пат.
1
Притиснете го и држете го притиснато копчето за вклучување додека уредот не почне да
вибрира.
2
Ако екранот се затемни, кратко притиснете го копчето за вклучување за да го активирате
екранот.
3
Внесете ја лозинката од SIM-картичката кога ќе ви биде побарано, а потоа допрете на.
4
Ако екранот езаклучен, ставете прст на екранот и поминете со прстот нагоре или надолу за
да го отклучите.
5
Почекајте додека уредот не започне со работа.
Лозинката на SIM-картичката најпрво ќе ви ја обезбеди мрежниот оператор, но подоцна
може да ја промените од менито Settings (Поставки). За да ја исправите грешката
направена при внесување на лозинката од SIM-картичката, допрете на .
Исклучување на уредот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.
2
Во менито со опции, допрете го Исклучување.
3
Допрете го OK.
Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.
Притиснете и задржете го копчето ИСКЛУЧЕНО користејќи го врвот од пенкалото или
сличен предмет. Уредот се исклучува автоматски.
Не користете премногу остри предмети што може да го оштетат копчето ИСКЛУЧЕНО.
Заклучување и отклучување на екранот
Кога уредот е вклучен и е ставен во мирување за определен временски период, екранот се
затемнува за да заштеди батерија и се заклучува автоматски. Ова заклучување спречува несакани
активности на екранот на допир кога не го користите.
За да се активира екранот
•
Кратко притиснете го копчето за вклучување .
Отклучување на екранот
•
Ставете го прстот на екранот и поминете нагоре или надолу.
Има неколку начини на отклучување на екранот. За повеќе информации, погледнете
Поставување на заклучување на екранот на страницата 115.
За да се заклучи екранот
•
Кога екранот е активен, кратко притиснете го копчето за вклучување .
Водач за поставување
Кога првпат го вклучувате уредот, волшебникот за конфигурирање ќе ви помогне за основните
поставки, за пријава на некои сметки и за персонализација на уредот. На пример, ако имате
сметка за Sony Entertainment Network, можете да се пријавите и да уживате во музиката, видеата и
игрите на Sony Entertainment Network на вашиот уред. Или, може да направите нова сметка
директно на новиот уред.
Во водачот за поставување може да пристапите и подоцна од менито Поставки.
Sony Entertainment Network со Video Unlimited и Music Unlimited не се достапни на секој
пазар. Потребна е посебна претплата. Важат дополнителни услови.
Рачно пристапување до волшебникот за поставување
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Допрете го Поставки > Водач за поставување.
Сметки и услуги
Пријавете се на сметките за онлајн услуги од уредот и имајте лесен пристап додека сте во
движење. На пример, контактите од сметката на Google™ можете да ги интегрирате во Контакти,
така што ќе имате сè на едно место. Можете да се пријавите на нови онлајн услуги и од уредот и
од компјутерот.
Google™ сметка
Поседувањето на Google™ сметка е клучно за користење низа апликации и услуги со вашиот
Android™ уред. Потребна ви е Google™ сметка, на пример, за користење на апликацијата Gmail™
на вашиот уред, за разговарање со пријатели со употреба на Hangouts™ и за синхронизација на
апликацијата календар на уредот со Google Calendar™. Исто така, потребна ви е Google™ сметка
за преземање апликации и игри, музика, филмови и книги од Google Play™.
Microsoft® Exchange ActiveSync® сметка
Синхронизирајте го уредот со својата службена сметка за Microsoft® Exchange ActiveSync®. На овој
начин, во секое време со себе ги чувате деловната сметка за е-пошта, контактите и настаните во
календарот.
Сметка на Facebook™
Facebook™ е услуга на социјално мрежно поврзување што ви овозможува комуницирање со
пријателите, семејството и колегите ширум светот. Поставете го Facebook да работи на уредот,
така што ќе бидете во контакт каде и да сте.
Поставете два прста на екранот одеднаш и притиснете ги заедно (да одзумирате) или
широко одвојте ги (да зумирате).
Кога користите два прста на екранот да зумирате, единствено е можно да зумирате ако
двата прста се во границите на областа за зумирање. Доколку вие, на пример сакате со
зумирање да приближите фотографија, осигурете се дека двата прста ви се наоѓаат во
областа ограничена со рамката на фотографијата.
Скролување
Скролувај со движење на прстот нагоре или надолу на екранот. На некои веб страници можете да
скролувате и настрана.
Со влечење или потчукнување нема ништо да активирате на екранот.
Скролување
•
Влечете го или потчукнете со прстот во насоката во која сакате да скролувате на екранот.
Да скролувате побрзо, потчукнувајте со прстот во насоката во која сакате да одите на
екранот.
Да скролувате побрзо, потчукнувајте со вашиот прст во насоката во која сакате да одите на
екранот. Можете да почекате да запре скролувањето или можете да го запрете веднаш со
допирање на екранот.
Сензори
Уредот има сензори коишто ги откриваат и светлината и близината. Светлосниот сензор го
препознава нивото на амбиенталното светло и соодветно ја приспособува светлината на екранот.
Сензорот за близина го исклучува екранот на допир во текот на гласовен повик, кога вашето уво е
блиску до екранот. Ова го спречува ненамерното активирање на функциите на уредот кога сте
зафатени со повикот.
Батерија
Уредот има вградена батерија.
Полнење на батеријата
Батеријата е делумно полна кога ќе го купите уредот. Може да потрае неколку минути додека
иконата за батеријата
ивор на струја, како на пример USB-порта или полнач. Уредот можете да го користите и кога се
полни. Долготрајното полнење, на пример, преку ноќ, не ги оштетува ниту батеријата ниту уредот.
Полнење на уредот
да се појави на екранот откако ќе го приклучите кабелот на полначот на
Приклучете го едниот крај од USB кабелот во полначот (или во USB-портата на
компјутерот).
3
Приклучете го другиот крај на кабелот во микро USB-портата на уредот, со USB-симболот
завртен нагоре. Светлото за известување ќе светне штом полнењето започне.
4
Кога уредот е целосно наполнет, исклучете го кабелот од уредот повлекувајќи го нанадвор.
Внимавајте конекторот да не се свитка.
Користете ги полначот и USB кабелот дадени со уредот за да обезбедите побрзо
полнење. Доколку батеријата е целосно испразнета, може да поминат неколку минути
пред да светне светлото за известување и да се појави иконата за полнење .
Статус на светло за известување за батеријата
ЗеленоНивото на полнење на батеријата е повеќе од 90%
Трепка црвеноБатеријата е слаба
ПортокаловоБатеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помалку од 90%
Проверување на нивото на батеријата
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > За телефонот > Статус > Ниво на
батеријата.
Подобрување на работата на батеријата
Следните совети можат да ви помогнат да ја подобрите работата на батеријата:
•
Полнете го уредот почесто. Тоа нема да влијае на рокот на траење на батеријата.
•
Преземањето податоци од Интернет троши енергија. Кога не користите интернет, можете да ја
зачувате енергијата со исклучување на сите конекции за пренос на податоци преку мобилни
мрежи. Оваа поставка не го спречува уредот да пренесува податоци преку други безжични мрежи.
•
Исклучете ги Bluetooth® и Wi-Fi® конекциите кога не ви требаат. Полесно можете да ги вклучувате
и исклучувате од паното за известување со влечење на лентата за статус надолу.
•
Користете ги функциите STAMINA-режим и Режим на слаба батерија за да го намалите
трошењето на батеријата. Можете да го одберете режимот за штедење енергија којшто најдобро
одговара на начинот на кој го користите уредот. Можете и да ги прилагодите поставките за секој
режим на штедење енергија.
•
Поставете ги апликациите за синхронизација (што се користат за синхронизација е-поштата,
календарот и контактите) на рачно синхронизирање. Можете и автоматски да синхронизирате, но
зголемете ги интервалите.
•
Проверете го менито за искористеност на батеријата во уредот за да проверите кои апликации
трошат најмногу енергија. Батеријата троши повеќе енергија кога користите апликации за видео и
музички стриминг како што е YouTube™. И некои апликации на преземени од Google Play™ може
да трошат повеќе енергија.
•
Затворете ги и излезете од апликациите што не ги користите.
•
Намалете го нивото на осветленост на екранот.
•
Исклучете го уредот или активирајте ја функцијата Авионски режим доколку сте во област
без мрежа. Во спротивно, уредот постојано ќе бара достапни мрежи, а тоа троши енергија.
•
Користете оригинален handsfree уред на Sony™ за да слушате музика. Handsfree уредите помалку
ја трошат батеријата отколку звучниците на уредот.
•
Држете го уредот во мирување секогаш кога е можно. Времето на мирување се однесува на
времето во текот на кое уредот е поврзан на мрежата, а не се користи.
•
Исклучете жива заднина.
Пристапување до менито за искористеност на батеријата
1
Од Почетен екран, допрете го
2
Најдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата > Користење на
Активирајте ја опцијата STAMINA-режим за да ги паузирате Wi-Fi® конекцијата, сообраќајот на
податоци, и повеќето апликации коишто ја трошат батеријата, кога екранот не е активен. Кога е
активен режимот STAMINA сè уште можете да примате телефонски повици и текстуални и
мултимедијални пораки. Можете и да поставите листа на апликации коишто ќе продолжат да
работат кога екранот е неактивен. Откако повторно ќе се активира екранот, паузираните функции
продолжуваат со работа.
Активирање на режимот STAMINA
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ја опцијата Управување со енергијата.
3
Повлечете го лизгачот крај STAMINA-режим во десно, па допрете ја опцијата
Активирај. Кога ќе се активира режимот STAMINA, во лентата за статус ќе се појави
Исклучување на режимот STAMINA
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
3
Допрете го веднаш до STAMINA-режим.
Промена на поставките за режимот STAMINA
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
3
За да го отворите менито за поставки, допрете го STAMINA-режим.
4
Додадете или отстранете апликации, по желба.
5
Кога ќе завршите, допрете Готово.
.
Проценка на времето на мирување на вашиот уред
Времето на мирување се однесува на траењето на батеријата додека уредот е поврзан на
мрежата, а не се користи активно, на пример, за примање повици или за повикување. Кога ќе се
активира, режимот STAMINA континуирано го пресметува преостанатото време на мирување
коешто може да се разликува во зависност од тоа како го користите уредот. Режимот STAMINA е
поефикасен во продолжување на времето на мирување, ако го држите екранот на уредот
заклучен. Ако ретко го заклучувате на екранот, може да не постигнете значителното подобрување
на перформанси на батеријата.
Кога за првпат ги дефинирате поставките на уредот, проценетото време на мирување
може да не биде точно, бидејќи нема претходна историја на користење врз основа на
којшто ќе се врши проценката.
Прикажување на проценетото време на мирување
1
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата.
.
Користење на режимот за слаба батерија
Опцијата Режим на слаба батерија можете да ја активирате кога батеријата е слаба. Оваа
опција ви помага да ги дотерате поставките за светлината на екранот, сообраќајот на податоци и
функцијата на вибрирање, така што ќе го намалите трошењето на батеријата.
Активирање на режимот на слаба батерија
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
3
Допрете го веднаш до Режим на слаба батерија, а потоа допрете го
Активирај.
Исклучување на режимот на слаба батерија
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
Промена на поставките за режимот на слаба батерија
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.
3
За да го отворите менито за поставки, допрете го Режим на слаба батерија.
4
Прилагодете ги поставките по ваша желба.
5
Кога ќе завршите, допрете го
.
Екран при заклучување
Екранот при заклучување е екранот што го гледате кога уредот е заклучен, а екранот активен.
Екранот при заклучување може да има најмногу пет паноа и може да додадете по еден елемент на
секое од нив. Потоа може да пристапите до тие елементи од екранот при заклучување. На пример,
може да го поставите елементот за календарот и елементот за е-поштата за да добиете побрз
пристап до овие апликации.
Елементот за часовникот автоматски се наоѓа на средното окно од екранот при
заклучување.
Додавање елемент на екранот при заклучување
1
За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување
2
Лизгајте навнатре од горната лева област на екранот сè додека не се појави , потоа
допрете.
3
Доколку е потребно, внесете PIN-код, шема или лозинка за отклучување на екранот.
4
Најдете и допрете го елементот што сакате да го додадете.
5
Доколку е потребно, следете ги инструкциите на екранот за да заврши додавањето на
елементот.
Отстранување елементи од екранот при заклучување
1
За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
Допрете го и држете го елементот што сакате да го отстраните, а потоа повлечете го до .
Преместување елементи на екранот при заклучување
1
За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
Допрете го и задржете го елементот што сакате да го преместите, а потоа повлечете го до
новата локација.
.
Почетен екран
Почетниот екран е почетна точка за користење на уредот. Можете да го прилагодите со
апликации, елементи, кратенки, папки, теми и заднини. Исто така може да додадете дополнителни
окна.
Почетниот екран продолжува надвор од ширината на приказот на редовниот екран, па ќе треба да
потчукнувате налево или надесно за да ги видите содржините во сите окна на Почетниот екран.
покажува во кој дел од Почетниот екран се наоѓате. Може да
поставите окно како главно окно на Почетниот екран и да додавате или бришете окна.
Поставување на окното како главно окно на почетниот екран
1
Допрете и држете на празната област на својот Почетен екран додека уредот не почне да
вибрира.
2
Потчукнете надесно или налево за да го пребарате окното што сакате да го поставите како
главно окно на почетниот екран, потоа допрете .
Додавање панел на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Потчукнувајте лево или десно за да пребарувате низ панелите, па допрете го .
Бришење панел од почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Потчукнувајте лево или десно за да пронајдете панелот што сакате да го избришете, па
допрете го .
Елементи
Елементите се мали апликации коишто можете директно да ги користите на вашиот Почетен
екран. На пример, елементот “WALKMAN” ви овозможува директно да почнете да пуштате музика.
На некои елементи може да им се менува големината, така што ќе можете да ги зголемите и да
видите повеќе содржина или да ги намалите за да сочувате простор на својот Почетен екран.
Додавање елемент на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира, па потоа
допрете го Елементи.
2
Најдете и допрете го елементот којшто сакате да го додадете.
Менување големина нa елемент
1
Држете го елементот допрен додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
па пуштете го. Ако големината на елементот може да се менува, на пример, елементот
Календар, ќе се појават истакната рамка и точки за менување големината.
2
Влечете ги точките навнатре или нанадвор за да го намалите или зголемите елементот.
3
Допрете каде било на Почетен екран за да ја потврдите новата големина на елементот.
Прилагодете го изгледот на почетниот екран и променете ги функциите до кои можете да
пристапите од таму. Променете ја позадината на екранот, преместувајте објектите наоколу,
креирајте папки и додадете кратенки и елементи.
Опции за прилагодување
Кога држите допрено празно место на почетниот екран, ќе се појават следните опции за
прилагодување:
Додадете елементи на почетниот екран.
Додадете апликации и кратенки.
Поставете заднина на почетниот екран.
Поставете тема нa заднина.
Преглед на опциите за прилагодување од почетниот екран
•
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира и додека
во долниот дел од екранот не се појават опциите за прилагодување.
Додавање кратенка на почетниот екран
1
Допрете и задржете празна област на својот Почетен екран сè додека уредот не почне да
вибрира.
2
Во менито за приспособување, допрете Апликации.
3
Лизгајте низ списокот со апликации и изберете апликација. Избраната апликација се
додава на Почетен екран.
Во чекор 3, може да допрете Кратенки, а потоа да изберете апликација од достапниот
список. Доколку го користите методот за додавање на кратенки, некои од достапните
апликации ви овозможуваат да додавате одредена функционалност на кратенката.
Преместување објект на почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, па
повлечете го објектот на новата локација.
Да избришете објект од почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
потоа повлечете го објектот во .
Креирање папка на почетниот екран
•
Држете ја допрена иконата или кратенката на апликацијата, додека не се зголеми и уредот
не завибрира, па повлечете и спуштете ја врз иконата или кратенката на некоја друга
апликација.
Додавање ставки во папка на почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
потоа повлечете го објектот кон папката.
Промена на името на папка на почетниот екран
1
Допрете ја папката за да ја отворите.
2
Држете ја допрена насловната лента на папката за да се покаже полето Име на
папката.
3
Внесете го името на новата папка и допрете го Готово.
Промена на позадината на почетниот екран
Прилагодете го Почетен екран на сопствениот стил користејќи позадини и различни теми.
Допрете и држете празна област на својот Почетен екран додека уредот не почне да
вибрира.
2
Допрете Заднини и одберете опција.
Додавање тема на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на Почетен екран додека уредот не завибрира.
2
Допрете гоТеми, па одберете тема.
Кога ќе промените тема, ќе се промени и позадината во некои апликации.
Снимање на екран
Можете да снимате слики во мирување на кој било екран на вашиот уред во форма на снимка на
екран. Снимките на екран автоматски се зачувуваат во Албум.
За да направите снимка на екран
1
Притиснете и држете ги истовремено копчето за напојување и копчето за намалување на
јачината на звукот додека не слушнете звука на кликнување.
2
За да ја прегледате снимката на екранот, целосно повлечете ја лентата за статус надолу.
Пристап и користење на апликациите
Отворете ги апликациите од кратенките на вашиот Почетен екран или од екранот на апликацијата.
Екран на апликацијата
Екранот со апликации, којшто го отворате од вашиот Почетен екран, ги содржи апликациите што
доаѓаат инсталирани со уредот како и апликациите што ги преземате.
Екранот на апликацијата ја надминува ширината на постојаниот екран, така што треба да
потчукнувате кон лево и десно за да ја видите сета содржина.
Да го отворите екранот на апликацијата
•
Од вашиот Почетен екран, допрете
За да пребарувате низ Екранот со апликации
•
Од Екранот со апликации, потчукнете десно или лево.
Отворање на менито за екранот со апликации
•
Кога ќе го отворите екранот со апликации, повлечете го надесно левиот раб од екранот.
Додавање кратенка на апликација на почетниот екран
1
Од екранот со апликации, допрете и задржете икона на апликација сè додека екранот
почне да вибрира, потоа влечете ја иконата до врвот на екранот. Почетниот екран се
отвора.
2
Влечете ја иконата до потребната локација на почетниот екран, потоа ослободете го
прстот.
.
Отворање и затворање на апликации
Да отворите апликација
•
Од вашиот Почетен екран или од екранот на апликацијата, потчукнете ја апликацијата.
Некои апликации се паузирани кога ќе притиснете за да излезете, додека други
апликации може да продолжат да работат во позадина. Во првиот случај, следниот пат
кога ќе ја отворите апликацијата, може да продолжите таму каде што сте застанале.
Запомнете дека некои апликации може да направат трошоци за пренос на податоци кога
работат во позадина, на пример, социјалните мрежи.
Прозорец со неодамна користени апликации
Од овој прозорец можете да да се префрлувате меѓу неодамна користените апликации. Можете и
да отворате мали апликации.
За да се отвори прозорец со неодамна користените апликации
•
Притиснете го .
Користење мали апликации
Од прозорецот за последни користени апликации можете во секое време преку лентата за мали
апликации брзо да пристапите во неколку мали апликации. Мала апликација зафаќа само мал дел
од екранот. Така што ќе можете на истиот екран истовремено да користите мала апликација и
некоја друга апликација.
Отворање на лентата за мали апликации
•
Притиснете го .
Отворање мала апликација
1
За да се појави лентата за мали апликации, притиснете .
2
Допрете ја малата апликација што сакате да ја отворите.
Може да отворите повеќе мали апликации истовремено.
Затворање на мала апликација
•
Допрете го во прозорецот за мали апликации.
Преместување мала апликација
•
Кога малата апликација е отворена, држете го допрен горниот лев агол на малата
апликација, па преместете ја на саканата локација.
Минимизирање мала апликација
•
Кога малата апликација е отворена, држете го допрен горниот лев агол на малата
апликација, па влечете го до десниот или до долниот раб на екранот.
Преуредување на малите апликации во лентата за мали апликации
•
Допрете ја и држете ја малата апликација и повлечете ја до саканата положба.
Отстранување мала апликација од лентата за мали апликации
•
Допрете и држете ја малата апликација, а потоа повлечете ја до .
Враќање назад на претходно отстранета мала апликација
1
Отворете ја лентата за мали апликации, потоа допрете .
2
Допрете ја и задржете ја малата апликација што сакате да ја вратите назад, па повлечете
ја до лентата за мали апликации.
Преземање мала апликација
1
Од лентата за мали апликации, допрете , потоа допрете и допрете .
2
Пребарајте ја малата апликација што сакате да се преземе, а потоа следете ги
инструкциите за преземање и завршување на инсталацијата.
За да се појави лентата за мали апликации, притиснете го .
2
Допрете ги опциите > > .
3
Одберете додаток.
4
Ако сакате, внесете име за елементот, па допрете ја опцијата OK.
Мени на апликација
Менито можете да го отворите во секое време додека користите некоја апликација. Менито ќе
изгледа различно во зависност од тоа која апликација ја користите.
Отворање на мени во апликација
•
Додека ја користите апликацијата, притиснете .
Менито не е достапно во сите апликации.
Преуредување на вашиот екран за апликации
Преместете ги апликациите низ екранот за апликации така како што ве претпочитате.
Подредување апликации на екранот со апликации
1
За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со
апликации кон десно.
2
Изберете ја потребната опција во ПРИКАЖИ АПЛИКАЦИИ.
Преместување апликации на екранот со апликации
1
За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со
апликации кон десно.
2
Проверете дали Сопст. редослед е обележан во ПРИКАЖИ АПЛИКАЦИИ.
3
Допрете ја и задржете ја апликацијата додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира,
а потоа повлечете ја до новата локација.
Деинсталирање апликација од екранот со апликации
1
За да го отворите менито на екранот со апликации, влечете го левиот раб од екранот со
апликации кон десно.
2
Допрете Деинсталирај. Сите апликации што може да се деинсталираат се означени со
.
3
Допрете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате, потоа допрете Деинсталирај.
Статус и известувања
Лентата за статус на горниот дел од вашиот екран покажува што се случува во вашиот уред. На
левата страна добивате известувања кога има нешто ново или тековно. На пример, нова порака и
известувања од календарот се појавуваат тука. Десната страна ја покажува јачината на сигналот,
состојбата на батеријата и други информации.
Оваа лента за статус ви овозможува да ги дотерате основните поставки на уредот, на пример,
Wi-Fi®, Bluetooth™, сообраќај на податоци и звук. Менито со поставките можете да го отворите од
паното за известување и за да ги менувате другите поставки.
Светлото за известување исто ви дава информации за состојбата на батеријата и некои
известувања. На пример, трепкачко сино светло значи дека има нова порака или пропуштен повик.
Светлото за известување може да не работи кога нивото на батеријата е ниско.
Проверување на известувањата и тековните активности
Може да ја повлечете надолу лентата за статус за да го отворите паното за известување и да
добиете повеќе информации. На пример, можете да го користите паното за да отворите нова
порака или прикажите настан во календарот од паното за известување. Исто така, може да
отворите некои апликации што работат, како што е музичкиот плеер.
За да го отворите паното за известување
•
Повлечете ја лентата за статус надолу.
За да го затворите паното за известување
•
Повлечете ја картичката на дното на паното за известување нагоре.
Исклучување на известување од паното за известување
•
Поставете го прстот на известување и потчукнете лево или десно.
Бришење на сите исвестувања од паното за известување
•
Допрете Изб..
Поставување на уредот од паното за известување
Менито со поставките можете да го отворите од паното за известување за да ги приспособите
брзите поставки на уредот. На пример, може да вклучите Wi-Fi®.
Отворање на менито за поставки на уредот од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете .
Дотерување на поставките за звук од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете го .
Контролирање на Bluetooth® функцијата од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете .
Контрола на функцијата Wi-Fi® од панелот за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете ја опцијата .
Дотерување на поставките за осветленост од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу.
2
Допрете ја опцијата .
Приспособување на брзи поставки од паното за известување
Може да ги приспособите брзите поставки од паното за известувања со избирање на посакуваните
брзи поставки и преуредување на нивниот редослед. Може да изберете до 10 брзи поставки, но не
мора да изберете ни една од нив.
Одбирање брзи поставки од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, а потоа допрете .
2
Најдете и допрете ги опциите Екран > Брзи поставки.
3
Одберете ги брзите поставки што ги сакате.
Преуредување на брзите поставки од паното за известување
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, а потоа допрете .
2
Најдете и допрете ги опциите Екран > Брзи поставки.
3
Допрете и држете на покрај брзата поставка, па преместете ја до саканото место.
Пристапување до поставки
Видете ги и изменете ги поставките на својот уред од менито Поставки. До менито Поставки се
пристапува од панелот Известувања и екранот со апликации.
А можете и да ја повлечете статусната лента надолу на почетниот екран и да го допрете
за да пристапите во поставките на уредот.
Тастатура на екранот
Може да внесувате текст со тастатурата QWERTY на екранот, со допирање на секоја буква или
може да ја користите карактеристиката за внес со гестикулации и да лизгате со прстот од буква до
буква за да формирате зборови.
Може да изберете до три јазици за внесување текст. Тастатурата го открива јазикот што го
користите и ги предвидува зборовите за јазикот додека пишувате. Некои апликации ја отвораат
тастатурата на екранот автоматски, на пример, апликациите за е-пошта и пораки со текст.
1 Бришење знак пред покажувачот.
2 Внесување нов ред или потврда за внесен текст.
3 Внесување празно место.
4 Персонализирање на тастатурата. Ова копче ќе исчезне откако ќе ја персонализирате тастатурата.
5
Приказ на броеви и симболи. За повеќе симболи, допрете .
6
Префрлајте се меѓу мали букви , големи букви и сите големи букви . За некои јазици, ова копче се користи за
пристап до дополнителни знаци во јазикот.
За да ја прикажете тастатурата на екранот за да внесете текст
•
Допрете поле за запис на текст.
Користење на тастатурата на екранот во ориентација на пејзаж
•
Кога ќе се прикаже тастатурата на екранот, свртете го уредот настрана.
Можеби ќе треба да ги прилагодите поставките во некои апликации за вклучување на
ориентацијата на пејзаж.
Внесување текст, знак по знак
1
За да внесете знак што е видлив на тастатурата, допрете го знакот.
2
За да внесете варијанта на знакот, допрете и држете обичен знак на тастатурата за да
добиете листа на достапни опции, а потоа изберете од листата. На пример, за да внесете
„é“, допрете и држете „e“ додека не се појават други опции, а потоа, додека го држите
прстот притиснат на тастатурата, повлечете и одберете „é“.
За внесување точка
•
Откако ќе го внесете зборот, двапати допрете ја лентата за празно место.
Внесување текст со помош на функцијата за внесување со гестикулации
1
Кога ќе се прикаже тастатурата на екранот, лизгајте со прстот од буква до буква за да го
обележите зборот што сакате да го напишете.
2
Откако ќе завршите со пишување на зборот, подигнете го прстот. Предлог за зборот се
појавува врз основа на буквите што сте ги обележале.
3
Ако зборот што го сакате не се појавува, допрете за да видите други опции и изберете
соодветно. Ако не се појави саканата опција, избришете го целиот збор и повторно
направете обележување, или внесете збор со притискање на секоја буква посебно.
Измена на поставките за Внесување со движење
1
Кога тастатурата на екранот е прикажана, допрете .
2
Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата> Поставки за внесување
текст.
3
За активирање или деактивирање на функцијата за внесување со гестови, означете го, или
отстранете ја ознаката од полето за избирање Внесување со движење.
Телефонска тастатура
Телефонската тастатура е слична на стандардна телефонска тастатура со 12 копчиња. Ви дава
опции за внесување текст на предвидлив начин и со повеќекратно допирање. Можете да го
активирате начинот на внесување на текст на телефонската тастатура преку поставките за
тастатурата. Телефонската тастатура е достапна само во ориентација на портрет.
1 Одбирање опција за внесување текст. Може да го допрете секој знак еднаш и да користите предлози на зборови или
да продолжите со допирање на копчето сè додека не се избере потребниот знак.
2 Бришење знак пред покажувачот.
3 Внесување нов ред или потврда за внесен текст.
4 Внесување празно место.
5 Приказ на симболи и емотикони.
6 Приказ на броеви.
7 Промена на големината на знаците и вклучување големи букви.
Отворање на телефонската тастатурата за првпат
1
Допрете поле за запис на текст, па допрете .
2
Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата.
3
Допрете Изглед на тастатура > Изглед на тастатура.
4
Одберете ја телефонската тастатура.
Внесување текст користејќи ја телефонската тастатура
•
ќе се појави на телефонската тастатура, допрете го секое копче за знаци само
Кога
еднаш, дури и ако саканата буква не е првата буква на копчето. Допрете го зборот што ќе
се појави или допрете за да видите повеќе предлози за зборови и одберете збор од
листата.
•
Кога ќе се појави на телефонската тастатура, допрете го копчето на екранот за знакот
што сакате да го внесете. Притискајте го копчето сè додека не се одбере саканиот знак.
Потоа направете го истото за следниот знак што сакате да го внесете и така натаму.
Внесување броеви користејќи ја телефонската тастатура
•
Кога ќе се прикаже телефонската тастатура, допрете . Се појавува телефонска
тастатура со броеви.
Вметнување симболи и емотикони користејќи ја телефонската тастатура
1
Кога ќе се прикаже телефонската тастатура, допрете . Се појавува мрежа со симболи и
емотикони.
2
Лизгајте нагоре или надолу за приказ на повеќе опции. Допрете на симболот или
емотиконата за да ги одберете.
Внесување текст со говор
Кога внесувате текст, наместо да пишувате можете да ја користите функцијата внесување со
говор. Само изговорете ги зборовите што сакате да ги внесете. Внесување со говор е
експериментална технологија на Google™ и достапна е за одреден број јазици и региони.
Овозможување говорно внесување
1
Кога внесувате текст со тастатурата на екранот или со телефонската тастатура, допрете ги
или .
2
Допрете го , па допрете го Поставки за тастатурата.
3
Обележете го изборното поле Копче за глас. пиш. на Google.
4
Притиснете на
тастатурата на телефон ќе се појави икона за микрофон .
Внесување текст користејќи внес на говор
1
Отворете ја тастатурата на екранот или телефонската тастатура.
2
Допрете . Кога ќе се појави , зборувајте за да внесете текст. Кога ќе завршите, допрете
повторно. Ќе се појави предложениот текст.
3
Уредете го текстот рачно доколку е потребно.
за да го сочувате поставеното. На тастатурата на екранот или на
Уредување текст
Може да избирате, сечете, копирате и лепите текст додека пишувате со ориентација на портрет
или пејзаж со двоен допир на внесениот текст. При ориентација во портрет, алатките потребни за
уредување се достапни преку лентата за апликации. При ориентација во пејзаж, копчето за
уредување ги обезбедува истите алатки.
Лента за апликации
1Затвори ја лентата за апликации
2Избери го целиот текст
3Отсечи текст
4Копирај текст
5Залепи текст
се појавува само кога имате текст зачуван на посредникот.
Одбирање текст
1
Внесете текст, па двапати допрете го текстот. Зборот што го допирате станува обележен со
картички на двете страни.
2
Влечете ги картичките лево или десно за да одберете повеќе текст.
Внесете текст, па двапати допрете го полето за текст за да се појави лентата на
апликацијата.
2
Одберете го текстот што сакате да го уредувате, па користете ја лентата на апликацијата
за да ги направите саканите промени.
Уредување текст во хоризонтална ориентација
1
Внесете текст, па двапати допрете го внесениот текст.
2
Одберете го текстот што сакате да го уредувате, па допрете го Уредување... и
одберете опција.
Персонализирање на тастатурата на Xperia
Кога внесувате текст со користење на тастатурата на екранот или со тастатурата на телефонот,
може да пристапите до поставките на тастатурата и другите поставки за внесување текст што
помагаат да поставувате опции за јазици за пишување, предвидување на текст, автоматско
растојание и брзо внесување на точки. На пример, може да одлучите како ќе бидат прикажани
опциите за зборовите и како се поправаат зборовите додека пишувате. Може да испраќате и
пораки со скенирани податоци за предвидувањата на зборовите да одговараат на стилот на
пишување. Може и да поставите апликацијата за внесување текст да ги памети новите зборови
што ги пишувате.
Пристапување до поставките за тастатурата на екранот и тастатурата на
телефонот
1
Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот или телефонската тастатура,
допрете или .
2
Допрете , а потоа допрете Поставки за тастатурата и изменете ги поставките
според потребите.
3
За да додадете јазик за пишување за внесување на текст, допрете Јазици на
пишување и означете ги релевантните полиња за избор.
4
Допрете OK за да потврдите.
Промена на поставките за внесување текст
1
Кога внесувате текст со тастатурата на екранот или со телефонската тастатура, допрете ги
или .
2
Допрете го , па допрете го Поставки за тастатурата > Поставки за
внесување текст и одберете ги соодветните поставки.
Прикажување на копчето за емотикони
1
Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот, допрете .
2
Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата > Изглед на тастатура >
Дополнителни копчиња.
3
Обележете го полето за избирање Копче смешко.
За да го користите вашиот стил на пишување
1
Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот или телефонската тастатура,
допрете
2
Допрете , а потоа допрете Поставки за тастатурата > Користи го мојот стил
или .
на пишување и одберете извор.
Одбирање варијанта за распоредот на тастатурата
Варијантите за распоредот достапни се само за тастатурата на екранот кога ќе одберете
два или три јазици и може да не се достапни за сите јазици за пишување.
1
Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот, допрете .
Можете да прилагодувате разни поставки во уредот според сопствените потреби. На пример,
можете да го промените јазикот, да додадете личен тон на ѕвонење, или да ја промените
светлоста на екранот.
Прилагодување на јачината на звукот
Можете да ја прилагодувате јачината на тонот на ѕвонење за телефонските повици и за
известувањата, како и јачината на репродукцијата на музика и видео.
Приспособување на јачината на звукот при ѕвонење со копчето за јачина на звук
•
Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.
Прилагодување на јачината на звукот при репродукција на медиуми со копчето
за јачина на звук
•
Кога се репродуцира музика или гледате видео, притиснете го копчето за јачина на звук
нагоре или надолу.
Прилагодување на поставките на звукот
Може да се прилагодуваат повеќе поставки на звукот. На пример, можете да го поставите уредот
во бесшумен режим, така што нема да ѕвони кога сте на состанок.
Поставување на уредот во режим за вибрирање
•
Притиснете го копчето за јачина на звукот додека не се појави на лентата за статус.
Поставување на уредот во режим за нечујно
1
Притиснете го копчето за јачина на звукот додека уредот не завибрира и ќе се појави на
лентата за статус.
2
Притиснете го повторно копчето за јачина на звукот. се појавува на лентата за статус.
Поставување на уредот во режим на вибрирање и ѕвонење
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Звук.
3
Обележете го изборното поле Вибрирај при ѕвонење.
Време и датум
Можете да го изменувате датумот и времето на уредот.
Рачно поставување на датумот
1
Од Почетен екран, допрете го
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Датум и време.
3
Ако е обележано, отштиклирајте го изборното поле Автоматски датум и време.
4
Допрете го Поставете датум.
5
Прилагодете го датумот лизгајќи нагоре и надолу.
6
Допрете го Постави.
Рачно поставување на времето
1
Од Почетен екран, допрете ја .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Датум и време.
3
Ако е означено, отстранете ја ознаката Автоматски датум и време од изборното
поле.
4
Допрете го Поставете време.
5
Лизгајте нагоре или надолу за да ги поставите часот и минутите.
6
Ако е можно, движете се нагоре за да го промените AM во PM или обратно.