Philips TAT8506WT/00, TAT8506BK/00 user manual [mk]

Слушалки
Серија 8000
TAT8506
Прирачник за корисникот
Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Содржина
1 Важни безбедносни упатства 2
Безбедност на слухот 2 Општи информации 2
Што има во кутијата 3 Други уреди 3 Преглед на вашите Вистински безжични Слушалки 4
Почнете 5
3
Наполнете ја батеријата 5 Како да ги носите 6 Спарете ги за прв пат слушалките со вашиот Bluetooth уред 6 Спарете ги слушалките со друг Bluetooth уред 7
4 Користете ги вашите слушалки 8
Поврзете ги слушалките со вашиот Bluetooth уред 8 Контролирајте го ANC-то (активно поништување на бучава) 8 Вклучување/исклучување на напојувањето 9 Управувајте со вашите повици и музика 9 Гласовен асистент 9 Користете ја функцијата гласовен асистент (преку апликацијата Google) 9 Статус на LED индикатор за слушалки/кутија за полнење 10
5 Ресетирајте ги слушалките 11
6 Технички податоци 11
7 Известување 12
Декларација за сообразност 12 Отстранување на вашиот стар производ и батерија 12 Отстранете ја интегрираната батерија 12 Усогласеност со EMF 13 Информации за животната средина 13 Известување за усогласеност 13
8 Трговски марки 15
9 Најчесто поставувани прашања 16
1 Важни
Општи информации
безбедносни упатства
Безбедност на слухот
Опасност
За да го избегнете оштетувањето на слухот,
ограничете го времето на користење на слушалките со висока јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е пократко времето на безбедно слушање.
Осигурете се дека ги почитувате следните упатства, кога ги користите вашите слушалки.
• Слушајте со разумно ниво на јачина на звук, во текот на разумни временски периоди.
• Внимавајте постојано да не ја зголемувате јачината на звукот, бидејќи вашиот слух се прилагодува на неа.
• Не зголемувајте ја јачината на звукот толку многу да не можете да чуете што се случува околу вас.
• Треба да бидете претпазливи или привремено да прекинете со употребата во потенцијално опасни ситуации.
• Прекумерниот звучен притисок од слушалките може да предизвика губење на слу хот.
• Не се препорачува користењето на слушалките кои ги покриваат двете уши додека возите и може да биде нелегално во некои области.
• Заради ваша безбедност избегнувајте го одвлекувањето на вниманието од страна на музиката или телефонските повици, додека се наоѓате во сообраќај или во некои други потенцијално опасни средини.
2 MK
За да се избегне оштетување или дефект:
Внимание
Не изложувајте ги слушалките на прекумерна
топлина.
Не дозволувајте да ви паднат слушалките.Слушалките не смеат да бидат изложени на
капење или прскање со вода. (Погледнете го IP рејтингот за одреден производ)
Не дозволувајте вашите слушалки да бидат
потопени во вода.
Немојте да ги полните вашите слушалките кога
конекторот или штекерот се влажни.
Не користете било какви средства за чистење што
содржат алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
Доколку е потребно чистење, користете мека
крпа, ако е потребно навлажнета со минимална количина на вода или разреден благ сапун, за чистење на производот.
Интегрираната батерија не смее да биде изложена
на прекумерна топлина, како што е сончева светлина, оган или слични нешта.
Постои опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета. Заменете ја со ист или еквивалентен вид.
За да се постигне одреден IP рејтинг, капакот на
прорезот за полнење мора да биде затворен.
Фрлањето на батеријата во оган или жешка печка,
или механичкото кршење или сечење на батеријата, може да резултира со експлозија.
Оставањето на батеријата во средина со
екстремно висока температура, може да резултира со експлозија или истекување на запаллива течност или гас.
Батеријата којашто е изложена на екстремно
низок воздушен притисок може да резултира со експлозија или истекување на запаллива течност или гас.
Теператури и влажност за работа и складирање
• Чувајте на места каде што температурата е помеѓу -20°C (-4°F) и 50°C (122 °F), со релативна влажност до 90%.
• Нека работи на место каде што температурата е помеѓу 0°C (32°F) и 45°C(113°F), со релативна влажност до 90%.
• Работниот век на батеријата може да се намали во услови на висока или ниска температура.
• Замената на батерија со неправилен вид ризикува сериозно да ги оштети слушалките и батеријата (на пример, во случај на некои видови на литиумски батерии).
2 Вашите
Вистински безжични слушалки
Ви честитаме за купувањето и добредојдовте во Philips! За да имате целосна корист од поддршката што Philips ви ја нуди, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/support. Со овие Philips Вистински безжични слушалки можете:
Да уживате во погодните безжични повици без употреба на рацете
• Да уживате и безжично да ја контролирате музиката
• Да се префрлате помеѓу повиците и музиката
Што има во кутијата
USB-C кабел за полнење (само за полнење)
Водич за брз почеток
Глобална гаранција
Безбедносен леток
Philips Вистински безжични слушалки Philips TAT8506
Comply™ Foam приклучоци за уши x 1 пар
Силиконски капаци за приклучоци за уши х 6 пара
Други уреди
Мобилен телефон или уред (на пр. notebook преносен компјутер, таблет, Bluetooth адаптери, MP3 плеери итн) којшто поддржува Bluetooth и е компатибилен со слушалките.
3 MK
Преглед на вашите Вистински безжични слушалки
Мулти-функционален допир (MFT)
LED индикатор (BT спарување и
фабричко ресетирање)
LED индикатор (слушалки)
Копче за Bluetooth спарување
LED индикатор (состојба на батеријата
или состојба на полнењето)
USB-C процеп за полнење
4 MK
3 Почнете
Забелешка
Совет
Совет
Совет
Наполнете ја батеријата
Пред да ги користите вашите слушалки, ставете ги
во кутијата за полнење и полнете ја батеријата во текот на 2 часа, заради оптимален капацитет и траење на батеријата.
Користете само оригинален USB-C кабел за
полнење, за да избегнете било какви оштетувања.
Завршете го вашиот повик пред полнењето.
Поврзувањето на слушалките за полнење, ќе ги исклучи слушалките.
Кутија за полнење
Ставете го едниот крај на USB-C кабелот во кутијата за полнење, а другиот крај во изворот на напојување.
Кутијата за полнење служи како преносна
резервна батерија за полнење на слушалките. Кога кутијата за полнење е целосно наполнета, таа целосно ќе ги наполни слушалките 3 пати.
Слушалки
Вообичаено за целосно полнење се потребни 2 часа
(за слушалки или кутија за полнење) преку USB кабел.
Безжично полнење
(Безжичниот полнач не е вклучен)
Кутијата за полнење има вграден калем за безжично полнење. Можете да ја наполните батеријата со користењето на безжичниот полнач или некој друг уред што функционира како безжичен полнач.
Внимание
Мерки на претпазливост за безжичното полнење
Не ставајте ја кутијата за полнење на безжичниот
полнач кога некои спроводливи материјали, како што се метални предмети и магнети, се ставени помеѓу кутијата за полнење и безжичниот полнач.
Кутијата за полнење држете ја подалеку од високи
температури и извори на вода. Кутијата може да се загрее за време на полнењето. Тоа е нормално.
Полнење на батеријата со безжичен полнач.
• Ставете ги слушалките во кутијата за полнење
• Затворете го капакот на кутијата за полнење
• Ставете ја кутијата за полнење во центарот на безжичниот полнач
• Кога целосно ќе се наполни, извадете ја кутијата за полнење од безжичниот полнач
Ставете ги слушалките во кутијата за полнење.
Слушалките почнуваат да се полнат и се
пали сината LED сијаличка
• Ког
а слушалките се целосно наполнети,
сината сијаличка ќе се исклучи
За целосно полнење потребни се 4 часа преку
безжичното полнење.
5 MK
Loading...
+ 12 hidden pages