Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/welcome
Page 2
Содржина
1 Важно 3
Помош и поддршка 3
Безбедност 3
Грижа за вашиот производ 4
Грижа за животната средина 4
Изјава за внимателност на
корисници од FCC и IC
(само за САД и Канада) 5
Усогласеност 5
2 Вашиот Саундбар 6
Главна единица 6
Безжичен субвуфер 6
Далечински управувач 6
Конектори 7
Подготвување на далечинскиот
управувач 8
Поставување 8
3 Поврзување 9
Dolby Atmos® 9
Поврзување со HDMI (ARC)
приклучок 9
Поврзување на оптички
приклучок 10
Поврзување на AUX приклучок 10
Поврзување со напојување 10
Спарување со субвуферот 11
Работење со AUX / OPTICAL /
HDMI ARC 14
Работење со USB 15
5 Монтирање на ѕид 15
6 Спецификации
на производот 16
7 Решавање проблеми 17
4 Користење на Саундбар 12
Вклучување и исклучување 12
Автоматска подготвеност 12
Избирање режими 12
Прилагодување на јачината
на звук 12
Избира ефект на еквилајзер (EQ) 12
Прилагодување на нивото на
Бас/Високи тонови 12
Режим Dolby звук 13
Поставување на осветленост на
дисплеј 13
Работење со Bluetooth 13
2
Page 3
1 Важно
Прочитајте ги и разберете ги сите упатства пред
да го користите производот. Доколку штетата
е предизвикана од неправилно следење на
упатствата, гаранцијата нема да важи.
Помош и поддршка
За сеопфатна поддршка на интернет, посетете
www.philips.com/welcome на:
• преземете го корисничкото упатство
и краткото упатство
• гледајте ги видео туторијалите (достапно
само за избрани модели)
• најдете одговори за често поставувани
прашања (ЧПП)
• испратете ни прашање по е-пошта
• разговарајте со наш претставник за
поддршка
Следете ги упатствата на веб-локацијата за да
го изберете јазикот, а потоа внесете го бројот на
модел на вашиот производ
Алтернативно, може да контактирате со Грижа за
корисници во вашата земја Пред да контактирате,
запишете го бројот на модел и серискиот број на
вашиот производ. Овие информации може да
ги најдете на позадината или на долниот дел од
вашиот производ.
Безбедност
Ризик од струен удар или пожар!
• Пред да воспоставите или смените какви
било поврзувања, уверете се дека сите
уреди се исклучени од електричното
напојување.
• Никогаш не изложувајте го производот
и додатоците на дожд или вода Никогаш
не ставајте садови со течност, како што
се вази, во близина на производот. Ако
течности се истурат врз или во производот,
веднаш исклучете го од напојувањето со
електрична струја Контактирајте со Грижа
за корисници да го прегледаат производот
пред употреба.
• Никогаш не ставајте го производот
и додатоците во близина на отворен оган
или други извори на топлина, вклучувајќи и
директна сончева светлина.
• Никогаш не ставајте предмети на отворите
за вентилација или врз другите отвори на
производот.
• Таму каде што електричниот кабел или
приклучок на уредот се користи како уред за
исклучување, уредот за исклучување треба
да остане лесно подготвен за употреба.
• Батериjaта (пакување батерии или
инсталираните батерии) не треба да се
изложуваат на прекумерна топлина како
што е сончева светлина, оган и слично.
• Исклучете го производот од приклучницата
за напојување пред бури со електрични
празнења.
• Кога го исклучувате кабелот за напојување,
секогаш влечете за приклучокот, никогаш
кабелот.
Ризик од краток спој или пожар!
• За идентификација и рангирања на
електрично напојување, погледнете ја
печатената плочка на задниот или долниот
дел на производот.
• Пред да го поврзете производот на
електрично напојување, уверете се дека
напонот на напојувањето се совпаѓа со
вредноста отпечатена на позадината или
долниот дел на производот. Никогаш не
поврзувајте го производот на електрично
напојување ако напонот е различен.
Ризик од повреда или оштетување на
производот!
• За монтирање на ѕид, овој производ мора
да биде безбедно закачен на ѕидот во
согласност со упатствата за инсталирање.
Користете само држачи за монтирање на
ѕид кои одат во пакувањето (ако
е достапно). Неправилно монтирање на
ѕид може да предизвика незгода, повреда
или штета. Доколку имате некое прашање,
контактирајте со Грижа за корисници во
вашата земја
• Никогаш не ставајте го производот или
какви било други предмети врз каблите
за напојување или врз друга електрична
опрема.
• Ако производот се транспортира на
температури под 5°C, отпакувајте го
Македонски
3
Page 4
производот и почекајте додека неговата
температура не ја достигне собната
температура пред да го поврзете во
приклучница за електрично напојување.
• Делови од овој производ може да се
направени од стакло. Ракувајте внимателно
за да се избегне повреда или оштетување.
Ризик од прегревање!
• Никогаш не инсталирајте го овој производ
во ограничен простор. Секогаш оставајте
простор од најмалку четири инчи околу
производот за вентилација. Осигурете дека
завеси или други предмети никогаш нема
да ги покриваат отворите за вентилација на
производот.
Ризик од загадување!
• Не мешајте батерии (стари и нови или
карбонски и алкални и сл.).
•
ВНИМАНИЕ: Опасност од експлозија ако
батериите се неправилно заменети. Заменете
само со ист или со еквивалентен тип.
• Извадете ги батериите ако се истрошени
или ако далечинскиот управувач нема да се
користи долго време.
• Батериите содржат хемиски супстанции, тие
треба правилно да се фрлат
Ризик од проголтување батерии!
• Производот/далечинскиот управувач може
да содржат батерија од тип паричка/копче
која може да се проголта. Секогаш чувајте ја
батеријата подалеку од дофат на деца! Ако
се проголта, батеријата може да предизвика
сериозна повреда или смрт. Може да се
јават сериозни внатрешни изгореници во
рок од два часа по проголтувањето.
• Ако се сомневате дека батерија е проголтана
или е ставена во некој дел од телото, веднаш
побарајте медицинска помош.
• Кога ги менувате батериите, секогаш
чувајте ги сите нови и искористени батерии
подалеку од дофат на деца. Уверете се дека
делот за батерија е целосно обезбеден
откако сте ја смениле батеријата.
• Ако делот за батерија не може да биде
целосно обезбеден, прекинете со употреба
на производот. Чувајте го подалеку од дофат
на деца и контактирајте со производителот
Ова е апарат од Класа II со двојна изолација
и без обезбедено заштитно заземјување.
Грижа за вашиот производ
Користете само крпа од микрофибер за чистење
на производот.
Грижа за животната
средина
Фрлање на вашиот стар производ и батерија
Вашиот производ е дизајниран и изработен
од материјали и компоненти со висок квалитет,
кои може да се рециклираат и повторно да се
користат.
Овој симбол на производот значи дека
производот е опфатен од Европската Директива
2012/19/EU.
Овој симбол значи дека производот содржи
батерии опфатени од Европската Директива
2013/56/EU кои не може да се фрлаат со обичен
отпад од домаќинството. Информирајте се за
локалниот систем за издвоено собирање на
електрични и електронски производи и батерии.
Следете ги локалните правила и никогаш не
фрлајте го производот и батериите со обичниот
отпад од домаќинството. Правилното фрлање на
стари производи и батерии помага да се спречат
негативните последици по животната средина
и човековото здравје.
Вадење на батериите за фрлање
Да ги извадите батериите за фрлање, видете го
делот инсталирање на батерија.
4
Page 5
Изјава за внимателност
на корисници од FCC и IC
(само за САД и Канада)
FCC ИНФОРМАЦИИ
Предупредување:
• Оваа опрема треба да се инсталира и да се
работи со истата на минимално растојание
од 20 см помеѓу ладилникот и вашето тело
• Промените или измените на оваа единица
што не се изрично дозволени од страната
одговорна за усогласеност може да го
поништат овластувањето на корисникот да
работи со опремата.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа опрема е тестирана
и откриено е дека одговара на ограничувањата
за дигитален уред од Класа B, согласно со Дел
15 од FCC правилата. Овие ограничувања се
проектирани да обезбедат разумна заштита
од штетната интерференција во станбена
инсталација. Оваа опрема генерира, користи
и може да емитува радиофреквентна енергија
и, ако не е инсталирана и не се користи во
согласност со упатствата, може да предизвика
штетна интерференција во радиокомуникациите.
Сепак, нема гаранција дека нема да се појави
интерференција во одредена инсталација.
Ако оваа опрема предизвикува штетна
интерференција на радио или телевизискиот
прием, што може да се одреди со вклучување
и исклучување на опремата, корисникот
се охрабрува да се обиде да ја елиминира
интерференцијата со една или повеќе од
следниве мерки:
• Преместување или релоцирање на
антената за прием.
• Зголемување на растојанието помеѓу
опремата и приемникот.
• Поврзување на опремата во
приклучница на струјно коло различно
од она на кое е поврзан приемникот.
• Консултирајте се со продавач или
искусен радио/ТВ техничар за помош.
Овој уред содржи предавател(и)/приемник(ци)
изземени од лиценцирање кои соодветствуваат
на RSS изземени од лиценцирање на
Иновациски, научен и економски развој Канада.
Работењето подлежи на следниве два услови:
1. Овој уред не смее да предизвикува
интерференција.
2. Овој уред мора да прифати секаква
интерференција, вклучувајќи ја
и интерференцијата што може да
предизвика непосакувано работење на
уредот.
Усогласеност
Овој производ е усогласен со барањата за
радиоинтерференција на Европската Заедница.
Со ова, MMD Hong Kong Holding Limited
изјавува дека овој производ е усогласен со
основните барања и други релевантни мерки од
Директивата 2014/53/EU.
Изјавата за усогласеност може да ја најдете на
www.p4c.philips.com.
Македонски
5
Page 6
2 Вашиот
Саундбар
Ви честитаме на купувањето и добре дојдовте во
Philips! За целосна корист од поддршката што ја
нуди Philips, регистрирајте го вашиот Саундбар
на www.philips.com/welcome.
Главна единица
Овој дел вклучува преглед на главната единица.
Сензор на далечински управувач
Екран
Безжичен субвуфер
Овој дел вклучува преглед на безжичниот
субвуфер:
Приклучница за наизменично електрично
напојување
Поврзува со електрично напојување.
Копче PAIR
Притиснете за да влезете во режим на
спарување за субвуферот.
Индикатор на субвуфер
• Кога е вклучено напојувањето,
индикаторот светнува.
• Во текот на безжичното спарување
помеѓу субвуферот и главната единица,
индикаторот брзо трепка портокалово.
• Кога спарувањето успеало, индикаторот
свети портокалово.
• Кога спарувањето не успеало,
индикаторот бавно трепка портокалово.
(Подготвеност-Вклучено)
Го вклучува Саундбарот или го става во
подготвеност.
(Извор)
Избира влезен извор за Саундбарот.
- (јачина на звук)
Ја намалува јачината на звук.
+ (јачина на звук)
Ја зголемува јачината на звук.
6
Далечински управувач
Овој дел вклучува преглед на далечинскиот
управувач.
(Подготвеност-Вклучено)
Го вклучува Саундбарот или го става во
подготвеност.
Извор
Избира влезен извор за Саундбарот.
Page 7
/ (Претходно/Следно)
Прескокнува на претходна или следна
нумера во режим USB/BT.
(Репродукција/Пауза)
Започнува, паузира или продолжува
репродукција во USB/BT режим.
Притиснете и задржете да ја активирате
функцијата на спарување во режим на
Bluetooth или исклучете го постоечкиот
спарен Bluetooth уред.
+/- (јачина на звук)
Ја зголемува или намалува јачината на звук.
Mute (Исклучување звук)
Исклучува звук или ја обновува јачината на
звук.
Dimmer (Потенциометар)
Ја поставува осветленоста на екранот на
Саундбарот.
(Dolby)
ВКЛУЧУВА/ИСК ЛУЧУВА Dolby.
EQ
Избира ефект на еквилајзер (EQ).
Bass
Активира поставување бас.
Treble
Активира поставување високи тонови.
Конектори
Овој дел вклучува преглед на конекторите
достапни на вашиот Саундбар.
AC~
Поврзува со електрично напојување.
OPTICAL
Се поврзува со оптички аудио излез на ТВ
или дигитален уред.
УСБ
• Аудио внес од USB-мемориски уред.
• Надградба на софтвер за овој
производ.
AUX
Аудио внес од, на пример, MP3 репродуктор
(3,5 мм приклучок).
HDMI OUT (ARC)
За поврзување на HDMI влезот на TV.
HDMI 1/ HDMI 2
За поврзување на HDMI влезот на TV.
Шраф за држач за на ѕид
Македонски
7
Page 8
Подготвување на
далечинскиот управувач
• Обезбедениот далечински управувач
овозможува со единицата да се управува
од растојание.
• Дури и ако со далечинскиот управувач се
управува во функционалниот опсег 19,7
стапки (6 м), управувањето со далечинскиот
управувач може да е невозможно доколку
има некакви пречки помеѓу единицата
и далечинскиот управувач.
• Ако со далечинскиот управувач се управува
во близина на други производи кои
создаваат инфрацрвени зраци, или ако
други далечински управувачи кои користат
инфрацрвени зраци се користат во близина
на единицата, може да работи неправилно.
И обратно другите производи може да
работат неправилно.
Прва употреба:
Единицата има
претходно инсталирана
литиумска CR2025
батерија. Отстранете го
заштитното јазиче да ја
активирате батеријата на
далечинскиот управувач.
Замена на батерија на
далечинскиот управувач
• Далечинскиот управувач користи CR2025,
3V литиумска батерија.
Турнете го јазичето од страната на фиоката
1
за батерија кон фиоката.
Сега лизнете ја фиоката за батеријата
2
надвор од далечинскиот управувач.
Извадете ја старата батерија Ставете нова
3
CR2025 батерија во фиоката за батерија со
точен поларитет (+/-) како што е наведено.
Лизнете ја фиоката за батерија назад во
4
отворот на далечинскиот управувач.
Мерки на претпазливост за
батериите
• Кога далечинскиот управувач не се користи
долго време (повеќе од месец), извадете ја
батеријата од далечинскиот управувач за да
спречите истекување.
• Ако батериите истекле, избришете го
истеченото во делот за батерија и заменете
ги батериите со нови.
• Не користете никакви батерии што се
разликуваат од оние што се наведени.
• Не загревајте ги и не расклопувајте ги
батериите.
• Никогаш не фрлајте ги во оган или во вода.
• Не носете ги и не складирајте ги батериите
со други метални предмети. Тоа може
да предизвика краток спој на батериите,
истекување или експлозија.
• Никогаш не полнете батерија освен ако
не е потврдено дека е од тип за повторно
полнење.
Поставување
Поставете го субвуферот најмалку на 1 метар
(3 стапки) оддалечен од вашиот Саундбар
и десет сантиметри оддалечен од ѕидот.
За најдобри резултати, поставете го субвуферот
како што е покажано подолу.
10см/4"
1m/3ft
8
Page 9
3 Поврзување
Овој дел ви помага да го поврзете Саундбарот
со ТВ и други уреди, а потоа да го поставите
За информации за основните поврзувања на
Саундбарот и додатоците, видете го краткото
упатство.
Напомена
• За идентификација и рангирања на електрично
напојување, погледнете ја печатената плочка на
задниот или долниот дел на производот.
• Пред да воспоставите или смените какви било
поврзувања, уверете се дека сите уреди се
исклучени од електричното напојување.
Dolby Atmos®
Напомена
• Целосното Dolby Atmos искуство е достапно само
кога Саундбарот е поврзан со изворот преку HDMI
2.0 кабел.
• Саундбарот исто така ќе функционира кога
е поврзан на други начини (како што е дигитален
оптички кабел) но тие не можат да ги поддржат
сите Dolby карактеристики па затоа, наша
препорака е да се поврзе преку HDMI, за да се
обезбеди целосна Dolby поддршка.
Поврзување со HDMI
(ARC) приклучок
Некои 4K HDR ТВ бараат да бидат поставени
поставките за HDMI влез или слика за прием
на HDR содржина. За дополнителни детали
за поставување HDR екран, погледнете го
прирачникот со упатства за вашиот ТВ.
Македонски
Dolby Atmos ви дава неверојатно искуство какво
не сте слушнале претходно со севкупниот звук
и сето богатство, јасност и сила на звукот Dolby.
За користење на Dolby Atmos®
Dolby Atmos® е достапен само во HDMI режим.
За детали за поврзувањето, погледнете „HDMIповрзување“.
За да користите Dolby Atmos® во HDMI 1 /
1
HDMI 2 / HDMI ARC режим, вашиот ТВ мора
да поддржува Dolby Atmos®.
Уверете се дека е избрано „Без шифрирање“
2
за битов проток на дигиталниот аудио излез
на поврзаниот надворешен уред (пр. Bluray DVD плеер. ТВ и сл.)
Додека влегува во формат Dolby Atmos /
3
Dolby Digital / PCM, саундбарот ќе покажува
DOLBY ATMOS/ DOLBY AUDIO/ PCM AUDIO.
Опција 1: ARC (повратен аудио канал)
Вашиот Саундбар поддржува HDMI со Аудио
повратен канал (ARC). Ако вашиот ТВ поддржува
HDMI ARC, може да го слушнете аудиото на ТВ
преку вашиот Саундбар со користење на еден
HDMI кабел.
HDMI (ARC)
HDMI (ARC)
Со користење на HDMI кабел со висока
1
брзина, поврзете го HDMI OUT (ARC)-TO TV
конекторот на вашиот Саундбар со
конекторот HDMI ARC на ТВ.
• Конекторот HDMI ARC на ТВ може
да биде поинаку означен. За детали,
видете го корисничкото упатство за ТВ.
На вашиот ТВ вклучете ги операциите
2
HDMI-CEC. За детали, видете го
корисничкото упатство за ТВ.
9
Page 10
Напомена
• Вашиот ТВ мора да поддржува HDMI-CEC и функција
ARC. HDMI-CEC и ARC мора да се поставени на
Вклучено.
• Начинот на поставување на HDMI-CEC и ARC може
да се разликува во зависност од ТВ За детали
за функцијата ARC, погледнете го упатството за
сопственикот на ТВ.
• Само компатибилни кабли HDMI 1.4 може да ја
поддржуваат функцијата ARC.
Опција 2: Стандарден HDMI
Ако вашиот ТВ не е HDMI ARC-усогласен,
поврзете го саундбарот на ТВ преку стандардно
HDMI поврзување.
HDMI ARC
Користете HDMI кабел (вклучен) за да
1
го поврзете HDMI OUT приклучокот на
HDMI 1 / HDMI 2
HDMI OUT
HDMI IN
саундбарот со HDMI IN приклучокот на ТВ.
Користете HDMI кабел (вклучен) за да
2
го поврзете приклучокот HDMI IN на
саундбарот (1 или 2) со вашите надворешни
уреди (пр. Конзоли за игри, ДВД и blu ray
плеери).
Поврзување на оптички
приклучок
• Дигиталниот оптички конектор може
да биде означен како SPDIF или SPDIF
OUT.
Поврзување на AUX
приклучок
• Користете 3,5 мм со 3,5 мм аудио кабел
(вклучен) за да го поврзете приклучокот
за слушалки на ТВ на приклучокот AUX на
единицата.
AUX
Headphone
AUX
AUDIO OUT
• Користете RCA со 3,5 мм аудио кабел (не
е вклучен) за да ги поврзете приклучоците
за аудио излез на ТВ со приклучокот AUX
на единицата.
OPTICAL
OPTICAL OUT
Со користење на оптички кабел, поврзете
1
го конекторот OPTICAL на вашиот Саундбар
со конекторот OPTICAL OUT на ТВ или друг
уред.
10
Поврзување со напојување
• Пред поврзувањето на електричниот
кабел за наизменично напојување,
уверете се дека сте ги завршиле сите други
поврзувања.
• Ризик од оштетување на производот!
Уверете се дека напонот за електрично
напојување одговара на напонот отпечатен
на задната и долната страна на единицата.
Page 11
• Поврзете го електричниот кабел во
приклучницата за наизменична струја на
единицата, па потоа во приклучницата за
електрично напојување
• Поврзете го електричниот кабел во
приклучницата за наизменична струја на
субвуферот, па потоа во приклучницата за
електрично напојување.
* Должината на електричниот кабел и типот
на приклучок се разликуваат според
регионите.
Спарување со субвуферот
Автоматско спарување
Вклучете ги Саундбарот и субвуферот во
приклучниците за електрично напојување
и потоа притиснете на единицата или на
далечинскиот управувач да ја поставите
единицата во режим ВКЛУЧЕНО.
Субвуферот и Саундбарот автоматски ќе се
спарат.
• Кога субвуферот се спарува со Саундбарот,
индикаторот за спарување на субвуферот
брзо ќе светка.
• Кога субвуферот е спарен со Саундбарот,
индикаторот за спарување на субвуферот
ќе свети постојано.
• Не притискајте Спарување на задниот дел
на субвуферот, освен за рачно спарување.
Рачно спарување
Ако не може да се слуша аудио од безжичниот
субвуфер, рачно спарете го субвуферот.
Повторно исклучете ги двете единици од
1
приклучниците за електрично напојување,
па повторно вклучете ги по 3 минути.
Притиснете го и задржете го копчето PAIR
2
на задната страна на субвуферот неколку
секкунди.
Индикаторот за спарување на
субвуферот брзо ќе трепка.
Потоа притиснете на единицата или на
3
далечинскиот управувач за да ја ВКЛУЧИТЕ
единицата.
Индикаторот за спарување на
субвуферот ќе свети постојано кога е
успешно.
Ако индикаторот за спарување се уште
4
трепка, повторете ги чекорите 1-3.
Совет
• Субвуферот не треба да биде подалеку од 6 м од
Саундбарот во отворено подрачје (колку поблиску,
толку подобро).
• Отстранете какви било предмети помеѓу
субвуферот и Саундбарот.
• Ако безжичното поврзување повторно не
успее, проверете дали постои конфликт или
силна интерференција (пр. интерференција од
електронски уред) околу локацијата. Отстранете ги
овие конфликти или силните интерференции
и повторете ги горенаведените постапки.
• Ако главната единица не е поврзана со субвуферот
и е во режим ВКЛУЧЕНО, на екранот ќе се појави
зборот "CHECK SUBWOOFER“ (ПРОВЕРИ СУБВУФЕР)
и индикаторот за спарување на субвуферот полека
ќе трепка.
Македонски
11
Page 12
4 Користење на
Саундбар
Овој дел ви помага да го користите Саундбарот
да репродуцирате аудио од поврзани уреди.
Пред да започнете
• Направете ги неопходните поврзувања
опишани во краткото упатство и во
корисничкото упатство.
• Префрлете го Саундбарот на точниот извор
за други уреди.
Вклучување и исклучување
• Кога за прв пат ќе ја поврзете единицата
во приклучницата за електрично
напојување, единицата ќе биде во режим
на ПОДГОТВЕНОСТ. Индикаторот за
ПОДГОТВЕНОСТ ќе светне црвено.
• Притиснете го копчето на далечинскиот
управувач да ја ВКЛУЧИТЕ или ИСКЛУЧИТЕ
главната единица.
• Извадете го електричниот приклучок од
приклучницата за електрично напојување
ако сакате целосно да ја исклучите
единицата.
• Ако ТВ или надворешен уред (само за
приклучок AUX) е поврзан, единицата
ќе се вклучи автоматски кога ТВ или
надворешниот уред е вклучен.
Избирање режими
Притиснете го копчето наколку пати
1
на единицата или притиснете го копчето
Source на далечинскиот управувач да
изберете Aux, Optical, HDMI ARC, HDMI1,
HDMI 2, BT, УСБ режим.
Избраниот режим ќе се прикаже на
екранот.
Прилагодување на
јачината на звук
Притиснете Vol+/Vol- (Јачина на звук) да го
1
зголемите или намалите нивото на јачина
на звук.
• За да исклучите звук, притиснете Mute
(Исклучување звук).
• За повторно да го вклучите
звукот, повторно притиснете Mute
(Исклучување звук) или притиснете
Vol+/Vol- (Јачина на звук).
Избира ефект на
еквилајзер (EQ)
Избирање предодредени режими на звук што
ви одговараат за видео или музика.
Притиснете го копчето EQ на далечинскиот
1
управувач да ги изберете вашите
посакувани предодредени ефекти на
еквилајзер: Филм/Музика/Вести:
• Филм - за гледање филмови
• Музика - за слушање музика
• Вести - за слушање вести
Автоматска подготвеност
Единицата автоматски преминува во режим на
подготвеност по околу 15 минути ако ТВ или
надворешната единица се исклучени, изгаснати.
• За целосно да ја исклучите единицата
потполно извадете го електричниот
приклучок од приклучницата за електрично
напојување.
• Исклучете ја целосно единицата за да
заштедите енергија кога не се користи.
12
Прилагодување на нивото
на Бас/Високи тонови
Прилагодување на нивото на Бас
Притиснете го копчето Bass (Бас) на
1
далечинскиот управувач да ги активирате
поставките за ниво на бас.
На екранот ќе се прикаже BASS.
Неколку пати притиснете го копчето Vol+/
2
Vol- да го прилагодите нивото на бас.
bass + 5 / bass - 5.
Page 13
Прилагодување на нивото на Високи тонови
Притиснете го копчето Treble (Високи тонови)
1
на далечинскиот управувач да ги активирате
поставките за ниво на високи тонови.
На екранот ќе се прикаже TREB.
Неколку пати притиснете го копчето Vol+/
2
Vol- да го прилагодите нивото на високи
тонови.
treble + 5 / treble - 5.
Прилагодување на Централниот звук
Притиснете го и задржете го копчето Treble
1
(Високи тонови) на далечинскиот управувач
да ги активирате поставките за ниво на
централен звук.
Доживејте сеопфатно аудио искуство со
режимите Dolby звук.
Притиснете го копчето на далечинскиот
1
управувач да го вклучите или исклучите
режимот Dolby.
• Вклучено: Создава Dolby искуство при
слушање.
• Исклучено: двоканален стерео звук.
Идеално за слушање музика.
Во состојба на не-HDMl1, HDMl2, ARC, притиснете
го ова копче екранот на единицата ќе се
смени да прикаже "NOT SUPPORTED IN THIS
SOURCE“ (НЕ Е ПОДДРЖАНО ВО ОВОЈ ИЗВОР).
Работење со Bluetooth
Преку Bluetooth, поврзете го Саундбарот со
Bluetooth уред (како iPad, iPhone, iPod touch,
Android телефон или лаптоп), а потоа може да
слушате аудио датотеки складирани на уредот
преку вашите Саундбар звучници
Што ви е потребно
• Bluetooth уред кој поддржува Bluetooth
профил A2DP AVRCP и со верзија на
Bluetooth 4.2 + EDR.
• Максималниот оперативен опсег помеѓу
Саундбарот и Bluetooth уредот е приближно
10 метри (30 стапки).
Неколку пати притиснете го копчето
1
на единицата или притиснете го копчето
Source на далечинскиот управувач за да го
префрлите Саундбарот во режим Bluetooth.
На екранот се прикажува NO BT.
На Bluetooth уредот, префрлете на Bluetooth,
2
пребарајте за и изберете PHILIPS TAPB603
за да започне поврзувањето (видете го
корисничкото упатство за Bluetooth уред за
тоа како да овозможите Bluetooth).
Почекајте додека не слушнете гласовно
3
известување од Саундбарот.
Ако е успешно поврзан, на екранот се
прикажува ВТ.
Изберете и репродуцирајте аудио датотеки
4
или музика на вашиот Bluetooth уред.
• Доколку во текот на репродукцијата
добиете повик, музиката ќе се паузира.
Репродукцијата продолжува кога
повикот ќе заврши.
• Ако вашиот Bluetooth уред поддржува
AVRCP профил, на далечинскиот
управувач може да притиснете
/ да прескокнете нумера, или
притиснете /Pair (спари) да
паузирате/продолжите репродукција.
Македонски
Поставување на
осветленост на дисплеј
Може да притиснете неколку пати Dimmer
(потенциометар) да изберете различно ниво на
осветленост на екранот на овој производ.
Да излезете од Bluetooth, изберете друг
5
извор.
• Кога повторно ќе префрлите на режим
на Bluetooth, поврзувањето преку
Bluetooth останува активно.
13
Page 14
Напомена
• Пренесувањето музика може да биде прекинато
од пречки помеѓу уредот и Саундбарот како што
се ѕид, метално куќиште кое го покрива уредот или
од други уреди во близина кои работат на иста
фреквенција.
• Ако сакате да го поврзете Саундбарот со друг
Bluetooth уред, притиснете и задржете /PAIR на
далечинскиот управувач да го исклучите Bluetooth
уредот кој е поврзан во моментот.
Работење со AUX /
OPTICAL / HDMI ARC
Уверете се дека единицата е поврзана со ТВ или
аудио уред.
Неколку пати притиснете го копчето
1
на единицата или притиснете го копчето
Source на далечинскиот управувач да
изберете AUX, OPTICAL, HDMI ARC,
HDMI 1, HDMI 2 режим.
Директно работете со вашиот аудио уред за
2
карактеристиките на репродукција.
Притиснете ги копчињата VOL +/- за да
3
ја прилагодите јачината на звук на вашето
посакувано ниво.
Совет
• Додека е во режим OPTICAL/HDMI ARC, ако нема
излегување на звук од единицата и индикаторот за
статус трепка, можеби ќе треба да активирате PCM
или Dolby Digital Signal излез на вашиот изворен
уред (пр. ТВ, DVD или Blu-ray плеер).
• Единицата може да не биде во можноост да
ги декодира сите дигитални аудио формати од
влезниот извор. Во овој случај, единицата ќе биде
со исклучен звук. Ова НЕ е дефект. Уверете се дека
поставувањето аудио од влезниот извор (пр. ТВ,
конзола за игри, ДВД репродуктор и сл..)
е поставено на PCM или Dolby Digital (Погледнете
го корисничкото упатсво за влезниот извор за
детали за поставување аудио) со HDMI 1 / HDMI 2
/ HDMI ARC/ оптички влез.
• Во HDMI режим, кога ќе се внесе аудио формат
DOLBY ATMOS, на екранот на саундбарот се
покажува DOLBY ATMOS.
• Кога ќе се внесе аудио формат DOLBY DIGITAL, на
екранот на саундбарот се покажува DOLBY AUDIO.
• Кога ќе се внесе аудио формат PCM, на екранот на
саундбарот се покажува PCM AUDIO.
• Кога влегувате во не-PCM или DOLBY DIGITAL
аудио формати, ако нема излегување на звук од
единицата и екранот покажува NO SUPPORT.
14
Page 15
Работење со USB
5 Монтирање на
Уживајте во аудио на USB-мемориски уред, како
што се MP3 репродуктор и USB-флеш меморија,
и сл.
Ставете го USB уредот.
1
Неколку пати притиснете го копчето
2
на единицата или притиснете го копчето
Source на далечинскиот управувач за да
изберете USB режим.
Во тек на репродукција:
3
КопчеДејство
Започни, паузирај или продолжи
репродукција.
/ Прескокни на претходна или следна
нумера.
Совет
• Единицата може да поддржи USB уреди до 32 GB
меморија.
• Оваа единица може да репродуцира MP3 / WAV /
WMA.
• Поддржува USB порта: 5 V , 500 mA.
ѕид
Напомена
• Неправилно монтирање на ѕид може да
предизвика незгода, повреда или штета. Доколку
имате некое прашање, контактирајте со Грижа за
корисници во вашата земја.
• Пред да монтирате на ѕид, уверете се дека ѕидот
може да ја издржи тежината на Саундбарот.
• Пред да монтирате на ѕид, не треба да ги
отстраните четирите гумени ноџиња на долниот
дел од Саундбарот, бидејќи во спротивно гумените
ноџиња нема да може да се вратат.
Должина/дијаметар на шрафови
Во зависност од типот на монтирање на ѕид на
Саундбарот, уверете се дека користите шрафови
со одговарачка должина и дијаметар.
3,5-4 мм
4 мм
> 25 мм
Македонски
Видете ја сликата во краткото упатство за тоа
како да го монтирате на ѕид Саундбарот.
1) Избушете две дупки на ѕидот.
2) Зацврстете ги диплите и шрафовите во
дупките.
3) Закачете го Саундбарот на шрафовите за
прицврстување.
15
Page 16
6
Спецификации
на производот
Напомена
• Спецификациите и дизајнот се предмет на промена
без известување.
• Спецификациите и дизајнот се предмет на промена
без известување.
За гаранцијата да биде важечка, никогаш не
обидувајте се да го поправате производот самите.
Ако имате проблеми со користење на овој
производ, проверете ги следниве ставки пред да
побарате сервис.
Ако сѐ уште имате проблем, добијте поддршка
на www.philips.com/welcome.
• Ако користите Bluetooth, уверете се дека
јачината на звук на вашиот изворен уред
е вклучена и дека уредот не е со исклучен
звук.
Македонски
Далечинскиот управувач не
работи
• Пред да притиснете кое било контролно
копче за репродукција, прво изберете го
точниот извор.
• Намалете го растојанието помеѓу
далечинскиот управувач и единицата.
• Ставете ја батеријата со нејзините краеви
(+/-) порамнети како што е прикажано.
• Заменете ја батеријата.
• Насочете го далечинскиот управувач
директно кон сензорот на предниот дел на
уредот.
Нема напојување
• Уверете се дека електричниот кабел е
правилно поврзан.
• Уверете се дека има електрична енергија во
приклучницата за електрично напојување.
• Притиснете го копчето за подготвеност на
далечинскиот управувач или на Саундбарот
за да го вклучите Саундбарот.
Нема звук
• Зголемете ја јачината на звук. Притиснете
Volume Up на далечинскиот управувач или
на Саундбарот.
• Притиснете MUTE (ИСКЛУЧИ ЗВУК) на
далечинскиот управувач за да се уверите
дека Саундбарот не е со исклучен звук.
• Притиснете ги копчињата за извор за да
изберете различен влезен извор.
• Кога користите некој дигитален влез, ако
нема аудио:
- Обидете се да го поставите ТВ излезот
на PCM или.
- Поврзете директно на вашиот Blu-ray/
друг извор, некои ТВ не поминуваат низ
дигитално аудио.
• Вашиот ТВ може да е поставен на
варијабилен аудио излез. Потврдете дека
поставката за аудио излез е поставена
на FIXED или STANDARD, не на VARIABLE.
За подетални информации погледнете го
корисничкото упатство за ТВ.
Не можам да го најдам Bluetooth
името на оваа единица на мојот
Bluetooth уред
• Уверете се дека функцијата Bluetooth
е активирана на вашиот Bluetooth уред.
• Повторно спарете ја единицата со вашиот
Bluetooth уред.
Ова е функција за исклучување
на напојување по 15 мин., едно
од барањата на стандардот ERPII
за штедење енергија
• Кога нивото на надворешен влезен сигнал
на единицата е многу слабо, единицата
автоматски ќе се исклучи за 15 минути.
Зголемете го нивото на јачина на звук на
вашиот надворешен уред.
Субвуферот е во мирување или
индикаторот на субвуферот не
свети
• Исклучете го електричниот кабел од
приклучницата за електрично напојување
и повторно вклучете го по 3 минути да го
рестартирате субвуферот.
17
Page 18
Логотипот Bluetooth® и логоата се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc.
Термините HDMI, HDMI High-Denition Multimedia Interface, и логото HDMI се заштитни знаци или
регистрирани заштитни знаци на HDMI Licensing Administrator, Inc.
Произведено под лиценца од Dolby Laboratories. Dolby, Dolby Audio и двојниот-D симбол се заштитни
знаци на Dolby Laboratories.
Спецификациите се предмет на промена без известување.
Philips и Philips Shield Emblem се регистрирани трговски марки на Koninklijke
Philips N.V. и се користат под лиценца. Овој производ е изработен од и се
продава под одговорност на MMD Hong Kong Holding Limited. или една од
неговите подружници и MMD Hong Kong Holding Limited. е гарант во врска со
овој производ.
Loading...
+ hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.