Philips TAB7305/10 user manual [mk]

Page 1
Саундбар звучник
Серија 7000
TAB7305
Корисничко
упатство
Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на:
www.philips.com/support
Page 2
Содржина
1 Важно 2
Помош и поддршка 2 Важни безбедносни упатства 2 Грижа за вашиот производ 4 Грижа за животната средина 4 Усогласеност 4 Што има во кутијата 5
2 Вашиот Саундбар 6
Главна единица 6 Безжичен субвуфер 6 Конектори 7 Далечински управувач 7 Подготвување на далечинскиот управувач 8
3 Поврзување 9
Поставување 9 Поврзување аудио од ТВ и други уреди 10
4 Користење на Саундбар 12
Вклучување и исклучување 12 Автоматска подготвеност 12 Избирање режими 12 Избирање ефект на еквилајзер (EQ) 12 Прилагодување на јачината на звук 13 Работење со Bluetooth 13 Работење со USB 14 Ресетирање на фабрички поставки 14
5 Монтирање на ѕид 14
6 Спецификации на производот 15
7 Решавање проблеми 16
МК 1
Page 3

1 Важно

Прочитајте ги и разберете ги сите упатства пред да го користите производот. Доколку штетата е предизвикана од неправилно следење на упатствата, гаранцијата нема да важи.

Помош и поддршка

За сеопфатна поддршка на интернет, посетете www.philips.com/support на:
преземете го корисничкото упатство и краткото упатство
гледајте ги видео туторијалите (достапно само за избрани модели)
најдете одговори за често поставувани прашања (ЧПП)
испратете ни прашање по е-пошта
разговарајте со наш претставник за поддршка.
Следете ги упатствата на веб-локацијата за да го изберете јазикот, а потоа внесете го бројот на модел на вашиот производ.
Алтернативно, може да контактирате со Грижа за корисници во вашата земја. Пред да контактирате, запишете го бројот на модел и серискиот број на вашиот производ. Овие информации може да ги најдете на позадината или на долниот дел од вашиот производ.

Важни безбедносни упатства

Прочитајте ги овие упатства.
Зачувајте ги овие упатства.
Придржувајте се на сите предупредувања.
Следете ги сите упатства.
Не употребувајте го апаратот во близина на вода.
Чистете го само со сува крпа.
Не блокирајте ниеден од отворите за вентилација. Инсталирајте во согласност со упатствата на производителот.
Не инсталирајте во близина на никакви извори на топлина како радијатори, греалки, печки или други апарати
(вклучувајќи и засилувачи) што создаваат топлина.
Не нарушувајте ја безбедносната улога на приклучокот што е поларизиран или e тип на приклучок со заземјување. Поларизираниот приклучок има две иглички од кои едната е поширока од другата. Тип на приклучок со заземјување има две иглички и трета игличка за заземјување. Широката игличка или третата игличка се обезбедени за ваша безбедност. Ако обезбедениот приклучок не влегува во вашата приклучница, консултирајте се со електричар за замена на застарената приклучница.
Заштитете го електричниот кабел од нагазување или продупчување, особено кај приклучоците, дополнителните приклучни места на приклучница и местото каде што истиот излегува од апаратот.
Користете само додатоци/прибор наведени од производителот
Користете само со количка, потпирач, троножец, алка или маса наведени од производителот или што се продаваат со апаратот. Кога се користи количка, внимавајте кога ја придвижувате комбинацијата количка/апарат да избегнете повреда од превртување.
Исклучете го апаратот при грмотевици или кога не се користи долг временски период.
За секакво сервисирање ангажирајте квалификуван сервисен персонал. Сервисирање е потребно кога апаратот е оштетен на било кој начин, кога електричниот кабел или приклучокот се оштетени, истурена е течност или предмети паднале во апаратот, апаратот бил изложен на дожд или влага, не работи нормално или паднал.
ВНИМАНИЕ при користење батерии -за да спречите истекување на батериите што може да доведе до телесна повреда, штета на имот или штета на единицата:
• Инсталирајте ги сите батерии правилно, + и - како што е означено на единицата.
• Не мешајте батерии (стари и нови или карбонски и алкални и сл.).
.
МК2
Page 4
• Извадете ги батериите кога единицата не се користи долго време.
• Батериите не треба да се изложуваат на претерана топлина како сончева светлина, оган или сл.
• Перхлоратен материјал - може да биде потребно посебно ракување. Видете www.dtsc.ca.gov/hazardouswaste/ perchlorate.
Производот/далечинскиот управувач може да содржат батерија од тип паричка/ копче, која може да се проголта. Секогаш чувајте ја батеријата подалеку од дофат на деца! Ако се проголта, батеријата може да предизвика сериозна повреда или смрт. Може да се јават сериозни внатрешни изгореници во рок од два часа по проголтувањето.
Ако се сомневате дека батерија е проголтана или е ставена во некој дел од телото, веднаш побарајте медицинска помош.
Кога ги менувате батериите, секогаш чувајте ги сите нови и искористени батерии подалеку од дофат на деца. Уверете се дека делот за батерија е целосно обезбеден откако сте ја смениле батеријата.
Ако делот за батерија не може да биде целосно обезбеден, прекинете со употреба на производот. Чувајте го подалеку од дофат на деца и контактирајте со производителот.
Апаратот не треба да биде изложен на капење или прскање.
Не ставајте никакви извори на опасност на апаратот (на пример, предмети наполнети со течност, запалени свеќи).
Овој апарат може да содржи олово и жива. Фрлете според локалните, државните или федералните закони. За информации за фрлање или рециклирање, ве молиме контактирајте со вашите локални власти. За дополнителна помош за опциите за рециклирање, ве молиме контактирајте www.mygreenelectronics.com или www. eiae.org или www.recycle.philips.com.
Таму каде што електричниот кабел или приклучок на апаратот се користи како уред за исклучување, уредот за исклучување треба да остане лесно пристапен и употреблив.
Не ставајте го апаратот врз мебел кој може да се преврти со потпирање на дете или возрасен, влечење, стоење или качување на него. Апарат што паѓа може да предизвика сериозни повреди или дури и смрт.
Овој апарат не треба да се става во вградена инсталација како што е полица за книги или рамка освен ако не се обезбеди соодветна вентилација. Уверете се дека сте оставиле простор од 7,8 инчи (20 см) или повеќе околу апаратот.
Симбол за опрема од Класа II
Овој симбол укажува дека единицата има систем на двојна изолација.
Знајте ги овие безбедносни симболи
Оваа „молња“ укажува дека неизолиран материјал во рамките на единицата може да предизвика струен удар. За безбедност на сите
во домот, не вадете го капакот на производот.
„Извичникот“ повикува на внимание за карактеристики за кои треба да ја прочитате непосредно
приложената литература за да спречите проблеми со работењето и одржувањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од пожар или струен удар, овој апарат не треба да се изложува на дожд или влага и предмети исполнети со течности како што се вази не треба да се ставаат на овој апарат.
ВНИМАНИЕ: За да се спречи струен удар соодветно ставете ја широката игличка на приклучокот во широкиот отвор со ставање до крај.
МК 3
Page 5

Грижа за вашиот производ

Усогласеност

Користете само крпа од микрофибер за чистење на производот.

Грижа за животната средина

Фрлање на вашиот стар производ и батерија
Вашиот производ е дизајниран и изработен од материјали и компоненти со висок квалитет, кои може да се рециклираат и повторно да се користат.
Овој симбол на производот значи дека производот е опфатен од Европската Директива 2012/19/EU.
Овој симбол значи дека производот содржи батерии опфатени од Европската Директива 2013/56/EU кои не може да се фрлаат со обичен отпад од домаќинството.
Информирајте се за локалниот систем за издвоено собирање на електрични и електронски производи и батерии. Следете ги локалните правила и никогаш не фрлајте го производот и батериите со обичниот отпад од домаќинството. Правилното фрлање на стари производи и батерии помага да се спречат негативните последици по животната средина и човековото здравје.
Вадење на батериите за фрлање
Да ги извадите батериите за фрлање, видете го делот инсталирање на батерија.
Овој производ е усогласен со барањата за радиоинтерференција на Европската Заедница.
Со ова, TP Vision Europe B.V. изјавува дека овој производ е во согласност со основните барања и другите релевантни одредби содржани во Директивата 2014/53/ЕУ. Изјавата за усогласеност може да ја најдете на www.p4c.philips.com.
МК4
Page 6

Што има во кутијата

Проверете ги и одредете ги предметите во вашето пакување:
• Саундбар x1
• Безжичен субвуфер x1
• Далечински управувач x1
• Кабел за напојување (за субвуфер)* x2
• Кабел за напојување (за саундбар)* x2
• Комплет за монтирање на ѕид x1
(Држачи за монтирање на ѕид x2, Шрафови x2, Дипли x2)
• Кратко упатство/Меѓународна гаранција/ Безбедносен лист x 1
Саундбар
Безжичен субвуфер Далечински
Шрафови/
Гумена облога
на ѕид
управувач
Кабел за
напојување 2X
Кабел за
напојување 2X
Безбедносен листКратко упатствоМеѓународна гаранцијаДржач за
* Должината на електричниот кабел и типот на
приклучок се разликуваат според регионите.
МК 5
Page 7
2 Вашиот

Безжичен субвуфер

Саундбар
Ви честитаме на купувањето и добредојдовте во Philips! За целосна корист од поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот Саундбар на www.philips.com/welcome.

Главна единица

Овој дел вклучува преглед на главната единица.
4
POWER
Го вклучува или го исклучува Саундбарот.
SOURCE
Избира влезен извор за Саундбарот.
VOL +/-
Зголемува/намалува јачина на звук.
ЛЕД индикатори
Овој дел вклучува преглед на безжичниот субвуфер.
Приклучница за~ наизменично
електрично напојување
Поврзува со електрично напојување
Копче Спари
Притиснете за да влезете во режим на спарување за субвуферот.
Индикатор на субвуфер
• Кога е вклучено напојувањето, индикаторот светнува.
• Во текот на безжичното спарување помеѓу субвуферот и главната единица, ЛЕД индикаторот бавно трепка килибарно.
• Кога спарувањето ќе успее, индикаторот постојано свети.
• Кога спарувањето нема да успее, индикаторот брзо трепка килибарно.
• Кога главната единица се исклучува или влегува во режим на подготвеност, ЛЕД индикаторот се исклучува.
.
МК6
Page 8

Конектори

Далечински управувач

Овој дел вклучува преглед на конекторите достапни на вашиот Саундбар и Субвуфер.
USB OPTICAL IN
(ARC)
AC IN
AUX IN
HDMI OUT
USB
Аудио внес од УСБ-мемориски уред.
HDMI OUT (ARC)
За поврзување на HDMI влезот на TV.
OPTICAL
Поврзува со оптички аудио излез на ТВ или дигитален уред.
AUX
Аудио влез од надворешен уред како што е телевизор, MP3 репродуктор, мобилен телефон, таблет и сл.
Приклучница за~ наизменично
електрично напојување
Поврзува со електрично напојување.
Овој дел вклучува преглед на далечинскиот управувач.
1 2
4
5
7
8
9
10
AUX BT
USB
Pair
EQ
HDMI
3
ARC
OPTICAL
6
11 12
МК 7
Page 9
(НАПОЈУВАЊЕ)
Го вклучува или го исклучува Саундбарот.
(ИСКЛУЧУВАЊЕ ЗВУК)
Исклучува звук или ја обновува јачината на звук.
HDMI ARC
Го префрла вашиот извор на HDMI ARC поврзување.
AUX
Го префрла вашиот аудио извор на AUX поврзување (3,5 мм приклучок).
Pair/BT
Префрла на режим на Bluetooth. Притиснете и задржете да ја активирате функцијата на спарување во режим на Bluetooth или исклучете го постоечкиот спарен Bluetooth уред.
OPTICAL
Го префрла вашиот аудио извор на оптичко поврзување.
USB
Префрла на УСБ режим.
EQ
Избира ефект на еквилајзер (EQ).
(РЕПРОДУКЦИЈА/ПАУЗА)
Започнува, паузира или продолжува со репродукција во BT/USB режим.
(ПРЕТХОДНО/СЛЕДНО)
Прескокнува на претходна или следна нумера во BT/USB режим.
VOL +/- (јачина на звук на саундбарот)
Ја зголемува или намалува јачината на звук.
+/- (јачина на звук на субвуфер)
Ја зголемува или намалува јачината на звук на субвуферот.

Подготвување на далечинскиот управувач

• Обезбедениот далечински управувач овозможува со единицата да се управува од растојание.
• Дури и ако со далечинскиот управувач се управува во функционалниот опсег 19,7 стапки (6 м), управувањето со далечинскиот управувач може да е невозможно доколку има некакви пречки помеѓу единицата и далечинскиот управувач.
• Ако со далечинскиот управувач се управува во близина на други производи кои создаваат инфрацрвени зраци, или ако други далечински управувачи кои користат инфрацрвени зраци се користат во близина на единицата, таа може да работи неправилно. И обратно другите производи може да работат неправилно.
Прва употреба:
Единицата има претходно инсталирана литиумска батерија.
Отстранете го заштитното јазиче да ја активирате батеријата на далечинскиот управувач.
Замена на батерија на далечинскиот управувач
За далечинскиот управувач е потребна CR2025 литиумска батерија од 3 V.
Користете алати (како што се батерии
1
парички/парички) да го фатите жлебот на капакот на куќиштето за батерија и завртете го налево за да (отклучи).
МК8
Page 10
Извадете ја старата батерија, која е
2
сместена во капакот, ставете ја новата Cr2025 батерија и внимавајте на точниот поларитет (+/-).
Користете ги алатите да го фатите жлебот
3
на капакот на делот за батерија и завртете го надесно за да (заклучи), зацврстете го на далечинскиот управувач.
21
3

3 Поврзување

Овој дел ви помага да го поврзете Саундбарот со ТВ и други уреди.
За информации за основните поврзувања на вашиот Саундбар и приборот, видете го краткото упатство.
Напомена
• За идентификација и рангирања на електрично напојување, погледнете ја печатената плочка на задниот или долниот дел на производот
• Пред да воспоставите или смените какви било поврзувања, уверете се дека сите уреди се исклучени од електричното напојување
.
.
Мерки на претпазливост за батеријата
• Кога далечинскиот управувач не се користи долго време (повеќе од месец), извадете ја батеријата од далечинскиот управувач за да спречите истекување.
• Ако батериите истекле, избришете го истеченото во делот за батерија и заменете ги батериите со нови.
• Не користете никакви батерии што се разликуваат од оние што се наведени.
• Не загревајте ги и не расклопувајте ги батериите.
• Никогаш не фрлајте ги во оган или во вода.
• Не носете ги и не складирајте ги батериите со други метални предмети. Тоа може да предизвика краток спој на батериите, истекување или експлозија.
• Никогаш не полнете батерија освен ако не е потврдено дека е од тип за повторно полнење.

Поставување

Поставете го субвуферот најмалку на 1 метар (3 стапки) оддалечен од вашиот Саундбар и десет сантиметри оддалечен од ѕидот.
За најдобри резултати, поставете го субвуферот како што е покажано подолу.
10 см/4"
/
1 м
3 стапки
МК 9
Page 11

Поврзување аудио од ТВ и други уреди

Поврзување со HDMI (ARC) приклучок
Некои 4K HDR ТВ бараат да бидат поставени поставките за HDMI влез или слика за прием на HDR содржина. За дополнителни детали за поставување HDR екран, погледнете го прирачникот со упатства за вашиот ТВ.
Вашиот Саундбар поддржува HDMI со Аудио повратен канал (ARC). Ако вашиот ТВ поддржува HDMI ARC, може да го слушнете аудиото на ТВ преку вашиот Саундбар со користење на еден HDMI кабел.
AUX IN
HDMI OUT
USB OPTICAL IN
AC IN
(ARC)
HDMI OUT(ARC)
HDMI(ARC)
Со користење на HDMI кабел со висока
1
брзина (не е вклучен), поврзете го HDMI OUT (ARC) конекторот на вашиот Саундбар
со конекторот HDMI ARC на ТВ. Конекторот HDMI ARC на телевизорот може да биде означен поинаку. За детали, видете го корисничкото упатство за ТВ.
На вашиот ТВ вклучете ги операциите
2
HDMI-CEC. За детали, видете го корисничкото упатство за ТВ.
Напомена
. Вашиот ТВ мора да поддржува HDMI-CEC и
1
функција ARC. HDMI-CEC и ARC мора да се поставени на Вклучено
. Начините на поставување на HDMI-CEC и ARC
2
може да се разликуваат во зависност од ТВ. За детали за функцијата ARC, погледнете го корисничкото упатство за телевизорот
. Само компатибилни кабли HDMI 1.
3
поддржуваат функцијата ARC
.
.
4 може да ја
.
Поврзување на оптички приклучок
AUX IN
HDMI OUT
USB OPTICAL IN
AC IN
(ARC)
Со користење на оптички кабел (не е вклучен), поврзете го конекторот OPTICAL на вашиот Саундбар со конекторот OPTICAL OUT на телевизорот или на друг уред.
• Дигиталниот оптички конектор може да
биде означен како SPDIF или SPDIF OUT.
Поврзување на AUX приклучок
• Користете 3,5 мм со 3,5 мм аудио кабел (не е вклучен) за да го поврзете приклучокот за слушалки на ТВ на приклучокот AUX на единицата.
AUX IN
HDMI OUT
USB OPTICAL IN
AC IN
(ARC)
AUX
• Користете RCA со 3,5 мм аудио кабел (не е вклучен) за да ги поврзете приклучоците за аудио излез на ТВ со приклучокот AUX на единицата.
AUX IN
HDMI OUT
USB OPTICAL IN
AC IN
(ARC)
МК10
Page 12
• Користете 3,5 мм со 3,5 мм аудио кабел (не е вклучен) да поврзете надворешни уреди како што се MP3 репродуктор, мобилен телефон или таблет и сл.
AUX IN
HDMI OUT
USB OPTICAL IN
AC IN
(ARC)
AUX
Поврзување со напојување
• Пред поврзувањето на електричниот кабел за наизменично напојување, уверете се дека сте ги завршиле сите други поврзувања.
• Ризик од оштетување на производот! Уверете се дека напонот за електрично напојување одговара на напонот отпечатен на задната и долната страна на единицата.
• Поврзете го електричниот кабел во приклучницата за~ наизменична струја на единицата, па потоа во приклучницата за електрично напојување.
• Поврзете го кабелот за електрична енергија во приклучницата за~ наизменична струја на субвуферот, а потоа во приклучницата за електрична енергија.
• Должината на електричниот кабел и типот на приклучок се разликуваат според регионите.
Спарување со субвуферот
Автоматско спарување
Вклучете ги Саундбарот и субвуферот во приклучниците за електрично напојување и потоа притиснете на единицата или на далечинскиот управувач да ја поставите единицата во режим Вклучено. Субвуферот и Саундбарот автоматски ќе се спарат.
Совети
• Не притискајте Pair на задниот дел на субвуферот, освен за рачно спарување
Рачно спарување
Ако не може да се слуша аудио од безжичниот субвуфер, рачно спарете го субвуферот.
Притиснете ги и задржете ги &
1
(Source & Vol-) заедно на саундбарот, а потоа притиснете и задржете Спари на субвуферот.
Индикаторот AUX/USB на саундбарот и индикаторот Спари на субвуферот бавно ќе трепкаат. Субвуферот успешно ќе биде спарен за околу 2 секунди.
Индикаторот AUX/USB се исклучува, ЛЕД
2
индикаторот за спарување на субвуферот почнува постојано да свети кога е успешно.
Ако рачното спарување не успее и
3
индикаторот за Спарување уште трепка, повторете го чекор 1.
Совети
• Субвуферот не треба да биде подалеку од 6 м од Саундбарот во отворено подрачје (колку поблиску, толку подобро)
• Отстранете какви било предмети помеѓу субвуферот и Саундбарот
• Ако безжичното поврзување повторно не успее, проверете дали постои конфликт или силна интерференција (пр. интерференција од електронски уред) околу локацијата. Отстранете ги овие конфликти или силните интерференции и повторете ги горенаведените постапки
.
.
.
.
МК 11
Page 13
4 Користење на

Автоматска подготвеност

Саундбар
Овој дел ви помага да го користите Саундбарот да репродуцирате аудио од поврзани уреди.
Пред да започнете
Направете ги неопходните поврзувања опишани во краткото упатство и во корисничкото упатство.
Префрлете го Саундбарот на точниот извор за други уреди.

Вклучување и исклучување

Кога за прв пат ќе ја поврзете единицата во приклучницата за електрично напојување, единицата ќе биде во режим на ПОДГОТВЕНОСТ. Индикаторот за ПОДГОТВЕНОСТ ќе светне црвено.
Подготвеност ВКЛУЧЕНО
Состојба на систем Подготвеност Вклучено
Активност на Индикатор
Единицата автоматски преминува во режим на подготвеност по околу 15 минути ако ТВ или надворешната единица се исклучени, изгаснати.
За целосно да ја исклучите единицата извадете го електричниот приклучок од приклучницата за електрично напојување.
Исклучете ја целосно единицата за да заштедите енергија кога не се користи.

Избирање режими

Притиснете го копчето (Извор) неколку
1
пати на единицата или притиснете соодветно копче на далечинскиот управувач да изберете AUX, OPTICAL, HDMI ARC, BT, USB режим.
Светлото на индикаторот на Саундбарот ќе
2
покаже кој режим се користи во моментот.
Извор на внесување
Состојба на систем
Активност на Индикатор
AUX USB BT OPTICAL
HDMI
ARC
Притиснете го копчето (POWER) на
единицата или на далечинскиот управувач да ја ВКЛУЧИТЕ или ИСКЛУЧИТЕ главната единица.
Притискањето на копчето (SOURCE)
еднаш на единицата или притискањето на кое било копче Извор еднаш на далечинскиот управувач исто така може да ја разбуди главната единица.
Извадете го електричниот приклучок од приклучницата за електрично напојување ако сакате целосно да ја исклучите единицата
МК12
.

Избирање ефект на еквилајзер (EQ)

Избирање предодредени режими на звук што ви одговараат за видео или музика.
Притиснете го копчето EQ на далечинскиот управувач да ги изберете вашите посакувани предодредени ефекти на еквилајзер:
ЛЕД трепка 3 секунди да го прикаже
постојниот EQ режим според дефиницијата за EQ режим.
Page 14
Еквилајзер (EQ)
Состојба на систем
Активност на индикатор
Филм/Музика/Вести
Филм - за гледање филмови
Музика - за слушање музика
Вести - за слушање вести
Филм Музика Вести

Прилагодување на јачината на звук

Притиснете Vol+/Vol- (Јачина на звук) да го зголемите или намалите нивото на јачина на звук.
• За да исклучите звук, притиснете Mute.
• За да го обновите звукот, притиснете
кое било копче или извршете кои било операции.
Јачина на звук на саундбарот
Активност на индикатор
Мин Макс
Прилагодување на јачината на звук на субвуферот
Притиснете го копчето јачината на звук на субвуферот.
Јачина на звук на субвуфер
Активност на индикатор
Мин Макс
+/- да ја прилагодите

Работење со Bluetooth

Преку Bluetooth, поврзете го Саундбарот со Bluetooth уред (како iPad, iPhone, iPod touch, Android телефон или лаптоп), а потоа може да слушате аудио датотеки складирани на уредот преку звучниците на вашиот Саундбар.
Што ви е потребно
• Bluetooth уред кој поддржува Bluetooth профил A2DP AVRCP и со верзија на Bluetooth 4.2 + EDR.
• Максималниот оперативен опсег помеѓу Саундбарот и Bluetooth уредот е приближно 10 метри (30 стапки).
Bluetooth статус
Состојба на систем
Активност на индикатор
Неколку пати притиснете го копчето
1
Притиснете го и задржете го копчето на
2
На Bluetooth уредот, префрлете на
3
Влегува во BT
режим
на единицата или притиснете го копчето Pair/BT на далечинскиот управувач да го префрлите Саундбарот во режим на Bluetooth.
Индикаторот на Саундбарот трепка
бело.
единицата или притиснете го и задржете го копчето Pair/BT на далечинскиот управувач да влезете во режим на спарување. Притиснете и задржете & + (source & vol+), претходно спарените уреди ќе се исчистат и саундбарот повторно влегува во режим на спарување.
Индикаторот на Саундбарот трепка
бело.
Bluetooth, пребарајте за и изберете Philips TAB7305 за да започне поврзувањето (видете го корисничкото упатство за Bluetooth уред за тоа како да овозможите Bluetooth).
Спарување Спарено
МК 13
Page 15
Почекајте додека индикаторот на
4
саундбарот не почне да свети непрекинато бело.
Да излезете од Bluetooth, префрлете ја
5
единицата на друг извор. Кога повторно ќе префрлите на режим на Bluetooth, поврзувањето преку Bluetooth останува активно.
Ако сакате да се поврзете на друг уред,
6
притиснете и задржете го копчето на саундбарот или копчето Pair/BT на далечинскиот управувач да го исклучите моментално поврзаниот Bluetooth уред и да влезете во режим на спарување.

Работење со USB

5 Монтирање на
ѕид
Напомена
• Неправилно монтирање на ѕид може да предизвика незгода, повреда или штета. Доколку имате некое прашање, контактирајте со Грижа за корисници во вашата земја
• Пред да монтирате на ѕид, уверете се дека ѕидот може да ја издржи тежината на Саундбарот
Должина/дијаметар на шрафови
Во зависност од типот на монтирање на ѕид на Саундбарот, уверете се дека користите шрафови со одговарачка должина и дијаметар.
.
.
Можете да репродуцирате датотеки со музика складирани на УСБ-уред. За типови датотеки кои може да се репродуцираат, видете „Поддржани аудиформати“ на страница 15.
Внимание: Приклучокот за УСБ не може да полни уреди.
USB
AUX IN
HDMI OUT
USB OPTICAL IN
AC IN
(ARC)

Ресетирање на фабрички поставки

Кога единицата е вклучена, притиснете и задржете VOL + & VOL -, сите ЛЕД извори на единицата се вклучуваат 5 секунди и ресетирајте ја единицата на фабрички поставки.
1,5-2,5 мм/0,06"-0,1"
4
мм
0,16"
> 35 мм/1,38"
2,0"
/
50 мм
~
29,65"
/
мм
753
(1) Избушете две дупки на ѕидот.
(2) Зацврстете ги диплите и шрафовите во
дупките.
(3) Закачете го Саундбарот на шрафовите за
прицврстување.
/
МК14
Page 16
6 Спецификации
на производот
Напомена
• Спецификациите и дизајнот се предмет на промена без известување
.
Потрошувачка на електрична енергија
Потрошувачка на електрична енергија за саундбар: 84 W
Потрошувачка на електрична енергија за субвуфер: 117 W
Потрошувачка на електрична енергија во подготвеност: < 2 W
Засилувач
Вкупна излезна моќност: 300 W, < 10 % THD
Фреквенциски опсег: 45 Hz
20 KHz / -10 dB
~
Однос сигнал-шум:
Вкупна хармонска дисторзија: < 1 %
> 95 dB (CCIR) / (A-измерено)
Bluetooth /Безжично
Профил на Bluetooth: A2DP, AVRCP
Верзија на Bluetooth: 4.2 + EDR
Фреквенциски опсег/Излезна моќност: 2402 MHZ ~ 2480 MHZ /6 ± 2 dBm
Главна единица
Електрично напојување: 100-240 V~ 50/60 Hz
Импеданса на звучници: 6 Ω x 2 + 6 Ω x 2
Димензии (Ш x Д x В): 800 x 95 x 64,7 мм
Тежина: 2,27 KG
Температура при работење: 0 °C - 40 °C
Субвуфер
Електрично напојување: 100-240 V~ 50/60 Hz
Импеданца на звучник: 2 Ω
Димензии (Ш x Д x В): 190 x 280 x 380 мм
Тежина: 7,57 kg
Далечински управувач
Растојание/Агол: 6 м/30°
Тип на батерија: CR2025
Поддржани аудиформати
HDMI ARC
Dolby Digital, Dolby Digital Plus, LPCM 2ch
OPTICAL
Dolby Digital, LPCM 2ch
BLUETOOTH
SBC
USB
MP3, WMA, WAV, OGG, FLAC
Напомена
• Единицата може да не биде во можноост да ги декодира сите дигитални аудио формати од влезниот извор. Во овој случај, на единицата ќе и се исклучи звукот. Ова НЕ е дефект. Уверете се дека поставувањето аудио од влезниот извор (пр. ТВ, конзола за игри, ДВД репродуктор и сл..) е поставено на PCM, Dolby Digital или Dolby Digital Plus (Погледнете го корисничкото упатсво за влезниот извор за детали за поставување аудио) со ОПТИЧКИ / HDMI влез
.
МК 15
Page 17
7 Решавање
проблеми
Предупредување
• Ризик од струен удар. Никогаш не вадете го куќиштето на производот
За гаранцијата да биде важечка, никогаш не обидувајте се да го поправате производот самите. Ако имате проблеми со користење на овој производ, проверете ги следниве ставки пред да побарате сервис.
Ако сѐ уште имате проблем, добијте поддршка на www.philips.com/support.
Главна единица
Копчињата на Саундбарот не работат.
Исклучете го Саундбарот од електричното напојување неколку минути, а потоа повторно поврзете го.
Звук
Нема звук од звучниците на Саундбар.
Поврзете го аудио кабелот од вашиот Саундбар на вашиот ТВ или на други уреди.
Ресетирајте го Саундбарот на неговите фабрички поставки.
На далечинскиот управувач, изберете го точниот аудио влез.
Уверете се дека на Саундбарот не му е исклучен звукот.
Изобличен звук или ехо.
Ако репродуцирате аудио од ТВ преку Саундбарот, уверете се дека на ТВ му е исклучен звукот.
.
Bluetooth
Уред не може да се поврзе со Саундбарот.
Уредот не поддржува компатибилни профили потребни за Саундбарот.
Не сте ја овозможиле функцијата Bluetooth на уредот. Видете го корисничкото упатство за уредот за тоа како да ја овозможите функцијата.
Уредот не е правилно поврзан. Правилно поврзете го уредот. (видете работење со Bluetooth на страница 13)
Саундбарот е веќе поврзан со друг Bluetooth уред. Исклучете го поврзаниот уред, а потоа обидете се повторно.
Квалитетот на аудио репродукцијата од поврзаниот Bluetooth уред е слаб.
Bluetooth приемот е слаб. Приближете го уредот поблиску до Саундбарот, или отстранете ги сите пречки помеѓу уредот и Саундбарот
Поврзаниот Bluetooth уред постојано се поврзува и исклучува.
Bluetooth приемот е слаб. Приближете го уредот поблиску до Саундбарот, или отстранете ги сите пречки помеѓу уредот и Саундбарот.
За некои Bluetooth, Bluetooth поврзувањето може да се деактивира автоматски за да се заштеди енергија. Ова не укажува на никаква неисправност на Саундбарот.
.
МК16
Page 18
Логотипот и логото Bluetooth® се регистрирани трговски заштитни марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите
ознаки од MMD Hong Kong Holding Limited е лиценцирана. Други трговски заштитни марки и трговски имиња се оние на нивните соодветни
сопственици
Произведено под лиценца од Dolby Laboratories. Dolby, Dolby Audio и двојниот-D симбол се заштитни знаци на Dolby Laboratories
.
.
Усвоените заштитни знаци HDMI, HDMI High-Denion Mulmedia Interface, и логото HDMI се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци
на HDMI Licensing Administrator, Inc. во Соединетите Држави и други земји
Спецификациите се предмет на промена без известување. За најнови ажурирања и документи, ппосетете www.philips.com/support
Philips и Philips Shield Emblem се регистрирани трговски марки на Koninklijke Philips N.V. и се користат под лиценца. Овој производ е изработен од и се
продава под одговорност на MMD Hong Kong Holding Limited. или една од неговите подружници и MMD Hong Kong Holding Limited. е гарант во врска со
овој производ
.
.
.
Loading...