Philips SCF293/00 user manual [mk]

Page 1
SCF293
Упатство за корисникот
Page 2
Содржина
Важно � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �3
Опасност � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 3 Предупредување � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 3 Внимание � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 4
Вовед� � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �6
Општ опис � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �6
Забелешки � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �7
Запознавање со поставките � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �9
Пред првото користење � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �10
Подготовка за употреба � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �12
Подготовка за стерилизација � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 12 Склопување на стерилизаторот � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 12
Стерилизација � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 13 Автоматски – Стерилизација и сушење � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 14 Сушење � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 16
Чистење � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �17
Чистење на филтерот � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � 18
Отстранување бигор � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �19
Нарачување додатоци � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �20
Рециклирање � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �20
Гаранција и поддршка � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �20
Отстранување на проблеми � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � � �21
Page 3

Важно

Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите апаратот и зачувајте го за во иднина.

Опасност

- Подножјето, кабелот за напојување или приклучокот немојте никогаш да ги потопувате во вода или некоја друга течност.
- Непридржувањето до упатствата за отстранување бигор може да предизвика непоправлива штета.
- Немојте никогаш да го расклопувате подножјето за да избегнете ризик од струен удар.

Предупредување

- Овој апарат може да го користат лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Овој апарат не смеат да го користат деца. Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку од дофат на деца.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот
наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
- Не користете го апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
- Електричниот парен стерилизатор не содржи делови што може да се сервисираат. Немојте да се обидувате сами да го отворите, сервисирате или поправате електричниот парен стерилизатор.
- 3 -
Page 4
- Апаратот значително се загрева при работењето и може да
предизвика изгореници ако го допрете.
- Внимавајте на врелата пареа што излегува од отворот на капакот или кога ќе го подигнете капакот. Пареата може да предизвика изгореници.
- Немојте да ги допирате подножјето, корпите и капакот во текот на или веднаш по постапката бидејќи се многу врели. Капакот подигнувајте го само за рачката.
- Никогаш немојте да го поместувате или отворате апаратот додека работи или ако водата во него е сè уште врела.
- Никогаш не ставајте предмети врз апаратот додека работи.
- Користете само вода без адитиви.
- Не ставајте белило или други хемикалии во апаратот.
- Не сипувајте вода над ознаката на резервоарот, односно
130 ml вода.
- Стерилизирајте само шишенца за бебиња и други предмети што се соодветни за стерилизатори. Погледнете го упатството за користење на предметите што сакате да ги стерилизирате за да бидете сигурни дека се соодветни за стерилизација.
- Ако сакате да ја запрете операцијата, притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите апаратот.
- Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства.
- Стерилизаторот користете го единствено за целта за која е
наменет за да избегнете потенцијални повреди.

Внимание

- Никогаш не користете додатоци или делови од други производители или производители што не се препорачани од Philips. Доколку користите вакви додатоци или делови, вашата гаранција ќе престане да важи.
- Не изложувајте го апаратот на екстремно високи температури или на директна сончева светлина.
- 4 -
Page 5
- Секогаш почекајте апаратот да се олади пред да го
преместувате или складирате.
- Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот.
- Немојте да стерилизирате многу мали предмети што може да паднат во отворите на дното од корпата.
- Никогаш немојте да ставате предмети директно на грејниот елемент кога апаратот е вклучен.
- Немојте да го користите апаратот ако паднал или ако има некакво оштетување. Однесете го на поправка во овластен сервисен центар на Philips.
- Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и хоризонтална површина.
- Не ставајте го апаратот на врела површина.
- Кабелот за напојување не смее да виси преку работ на
масата или работната површина на која стои апаратот.
- По употребата и кога ќе се олади апаратот секогаш истурајте ја преостанатата вода од него.
- Исклучете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер пред замена на додатоците или пристапување до деловите што се движат при употреба.
- Условите во опкружувањето, како што се температурата и надморската височина, може да влијаат на работењето на овој апарат.
- Децата не смеат да го чистат апаратот ниту да го одржуваат.
- Секогаш исклучувајте го уредот од напојувањето ако го
оставате без надзор.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
- 5 -
Page 6

Вовед

Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome

Општ опис

A
B
C
D
130ml
E F G
H
A
Капак со рачка
B
Мала корпа
C
Долна плоча за големата корпа
Голема корпа со сад за собирање
D
течности
Индикатор за максимално ниво на
E
вода
F
Греен елемент со резервоар за вода
G
Основна единица
H
Кабел за напојување
I
Отвор за излез на воздух
J
K
L
M
N PO
Q
I
J
Штипалка
K
Капак за филтерот
L
Држач за кабелот
M
Филтер
N
Режим за стерилизација
O
Автоматски режим
P
Режим за сушење
Q
Копче за вклучување/исклучување
R
Регулатор со индикатори за тек
R
- 6 -
Page 7

Забелешки

Немојте да сипувате вода во отворот за воздух.
Немојте да ја потопувате основната единица во
вода.
Не ставајте предмети под основната единица додека работи, на пример пешкир, крпа за чистење итн.
130ml
Користете 130 ml вода.
Исчистете ги предметите пред да ги ставите во
стерилизаторот.
- 7 -
Page 8
Потполно расклопете ги сите делови на шишенцата и ставете ги во стерилизаторот со отворите надолу за да не се наполнат со вода.
Истурете ја преостанатата вода од големата корпа по секоја употреба.
Чистете го филтерот на секои 4 недели.
Чистете го стерилизаторот од бигор на секои
4недели.
- 8 -
Page 9

Запознавање со поставките

Забелешка: исчистете ги шишенцата и другите предмети пред да ги стерилизирате.
Во стерилизаторот ставајте само предмети што се соодветни за стерилизација. Немојте да стерилизирате предмети што се наполнети со течност, на пр. предмети за џвакање наполнети со течност за ладење.
Режимот за стерилизација служи за стерилизирање бебешки предмети.
Стерилизација
Автоматски
Циклусот на стерилизација трае приближно 10минути.
Загревањето трае приближно 4минути, а стерилизацијата трае приближно 6минути.
Проверете дали сте сипале точно 130ml вода директно во резервоарот за вода во подножјето.
Автоматскиот режим служи за стерилизирање и сушење бебешки предмети во една операција.
Автоматскиот циклус трае приближно 40минути.
Кога го користите автоматскиот режим, апаратот
прво ја започнува стерилизацијата, а потоа автоматски започнува сушењето. Циклусот на стерилизација трае приближно 10минути, а циклусот на сушење трае приближно 30 минути.
Проверете дали сте сипале точно 130ml вода директно во резервоарот за вода во подножјето.
Сушење
Режимот за сушење служи за сушење бебешки предмети.
Циклусот на сушење трае приближно 30минути.
Кога сушите бебешки предмети, немојте да
додавате вода во резервоарот во подножјето.
- 9 -
Page 10

Пред првото користење

Пред првото користење на апаратот, препорачуваме да го оставите да изврши еден процес на стерилизација со празни корпи.
1 Користете чисто шишенце за бебиња и сипете точно 130 ml вода директно во
резервоарот за вода во подножјето�
Совет: овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Ако живеете во подрачје со тврда вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Затоа се препорачува користење на вода без минерали, како дестилирана или пречистена вода, за да се продолжи векот на траење на апаратот. За повеќе информации за бигорот, погледнете го делот „Отстранување бигор“.
130ml
130ml
130ml
2 Поставете ја големата корпа на подножјето�
3 Поставете ја долната плоча во големата корпа�
4 Поставете ја малата корпа на големата корпа�
- 10 -
Page 11
5 Поставете го капакот врз малата корпа�
6 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер�
7 Свртете го копчето за вклучување/исклучување во
режим за стерилизација� Потоа притиснете го за да го вклучите апаратот�
Внимание: подножјето, корпите и капакот се врели во текот на или веднаш по постапката.
Целиот индикатор за тек почнува да свети за да означи
дека апаратот стерилизира.
Кога ќе заврши процесот на стерилизација, индикаторот се исклучува и апаратот автоматски се исклучува.
Може да го свртите копчето за вклучување/ исклучување во режим за сушење за да го исушите апаратот. Потребни се приближно 30 минути за да заврши циклусот на сушење.
1
2
8 Откако апаратот ќе се излади целосно, отстранете го капакот, малата корпа,
долната плоча, големата корпа и избришете ги�
Забелешка: кога ја отстранувате големата корпа од подножјето, земете ја предвид преостанатата вода во садот за собирање течности на подножјето.
9 Оставете го апаратот целосно да се олади приближно 10 минути пред
повторно да го користите�
Забелешка: апаратот не работи 10 минути по процесот на стерилизација. Тој мора прво да се олади.
- 11 -
Page 12

Подготовка за употреба

Подготовка за стерилизација

Пред да ставите предмети за стерилизирање во стерилизаторот, темелно исчистете ги во машина за миење садови или рачно со жешка вода и течен детергент за миење садови.

Склопување на стерилизаторот

Постојат неколку начини за склопување на стерилизаторот.
1 Само со малата корпа на подножјето за
стерилизирање мали предмети како цуцли�
2 Само со големата корпа на подножјето за
стерилизирање предмети со средна големина како што се делови од пумпа за гради, чинии и прибор за хранење бебиња�
3 Со големата корпа и малата корпа на подножјето
за стерилизирање до шест шишенца од по 330ml� Поставете ги шишенцата превртени надолу во големата корпа и поставете ги капачињата на шишенцата, прстените со навој и цуцлите во малата корпа�
Забелешка: кога ја полните малата корпа, поставете прстени со навој на дното и поставете ги цуцлите и капачињата на шишенцата лабаво врз прстените со навој.
Забелешка: проверете дали сите делови што треба да се стерилизираат се целосно расклопени и поставете ги во корпата со отворите надолу за да не се наполнат со вода.
- 12 -
Page 13

Користење на апаратот

Стерилизација

Темелното чистење на стерилизаторот без хемикалии ќе ја задржи стерилноста на предметите до 24 часа кога капакот е поставен. По стерилизацијата, преостанатата вода на бебешките предмети е стерилна и нема да собира микроби.
1 Сипете вода директно во резервоарот за вода во подножјето (погледнете во
делот „Пред првото користење“)�
2 Склопете го стерилизаторот (погледнете во делот „Склопување на
стерилизаторот“) и ставете ги предметите што треба да се стерилизираат во него�
3 Поставете го капакот врз малата или големата корпа�
4 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер�
5 Свртете го копчето за вклучување/исклучување во
режим за стерилизација� Потоа притиснете го за да го вклучите апаратот�
Внимание: подножјето, корпите и капакот се врели во текот на или веднаш по постапката.
Забелешка: може да го исклучите апаратот така што ќе го притиснете копчето за исклучување.
Целиот индикатор за тек почнува да свети за да означи
дека апаратот стерилизира.
Кога ќе заврши процесот на стерилизација, индикаторот се исклучува и апаратот автоматски се исклучува.
- 13 -
1
2
Page 14
6 Отстранете го капакот�
Пред да го подигнете капакот почекајте да се олади апаратот. Бидете внимателни. Од стерилизаторот може да излезе врела пареа.
7 Отстранете ги шишенцата и другите предмети од корпата� Користете ја
штипалката за да ги отстраните помалите предмети�
Бидете внимателни. Стерилизираните предмети сè уште може да бидат жешки.
Забелешка: темелно измијте ги рацете пред да ги допрете стерилизираните предмети.
8 Исклучете го апаратот од струја и почекајте целосно да се олади� 9 Отстранете ги малата корпа и големата корпа�
Забелешка: кога ја отстранувате големата корпа, земете ја предвид преостанатата вода во садот за собирање течности на подножјето.
Забелешка: садот за собирање течности е наменет да ги собира остатоците од млеко или храна за да не навлезат во резервоарот за вода во подножјето. Целта е да се оптимизираат перформансите за стерилизирање и да се олесни чистењето на грејниот елемент.
10 Откачете ја долната плоча од големата корпа� Истурете ја преостанатата вода
од садот за собирање течности на големата корпа и исчистете го (погледнете во делот „Чистење“)�
11 Истурете ја преостанатата вода од резервоарот за вода и избришете го�
Забелешка: апаратот не работи 10 минути по процесот на стерилизација. Тој мора прво да се олади.

Автоматски – Стерилизација и сушење

1 Сипете вода директно во резервоарот за вода во подножјето (погледнете во
делот „Пред првото користење“)�
2 Склопете го стерилизаторот (погледнете во делот „Склопување на
стерилизаторот“) и ставете ги предметите што треба да се стерилизираат во него�
Забелешка: проверете дали сите предмети се целосно расклопени и поставени во корпата со отворите надолу за ефикасно сушење.
Бидете внимателни. Од стерилизаторот излегува врела пареа кога ќе започне сушењето.
3 Поставете го капакот врз малата или големата корпа�
- 14 -
Page 15
4 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер�
5 Свртете го копчето за вклучување/исклучување во
автоматски режим� Потоа притиснете го за да го вклучите апаратот�
Апаратот прво почнува да стерилизира. Целиот индикатор за тек почнува да свети за да означи дека апаратот стерилизира.
Потоа, сушењето ќе започне автоматски. Индикаторот за тек светнува и полека се исклучува за да укаже дека апаратот суши.
Кога ќе заврши процесот, индикаторот се исклучува и уредот автоматски се исклучува.
Внимание: подножјето, корпите и капакот се врели во текот на или веднаш по постапката.
2
1
6 Отстранете го капакот� 7 Отстранете ги шишенцата и другите предмети од корпата� Користете ја
штипалката за да ги отстраните помалите предмети�
Бидете внимателни. Стерилизираните предмети сè уште може да бидат жешки.
Забелешка: темелно измијте ги рацете пред да ги допрете стерилизираните предмети.
Забелешка: резултатот на сушењето може да се разликува во зависност од амбиенталната температура, амбиенталната влажност и наполнетоста на стерилизаторот. Можете да започнете уште еден циклус на сушење доколку е потребно.
8 Исклучете го апаратот од струја и почекајте целосно да се олади� 9 Отстранете ги малата корпа и големата корпа�
Забелешка: кога ја отстранувате големата корпа, земете ја предвид преостанатата вода во садот за собирање течности на подножјето.
10 Откачете ја долната плоча од големата корпа� Истурете ја преостанатата вода
од садот за собирање течности на големата корпа и исчистете го (погледнете во делот „Чистење“)�
- 15 -
Page 16

Сушење

1 Склопете го стерилизаторот (погледнете во делот „Склопување на
стерилизаторот“) и ставете ги предметите што треба да се сушат во него�
Забелешка: проверете дали сите предмети се целосно расклопени и поставени во корпата со отворите надолу за ефикасно сушење.
Бидете внимателни. Од стерилизаторот излегува врела пареа кога ќе започне сушењето.
2 Поставете го капакот врз малата или големата корпа�
3 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер�
4 Свртете го копчето за вклучување/исклучување
во режим за сушење� Потоа притиснете го за да го вклучите апаратот�
Сушењето ќе започне по приближно 30 секунди. Уредот се загрева за да произведе топол воздух што ќе ги исуши предметите.
Индикаторот за тек светнува и полека се исклучува за да укаже дека апаратот суши.
Кога ќе заврши процесот на сушење, индикаторот се исклучува и уредот автоматски се исклучува.
Внимание: подножјето, корпите и капакот се врели во текот на или веднаш по постапката.
2
1
5 Отстранете го капакот� 6 Отстранете ги шишенцата и другите предмети од корпата� Користете ја
штипалката за да ги отстраните помалите предмети�
Бидете внимателни. Исушените предмети сè уште може да бидат жешки.
Забелешка: темелно измијте ги рацете пред да ги допрете исушените предмети. Забелешка: резултатот на сушењето може да се разликува во зависност од
амбиенталната температура, амбиенталната влажност и наполнетоста на стерилизаторот. Можете да започнете уште еден циклус на сушење доколку е потребно.
7 Исклучете го апаратот од струја и почекајте целосно да се олади�
- 16 -
Page 17

Чистење

За чистење на апаратот не користете абразивни или агресивни средства за чистење (на пр. белило) или сунѓерчиња за триење.
Не потопувајте го подножјето и кабелот за напојување во вода или некоја друга течност.
Забелешка: стерилизаторот не треба да се мие во машина за садови. Корпите, долната плоча и капакот може да се чистат со жешка вода и течен детергент за миење садови.
1 Секогаш исклучувајте го апаратот од струја и оставајте го да се олади пред да
го чистите�
2 Чистете го подножјето со влажна крпа�
3 Откачете ја долната плоча од големата корпа�
Истурете ја преостанатата вода од садот за собирање течности на големата корпа�
Забелешка: по секој циклус на стерилизација, во садот за собирање течности на големата корпа се собира вода. Истурете ја преостанатата вода од големата корпа по секоја употреба.
4 Чистете го капакот, малата корпа, долната плоча и големата корпа со жешка
вода и течен детергент за миење садови�
Забелешка: по чистењето, чувајте го стерилизаторот на чисто и суво место.
- 17 -
Page 18

Чистење на филтерот

1 Откачете го капакот на филтерот од подножјето�
2 Извадете го филтерот и измијте го под чешма�
3 Оставете филтерот потполно да се исуши на воздух� Вратете го во
подножјето и затворете го капакот на филтерот�
Забелешка: чистете го филтерот најмалку еднаш на 4недели за да продолжи ефикасно да филтрира.
- 18 -
Page 19

Отстранување бигор

Процесот на стерилизација е исклучително важен за да се обезбедат најхигиенски услови за вашето бебе. Наслагите од бигор може да го забават циклусот на стерилизација, па дури и да ја намалат неговата ефективност. Бигорот е тврдата наслага што наликува на креда. Во зависност од типот на водата во вашата област, бигорот може да изгледа различно, од снежно бел прав до кафеави дамки. Колку е потврда водата, толку побрзо се таложи бигорот. Тој се таложи во апаратите како остаток од минералите што природно се содржат во водата и не испаруваат кога водата се загрева. Иако сам по себе не е штетен, тој е непријатен и тежок за чистење, а може и да го наруши работењето на апаратите или да ги оштети нивните компоненти ако се остави да се наталожи.
Чистете го стерилизаторот од бигор најмалку еднаш на 4недели за да продолжи ефикасно да работи.
1 Сипете 90 ml бел оцет (5 % оцетна киселина) и 30ml
вода во резервоарот за вода�
2 Поставете ја малата корпа на подножјето� Поставете го
капакот врз малата корпа�
3 Свртете го копчето за вклучување/исклучување во
режим за стерилизација� Потоа притиснете го за да го вклучите апаратот�
Забелешка: поставете ја малата корпа на подножјето за да спречите прскање со жешка вода.
- 19 -
1
2
Page 20
4 Оставете го апаратот да работи 5 минути, а потоа исклучете го�
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите апаратот�
5 min
5 Испразнете го резервоарот со вода и темелно исплакнете го� Ако сè уште
гледате траги од бигор, отстранете ги со сунѓер� Исплакнете уште еднаш и избришете го подножјето со влажна крпа�
6 Исплакнете ги и малата корпа и капакот за да го отстраните растворот со
оцет�
Забелешка: можете да користите и средства за отстранување бигор на база на лимонска киселина.
Забелешка: не користете други типови средства за отстранување бигор.

Нарачување додатоци

За да купите додатоци или резервни делови, посетете ја страницата www.philips.com или контактирајте со продавачот на производи од Philips. Можете да контактирате и со центарот за корисничка поддршка на Philips во вашата земја (податоците за контакт ќе ги најдете во меѓународниот гарантен лист).

Рециклирање

- Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU).
- Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.

Гаранција и поддршка

Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го посебниот меѓународен гарантен лист.
Забелешка: овој апарат треба редовно да се чисти од бигор за да постигне оптимални перформанси. Во спротивно, апаратот може да престане да работи по одредено време. Во тој случај, вашата гаранција НЕ ја покрива поправката.
- 20 -
Page 21

Отстранување на проблеми

Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако проблемот не можете да го решите со помош на информациите наведени подолу, обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем Решение
Кога треба да го исчистам бигорот од стерилизаторот?
Зошто времето на стерилизација е толку кратко?
Зошто останува многу вода на грејната плоча по стерилизацијата?
Зошто се појавува миризба на изгорено и знаци на изгорено на подножјето?
Кога го користите стерилизаторот, може да забележите дека на грејната плоча се појавиле мали точки со снежно бела до кафеава боја. Тоа е знак дека треба да го исчистите бигорот од стерилизаторот. Во секој случај, стерилизаторот треба да се чисти најмалку еднаш на 4недели за да продолжи ефикасно да работи.
Не сте додале доволно вода за стерилизација. Сипете точно 130 ml вода директно во резервоарот за вода во подножјето.
Грејната плоча можеби е блокирана од бигор. Стерилизаторот треба да се чисти од бигор најмалку еднаш на 4недели. Погледнете го делот „Отстранување бигор“.
Можеби редовно не сте ја истурале преостанатата вода од садот за собирање течности на големата корпа. По секој циклус на стерилизација, во садот за собирање течности на големата корпа се собира вода. Истурете ја преостанатата вода од големата корпа по секоја употреба.
1 Откачете ја долната плоча од големата корпа. Истурете
ја преостанатата вода од садот за собирање течности на големата корпа.
2 Чистете ја долната плоча и големата корпа со жешка
вода и течен детергент за миење садови.
Можеби предметите не биле темелно исчистени пред стерилизацијата. Пред да ставите предмети за стерилизирање во стерилизаторот, темелно исчистете ги во машина за миење садови или рачно со жешка вода и течен детергент за миење садови.
- 21 -
Page 22
Проблем Решение
Додатниот слој на грејната плоча се лупи. Дали тоа влијае врз работењето?
Зошто стерилизаторот престанува да работи?
Предметите се сè уште влажни по сушењето.
Тоа не влијае врз работењето на стерилизаторот. Внимавајте да не користите абразивни или агресивни средства (на пр. белило) или сунѓерчиња за триење при чистењето на грејната плоча.
Грејната плоча можеби е блокирана од бигор. Стерилизаторот треба да се чисти од бигор најмалку еднаш на 4недели. Погледнете го делот „Отстранување бигор“.
Предметите може сè уште да се влажни од различни причини:
Амбиенталната температура или влажноста
Наполнетоста на стерилизаторот
Предметите се премногу блиску еден до друг
Погрижете се топлиот воздух да може да циркулира околу предметите за да се обезбеди ефективно сушење. Можете да започнете уште еден целосен циклус на сушење доколку е потребно.
- 22 -
Page 23
© 2022 Koninklijke Philips N�V� Сите права се задржани� 03/03/2022
Loading...