Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го
користите апаратот и зачувајте го за во иднина.
Опасност
-Подножјето, кабелот за напојување или приклучокот
немојте никогаш да ги потопувате во вода или некоја друга
течност.
-Непридржувањето до упатствата за отстранување бигор
може да предизвика непоправлива штета.
-Немојте никогаш да го расклопувате подножјето за да
избегнете ризик од струен удар.
Предупредување
-Овој апарат може да го користат лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се под
надзор или да добиле упатства за безбедно користење на
апаратот и да ги разбираат можните опасности.
-Овој апарат не смеат да го користат деца. Апаратот и
кабелот чувајте ги подалеку од дофат на деца.
-Децата не смеат да си играат со апаратот.
-Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот
наведен на апаратот одговара на напонот на локалната
електрична мрежа.
-Не користете го апаратот ако е оштетен приклучокот,
кабелот за напојување или самиот апарат.
-Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да
го замени компанијата Philips, односно сервисен центар
овластен од Philips или лица со соодветни квалификации
за да се избегне опасност.
-Електричниот парен стерилизатор не содржи делови што
може да се сервисираат. Немојте да се обидувате сами да
го отворите, сервисирате или поправате електричниот
парен стерилизатор.
- 3 -
-Апаратот значително се загрева при работењето и може да
предизвика изгореници ако го допрете.
-Внимавајте на врелата пареа што излегува од отворот на
капакот или кога ќе го подигнете капакот. Пареата може да
предизвика изгореници.
-Немојте да ги допирате подножјето, корпите и капакот во
текот на или веднаш по постапката бидејќи се многу врели.
Капакот подигнувајте го само за рачката.
-Никогаш немојте да го поместувате или отворате апаратот
додека работи или ако водата во него е сè уште врела.
-Никогаш не ставајте предмети врз апаратот додека работи.
-Користете само вода без адитиви.
-Не ставајте белило или други хемикалии во апаратот.
-Не сипувајте вода над ознаката на резервоарот, односно
130 ml вода.
-Стерилизирајте само шишенца за бебиња и други
предмети што се соодветни за стерилизатори. Погледнете
го упатството за користење на предметите што сакате да ги
стерилизирате за да бидете сигурни дека се соодветни за
стерилизација.
-Ако сакате да ја запрете операцијата, притиснете го
копчето за исклучување за да го исклучите апаратот.
-Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства.
-Стерилизаторот користете го единствено за целта за која е
наменет за да избегнете потенцијални повреди.
Внимание
-Никогаш не користете додатоци или делови од други
производители или производители што не се препорачани
од Philips. Доколку користите вакви додатоци или делови,
вашата гаранција ќе престане да важи.
-Не изложувајте го апаратот на екстремно високи
температури или на директна сончева светлина.
- 4 -
-Секогаш почекајте апаратот да се олади пред да го
преместувате или складирате.
-Површините што се допираат може да станат врели
додека работи апаратот.
-Немојте да стерилизирате многу мали предмети што може
да паднат во отворите на дното од корпата.
-Никогаш немојте да ставате предмети директно на грејниот
елемент кога апаратот е вклучен.
-Немојте да го користите апаратот ако паднал или ако има
некакво оштетување. Однесете го на поправка во овластен
сервисен центар на Philips.
-Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува,
стабилна, рамна и хоризонтална површина.
-Не ставајте го апаратот на врела површина.
-Кабелот за напојување не смее да виси преку работ на
масата или работната површина на која стои апаратот.
-По употребата и кога ќе се олади апаратот секогаш
истурајте ја преостанатата вода од него.
-Исклучете го апаратот и извлечете го приклучокот од
штекер пред замена на додатоците или пристапување до
деловите што се движат при употреба.
-Условите во опкружувањето, како што се температурата и
надморската височина, може да влијаат на работењето на
овој апарат.
-Децата не смеат да го чистат апаратот ниту да го одржуваат.
-Секогаш исклучувајте го уредот од напојувањето ако го
оставате без надзор.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи што се
однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
- 5 -
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За да ја искористите
целосната поддршка што ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome�
Општ опис
A
B
C
D
130ml
E
F
G
H
A
Капак со рачка
B
Мала корпа
C
Долна плоча за големата корпа
Голема корпа со сад за собирање
D
течности
Индикатор за максимално ниво на
E
вода
F
Греен елемент со резервоар за вода
G
Основна единица
H
Кабел за напојување
I
Штипалка
J
Држач за кабелот
K
Светлосен индикатор
L
Копче за вклучување
M
Копче за исклучување
I
J
KML
- 6 -
Loading...
+ 12 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.