Вовед_____________________________________________________________6
Општ опис________________________________________________________6
Што значат иконите на рачката од уредот?__________________7
Што значи иконата на мојот Quick Clean Pod?________________9
Како да го наполнам мојот уред?______________________________9
Како да го користам мојот уред и додатоците?______________12
Како да го чистам мојот уред и додатоците?_________________22
Како да го користам Quick Clean Pod?_________________________27
Како да го поврзам уредот за бричење со паметниот
телефон?
Како да ги заменам главите за бричење?_____________________33
Нарачување додатоци__________________________________________34
Решавање проблеми___________________________________________35
_30
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во
Philips! За целосно да ја искористите
поддршката која ја нуди Philips, регистрирајте
го вашиот производ на
www.philips.com/welcome или преку
апликацијата.
Општ опис
1 Потстрижувач со прикачување
2 Лизгач за отпуштање на потстрижувачот
3 Единица за бричење
4 Копче за ослободување на единицата за
бричење
5 Копче за вклучување/исклучување
6 Рачка
7 Штекер за мал приклучок
8 Држач за полнење
9 Единица за напојување
10 Мал приклучок
Page 4
Македонски
11 Заштитно капаче
12 Торбичка
13 Картриџ на Philips Quick Clean Pod
14 Quick Clean Pod
15 Четка за чистење
16 Поставки за должина
17 Приклучок за стилизирање на брада што
влегува со кликнување
18 Чешел за додатокот за стилизирање брада
19 Држач на приклучок
20 Приклучок со четката за чистење што
влегува со кликнување
21 Додаток за отстранување влакна од носот
што се става со кликање
Забелешка: Испорачаните додатоци може да се
разликуваат за различни производи. На
кутијата се прикажани додатоците што се
доставени со вашиот уред.
Што значат иконите на рачката од уредот?
ИконаОднесувањеЗначење
ПулсираПрограмата за чистење е во тек.
7
Трепка бавно
кога ќе го
отстраните
потстрижувачот
од Quick Clean
Pod за време на
програмата за
чистење
Трепка кога ќе
го исклучите
уредот
Програмата за чистење беше
прекината. Ако го вратите уредот за
бричење во Quick Clean Pod во рок од
четири секунди, програмата за чистење
ќе продолжи автоматски.
Исчистете го уредот за бричење во
Quick Clean Pod. Исчистете ги
додатоците под млаз вода.
Page 5
Македонски
8
ИконаОднесувањеЗначење
Свети постојано Програмата за чистење е во тек.
Трепка брзо
кога ќе го
отстраните
уредот за
бричење од
Quick Clean Pod
или ќе го
притиснете
копчето за
вклучување/иск
лучување за
време на
програмата за
чистење
СветиSkinIQ активно го детектира вашето
Свети зеленоКористено е точното движење при
Свети
портокалово
СветиОтворете ја апликацијата. Или ќе има
Трепка бавноНе е воспоставена врска помеѓу уредот
Трепка брзоНастана грешка (пр., моторот е
Програмата за чистење беше сопрена.
Ако сакате да продолжите, треба да го
рестартирате циклусот на чистење со
ставање на уредот за бричење во Quick
Clean Pod и со притискање на копчето
за вклучување/исклучување.
однесување при бричење.
бричење (кружни движења).
Вашето движење при бричење може
да се подобри. Погледнете ја
апликацијата за детали и совет.
известувања за вас или треба да ги
синхронизирате бричењата за да се
спречи загуба на податоци.
за бричење и паметниот телефон.
блокиран). Проверете ја апликацијата
за детали.
Page 6
ИконаОднесувањеЗначење
Македонски
9
ТрепкањеУредот мора да биде исклучен од
Трепка кога ќе
го притиснете
копчето за
вклучување/иск
лучување
Се осветлува
кога ќе го
подигнете
уредот
Долното светло
трепка
портокалово
Светлата
трепкаат по
редослед
Свети постојано Уредот е целосно наполнет.
ѕидниот приклучок пред да можете да
го вклучите.
Заклучувањето за патување е
активирано.
Бројот на осветлени ленти покажува
уште колку батерија е останата.
Батеријата е речиси празна.
Уредот се полни.
Што значи иконата на мојот Quick Clean
Pod?
ИконаОднесувањеЗначење
Станува видливо на
Quick Clean Pod.
Картриџот на Quick Clean
Pod треба да се замени.
Како да го наполнам мојот уред?
Полнете го уредот пред првото користење и
кога најдолното светло на индикаторот за
Page 7
Македонски
10
состојбата на батеријата трепка портокалово,
покажувајќи дека батеријата е речиси празна.
Полнењето трае приближно 1 час.
Брзо полнење: по приближно 5 минути
полнење, батеријата содржи доволно енергија
за едно бричење.
Кога уредот е целосно наполнет, тој може да
работи без кабел до 60 минути.
Забелешка: не може да го користите уредот
додека се полни.
Полнење со единицата за напојување
1 Осигурете се дека уредот е исклучен.
2 Внесете го малиот приклучок во уредот и
ставете го адаптерот во ѕидниот приклучок.
-
Додека уредот е во режим на брзо
полнење, светлата на индикаторот за
состојбата на батеријата ќе се вклучуваат
едно по друго. По околу 5 минути,
најдолното светло на индикаторот за
состојбата на батеријата ќе трепка. Сега
батеријата има доволно енергија за едно
бричење.
-
Додека уредот се полни, прво долното
светло од индикаторот за состојба на
батеријата трепка, а потоа свети
постојано. Потоа второто светло трепка, а
потоа свети постојано и така натаму
додека уредот не е целосно наполнет.
-
Кога уредот е целосно наполнет, сите три
светла на индикаторот за полнеж на
батеријата светат постојано. По околу 30
минути, светилката автоматски ќе се
исклучи.
Page 8
Македонски
3 По полнењето, отстранете ја единицата за
напојување од ѕидниот приклучок и
исклучете го малиот приклучок од уредот.
Полнење во држачот за полнење (само за
конкретни модели)
1 Осигурете се дека уредот е исклучен.
2 Ставете го малиот приклучок во држачот за
полнење и приклучете ја единицата за
напојување на ѕидниот приклучок.
3 Ставете го уредот во држачот за полнење.
Само за конкретни модели: светлосниот
прстен на дното од држачот за полнење ќе
свети и ќе ротира брзо.
-
По околу 5 минути, светлосниот прстен ќе
ротира побавно. Сега батеријата има
доволно енергија за едно бричење.
-
Како што уредот продолжува да се полни,
светлосниот прстен станува посветол и
ротира побавно.
-
Кога уредот е целосно наполнет,
светлосниот прстен се осветлува целосно
и престанува да ротира.
4 После полнењето, откачете ја единицата за
напојување од ѕидниот приклучок и откачете
го малиот приклучок од држачот за
полнење.
Симбол „откачи за користење“
Симболот „откачи за користење“ трепка за да
ве потсети да го исклучите уредот од ѕидниот
приклучок и да го отстраните малиот приклучок
од уредот пред да го вклучите.
11
Page 9
Македонски
12
Како да го користам мојот уред и
додатоците?
Предупредување: Пред употреба,
секогаш проверувајте го уредот и сите
додатоци. Не користете ги уредот или кој
било додаток доколку се оштетени,
бидејќи тоа може да предизвика повреда.
Секогаш заменувајте го оштетениот дел
со оригинален.
Забелешка: Овој уред е водоотпорен. Тој е
погоден за употреба во бањата или под туш и
за чистење под млаз вода. Затоа, од
безбедносни причини, уредот може да се
користи само без кабел.
SkinIQ
Уредов е опремен со SkinIQ технологија
којашто интелигентно ја открива густината на
вашите влакна и техниката на бричење. За
подобра техника, може да добиете
персонализиран совет за бричење во
апликацијата.
Совет ќе добиете на два начини: бричења со
упатство во реално време и синхронизирани
бричења. Ве советуваме да започнете со
бричењето со упатство за да го подобрите
искуството со бричењето.
- Правилното ракување со уредот ќе
придонесе за најдобри резултати при
бричењето.
- Следете го советот добиен од
синхронизираните бричења и
персонализираните програми.
Page 10
Бричење
Македонски
Може да го користите уредот влажен или сув,
па дури и под туш. За влажно бричење,
нанесете малку вода и пена за бричење или гел
на кожата и исплакнете ги главите за бричење
под млаз топла вода пред да ги следите
чекорите подолу.
1 Вклучете го уредот.
2 Движете ги главите за бричење преку
кожата со кружни движења за да ги фатите
сите влакна што растат во различни насоки.
Нежно притиснете за поблиско, удобно
бричење.
Забелешка: не притискајте премногу силно,
бидејќи тоа може да ја иритира кожата.
Забелешка: ако се бричите со гел или пена,
плакнете ја единицата за бричење редовно
за време на бричењето за да се осигурите
дека ќе продолжи да се лизга мазно врз
вашата кожа.
13
3 Користете ги тесните страни на единицата за
бричење за да ги избричите тешко
пристапните места како вдолж вилицата и
под носот.
4 По секое користење, исклучете го и
исчистете го уредот.
Page 11
Македонски
14
Забелешка: Осигурете се дека сте ја
исплакнале целата пена или гел за бричење
од уредот.
Упатство за движење со SkinIQ: кога ќе
завршите со бричењето, ќе добиете
повратна информација на рачката. Иконата
за повратни информации за движење се
осветлува во различни бои, давајќи ви
повратни информации за целото бричење.
-
Кога се бричите со правилното движење
(кружни движења), иконата за повратни
информации за движење свети зелено.
-
Кога движењето на бричење може да се
подобри, иконата за повратни
информации за движење свети
портокалово. Погледнете ја апликацијата
за детали и совет.
Период за приспособување на кожата
Првите бричења може да не ви го дадат
очекуваниот резултат, па дури и вашата кожа
може малку да се иритира. Тоа е нормално. На
вашата кожа ѝ треба време да се приспособи
кон секој нов систем за бричење.
Следете ги советите што ви ги дава
апликацијата и редовно бричете се (најмалку 3
пати во седмицата) со овој уред за бричење во
период од 3 до 4 седмици за да дозволите
вашата кожа да се приспособи кон новиот уред
за бричење.
Page 12
Потсетник за чистење
Кога ќе го исклучите уредот, почнува да трепка
потсетникот за чистење за да ве потсети да го
исчистите уредот.
- Исчистете ги уредот и додатоците по секое
користење за да се спречи затнување и
оштетување.
- Чистете ги главите за бричење темелно
еднаш месечно или кога уредот не бричи
подеднакво добро како и претходно.
Синхронизирајте ги вашите бричења
Уредов за бричење ги складира вашите
податоци за бричењето, па не мора да го
земате паметниот телефон со вас кога се
бричите.
Кога складот за податоци е речиси полн, ќе
трепка симболот за известување. За да
спречите губење на податоците,
синхронизирајте го уредот за бричење со
апликацијата.
1 Осигурете дека сте блиску до уредот за
бричење и отворете ја апликацијата.
2 Апликацијата автоматски се поврзува и ги
синхронизира вашите последни бричења.
Потстрижување
Може да го користите потстрижувачот за да ги
уредувате бакенбардите и мустаќите.
1 Притиснете го надолу лизгачкото копче за
ослободување на потстрижувачот за да го
отворите потстрижувачот.
2 Вклучете го уредот.
Македонски
15
Page 13
Македонски
16
3 Држете го потстрижувачот под прав агол на
кожата и движете го уредот надолу додека
применувате благ притисок.
4 Потстрижувачот може да го користите и под
носот.
5 Исклучете го уредот и исчистете го
потстрижувачот по секое користење за да се
спречи затнување и оштетување.
6 Затворете го потстрижувачот.
Користење на додатоците што се прикачуваат со
кликнување
Забелешка: испорачаните додатоци може да се
разликуваат за различни производи. На
кутијата се прикажани додатоците што се
доставени со вашиот производ.
Користење на додатокот за стилизирање
брада со чешел
Можете да го користите стилизаторот на брада
со прикачен чешел за да ја стилизирате вашата
брада на едно фиксно поставување или на
различни поставувања за должината. Исто така
можете да ги кратите сите долги влакна пред
да се бричите за да добиете поудобно
бричење.
Поставките за должина на влакната на
додатокот за стилизирање брада
соодветствуваат со должината на
преостанатите влакна по сечењето и се во
опсег од 1 до 5мм.
Page 14
Македонски
1 Свртете ја главата за бричење или друг
додаток за да ја отстраните од рачката и
притиснете го додатокот за стилизирање
брада врз рачката.
2 Повлечете го чешелот директно во отворите
за насочување на двете страни од додатокот
за стилизирање брада.
3 Притиснете го избирачот на должина, а
потоа турнете го налево или надесно за да
го изберете саканото поставување за
должина на влакната.
4 Вклучете го уредот.
5 Движете го уредот нагоре додека
применувате благ притисок. Осигурете се
дека предниот дел од чешелот е во полн
контакт со кожата.
6 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
Користење на додатокот за стилизирање
брада без чешел
Можете да го користите додатокот за
стилизирање брада без чешел за да ги
контурирате брадата, мустаќите, бакенбардите
или влакната на вратот до должина од 0,5 мм.
Можете да го користите стилизаторот на брада
со прикачен чешел за да ја стилизирате вашата
брада на едно фиксно поставување или на
различни поставувања за должината. Исто така
можете да ги кратите сите долги влакна пред
17
Page 15
Македонски
18
да се бричите за да добиете поудобно
бричење.
1 Извадете го чешелот од додатокот за
стилизирање брада.
Забелешка: Фатете го чешелот во центарот
за да го извадите од додатокот за
стилизирање брада. Немојте да влечете на
страните од чешелот.
2 Вклучете го уредот.
3 Држете го приклучокот на стилизаторот на
брада под прав агол на кожата и движете го
уредот надолу додека применувате благ
притисок.
4 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
Користење на додатокот за отстранување
влакна од нос/уво
Може да го користите додатокот за
отстранување влакна од носот/увото за да ги
отстраните влакната од носот и/или ушите.
Отстранување на влакната од носот
Проверете дали и додатокот за отстранување
влакна од нос/уво и носните премини се чисти
пред потстрижувањето.
1 Свртете ја главата за бричење или друг
додаток за да ја отстраните од рачката и
притиснете го потстрижувачот за влакна од
нос/уво врз рачката.
2 Вклучете го уредот.
3 Внимателно вметнете ја главата на
потстрижувачот во една од ноздрите.
Не вметнувајте го додатокот повеќе од
0,5см во ноздрите.
Page 16
Македонски
4 Бавно движете ја главата на потстрижувачот
со кружни движење во секоја ноздра,
внимавајќи страната на врвот да ја држите
цврсто потпрена на кожата. Ова го намалува
чувството на скокоткање што може да се
појави.
5 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
Исушената слуз во носот може да го блокира
елементот за сечење, спречувајќи го уредот да
се вклучи. Ако елементот за сечење е блокиран,
исчистете го додатокот.
19
Отстранување на влакната од ушите
Надворешниот канал на увото мора да биде
чист и без насобран восок.
1 Вклучете го уредот.
2 Полека движете ја главата за
потстрижување вдолж работ на увото за да
ги отстраните влакната што излегуваат
надвор од работ.
3 Внимателно вметнете ја главата на
потстрижувачот во надворешниот канал на
увото.
Не вметнувајте ја главата на потстрижувачот
повеќе од 0,5см во ушниот канал, бидејќи
тоа може да го оштети тапанчето.
4 Бавно вртете ја главата на потстрижувачот
наоколу за да ги отстраните сите несакани
влакна од надворешниот канал на увото.
5 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
Page 17
20 sec.
20 sec.
Македонски
20
Користење на додатокот со четка за
чистење
Користете ја четката за чистење со вашиот
секојдневен крем за чистење за да отстраните
масло и нечистотија. Ве советуваме да ја
користите не повеќе од еднаш неделно.
Внимание: Немојте да го користите уредот на
оштетена или иритирана кожа или на рани.
1 Свртете ја главата за бричење или друг
додаток за да ја отстраните од рачката и
притиснете ја четката за чистење врз
рачката.
2 Навлажнете ја четката за чистење со вода.
Не користете ја четката за чистење сува
затоа што тоа може да ја иритира кожата.
3 Навлажнете го лицето со вода и нанесете
лосион за чистење лице на вашето лице.
4 Поставете ја четката за чистење на вашиот
образ.
5 Вклучете го уредот.
6 Нежно поместувајте ја четката преку вашата
кожа, од носот кон увото. Не притискајте
пресилно. Третманот треба да биде удобен.
Немојте да ја чистите чувствителната област
околу вашите очи.
7 По приближно 20 секунди поместете го
уредот на другиот образ и почнете да го
чистите тој дел од вашето лице.
Page 18
20 sec.
8 По приближно 20 секунди поместете го
уредот на челото и почнете да го чистите тој
дел од вашето лице. Нежно поместете ја
главата на четката одлево надесно.
Ве советуваме да не претерувате со
чистењето и да не чистите ниедна зона
подолго од 20 секунди.
9 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
10 По третманот, исплакнете го и исушете го
лицето. Вашето лице сега е подготвено за
следниот чекор од дневната рутина за нега
на кожа.
Складирање и патување
Забелешка: Ви советуваме да оставите уредот и
неговите додатоци да се исушат пред да ги
складирате за следната употреба.
- Ставете го заштитниот капак (ако е
доставен) на уредот за бричење за да
спречите акумулирање нечистотии.
- Чувајте го уредот во торбичката (ако е
доставена).
- Или, складирајте го уредот на држачот за
полнење (ако е доставен) или на Philips
Quick Clean Pod (ако е доставено).
Заклучување за патување
Може да го заклучите уредот за бричење кога
одите на пат. Заклучувањето за патување
спречува уредот за бричење да се вклучи по
грешка.
Активирање на заклучувањето за патување
Македонски
21
Page 19
3 sec.
Македонски
22
Притиснете го и задржете го копчето за
вклучување/исклучување 3 секунди за да го
користите режимот за заклучување при
патување.
Кога блокаторот за патување е активиран,
симболот на блокаторот за патување трепка.
Забелешка: Bluetooth се исклучува кога ќе го
активирате заклучувањето при патување.
Деактивирање на заклучувањето за патување
Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување 3 секунди.
Штом ќе го деактивирате заклучувањето при
патување, уредот се вклучува автоматски.
Забелешка: Уредот за бричење автоматски се
отклучува кога ќе се приклучи на ѕидниот
приклучок.
Како да го чистам мојот уред и
додатоците?
Чистете го уредот и додатоците по секое
користење за оптимални перформанси.
Чистење на уредот за бричење под млаз вода од
чешма
Исчистете ги уредот за бричење по секое
користење за да се спречи затнување и
оштетување.
Никогаш не сушете ја единицата за бричење со
крпа или ткаенина, бидејќи тоа може да ги
оштети главите за бричење.
Додека ја плакнете единицата за бричење, од
долниот дел на уредот за бричење може да
капе вода. Тоа е нормална појава.
Page 20
Македонски
1 Вклучете го уредот за бричење.
2 Исплакнете ја единицата за бричење под
топол млаз на чешма.
3 Исклучете ја машинката за бричење.
Притиснете го копчето за отпуштање за да ја
отворите единицата за бричење.
4 Исплакнете ја комората за влакна со топла
вода.
5 Исплакнете го држачот на главата за
бричење под топол млаз на чешма.
6 Внимателно истресете го вишокот вода и
оставете држачот на главата за бричење
целосно да се исуши.
7 Затворете ја единицата за бричење.
23
Темелно чистење
Ве советуваме да ги чистите главите за
бричење темелно еднаш месечно или кога
уредот за бричење не бричи подеднакво добро
како и претходно.
Page 21
Македонски
24
1 Уредот треба да биде исклучен и откачен од
ѕидниот приклучок.
2 Притиснете го копчето за ослободување на
единицата за бричење и извлечете го
држачот на главите за бричење од
единицата за бричење.
3 Плакнете ја комората за собирање влакна и
држачот на главата за бричење под млаз
вода.
4 Отстранете ги главите за бричење. За
детални упатства, погледнете „Како да ги
заменам главите за бричење?“.
Забелешка: Не чистете повеќе од едно
сечило и еден штитник во исто време, затоа
што тие се комплет од нагодени делови. Ако
случајно ставите сечило во погрешниот
штитник за бричење, може да се потребни
неколку недели за да се врати оптималното
бричење.
5 Исчистете ги сечилото и штитникот под млаз
вода.
6 Истресете го вишокот вода.
7 Вратете го главите за бричење во единицата
за бричење.. За детални упатства,
погледнете „Како да ги заменам главите за
бричење?“.
8 Вметнете ја шарката на држачот на главите
за бричење во отворот на горниот дел од
единицата за бричење и затворете ја
единицата за бричење.
Page 22
Македонски
Чистење на потстрижувач со прикачување
Исчистете го потстрижувачот по секое
користење за да се спречи затнување и
оштетување.
Никогаш немојте да ги сушите запците на
потстрижувачот со крпа или со ткаенина затоа
што ова може да ги оштети запците за
потстрижувачот.
1 Уредот треба да биде исклучен и откачен од
ѕидниот приклучок.
2 Притиснете го надолу лизгачкото копче за
да го отворите потстрижувачот со
прикачување.
3 Вклучете го уредот и исплакнете го
потстрижувачот со прикачување со топла
вода.
4 По чистењето, исклучете го уредот.
5 Внимателно истресете го вишокот вода и
оставете потстрижувачот со прикачување
целосно да се исуши.
6 Затворете го потстрижувачот.
Совет: За оптимални резултати, подмачкувајте
ги запците на потстрижувачот со прикачување
со капка минерално масло на секои шест
месеци (маслото не е вклучено).
25
Чистење на додатоците што се прикачуваат со
кликнување
Никогаш не сушете го потстрижувачот или
додатокот за стилизирање брада со крпа или со
ткаенина, затоа што на тој начин може да се
оштетат запците за потстрижување.
Page 23
Македонски
26
испорачаните додатоци може да се
разликуваат за различни производи. На
кутијата се прикажани додатоците што се
доставени со вашиот производ.
Чистете ги додатоците со кликнување по секое
користење за оптимални перформанси.
1 Осигурете се дека уредот е исклучен.
2 Свртете го додатокот за да го отстраните од
рачката.
Извлечете ја главата на четката за чистење
директно од држачот за додатокот.
3 Исчистете ги и деловите темелно со топла
вода. Користете сапун само на додатокот со
четка за чистење.
Совет: ако плакнењето на додатокот за
отстранување влакна од нос/уво под млаз
вода не е доволно, притиснете го додатокот
на рачката и потопете ја главата за
потстрижување во чаша со топла вода
неколку минути. Потоа, вклучете го уредот и
исплакнете го под млаз вода.
4 Внимателно истресете го вишокот вода од
додатокот за стилизирање брада, чешлите и
додатокот за отстранување влакна од
нос/уво и оставете ги целосно да се исушат.
Сушете го додатокот со четка за чистење со
крпа.
Никогаш немојте да ја сушите единицата за
сечење со крпа или со ткаенина, затоа што
на тој начин може да се оштетат запците за
потстрижување.
Совет: за оптимални резултати, редовно
подмачкувајте ги запците на додатокот за
стилизирање брада со капка масло за
машини за шиење.
Page 24
2
1
Македонски
Како да го користам Quick Clean Pod?
Подготвување на Quick Clean Pod за употреба
1 Вртете го и отстранете го горниот дел од
Quick Clean Pod.
2 Вртете го и отстранете го капакот од
картриџот на Quick Clean Pod.
3 Подигнете го јазичето на лепенката и
повлечете го за работ за да ја отстраните
лепенката од картриџот на Quick Clean Pod.
4 Притиснете го малиот кружен дел на
рачката од картриџот на Quick Clean Pod за
да ја скршите куката за закачување на
рачката.
27
5 Ставете го картриџот на Quick Clean Pod во
Quick Clean Pod.
Page 25
Македонски
28
6 Вратете го горниот дел од Quick Clean Pod
на основата и вртете во насока на стрелките
на часовникот додека не слушнете кликање.
Не навалувајте го Quick Clean Pod за да не
истече.
Користење на Quick Clean Pod
Забелешка: ако го користите уредот за
бричење со пена, гел или производи пред
бричење, темелно исплакнете ги главите за
бричење пред да го користите Quick Clean Pod.
Секогаш истресете го вишокот вода од уредот
за бричење пред да го ставите во Quick Clean
Pod.
1 Ставете го уредот за бричење наопаку во
Quick Clean Pod. Уредот за бричење
автоматски ќе открие дека е во Quick Clean
Pod.
2 Вклучете го уредот за бричење за да
започне програмата за чистење.
Секоја програма за чистење трае
приближно една минута. За време на
програмата за чистење, симболот за
чистење свети постојано, а сината икона
пулсира.
Рачката на уредот за бричење вибрира два
пати брзо кога ќе заврши програмата за
чистење.
Page 26
Македонски
3 Оставете го уредот за бричење целосно да
се исуши на воздух во Quick Clean Pod пред
да го складирате.
Заменување на картриџ на Quick Clean Pod
Заменете го картриџот за Quick Clean Pod
веднаш кога ќе се појави иконата за замена на
картриџ на Quick Clean Pod или следете ја
табелата подолу.
29
Зачестеност на
користење
ЦиклусиКога да се замени
картриџот на
Quick Clean Pod
Секој денОколу 30Секој месец
Неколку пати
неделно
Секоја седмицаОколу 13Секои 3 месеци
Секој месецОколу 3Секои 3 месеци
Околу 20Секои 2 месеци
1 Вртете го и отстранете го горниот дел од
Quick Clean Pod.
2 Извлечете го картриџот на Quick Clean Pod
од Quick Clean Pod за рачката.
Page 27
Македонски
30
3 Истурете ја преостанатата течност во одвод
и рециклирајте го празниот картриџ
согласно локалните прописи за отпад.
4 Ставете нов картриџ на Quick Clean Pod во
Quick Clean Pod.
Скенирајте го QR-кодот на левата страна
или посетете ја www.philips.com/cleaning-
cartridge за да нарачате заменски картриџи
за Quick Clean Pod.
Како да го поврзам уредот за бричење со
паметниот телефон?
Забелешка: осигурете дека на паметниот
телефон има Bluetooth® 4.1 или понова верзија.
Уредов за бричење е компатибилен со
Bluetooth® 4.1 и понови верзии за се поврзе со
апликацијата. Кога ќе ги спарите уредот за
бричење и паметниот телефон, Bluetooth на
уредот за бричење ќе се вклучи автоматски,
дури и кога уредот е исклучен. Ова овозможува
вашите податоци за бричењето да се
синхронизираат подоцна, па не мора да го
земате паметниот телефон со вас кога се
бричите.
Првите неколку пати кога ќе го вклучите уредот
за бричење, симболот за известување трепка
ако не се воспостави врска со паметниот
телефон.
Page 28
3 sec.
S7920
Македонски
Може да го исклучите Bluetooth на уредот за
бричење со активирање на заклучувањето при
патување.
Спарете го уредот за бричење со паметниот
телефон
Може да ја користите апликацијата за да ги
синхронизирате податоците за бричењето, да
ги менувате личните поставки и да добиете
обука според рутините.
Апликацијата е компатибилна со голем број
паметни телефони iPhone и Android™.
Повеќе информации може да најдете на
www.philips.com.
1 Преземете ја апликацијата.
2 Проверете дали Bluetooth на паметниот
телефон е вклучен.
3 Вклучете го уредот за бричење.
4 Отворете ја апликацијата и следете ги
упатствата за да го започнете процесот на
спарување.
5 Откако ќе се спарат, уредот за бричење и
апликацијата се поврзуваат автоматски кога
апликацијата е отворена и кога е вклучен
Bluetooth на вашиот телефон.
31
Page 29
Македонски
32
Симбол за известување
Уредот за бричење има симбол за известување.
Симболот за известување се вклучува кога
апликацијата има важна порака за вас. Кога ќе
се вклучи, едноставно отворете ја апликацијата
на вашиот смартфон и следете ги едноставните
совети што ви ги дава апликацијата. Ако ви
треба дополнителна поддршка, одете на
www.philips.com/support.
Прекинете ја врската на уредот за бричење со
паметниот телефон
Може да го прекинете спарувањето на уредот
за бричење само со еден паметен телефон
истовремено. За да го прекинете го
спарувањето на уредот за бричење со
паметниот телефон (на пример, кога ќе добиете
нов паметен телефон), следете ги чекориве:
Прекинете го спарувањето на уредот за
бричење: притиснете го и задржете го копчето
за вклучување/исклучување на рачката околу
10 секунди за да ја прекинете врската меѓу
уредот за бричење и апликацијата.
Забелешка: прекинувањето на спарувањето
е успешно кога симболот за известување ќе
светне 4 пати кратко.
Прекинете го спарувањето со паметниот
телефон:
1 Одете во „Поставките“ на вашиот паметен
телефон и изберете Bluetooth.
2 Допрете го името на уредот за бричење.
3 Допрете „заборави“ или „прекини
спарување“.
Забелешка: постапката за прекин на
спарувањето може да се разликува зависно
Page 30
2
1
Македонски
од паметниот телефон. Проверете го
прирачникот за паметниот телефон за
повеќе информации.
Како да ги заменам главите за бричење?
За максимално бричење, ве советуваме да ги
заменувате главите за бричење на секои две
години.
Веднаш заменете ги оштетените глави за
бричење. Секогаш заменувајте ги главите за
бричење со оригинални глави за бричење од
Philips.
Замена на главите за бричење
1 Исклучете ја машинката за бричење.
2 Притиснете го копчето за ослободување на
единицата за бричење и извлечете го
држачот на главите за бричење од
единицата за бричење.
3 Завртете ги прстените за прицврстување
спротивно од стрелките на часовникот и
извадете ги. Ставете ги настрана на
безбедно место.
33
4 Извадете ги главите за бричење од држачот
на главата за бричење.
Веднаш фрлете ги искористените глави за
бричење за да избегнете да ви се измешаат
со новите глави.
Page 31
2
1
Македонски
34
5 Ставете нови глави за бричење на држачот.
6 Поставете ги прстените за прицврстување
на главите за бричење и завртете ги во
насока на стрелките на часовникот за
повторно да ги прикачите.
- Секој прстен за држење има два жлеба што
целосно се вклопуваат во вдлабнатините на
држачот на главата за бричење. Вртете го
прстенот во насока на стрелките на
часовникот додека не слушнете кликнување
што укажува дека прстенот е стегнат.
Забелешка: Држете го држачот на главата за
бричење во рака додека повторно ги
вметнувате главите за бричење и ги
прикачувате прстените за држење. Не
ставајте го држачот на главата за бричење
на површина, бидејќи тоа може да
предизвика оштетување на главите за
бричење.
7 Вметнете ја шарката на држачот на главите
за бричење во отворот на горниот дел од
единицата за бричење и затворете ја
единицата за бричење.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови,
одете на www.philips.com/parts-and-
Page 32
accessories или кај дистрибутер на Philips. Исто
така, може да се јавите во Центарот за грижа за
корисниците на Philips во вашата земја (за
детали за контакт погледнете во листот со
меѓународна гаранција).
Достапни се следниве додатоци и резервни
делови:
- Резервни глави за бричење SH71 Philips
- Две пакувања картриџ на Philips Quick Clean
Pod CC12
- Три пакувања картриџ на Philips Quick Clean
Pod CC13
- Шест пакувања картриџ на Philips Quick
Clean Pod CC16
Забелешка: Достапноста на додатоците може
да се разликува од земја до земја.
Решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми
што може да ги сретнете кај уредот. Доколку не
можете да го решите проблемот со помош на
информациите дадени подолу, одете на
www.philips.com/support за список од најчесто
поставуваните прашања или контактирајте со
Центарот за грижа на корисници во вашата
земја.
Уред за бричење
ПроблемМожна
причина
Решение
Македонски
35
Не можам да
го поврзам
уредот за
бричење.
Не сте ја презеле
апликацијата.
Преземете ја апликацијата.
Page 33
Македонски
36
ПроблемМожна
причина
Уредот за
бричење и
паметниот
телефон не се
спарени.
Првиот обид за
спарување е
неуспешен.
Вашиот паметен
телефон не може
да го пронајде
уредот за
бричење.
Сакам да го
користам
уредот за
бричење без
апликацијата.
Решение
Спарете ги уредот за
бричење и паметниот
телефон следејќи ги
упатствата во апликацијата.
Прекинете го спарувањето
на уредот за бричење и
паметниот телефон обидете
се да ги спарите повторно.
Осигурете дека на
паметниот телефон има
Bluetooth 4.1 или понова
верзија.
Осигурете дека Bluetooth е
активиран на уредот за
бричење и на паметниот
телефон.
Осигурете се дека
паметниот телефон е во
опсег од еденметар од
уредот за бричење за да се
овозможи поврзување
преку Bluetooth.
Осигурете дека уредот за
бричење е наполнет.
Не треба да го поврзувате
уредот за бричење со
паметниот телефон пред
секое бричење. За да
добивате персонализирани
совети за бричење,
поврзувајте го барем еднаш
на секои 20 бричења за да
се синхронизираат
податоците за бричење.
Page 34
Македонски
37
ПроблемМожна
причина
Уредот не
работи кога ќе
го притиснам
копчето за
вклучување/и
склучување.
Уредотне
бричи толку
добро како
порано.
Уредот е сè уште
е приклучен на
ѕидниот
приклучок. Од
безбедносни
причини, уредот
може да се
користи само без
кабел.
Полнливата
батерија е празна.
Заклучувањето за
патување е
активирано.
Единицата за
бричење е
извалкана или
оштетена до
толкава мера што
моторот не може
да работи.
Главите за
бричење се
оштетени или
изабени.
Влакна или
нечистотии ги
блокираат
главите за
бричење.
Решение
За да го вклучите уредот,
откачете го од
напојувањето и притиснете
го копчето за
вклучување/исклучување.
Повторно наполнете ја
батеријата.
Притиснете и држете 3
секунди на копчето за
вклучување/исклучување за
да го деактивирате
заклучувањето за патување.
Исчистете ги главите за
бричење темелно или
заменете ги.
Заменете ги главите за
бричење.
Исчистете ги главите за
бричење темелно.
Page 35
Македонски
38
ПроблемМожна
Решение
причина
Вода тече од
долниот дел
на уредот.
Во текот на
чистењето, може
да се собере вода
меѓу
внатрешното
тело и
надворешното
куќиште на
уредот.
Тоа е нормално и не е
опасно затоа што целата
електроника е затворена во
запечатена погонска
единица во внатрешноста
на уредот.
Philips Quick Clean Pod
ПроблемМожна причинаРешение
Мојот уред за
бричење не е чист
по користењето на
Philips Quick Clean
Pod.
Мојот Philips Quick
Clean Pod не се
вклучува.
Сте го отстраниле
уредот за бричење
пред да заврши
програмата за
чистење.
Картриџот на Philips
Quick Clean Pod
треба да се замени.
Philips Quick Clean
Pod е навален.
Philips Quick Clean
Pod се напојува со
моторот од уредот
за бричење.
Оставете го уредот
за бричење во
Philips Quick Clean
Pod за време на
целата програма за
чистење. Секоја
програма за
чистење трае
приближно 1
минута. Иконата за
чистење се
исклучува кога ќе
заврши програмата
за чистење.
Заменете го
картриџот на Philips
Quick Clean Pod.
Ставете го
картриџот на Philips
Quick Clean Pod на
рамна површина.
Ставете го уредот
за бричење во
Philips Quick Clean
Pod. Вклучете го
уредот за бричење.
Page 36
Македонски
39
Мојот Philips Quick
Clean Pod
претекува.
Уредот за бричење
е поврзан во
ѕидниот приклучок.
Батеријата на
уредот за бричење
е празна.
Правилно го
користите Philips
Quick Clean Pod по
плакнењето на
уредот за бричење,
но не го тресете
вишокот вода.
Сте се бричеле со
гел или пена за
бричење и не сте го
исплакнале уредот
за бричење пред да
го користите Philips
Quick Clean Pod.
Исклучете го уредот
за бричење од
единицата за
напојување.
Наполнете го
уредот за бричење
пред да го
користите Philips
Quick Clean Pod.
Истресете го
вишокот вода по
плакнењето на
главите за бричење
секој пат пред да го
ставите уредот во
Philips Quick Clean
Pod.
Исплакнете ги
главите за бричење
темелно пред да го
користите Philips
Quick Clean Pod.