Philips S5588/30, S5583/10, S5587/70, S5579/71 user manual [mk]

Page 1
S5000 series
www.philips.com/support/ifu
Page 2
3
1
4
5
6
7
8 9
11 12
13 14 15
17 18 19 20 21
10
16
Page 3
Македонски
6

Содржина

Вовед_____________________________________________________________ 6 Општ опис________________________________________________________ 7 Што значат иконите на рачката од уредот?__________________ 8 Што значи иконата на мојот Quick Clean Pod?________________ 9 Како да го наполнам мојот уред?______________________________ 10 Полнење со единицата за напојување________________________ 10 Полнење во држачот за полнење (само за конкретни
модели) Симбол „откачи за користење“ ________________________________ 12 Како да го користам мојот уред и додатоците?______________ 12 Бричење__________________________________________________________ 12 Како да го чистам мојот уред и додатоците?_________________ 19 Чистење на уредот за бричење под млаз вода од чешма__ 19 Темелно чистење________________________________________________ 21 Чистење на потстрижувач со прикачување__________________ 22 Чистење на додатоците што се прикачуваат со
кликнување Како да го користам Quick Clean Pod?_________________________ 24 Подготвување на Quick Clean Pod за употреба______________ 24 Користење на Quick Clean Pod_________________________________ 25 Заменување на картриџ на Quick Clean Pod__________________ 26 Како да ги заменам главите за бричење?_____________________ 27 Замена на главите за бричење________________________________ 27 Поддршка________________________________________________________ 29 Нарачување додатоци__________________________________________ 29 Решавање проблеми___________________________________________ 30 Уред за бричење________________________________________________ 30 Philips Quick Clean Pod__________________________________________ 31
_ 11
_ 23

Вовед

Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ја искористите
Page 4

Општ опис

Македонски
поддршката која ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome или преку апликацијата.
1 Потстрижувач со прикачување 2 Лизгач за отпуштање на потстрижувачот 3 Единица за бричење 4 Копче за ослободување на единицата за
бричење 5 Копче за вклучување/исклучување 6 Рачка 7 Штекер за мал приклучок 8 Држач за полнење 9 Единица за напојување 10 Мал приклучок 11 Заштитно капаче 12 Торбичка 13 Картриџ на Philips Quick Clean Pod 14 Quick Clean Pod 15 Четка за чистење 16 Поставки за должина 17 Приклучок за стилизирање на брада што
влегува со кликнување 18 Чешел за додатокот за стилизирање брада 19 Држач на приклучок 20 Приклучок со четката за чистење што
влегува со кликнување 21 Додаток за отстранување влакна од носот
што се става со кликање Забелешка: Испорачаните додатоци може да се
разликуваат за различни производи. На кутијата се прикажани додатоците што се доставени со вашиот уред.
7
Page 5
Македонски
8

Што значат иконите на рачката од уредот?

Икона ОднесувањеЗначење
Трепка бавно кога ќе го отстраните потстрижув ачот од Quick Clean Pod за време на програмата за чистењеа
Трепкање Исчистете го уредот за бричење во
Свети постојано
Трепка брзо кога ќе го отстраните уредот за бричење од Quick Clean Pod или ќе го притиснете копчето за вклучување /исклучува ње за време на програмата за чистење
Програмата за чистење беше прекината. Ако го вратите уредот за бричење во Quick Clean Pod во рок од четири секунди, програмата за чистење ќе продолжи автоматски.
Quick Clean Pod. Исчистете ги додатоците под млаз вода.
Програмата за чистење е во тек.
Програмата за чистење беше сопрена. Ако сакате да продолжите, треба да го рестартирате циклусот на чистење со ставање на уредот за бричење во Quick Clean Pod и со притискање на копчето за вклучување/исклучување.
Page 6
Икона ОднесувањеЗначење
Македонски
9
Трепка кога ќе го притиснете копчето за вклучување /исклучува ње
Се осветлува кога ќе го подигнете уредот
Долното светло трепка портокалов о
Светлата трепкаат по редослед
Свети постојано
Трепкање Уредот мора да биде исклучен од
Заклучувањето за патување е активирано.
Бројот на осветлени ленти покажува уште колку батерија е останата.
Батеријата е речиси празна.
Уредот се полни.
Уредот е целосно наполнет.
ѕидниот приклучок пред да можете да го вклучите.

Што значи иконата на мојот Quick Clean Pod?

ИконаОднесување Значење
Page 7
Македонски
10
Станува видливо на Quick Clean Pod.
Картриџот на Quick Clean Pod треба да се замени.

Како да го наполнам мојот уред?

Полнете го уредот пред првото користење и кога најдолното светло на индикаторот за состојбата на батеријата трепка портокалово, покажувајќи дека батеријата е речиси празна.
Полнењето трае приближно 1 час. Брзо полнење: по приближно 5 минути
полнење, батеријата содржи доволно енергија за едно бричење.
Кога уредот е целосно наполнет, тој може да работи без кабел до 60 минути.
Забелешка: не може да го користите уредот додека се полни.

Полнење со единицата за напојување

1 Осигурете се дека уредот е исклучен. 2 Внесете го малиот приклучок во уредот и
ставете го адаптерот во ѕидниот приклучок.
-
Додека уредот е во режим на брзо полнење, светлата на индикаторот за состојбата на батеријата ќе се вклучуваат едно по друго. По околу 5 минути, најдолното светло на индикаторот за состојбата на батеријата ќе трепка. Сега батеријата има доволно енергија за едно бричење.
Page 8
Македонски
-
Додека уредот се полни, прво долното светло од индикаторот за состојба на батеријата трепка, а потоа свети постојано. Потоа второто светло трепка, а потоа свети постојано и така натаму додека уредот не е целосно наполнет.
-
Кога уредот е целосно наполнет, сите три светла на индикаторот за полнеж на батеријата светат постојано. По околу 30 минути, светилката автоматски ќе се исклучи.
3 По полнењето, отстранете ја единицата за
напојување од ѕидниот приклучок и
исклучете го малиот приклучок од уредот.

Полнење во држачот за полнење (само за конкретни модели)

1 Осигурете се дека уредот е исклучен. 2 Ставете го малиот приклучок во држачот за
полнење и приклучете ја единицата за
напојување на ѕидниот приклучок.
3 Ставете го уредот во држачот за полнење.
Само за конкретни модели: светлосниот
прстен на дното од држачот за полнење ќе
свети и ќе ротира брзо.
-
По околу 5 минути, светлосниот прстен ќе ротира побавно. Сега батеријата има доволно енергија за едно бричење.
-
Како што уредот продолжува да се полни, светлосниот прстен станува посветол и ротира побавно.
-
Кога уредот е целосно наполнет, светлосниот прстен се осветлува целосно и престанува да ротира.
11
Page 9
Македонски
12
4 После полнењето, откачете ја единицата за
напојување од ѕидниот приклучок и откачете
го малиот приклучок од држачот за
полнење.

Симбол „откачи за користење“

Симболот „откачи за користење“ трепка за да ве потсети да го исклучите уредот од ѕидниот приклучок и да го отстраните малиот приклучок од уредот пред да го вклучите.

Како да го користам мојот уред и додатоците?

Предупредување: Пред употреба, секогаш проверувајте го уредот и сите додатоци. Не користете ги уредот или кој било додаток доколку се оштетени, бидејќи тоа може да предизвика повреда. Секогаш заменувајте го оштетениот дел со оригинален.
Забелешка: Овој уред е водоотпорен. Тој е погоден за употреба во бањата или под туш и за чистење под млаз вода. Затоа, од безбедносни причини, уредот може да се користи само без кабел.

Бричење

Може да го користите уредот влажен или сув, па дури и под туш. За влажно бричење, нанесете малку вода и пена за бричење или гел на кожата и исплакнете ги главите за бричење под млаз топла вода пред да ги следите чекорите подолу.
1 Вклучете го уредот.
Page 10
Македонски
2 Движете ги главите за бричење преку
кожата со кружни движења за да ги фатите
сите влакна што растат во различни насоки.
Нежно притиснете за поблиско, удобно
бричење.
Забелешка: не притискајте премногу силно,
бидејќи тоа може да ја иритира кожата.
Забелешка: ако се бричите со гел или пена,
плакнете ја единицата за бричење редовно
за време на бричењето за да се осигурите
дека ќе продолжи да се лизга мазно врз
вашата кожа.
3 Користете ги тесните страни на единицата за
бричење за да ги избричите тешко
пристапните места како вдолж вилицата и
под носот. 4 По секое користење, исклучете го и
исчистете го уредот.
Забелешка: Осигурете се дека сте ја
исплакнале целата пена или гел за бричење
од уредот.
13

Период за приспособување на кожата

Првите бричења може да не ви го дадат очекуваниот резултат, па дури и вашата кожа може малку да се иритира. Тоа е нормално. На вашата кожа и на брадата им треба време да се прилагодат на секој нов систем за бричење. За да овозможите кожата да се прилагоди на
Page 11
Македонски
14
новиот уред, ве советуваме да се бричите редовно (барем 3 пати неделно) и тоа ексклузивно со овој уред, во период од 3 недели.

Потсетник за чистење

Кога ќе го исклучите уредот, почнува да трепка потсетникот за чистење за да ве потсети да го исчистите уредот.
- Исчистете ги уредот и додатоците по секое
користење за да се спречи затнување и
оштетување.
- Чистете ги главите за бричење темелно
еднаш месечно или кога уредот не бричи
подеднакво добро како и претходно.

Потстрижување

Може да го користите потстрижувачот за да ги уредувате бакенбардите и мустаќите.
1 Притиснете го надолу лизгачкото копче за
ослободување на потстрижувачот за да го
отворите потстрижувачот.
2 Вклучете го уредот.
3 Држете го потстрижувачот под прав агол на
кожата и движете го уредот надолу додека
применувате благ притисок.
4 Потстрижувачот може да го користите и под
носот. 5 Исклучете го уредот и исчистете го
потстрижувачот по секое користење за да се
спречи затнување и оштетување.
6 Затворете го потстрижувачот.
Page 12
Македонски
15

Користење на додатоците што се прикачуваат со кликнување

Забелешка: испорачаните додатоци може да се разликуваат за различни производи. На кутијата се прикажани додатоците што се доставени со вашиот производ.
Користење на додатокот за стилизирање брада со чешел
Можете да го користите стилизаторот на брада со прикачен чешел за да ја стилизирате вашата брада на едно фиксно поставување или на различни поставувања за должината. Исто така можете да ги кратите сите долги влакна пред да се бричите за да добиете поудобно бричење.
Поставките за должина на влакната на додатокот за стилизирање брада соодветствуваат со должината на преостанатите влакна по сечењето и се во опсег од 1 до 5мм.
1 Свртете ја главата за бричење или друг
додаток за да ја отстраните од рачката и
притиснете го додатокот за стилизирање
брада врз рачката.
2 Повлечете го чешелот директно во отворите
за насочување на двете страни од додатокот
за стилизирање брада.
Page 13
Македонски
16
3 Притиснете го избирачот на должина, а
потоа турнете го налево или надесно за да
го изберете саканото поставување за
должина на влакната.
4 Вклучете го уредот.
5 Движете го уредот нагоре додека
применувате благ притисок. Осигурете се
дека предниот дел од чешелот е во полн
контакт со кожата. 6 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
Користење на додатокот за стилизирање брада без чешел
Можете да го користите додатокот за стилизирање брада без чешел за да ги контурирате брадата, мустаќите, бакенбардите или влакната на вратот до должина од 0,5 мм.
Можете да го користите стилизаторот на брада со прикачен чешел за да ја стилизирате вашата брада на едно фиксно поставување или на различни поставувања за должината. Исто така можете да ги кратите сите долги влакна пред да се бричите за да добиете поудобно бричење.
1 Извадете го чешелот од додатокот за
стилизирање брада.
Забелешка: Фатете го чешелот во центарот
за да го извадите од додатокот за
стилизирање брада. Немојте да влечете на
страните од чешелот.
2 Вклучете го уредот.
Page 14
Македонски
3 Држете го приклучокот на стилизаторот на
брада под прав агол на кожата и движете го
уредот надолу додека применувате благ
притисок. 4 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
Користење на додатокот за отстранување влакна од нос/уво
Може да го користите додатокот за отстранување влакна од носот/увото за да ги отстраните влакната од носот и/или ушите.
Отстранување на влакната од носот
Проверете дали и додатокот за отстранување влакна од нос/уво и носните премини се чисти пред потстрижувањето.
1 Свртете ја главата за бричење или друг
додаток за да ја отстраните од рачката и
притиснете го потстрижувачот за влакна од
нос/уво врз рачката.
2 Вклучете го уредот. 3 Внимателно вметнете ја главата на
потстрижувачот во една од ноздрите.
Не вметнувајте го додатокот повеќе од
0,5см во ноздрите.
4 Бавно движете ја главата на потстрижувачот
со кружни движење во секоја ноздра,
внимавајќи страната на врвот да ја држите
цврсто потпрена на кожата. Ова го намалува
чувството на скокоткање што може да се
појави. 5 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето. Исушената слуз во носот може да го блокира
елементот за сечење, спречувајќи го уредот да
17
Page 15
Македонски
18
се вклучи. Ако елементот за сечење е блокиран, исчистете го додатокот.
Отстранување на влакната од ушите
Надворешниот канал на увото мора да биде чист и без насобран восок.
1 Вклучете го уредот. 2 Полека движете ја главата за
потстрижување вдолж работ на увото за да
ги отстраните влакната што излегуваат
надвор од работ. 3 Внимателно вметнете ја главата на
потстрижувачот во надворешниот канал на
увото.
Не вметнувајте ја главата на потстрижувачот
повеќе од 0,5см во ушниот канал, бидејќи
тоа може да го оштети тапанчето.
4 Бавно вртете ја главата на потстрижувачот
наоколу за да ги отстраните сите несакани
влакна од надворешниот канал на увото. 5 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
Складирање и патување
Забелешка: Ви советуваме да оставите уредот и неговите додатоци да се исушат пред да ги складирате за следната употреба.
- Ставете го заштитниот капак (ако е
доставен) на уредот за бричење за да
спречите акумулирање нечистотии.
- Чувајте го уредот во торбичката (ако е
доставена).
- Или, складирајте го уредот на држачот за
полнење (ако е доставен) или на Philips
Quick Clean Pod (ако е доставено).
Page 16
3 sec.
Македонски
Заклучување за патување
Може да го заклучите уредот за бричење кога одите на пат. Заклучувањето за патување спречува уредот за бричење да се вклучи по грешка.
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување 3 секунди за да го користите режимот за заклучување при патување.
Кога блокаторот за патување е активиран, симболот на блокаторот за патување трепка.
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување 3 секунди.
Штом ќе го деактивирате заклучувањето при патување, уредот се вклучува автоматски.
Забелешка: Уредот за бричење автоматски се отклучува кога ќе се приклучи на ѕидниот приклучок.

Како да го чистам мојот уред и додатоците?

Чистете го уредот и додатоците по секое користење за оптимални перформанси.

Чистење на уредот за бричење под млаз вода од чешма

Исчистете ги уредот за бричење по секое користење за да се спречи затнување и оштетување.
Никогаш не сушете ја единицата за бричење со крпа или ткаенина, бидејќи тоа може да ги оштети главите за бричење.
19
Page 17
Македонски
20
Додека ја плакнете единицата за бричење, од долниот дел на уредот за бричење може да капе вода. Тоа е нормална појава.
1 Вклучете го уредот за бричење. 2 Исплакнете ја единицата за бричење под
топол млаз на чешма.
3 Исклучете ја машинката за бричење.
Притиснете го копчето за отпуштање за да ја
отворите единицата за бричење.
4 Исплакнете ја комората за влакна со топла
вода.
5 Исплакнете го држачот на главата за
бричење под топол млаз на чешма. 6 Внимателно истресете го вишокот вода и
оставете држачот на главата за бричење
целосно да се исуши.
7 Затворете ја единицата за бричење.
Page 18

Темелно чистење

Ве советуваме да ги чистите главите за бричење темелно еднаш месечно или кога уредот за бричење не бричи подеднакво добро како и претходно.
1 Уредот треба да биде исклучен и откачен од
2 Притиснете го копчето за ослободување на
3 Плакнете ја комората за собирање влакна и
4 Отстранете ги главите за бричење. За
5 Исчистете ги сечилото и штитникот под млаз
6 Истресете го вишокот вода. 7 Вратете го главите за бричење во единицата
Македонски
ѕидниот приклучок.
единицата за бричење и извлечете го
држачот на главите за бричење од
единицата за бричење.
држачот на главата за бричење под млаз
вода.
детални упатства, погледнете „Како да ги
заменам главите за бричење?“.
Забелешка: Не чистете повеќе од едно
сечило и еден штитник во исто време, затоа
што тие се комплет од нагодени делови. Ако
случајно ставите сечило во погрешниот
штитник за бричење, може да се потребни
неколку недели за да се врати оптималното
бричење.
вода.
за бричење.. За детални упатства,
погледнете „Како да ги заменам главите за
бричење?“.
21
Page 19
Македонски
22
8 Вметнете ја шарката на држачот на главите
за бричење во отворот на горниот дел од
единицата за бричење и затворете ја
единицата за бричење.

Чистење на потстрижувач со прикачување

Исчистете го потстрижувачот по секое користење за да се спречи затнување и оштетување.
Никогаш немојте да ги сушите запците на потстрижувачот со крпа или со ткаенина затоа што ова може да ги оштети запците за потстрижувачот.
1 Уредот треба да биде исклучен и откачен од
ѕидниот приклучок. 2 Притиснете го надолу лизгачкото копче за
да го отворите потстрижувачот со
прикачување.
3 Вклучете го уредот и исплакнете го
потстрижувачот со прикачување со топла
вода.
4 По чистењето, исклучете го уредот. 5 Внимателно истресете го вишокот вода и
оставете потстрижувачот со прикачување
целосно да се исуши. 6 Затворете го потстрижувачот. Совет: За оптимални резултати, подмачкувајте
ги запците на потстрижувачот со прикачување со капка минерално масло на секои шест месеци (маслото не е вклучено).
Page 20
Македонски

Чистење на додатоците што се прикачуваат со кликнување

Никогаш не сушете го потстрижувачот или додатокот за стилизирање брада со крпа или со ткаенина, затоа што на тој начин може да се оштетат запците за потстрижување.
испорачаните додатоци може да се разликуваат за различни производи. На кутијата се прикажани додатоците што се доставени со вашиот производ.
Чистете ги додатоците со кликнување по секое користење за оптимални перформанси.
1 Осигурете се дека уредот е исклучен. 2 Свртете го додатокот за да го отстраните од
рачката.
Извлечете ја главата на четката за чистење
директно од држачот за додатокот.
3 Исчистете ги и деловите темелно со топла
вода. Користете сапун само на додатокот со
четка за чистење.
Совет: ако плакнењето на додатокот за
отстранување влакна од нос/уво под млаз
вода не е доволно, притиснете го додатокот
на рачката и потопете ја главата за
потстрижување во чаша со топла вода
неколку минути. Потоа, вклучете го уредот и
исплакнете го под млаз вода. 4 Внимателно истресете го вишокот вода од
додатокот за стилизирање брада, чешлите и
додатокот за отстранување влакна од
нос/уво и оставете ги целосно да се исушат.
Сушете го додатокот со четка за чистење со
крпа.
Никогаш немојте да ја сушите единицата за
сечење со крпа или со ткаенина, затоа што
23
Page 21
2
1
Македонски
24
на тој начин може да се оштетат запците за
потстрижување.
Совет: за оптимални резултати, редовно
подмачкувајте ги запците на додатокот за
стилизирање брада со капка масло за
машини за шиење.

Како да го користам Quick Clean Pod?

Подготвување на Quick Clean Pod за употреба

1 Вртете го и отстранете го горниот дел од
Quick Clean Pod.
2 Вртете го и отстранете го капакот од
картриџот на Quick Clean Pod.
3 Подигнете го јазичето на лепенката и
повлечете го за работ за да ја отстраните
лепенката од картриџот на Quick Clean Pod.
4 Притиснете го малиот кружен дел на
рачката од картриџот на Quick Clean Pod за
да ја скршите куката за закачување на
рачката.
Page 22
5 Ставете го картриџот на Quick Clean Pod во
Quick Clean Pod.
6 Вратете го горниот дел од Quick Clean Pod
на основата и вртете во насока на стрелките
на часовникот додека не слушнете кликање.
Не навалувајте го Quick Clean Pod за да не истече.

Користење на Quick Clean Pod

Забелешка: ако го користите уредот за бричење со пена, гел или производи пред бричење, темелно исплакнете ги главите за бричење пред да го користите Quick Clean Pod.
Секогаш истресете го вишокот вода од уредот за бричење пред да го ставите во Quick Clean Pod.
1 Ставете го уредот за бричење наопаку во
Quick Clean Pod. Уредот за бричење
автоматски ќе открие дека е во Quick Clean
Pod. 2 Вклучете го уредот за бричење за да
започне програмата за чистење.
Македонски
25
Page 23
Македонски
26
Секоја програма за чистење трае
приближно една минута. За време на
програмата за чистење, симболот за
чистење свети постојано, а сината икона
пулсира.
Рачката на уредот за бричење вибрира два
пати брзо кога ќе заврши програмата за
чистење.
3 Оставете го уредот за бричење целосно да
се исуши на воздух во Quick Clean Pod пред
да го складирате.

Заменување на картриџ на Quick Clean Pod

Заменете го картриџот за Quick Clean Pod веднаш кога ќе се појави иконата за замена на картриџ на Quick Clean Pod или следете ја табелата подолу.
Зачестеност на користење
Циклуси Кога да се замени
картриџот на Quick Clean Pod
Секој ден Околу 30 Секој месец
Неколку пати неделно
Секоја седмица Околу 13 Секои 3 месеци
Секој месец Околу 3 Секои 3 месеци
Околу 20 Секои 2 месеци
1 Вртете го и отстранете го горниот дел од
Quick Clean Pod.
Page 24
Македонски
2 Извлечете го картриџот на Quick Clean Pod
од Quick Clean Pod за рачката.
3 Истурете ја преостанатата течност во одвод
и рециклирајте го празниот картриџ
согласно локалните прописи за отпад.
4 Ставете нов картриџ на Quick Clean Pod во
Quick Clean Pod.
Скенирајте го QR-кодот на левата страна
или посетете ја www.philips.com/cleaning-
cartridge за да нарачате заменски картриџи
за Quick Clean Pod.

Како да ги заменам главите за бричење?

За максимално бричење, ве советуваме да ги заменувате главите за бричење на секои две години.
Веднаш заменете ги оштетените глави за бричење. Секогаш заменувајте ги главите за бричење со оригинални глави за бричење од Philips.

Замена на главите за бричење

1 Исклучете ја машинката за бричење.
27
Page 25
2
1
2
1
Македонски
28
2 Притиснете го копчето за ослободување на
единицата за бричење и извлечете го
држачот на главите за бричење од
единицата за бричење.
3 Завртете ги прстените за прицврстување
спротивно од стрелките на часовникот и
извадете ги. Ставете ги настрана на
безбедно место.
4 Извадете ги главите за бричење од држачот
на главата за бричење.
Веднаш фрлете ги искористените глави за
бричење за да избегнете да ви се измешаат
со новите глави.
5 Ставете нови глави за бричење на држачот.
6 Поставете ги прстените за прицврстување
на главите за бричење и завртете ги во
насока на стрелките на часовникот за
повторно да ги прикачите.
Page 26
- Секој прстен за држење има два жлеба што
целосно се вклопуваат во вдлабнатините на
држачот на главата за бричење. Вртете го
прстенот во насока на стрелките на
часовникот додека не слушнете кликнување
што укажува дека прстенот е стегнат.
Забелешка: Држете го држачот на главата за
бричење во рака додека повторно ги
вметнувате главите за бричење и ги
прикачувате прстените за држење. Не
ставајте го држачот на главата за бричење
на површина, бидејќи тоа може да
предизвика оштетување на главите за
бричење.
7 Вметнете ја шарката на држачот на главите
за бричење во отворот на горниот дел од
единицата за бричење и затворете ја
единицата за бричење.

Поддршка

Нарачување додатоци

За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and- accessories или кај дистрибутер на Philips. Исто така, може да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на Philips во вашата земја (за детали за контакт погледнете во листот со меѓународна гаранција).
Достапни се следниве додатоци и резервни делови:
- Резервни глави за бричење SH71 Philips
- Две пакувања картриџ на Philips Quick Clean
Pod CC12
Македонски
29
Page 27
Македонски
30
- Три пакувања картриџ на Philips Quick Clean
Pod CC13
- Шест пакувања картриџ на Philips Quick
Clean Pod CC16 Забелешка: Достапноста на додатоците може
да се разликува од земја до земја.

Решавање проблеми

Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со помош на информациите дадени подолу, одете на www.philips.com/support за список од најчесто поставуваните прашања или контактирајте со Центарот за грижа на корисници во вашата земја.

Уред за бричење

Проблем Можна
причина
Решение
Уредот не работи кога ќе го притиснам копчето за вклучување/и склучување.
Уредот е сè уште е приклучен на ѕидниот приклучок. Од безбедносни причини, уредот може да се користи само без кабел.
Полнливата батерија е празна.
Заклучувањето за патување е активирано.
За да го вклучите уредот, откачете го од напојувањето и притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
Повторно наполнете ја батеријата.
Притиснете и држете 3 секунди на копчето за вклучување/исклучување за да го деактивирате заклучувањето за патување.
Page 28
Македонски
31
Проблем Можна
Решение
причина
Уредотне бричи толку добро како порано.
Вода тече од долниот дел на уредот.
Единицата за бричење е извалкана или оштетена до толкава мера што моторот не може да работи.
Главите за бричење се оштетени или изабени.
Влакна или нечистотии ги блокираат главите за бричење.
Во текот на чистењето, може да се собере вода меѓу внатрешното тело и надворешното куќиште на уредот.
Исчистете ги главите за бричење темелно или заменете ги.
Заменете ги главите за бричење.
Исчистете ги главите за бричење темелно.
Тоа е нормално и не е опасно затоа што целата електроника е затворена во запечатена погонска единица во внатрешноста на уредот.

Philips Quick Clean Pod

Проблем Можна причина Решение
Page 29
Македонски
32
Мојот уред за бричење не е чист по користењето на Philips Quick Clean Pod.
Мојот Philips Quick Clean Pod не се вклучува.
Сте го отстраниле уредот за бричење пред да заврши програмата за чистење.
Картриџот на Philips Quick Clean Pod треба да се замени.
Philips Quick Clean Pod е навален.
Philips Quick Clean Pod се напојува со моторот од уредот за бричење.
Уредот за бричење е поврзан во ѕидниот приклучок.
Батеријата на уредот за бричење е празна.
Оставете го уредот за бричење во Philips Quick Clean Pod за време на целата програма за чистење. Секоја програма за чистење трае приближно 1 минута. Иконата за чистење се исклучува кога ќе заврши програмата за чистење.
Заменете го картриџот на Philips Quick Clean Pod.
Ставете го картриџот на Philips Quick Clean Pod на рамна површина.
Ставете го уредот за бричење во Philips Quick Clean Pod. Вклучете го уредот за бричење.
Исклучете го уредот за бричење од единицата за напојување.
Наполнете го уредот за бричење пред да го користите Philips Quick Clean Pod.
Page 30
Македонски
33
Мојот Philips Quick Clean Pod претекува.
Правилно го користите Philips Quick Clean Pod по плакнењето на уредот за бричење, но не го тресете вишокот вода.
Сте се бричеле со гел или пена за бричење и не сте го исплакнале уредот за бричење пред да го користите Philips Quick Clean Pod.
Истресете го вишокот вода по плакнењето на главите за бричење секој пат пред да го ставите уредот во Philips Quick Clean Pod.
Исплакнете ги главите за бричење темелно пред да го користите Philips Quick Clean Pod.
Page 31
© 2020 Koninklijke Philips N.V. Сите права се задржани
3000.057.1977.1 (31/8/2020)
>75 % recycled paper >75 % papier recyclé
Loading...