Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на
www.philips.com/support
Содржина
1 Важно 2
Помош и поддршка 2
Важни безбедносни упатства 2
Грижа за вашиот производ 3
Грижа за животната средина 4
Усогласеност 4
2 Вашиот Саундбар 4
Главна единица 4
Далечински управувач 5
Конектори 6
3 Поврзување 6
Поставување 6
Поврзување на Саундбар и
Субвуфер 7
Рачно спарување на Субвуферот 7
Поврзување аудио од ТВ и други
уреди 8
4 Користење на Саундбар 9
Прилагодување на јачината на звук 9
MP3 репродуктор 9
Репродуцирање аудио преку
Bluetooth 10
Автоматска подготвеност 10
Примена на фабрички поставки 10
Ажурирање софтвер 10
5 Монтирање на ѕид 11
6 Спецификации на производот 11
7 Решавање проблеми 12
МК1
1 Важно
Прочитајте ги и разберете ги сите упатства
пред да го користите производот. Доколку
штетата е предизвикана од неправилно
следење на упатствата, гаранцијата нема да
важи.
Помош и поддршка
За обемна поддршка на интернет, посетете
www.philips.com/support на:
• преземете го корисничкото упатство и
краткото упатство
• гледајте ги видео туторијалите (достапно
само за избрани модели)
• најдете одговори за често поставувани
прашања (ЧПП)
• испратете ни прашање по е-пошта
• разговарајте со наш претставник за
поддршка.
Следете ги упатствата на веб-локацијата за да
го изберете јазикот, а потоа внесете го бројот
на модел на вашиот производ
Алтернативно, може да контактирате со
Грижа за корисници во вашата земја. Пред
да контактирате, запишете го бројот на модел
и серискиот број на вашиот производ. Овие
информации може да ги најдете на позадината
или на долниот дел од вашиот производ.
Важни безбедносни
упатства
• Прочитајте ги овие упатства.
• Зачувајте ги овие упатства.
• Придржувајте се на сите
предупредувања.
• Следете ги сите упатства.
• Не употребувајте го апаратот во
близина на вода.
• Чистете го само со сува крпа.
• Не блокирајте ниеден од отворите за
вентилација. Инсталирајте
во согласност со
упатствата на производителот.
• Не инсталирајте во близина на никакви
извори на топлина како радијатори,
греалки, печки или други апарати
(вклучувајќи и засилувачи) што создаваат
топлина.
• Не нарушувајте ја безбедносната улога
на приклучокот што е поларизиран или
e тип на приклучок со заземјување.
Поларизираниот приклучок има две
иглички од кои едната е поширока од
другата Тип на приклучок со заземјување
има две иглички и трета игличка за
заземјување. Широката игличка или
третата игличка се обезбедени за ваша
безбедност. Ако обезбедениот приклучок
не влегува во вашата приклучница,
консултирајте се со електричар за замена
на застарената приклучница.
• Заштитете го електричниот кабел од
нагазување или продупчување, особено кај
приклучоците, дополнителните приклучни
места на приклучница и местото каде што
истиот излегува од апаратот.
• Користете само додатоци/прибор
наведени од производителот.
• Користете само со количка, потпирач,
троножец, алка или маса наведени од
производителот или што се продаваат
со апаратот.. Кога се користи
количка, внимавајте кога ја
придвижувате комбинацијата
количка/апарат да избегнете
повреда од превртување.
• Исклучете го апаратот при грмотевици
или кога не се користи долг временски
период.
• За секакво сервисирање ангажирајте
квалификуван сервисен персонал.
Сервисирање е потребно кога апаратот
е оштетен на било кој начин, кога
електричниот кабел или приклучокот
се оштетени, истурена е течност или
предмети паднале во апаратот, апаратот
бил изложен на дожд или влага, не
работи нормално или паднал.
• ВНИМАНИЕ при користење батерии -за
да спречите истекување на батериите
што може да доведе до телесна повреда,
штета на имот или штета на единицата:
• Инсталирајте ги сите батерии
правилно, + и - како што е означено
МК2
на единицата.
• Не мешајте батерии (стари и нови
или карбонски и алкални и сл.).
• Извадете ги батериите кога единицата
не се користи долго време.
• Батериите не треба да се изложуваат
на претерана топлина како сончева
светлина, оган или сл.
• Перхлоратен материјал - може
да биде потребно посебно
ракување. Видете www.dtsc.ca.gov/
hazardouswaste/perchlorate.
• Производот/далечинскиот управувач
може да содржат батерија од тип
паричка/копче, која може да се проголта.
Секогаш чувајте ја батеријата подалеку
од дофат на деца! Ако се проголта,
батеријата може да предизвика сериозна
повреда или смрт. Може да се јават
сериозни внатрешни изгореници во рок
од два часа по проголтувањето.
• Ако се сомневате дека батерија е
проголтана или е ставена во некој дел
од телото, веднаш побарајте медицинска
помош.
• Кога ги менувате батериите, секогаш
чувајте ги сите нови и искористени батерии
подалеку од дофат на деца. Уверете се дека
делот за батерија е целосно обезбеден
откако сте ја смениле батеријата.
• Ако делот за батерија не може да
биде целосно обезбеден, прекинете
со употреба на производот. Чувајте
го подалеку од дофат на деца и
контактирајте со производителот.
• Апаратот не треба да биде изложен на
капење или прскање.
• Не ставајте никакви извори на опасност
на апаратот (на пример, предмети
наполнети со течност, запалени свеќи).
• Овој апарат може да содржи олово
и жива. Фрлете според локалните,
државните или федералните закони.
За информации за фрлање или
рециклирање, ве молиме контактирајте
со вашите локални власти. За
дополнителна помош за опциите за
рециклирање, ве молиме контактирајте
www.mygreenelectronics.com или www.
eiae.org или www.recycle.philips.com.
• Таму каде што електричниот кабел
или приклучок на апаратот се користи
како уред за исклучување, уредот за
исклучување треба да остане лесно
пристапен и употреблив.
• Не ставајте го апаратот врз мебел кој
може да се преврти со потпирање на
дете или возрасен, влечење, стоење или
качување на него. Апарат што паѓа може
да предизвика сериозни повреди или
дури и смрт.
• Овој апарат не треба да се става во
вградена инсталација како што е полица
за книги или рамка освен ако не се
обезбеди соодветна вентилација. Уверете
се дека сте оставиле простор од 7,8 инчи
(20 см) или повеќе околу апаратот.
Симбол за опрема од Класа II
Овој симбол укажува дека единицата има
систем на двојна изолација.
Знајте ги овие безбедносни симболи
Оваа „молња“ укажува дека
неизолиран материјал во вашата
единица може да предизвика
струен удар За безбедноста на
секој во вашето домаќинство, не вадете го
капакот на производот.
„Извичникот“ повикува на
внимание за карактеристики
за кои треба да ја прочитате
непосредно приложената
литература за да спречите проблеми со
работењето и одржувањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот
од пожар или струен удар, овој апарат не
треба да се изложува на дожд или влага и
предмети исполнети со течности како што се
вази не треба да се ставаат на овој апарат.
ВНИМАНИЕ: За да се спречи струен удар
соодветно ставете ја широката игличка на
приклучокот во широкиот отвор со ставање
до крај.
Грижа за вашиот производ
Користете само крпа од микрофибер за
чистење на производот.
МК3
Грижа за животната
средина
Фрлање на вашиот стар производ и батерија
Вашиот производ е дизајниран и изработен
од материјали и компоненти со висок квалитет,
кои може да се рециклираат и повторно да се
користат.
Овој симбол на производот значи дека
производот е опфатен од Европската
Директива 2012/19/EU.
Овој симбол значи дека производот содржи
батерии опфатени од Европската Директива
2013/56/EU кои не може да се фрлаат со обичен
отпад од домаќинството. Информирајте се за
локалниот систем за издвоено собирање на
електрични и електронски производи и батерии.
Следете ги локалните правила и никогаш не
фрлајте го производот и батериите со обичниот
отпад од домаќинството. Правилното фрлање
на стари производи и батерии помага да се
спречат негативните последици по животната
средина и човековото здравје.
Вадење на батериите за фрлање
Да ги извадите батериите за фрлање,
видете го делот инсталирање на батерија.
Усогласеност
Овој производ е усогласен со барањата за
радиоинтерференција на Европската Заедница.
Со ова, MMD Hong Kong Holding Limited
изјавува дека овој производ е усогласен со
основните барања и други релевантни мерки
од Директивата 2014/53/EU. Изјавата за
усогласеност може да ја најдете на www.p4c.
philips.com.
МК4
2 Вашиот
Саундбар
Ви честитаме на купувањето и добре дојдовте
во Philips! За целосна корист од поддршката
што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот
Саундбар на www.philips.com/welcome.
Главна единица
Овој дел вклучува преглед на главната единица.
Го вклучува Саундбарот или го става
во подготвеност.
(ИЗВОР)
Избира влезен извор за саундбарот.
Јачина на звук+/-
Ја зголемува или намалува јачината
на звук.
ЛЕД индикатор на Саундбар
• Светнува црвено кога
саундбарот е во подготвеност.
• Светнува зелено кога ќе
приклучите во линијата за
влезен извор (3,5 мм стерео
аудио кабел).
• Светнува сино кога ќе префрлите
на Bluetooth режим и уредите со
Bluetooth се спарени.
• Светнува жолто кога ќе префрлите
на оптички влезен извор.
• Трепка црвено кога ќе ја зголемите
или намалите јачината на звук,
постојано црвено кога ќе ја
максимизирате или минимизирате
јачината на звук.
• Трепка црвено со слаб интензитет
кога ќе го исклучите звукот на
саундбарот.
ЛЕД индикатор на субвуфер
• Трепка црвено пред да се
поврзе со Саундбарот.
• Свети постојано зелено кога е
успешно поврзан со Саундбарот.
Далечински управувач
Овој дел вклучува преглед на далечинскиот
управувач.
(Подготвеност-Вклучено)
Го вклучува Саундбарот или го става
во подготвеност.
LINE
Префрла на режим LINE IN.
Префрла на режим на Bluetooth.
+/- (јачина на звук)
• Ја зголемува или намалува
јачината на звук.
Копчиња за Репродукција /
СПАРУВАЊЕ Bluetooth
•
: Репродуцира, паузира
или продолжува репродукција
во режим на Bluetooth (само
за AVRCP поддржани уреди со
Bluetooth).
• / : Префрла на претходната
или следната нумера во режим
на Bluetooth (само за AVRCP
поддржани уреди со Bluetooth).
• (Долго притискање):
исклучува тековно поврзаниот
Bluetooth уред и започнува ново
спарување
SOUND
Избира режим на Музика, Филм или
Вести.
OPT
Го префрла вашиот аудио извор на
оптичко поврзување.
Исклучува звук или ја обновува
јачината на звук.
Го
МК5
Конектори
Овој дел вклучува преглед на конекторите
достапни на вашиот Саундбар
6
3 Поврзување
Овој дел ви помага да го поврзете Саундбарот
на ТВ и други уреди. За информации за
основните поврзувања на вашиот Саундбар и
приборот, видете го краткото упатство.
Забелешка
• За идентификација и рангирања на
електрично напојување, погледнете ја
печатената плочка на задниот или долниот
дел на производот.
• Пред да воспоставите или смените какви
било поврзувања, уверете се дека сите
уреди се исклучени од електричното
напојување.
Поставување
Ставете го Саундбарот како што е покажано
подолу.
HDMI (ARC)
За поврзување на HDMI влезот на TV.
SERVICE
За ажурирање софтвер.
AUX IN
Аудио внес од, на пример, MP3
репродуктор (3,5 мм приклучок).
OPTICAL
Поврзува со оптички аудио излез на
ТВ или дигитален уред.
DC IN
Го поврзува саундбарот на електрично
напојување.
AC IN
Го поврзува Субвуферот на
електрично напојување.
МК6
10см/4"
1м/
3стапки
Поврзување на Саундбар
и Субвуфер
Поврзување на Саундбар и
Субвуфер преку Bluetooth.
• Субвуферот ќе биде поврзан со
Саундбарот преку Bluetooth сигнал.
• Индикаторот на субвуферот ќе
трепка црвено пред да се поврзе со
Саундбарот и ќе прикаже постојано
сино светло откако ќе се поврзе со
Саундбарот.
• Ако Саундбарот и Субвуферот
биле спарени претходно, кога ќе
го приклучите повторно и ќе го
вклучите Саундбарот, Субвуферот
автоматски ќе се спари со
Саундбарот со нормален излез
на звук и индикаторот ќе свети со
постојано сино светло, а Субвуферот
автоматски ќе се исклучи откако
Саундбарот ќе биде исклучен.
Рачно спарување на
Субвуферот
• Ако не се слуша аудио од Субвуферот
или ако индикаторот на Субвуферот
не свети сино, следете ги следните
чекори да го ресетирате и повторно
да го спарите субвуферот:
1. Исклучете го Субвуферот и вклучете
го Саундбарот
2. Долго притиснете го копчето „ИЗВОР“
на Саундбарот 5 секунди за да
иницирате автоматско пребарување.
3. Вклучете го Субвуферот, неговиот
индикатор ќе покаже сино откако ќе
трепка црвено 8 секунди што значи
успешно спарен со Саундбарот.
МК7
Поврзување аудио од ТВ и
други уреди
Опција 1: Поврзување аудио
преку дигитален оптички кабел
Аудио со најдобар квалитет
OPTICAL
DIGITAL IN
OPTICAL OUT
OPTICAL
DIGITAL IN
OPTICAL OUT
AUX IN
AUX IN
Со користење 3,5 мм стерео аудио
1
кабел поврзете го конекторот LINE IN на
вашиот Саундбар со конекторот LINE на
ТВ или друг уред.
Опција 3: Поврзување со HDMI
(ARC) приклучок
Вашиот Саундбар поддржува HDMI со
Аудио повратен канал (ARC). Ако вашиот ТВ
поддржува HDMI ARC, може да го слушнете
аудиото на ТВ преку вашиот Саундбар со
користење на еден HDMI кабел.
OPTICAL
DIGITAL IN
Со користење на оптички кабел,
1
поврзете го конекторот OPTICAL на
вашиот Саундбар со конекторот OPTICAL OUT на ТВ или друг уред.
• Дигиталниот оптички конектор може
да биде означен како SPDIF или
SPDIF OUT.
Опција 2: Поврзување аудио
преку 3,5 мм стерео аудио кабел
МК8
HDMI (ARC)
HDMI (ARC)
Со користење на HDMI кабел со висока
1
брзина, поврзете го HDMI OUT (ARC)TO TV конекторот на вашиот Саундбар
со конекторот HDMI ARC на ТВ.
•
Конекторот HDMI ARC на ТВ може
да биде поинаку означен. За детали,
видете го корисничкото упатство за ТВ.
На вашиот ТВ, вклучете ги операциите
2
HDMI-CEC. За детали, видете го
корисничкото упатство за ТВ.
4 Користење на
MP3 репродуктор
Саундбар
Овој дел ви помага да го користите
Саундбарот да репродуцирате аудио од
поврзани уреди.
Пред да започнете
• Направете ги неопходните поврзувања
опишани во краткото упатство или
преземете го корисничкото упатство од
www.philips.com/support.
• Префрлете го Саундбарот на точниот
извор за други уреди.
Прилагодување на
јачината на звук
Притиснете +/- (Јачина на звук) да го
1
зголемите или намалите нивото на јачина
на звук.
• За да исклучите звук, притиснете .
• За да го обновите звукот, притиснете
повторно или притиснете +/-
(Јачина на звук).
Индикатор на јачина на звук
• Кога притискате јачина на звук+ за да ја
зголемите јачината на звук, индикаторот
на Саундбарот ќе трепка црвено, а
јачината на звук ќе се врати во нормала
откако ќе го достигне максимумот при
што индикаторот на Саундбарот ќе свети
непрекинато црвено за време од 2
секунди.
• Кога притискате јачина на звук- за да ја
намалите јачината на звук, индикаторот
на Саундбарот ќе трепка црвено и
јачината на звук ќе се врати во нормала
откако ќе го достигне минимумот при
што индикаторот на Саундбарот ќе свети
непрекинато црвено за време од
2 секунди.
Поврзете го вашиот MP3 репродуктор да
репродуцира аудио датотеки или музика.
Што ви е потребно
• MP3 репродуктор
• 3,5 мм стерео аудио кабел.
Со користење на 3,5 мм стерео аудио
1
кабел, поврзете го MP3 репродукторот
во AUDIO IN конекторот на вашиот
Саундбар
Притиснете AUDIO IN на далечинскиот
2
управувач.
Притиснете ги копчињата на MP3
3
репродукторот за да изберете и да
репродуцирате аудио датотеки или
музика.
МК9
Репродуцирање аудио
преку Bluetooth
Преку Bluetooth, поврзете го Саундбарот со
Bluetooth уред (како iPad, iPhone, iPod touch,
Android телефон или лаптоп), а потоа може да
слушате аудио датотеки складирани на уредот
преку вашите Саундбар звучници.
Што ви е потребно
• Bluetooth уред кој поддржува Bluetooth
профил A2DP и AVRCP и со верзија на
Bluetooth 4.2 или понова.
• Оперативниот опсег помеѓу Саундбарот
и Bluetooth уредот е приближно 4 метри
(13 стапки).
Притиснете на далечинскиот управувач
1
да го префрлите Саундбарот во режим
на Bluetooth.
Индикаторот на саундбарот трепка
сино.
На Bluetooth уредот, префрлете на
2
Bluetooth, пребарајте за и изберете
Philips HTL1520B за да започне
поврзувањето (видете го корисничкото
упатство за Bluetooth уред за тоа како да
овозможите Bluetooth).
Во текот на поврзувањето,
индикаторот на саундбарот трепка
сино.
Почекајте додека индикаторот
3
на саундбарот не почне да свети
непрекинато сино.
Ако поврзувањето не успее,
индикаторот трепка постојано на
помали интервали.
Изберете и репродуцирајте аудио датотеки
4
или музика на вашиот Bluetooth уред.
• Доколку во текот на репродукцијата
добиете повик, музиката ќе се
паузира.
• Ако вашиот Bluetooth уред поддржува
AVRCP профил, на далечинскиот
управувач може да притиснете
/ да прескокнете нумера или
притиснете да паузирате/
продолжите репродукција.
Да излезете од Bluetooth, изберете друг
5
извор.
• Кога повторно ќе префрлите на
режим на Bluetooth, поврзувањето
преку Bluetooth останува активно.
Забелешка
• Пренесувањето музика може да биде
прекинато од пречки помеѓу уредот и
Саундбарот како што се ѕид, метално
куќиште кое го покрива уредот или од
други уреди во близина кои работат на иста
фреквенција.
• Ако сакате да го поврзете Саундбарот со
друг Bluetooth уред, притиснете и задржете
на далечинскиот управувач да го
исклучите Bluetooth уредот кој е поврзан во
моментов.
Автоматска подготвеност
Кога репродуцирате медиум од поврзан
уред, овој производ автоматски префрла на
подготвеност по 15 минути неактивност на
копчињата и ако нема репродукција на аудио
од поврзан уред.
Примена на фабрички
поставки
Може да го ресетирате Саундбарот на
стандардниот режим на поставување.
In LINE режим, долго притиснете го
1
копчето за напојување на далечинскиот
управувач 5 секунди.
Фабричките поставки се обновени.
Ажурирање софтвер
За постојано подобрување на производот,
може да се понуди надградба на софтвер.
Посетете www.philips.com/support да
проверите дали е достапна најнова верзија
на софтвер.
МК10
5 Монтирање на
6 Спецификации
ѕид
Забелешка
• Неправилно монтирање на ѕид може да
предизвика незгода, повреда или штета.
Доколку имате некое прашање, контактирајте
со Грижа за корисници во вашата земја.
• Пред да монтирате на ѕид, уверете се
дека ѕидот може да ја издржи тежината на
Саундбарот.
Должина/дијаметар на шрафови
Во зависност од типот на монтирање на ѕид
на Саундбарот, уверете се дека користите
шрафови со одговарачка должина и
дијаметар.
3,0-3,5 мм/0,12"-0,14"
4 мм/
0,16"
> 25 мм/0,98"
Видете ја сликата во краткото упатство за тоа
како да го монтирате на ѕид Саундбарот:
1) Избушете две дупки на ѕидот.
2) Зацврстете ги диплите и шрафовите во
дупките.
3) Закачете го Саундбарот на шрафовите за
прицврстување.
на производот
Забелешка
• Спецификациите и дизајнот се предмет на
промена без известување.
• Кога производот останува неактивен
15 минути, автоматски се префрла во
подготвеност или вмрежена подготвеност.
• Кога производот (саундбар или
субвуфер) ги зачувува информациите
за подготвеност, потрошувачката на
електрична енергија во подготвеност е
помала од 2 W.
• Да го деактивирате Bluetooth
поврзувањето, притиснете го и задржете
го копчето Bluetooth на далечинскиот
управувач.
• Да го активирате Bluetooth поврзувањето,
овозможете Bluetooth поврзување на
вашиот Bluetooth уред.
7 Решавање
проблеми
Предупредување
• Ризик од струен удар Никогаш не вадете го
куќиштето на производот.
За гаранцијата да биде важечка, никогаш не
обидувајте се да го поправате производот
самите.
Ако имате проблеми со користење на овој
производ, проверете ги следниве ставки пред
да побарате сервис.
Ако сѐ уште имате проблем, добијте поддршка
на www.philips.com/support.
Главна единица
Копчињата на Саундбарот не работат.
• Исклучете го Саундбарот од
електричното напојување неколку
минути, а потоа повторно поврзете го.
Звук
Нема звук од звучниците на Саундбар.
• Поврзете го аудио кабелот од вашиот
Саундбар на ТВ или на други уреди.
• Ресетирајте го Саундбарот на неговите
фабрички поставки.
• На далечинскиот управувач, изберете го
точниот аудио влез.
• Уверете се дека на Саундбарот не му е
исклучен звукот.
Изобличен звук или ехо.
• Ако репродуцирате аудио од ТВ преку
Саундбарот; уверете се дека на ТВ му е
исклучен звукот.
Bluetooth
Уред не може да се поврзе со Саундбарот.
• Уредот не поддржува компатибилни
профили потребни за Саундбарот
МК12
• Не сте ја овозможиле функцијата
Bluetooth на уредот. Видете го
корисничкото упатство за уредот за тоа
како да ја овозможите функцијата.
• Уредот не е правилно поврзан.
Правилно поврзете го уредот, (видете
„Репродуцирање аудио преку Bluetooth“
на страница 10)
• Саундбарот е веќе поврзан со друг
Bluetooth уред. Исклучете го поврзаниот
уред, а потоа обидете се повторно.
Квалитетот на аудио репродукцијата од
поврзаниот Bluetooth уред е слаб.
• Bluetooth приемот е слаб Приближете
го уредот поблиску до Саундбарот, или
отстранете ги сите пречки помеѓу уредот
и Саундбарот.
Поврзаниот Bluetooth уред постојано се
поврзува и исклучува.
• Bluetooth приемот е слаб Приближете
го уредот поблиску до Саундбарот, или
отстранете ги сите пречки помеѓу уредот
и Саундбарот
• Исклучете ја функцијата Wi-Fi на Bluetooth
уредот за да избегнете интерференција.
• За некои Bluetooth, Bluetooth
поврзувањето може да се деактивира
автоматски за да се заштеди енергијаОва
не укажува на никаков дефект на
Саундбарот
МК13
Логотипот Bluetooth® и логоата се регистрирани заштитни знаци во сопственост на
Bluetooth SIG, Inc.
Спецификациите се предмет на промена без известување.
Philips и Philips Shield Emblem се регистрирани трговски марки на Koninklijke Philips N.V. и
се користат под лиценца.Овој производ е изработен од и се продава под одговорност на
MMD Hong Kong Holding Limited или една од неговите подружници и MMD Hong Kong
Holding Limited е гарант во врска со овој производ.
Loading...
+ hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.