Табела за храна 8
Пржење со врел воздух 11
Избирање на режимот за одржување топлина 15
Готвење со однапред поставена опција 16
Промена на друга однапред поставена опција 17
Подготвување домашен помфрит 18
Чистење 19
Табела за чистење 20
Складирање 21
Рециклирање 21
Гаранција и поддршка 21
Отстранување на проблеми 21
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го
користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
-Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да
не дојдат во допир со грејните елементи.
-Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух
додека работи апаратот.
-Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да
предизвика пожар.
-Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја
друга течност и не плакнете го под чешма.
-За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода
или друга течност во апаратот.
-Никогаш немојте да ставате количина на храна што го
надминува максималното ниво означено во корпата.
-Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот
додека работи.
-Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има
заглавено храна во грејачот.
-Немојте да го користите апаратот ако е оштетен
приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
Предупредување
-Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот
наведен на апаратот одговара на напонот на локалната
електрична мрежа.
-Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да
го замени компанијата Philips, односно сервисен центар
овластен од Philips или лица со слични квалификации за да
се избегне опасност.
-Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години
и лица со ограничени физички, сензорни или ментални
способности или лица со недостаток на искуство и знаење,
под услов да се под надзор или да добиле упатства за
безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со
апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да
вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно
лице.
-Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца
помлади од 8 години.
-Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки
површини.
-Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер.
Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го
вметнале во штекерот.
3МАКЕДОНСКИ
4МАКЕДОНСКИ
-Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен
тајмер или со засебен систем за далечинско управување.
-Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други
апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од
задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не
ставајте ништо врз апаратот.
-Апаратот употребувајте го исклучиво за намените
опишани во упатството за користење.
-За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез
на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и
лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите
за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа
и воздухот кога ја вадите тавата од апаратот.
-Површините што се допираат може да се вжештат додека
работи апаратот.
-Тавата, корпата и додатоците во апаратот Airfryer стануваат
врели во текот на користењето. Бидете внимателни кога
ракувате со нив.
-Немојте да го поставувате апаратот на или близу до
жежок плински шпорет, кој било електричен шпорет и
електрични грејни плочи или во загреана рерна.
-Никогаш не користете лесни состојки или хартија за
печење во апаратот.
-Немојте да го поставувате апаратот на или близу до
запаливи материјали како што се чаршаф или завеса.
-Не оставајте апаратот да работи без надзор.
-Веднаш исклучете го апаратот од штекер ако видите дека
од него излегува црн дим. Почекајте да престане димењето
пред да ја извлечете тавата од апаратот.
-Складирање компири: температурата мора да биде
соодветна на складираната сорта компир и мора да биде
над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на
акриламид во подготвената храна.
-Немојте да го приклучувате апаратот ниту да ракувате со
контролната табла со мокри раце.
-Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални
температури помеѓу 5 °C и 40 °C.
Внимание
-Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во
домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања
како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии,
фарми или други работни опкружувања. Не е наменет ниту
за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски
објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови
сместување.
-Секогаш доставувајте го апаратот во овластен сервисен
центар на Philips за испитување или поправка. Не
обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно
гаранцијата ќе биде поништена.
-Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за
професионални или полупрофесионални цели или ако не
се користи во согласност со упатствата во прирачникот за
корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема
да прифати одговорност за настанатата штета.
-Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува,
стабилна, рамна и хоризонтална површина.
-Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по
користењето.
-Оставете го апаратот да се олади прибл. 30 минути пред да
ракувате со него или да го чистите.
-Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да
бидат златножолти, а не темни или кафени. Отстранете
ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на
температура поголема од 180 °C (за да создавањето на
акриламид се сведе на минимум).
-Бидете внимателни кога го чистите горниот дел на
комората за пржење: жежок греен елемент, раб на
металните делови.
-Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во
апаратот Airfryer.
-Погрижете се секогаш да имате контрола над вашиот
Airfryer.
-Кога пржите мрсна храна, апаратот Airfryer може да
испушта дим.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки
стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на
електромагнетни полиња.
5МАКЕДОНСКИ
Автоматско исклучување
Овој апарат има функција за автоматско исклучување. Ако не
притиснете копче во рок од 20 минути, апаратот автоматски
ќе се исклучи. За рачно исклучување на апаратот, притиснете
го копчето за вклучување/исклучување.
6МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да ја искористите целосната поддршка што ја
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Airfryer од Philips е единствениот Airfryer со уникатна
технологија Rapid Air за пржење на вашата омилена храна со
малку или без масло и до 90 % помалку масти.
Технологијата Rapid Air на Philips овозможува рамномерно
готвење на храната, а ѕвездестиот облик нуди совршени
резултати од првиот до последниот залак.
Уживајте во совршено испржена храна што е крцкава
однадвор и мека одвнатре. Пржете, подготвувајте на скара и
печете за да подготвите различни вкусни оброци на здрав, брз
и лесен начин.
За инспирација, рецепти и информации поврзани со апаратот
Airfryer, посетете ја веб-страницата www.philips.com/kitchen
или преземете ја бесплатната апликација NutriU* за IOS® или
Android™.
*Апликацијата NutriU може да не е достапна во вашата земја.
Во овој случај, посетете ја локалната веб-страница на Philips за
инспирација.
Општ опис
1 Контролна табла
A Копче за зголемување на температурата
B Копче за намалување на температурата
C Копче за мени
D Однапред поставени менија
E Копче за вклучување/исклучување
F Копче за намалување на времето
G Копче за зголемување на времето
H Индикатор за време
I Екран
J Индикатор за температура
2 Ознака MAX
3 Корпа
4 Копче за отпуштање на корпата
5 Тава
6 Кабел за напојување
7 Отвори за излез на воздух
8 Отвор за влез на воздух
JHI
7МАКЕДОНСКИ
A
B
C
G
F
E
8
D
1
2
3
4
7
5
6
8МАКЕДОНСКИ
Пред првото користење
1 Отстранете ја целата амбалажа.
2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има)
од апаратот.
3 Исчистете го апаратот темелно пред првото користење,
како што е наведено во поглавјето за чистење.
Подготовка за употреба
1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна
површина којашто е отпорна на топлина.
Забелешка
• Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може
да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
• Немојте да го поставувате активниот апарат во близина или под
предмети коишто пареата може да ги оштети, како што се ѕидови
и ормани.
• Оставете ја гумената затка во тавата. Немојте да ја отстранувате
пред готвењето.
Користење на апаратот
Состојки
Тенок замрзнат
помфрит (7x7
mm/0,3x0,3 in)
Табела за храна
Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки
за видот на храна што сакате да ја подготвите.
Забелешка
• Имајте предвид дека овие поставки се предлози. Не можеме да
ви гарантираме најдобра поставка за одредена состојка бидејќи
сите состојки имаат различно потекло, големина, форма и бренд.
• Кога подготвувате поголема количина на храна (на пр. помфрит,
шкампи, батаци, замрзнати закуски), протресете, превртете
или измешајте ги состојките во корпата од 2 до 3 пати за да
постигнете рамномерен резултат.
Мин. – макс.
количина
200-800 g /
7-28 oz
Time
(Време)
(мин.)
ТемператураЗабелешка
14-31180 °C/350 °F• Протресете,
превртете или
измешајте 2-3 пати
при готвењето
Loading...
+ 16 hidden pages
You need points to download manuals.
1 point = 1 manual.
You can buy points or you can get point for every manual you upload.