ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ .................................................... 24
Менување на положбата на вратата ...........................................................24
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИСЕР .................................................... 24
Совети за заштеда на енергија ................................................................... 28
ДЕЛОВИ НА АПАРАТОТ И ОДДЕЛИТЕ ........................................... 29
MK -3-
ДЕЛ - 1.
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА
АПАРАТОТ
Општи предупредувања
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги блокирајте отворите за
вентилација кои се најдуваат во кутијата на уредот или во
вградената структура.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите механички
уреди или други начини за забрзување на процесот на
одмрзнување, освен оние кои се препорачани од
производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите електрични
уреди во внатрешните оддели на уредот, освен доколку не
се од вид кој е препорачан од производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не го оштетувајте колото на
разладувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога го позиционирате уредот,
гледајте кабелот за струја да не биде заглавен или оштетен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да поставувате повеќе
продолжни кабли или утикачи на задниот дел од уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се спречи опасност поради
нестабилност на уредот, мора да се фиксира според
инструкциите.
Ако вашиот уред користи R600а како рефригерант –
можете да ја видите оваа информација на етикетата на
ладилникот – треба да внимавате за време на транспорт и
монтажа да не ги оштетите разладните елементи на
ладилникот. Иако тој е пријателски спрема околината и
природен, експлозивен е. Во случај на истекување поради
оштетување на елементите на ладилникот, оддалечете го
уредот од извори на оган или топлина и проветрете ја собата
неколку минути.
MK -4-
• Додека го носите и преместувате фрижидерот, внимавајте
да не го оштетите колото на гасот.
• Немојте да чувате експлозивни материи, како на пример
кутии со аеросол со запалив пропелент, во овој уред.
• Овој уред е наменет да се користи само во домашни
услови и слични намени како на пр.:
- Кујнски оддели во продавници, канцеларии и други
работни средини
- Фарми и клиенти во хотели, мотели и други околини од
тип резиденција
- Околини од тип „ноќевање и појадок“
- Угостителство и слични непродажни намени
• Ако штекерот не одговара на приклучокот на кабелот,
мора да се замени од страна на производителот, неговиот
сервисен агент или слично обучени лица, со цел да се
избегне незгода.
• Овој уред не е наменет за користење од лица (вклучително
и деца) со намалени физички, осетни или умствени
способности или без искуство и/или знаење, освен
доколку не се под надзор или биле обучени за да го
користат уредот од страна на лице одговорно за нивната
безбедност. Децата мора да бидат надгледувани за да се
осигури дека не си играат со уредот.
• Кабелот за напојување на ладилникот има специјално
заземјен приклучок на него. Овој приклучок треба да се
користи со специјално заземјен приклучок од 16 ампери
или 10 ампери во зависност од земјата каде што ќе се
продава производот. Ако таков штекер нема во куќата,
повикајте квалификуван електричар да го монтира.
• Овој уред може да се користи од деца од 8 години и
нагоре и лица со намалени физички, осетни или ментални
способности или недостаток од искуство и знаење,
MK -5-
доколку истите се под надзор или им биле дадени
инструкции во врска со употребата на уредот на безбеден
начин и доколку ги разбираат можните опасности. Децата
не смеат да играат со уредот. Чистењето и одржувањето
не смеат да се извршуваат од деца без надзор.
• Деца на возраст од 3 до 8 години можат да ги полнат и
празнат уредите за ладење. Не се очекува деца да го
чистат или да го одржуваат уредот, не се очекува многу
мали деца (0-3 години) да ги користат уредите, не се
очекува мали деца (3-8 години) да ги користат безбедно
уредите доколку не се под постојана контрола, повозрасни
деца (8-14 години) и лица со посебни потреби можат да
ги користат уредите безбедно по соодветна контрола или
насоки за користење на уредот. Не се очекува лицата
со поголеми посебни потреби да ги користат безбедно
уредите без континуирана контрола.
• Ако кабелот е оштетен, мора да се замени од страна
на производителот, неговиот сервисен агент или слично
обучени лица, со цел да се избегне незгода.
• Овој уред не е наменет за употреба на надморска
височина повисока од 2000 m.
За да се избегне загадување на храна, ве молиме
придржувајте се до следните упатства:
• Отворање на вратата подолго време може да предизвика
значително зголемување на температурата во преградите
на уредот.
• Чистете ги редовно површините што можат да дојдат во
контакт со храна и достапните системи за одвод.
• Чувајте го сировото месо и риба во соодветните садови
во фрижидерот, со што нема да бидат во контакт или да
прокапуваат врз друга храна.
MK -6-
• Деловите за замрзната храна означена со две ѕвездички
се соодветни за чување претходно замрзната храна или
за правење сладолед или коцки мраз.
• Деловите со една, две и три ѕвездички не се соодветни
за замрзнување свежа храна.
• Ако фрижидерот е оставен подолго време, исклучете
го, одмрзнете го, исчистете го, избришете со сува крпа
и оставете ја вратата отворена за да спречите појава на
мувла во уредот.
Сервис
• За да го поправите уредот контактирајте го Овластениот
сервисен центар. Користете само оригинални делови.
• Имајте предвид дека поправката од самите вас или
непрофесионалната поправка можат да имаат последици
по безбедноста и можат да ја поништат гаранцијата.
• Следните резервни делови се достапни 7 години
по укинување на моделот: термостати, сензори за
температура, печатени струјни табли, извори на светлина,
рачки за врата, куки за врата, подлошки и корпи.
• Имајте предвид дека некои од овие резервни делови се
единствено достапни за професионални сервисери и дека
не сите резервни делови се однесуваат на сите модели.
• Гумите за врата ќе бидат достапни 10 години по укинување
на моделот.
MK -7-
Стари и неисправни фрижидери
• Доколку вашиот стар фрижидер има брава, скршете ја или тргнете ја, бидејќи децата
може да се заклучат во фрижидерот и да предизвикаат несреќа.
• Старите апарати користат материјал за изолација и рефригерант со ЦФЦ. Затоа,
внимавајте да не ја загадувате околината кога го фрлате стариот фрижидер.
Одлагање на стар апарат
Овој симбол на производот или на неговото пакување значи дека овој производ
не треба да се третира како отпад од домаќинство. Наместо тоа, треба да се
однесе во соодветен собирен центар за рециклирање на електрична и
електронска опрема. Производот треба да се фрли правилно. На тој начин ќе
спречите појава на потенцијални негативни последици за животната средина
и здравјето на луѓето кои би можеле да настанат поради несоодветно одлагање
на овој производ. За подетални информации околу рециклирањето на овој производ,
контактирајте со локалните овластени институции, службата за собирање отпад од
домаќинствата или продавницата каде што го купивте производот.
Забелешки:
• Прочитајте го внимателно прирачникот пред да го инсталирате и користите вашиот
уред. Нашата компанија нема да биде одговорна во случај на злоупотреба.
• Следете ги сите инструкции на уредот и во прирачникот, и чувајте го прирачников
на сигурно за да можете да решите идни можни проблеми.
• Овој уред е произведен за да се користи дома и може да се користи единствено така
и само за наведените намени. Не е погоден за комерцијална или општа употреба.
Ако се користи така, тоа ја поништува нашата гаранција и нашата компанија нема
да биде одговорна за настанатите штети.
• Овој уред е произведен за домашна употреба и погоден е само за ладење/чување
на храна. Не е погоден за комерцијална или општа употреба и/или за чување на
супстанци различни од храна. Нашата компанија не е одговорна за штети настанати
од непочитување на овие намени.
Безбедносни предупредувања
• Не користете продолжителен кабел или повеќевлезен штекер.
• Не вклучувајте оштетени, скинати или стари приклучоци.
• Немојте да го тргате, виткате или оштетувате кабелот.
• Не употребувајте продолжеток-адаптер.
• Уредот е наменет да се користи од страна на возрасни, не оставајте
им на децата да си играат со него или да висат на вратата.
• Не го фаќајте кабелот со влажни раце, опасност од струен удар!
MK -8-
• Не поставувајте стаклени шишиња или лименки со пијалаци во
замрзнувачот. Шишињата или лименките може да експлодираат.
• Поради ваша безбедност не поставувајте експлозивни и запаливи
материјали во фрижидерот. Поставете ги пијалаците со висок
алкохолен процент во одделот за ладење со добро затворени затки
и во вертикална позиција.
• Избегнувајте контакт со гола кожа со мразот додека го вадите од делот за
длабоко замрзнување, бидејќи мразот може да предизвика замрзнатини
и/или посекотини.
• Не допирајте замрзнати работи со влажни раце! Немојте да јадете сладолед и
коцки мраз веднаш откако ќе ги извадите од замрзнувачот!
• Немојте повторно да ги замрзнувате храните кои еднаш се одмрзнале. Тоа може
да предизвика здравствени проблеми од типот на труење со храна.
• Не го покривајте телото и врвот на фрижидерот со чаршаф. Тоа влијае на работата
на фрижидерот.
• Обезбедете ги внатрешните додатоци во апаратот за да не се оштетат при
преместување.
Инсталација и ракување со вашиот фрижидер
Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве
работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.
• Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.
• При првото вклучување може да се појави мирис. Ќе исчезне кога уредот ќе почне
да лади.
• Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката
со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.
• Вклучете го приклучокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот не
е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран електричар
да ви помогне.
• Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач. Напојувањето и
напонот на напојната точка мора да соодветствуваат со деталите на плочката на
уредот (таа се најдува на внатрешната лева страна на уредот).
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено на директна
сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се остава на дожд.
• Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети, фурни,
радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.
• Ако фрижидерот е веднаш до сандак за длабоко замрзнување,
неопходно е да се остави најмалку 2 см помеѓу нив со цел да се избегне
кондензација на надворешните површини.
• Потребен е слободен простор од најмалку 150 мм над и зад уредот.
• Не оставајте тешки предмети на уредот.
MK -9-
• Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го користите (видете
го делот Чистење и одржување).
• Прилагодливите предни ногалки мора да се постават на соодветна висина со цел
фрижидерот да работи стабилно и правилно. Тоа можете да го направите со вртење
на ногалките во правец на стрелките (или обратно). Тоа треба да се направи пред
да се постави храна во фрижидерот.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови со млака вода во
која сте раствориле сода бикарбона и потоа исплакнете со чиста вода и исушете.
Вратете ги сите делови после чистењ.
• Поставете ја пластиката за прилагодување на растојание (делот со
црни крилца на задната страна) така што ќе го завртите за 90 степени
со што ќе оневозможите на кондензаторот да го допира ѕидот.
• Фрижидерот треба да биде поставен наспроти ѕид на растојание
кое нема да надминува 75 мм.
Пред да го користите фрижидерот
• За да овозможите ефикасна работа, при првото користење или
после преместување, вклучете го фрижидерот во струја и оставете
го исправен 3 часа. Во спротивно, може да го оштетите компресорот.
• При првото вклучување може да се појави мирис; мирисот ќе исчезне
кога фрижидерот ќе почне да лади.
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБАДЕЛ - 2.
Општи информации за новата технологија (незамрзнување)
Ладилниците со новата технологија против мрзнење се разликуваат
од други статични ладилници во односот на принципот на работа.
Кај нормалните ладилници, влажноста што навлегува во ладилникот
заради отворање на вратата и влажноста во храната предизвикува
мрзнење во преградата на замрзнувачот. За да го одмрзнете мразот
во преградата за замрзнување, треба да го исклучите ладилникот, да
ја извадите храната што треба да се чува на константна температура
и периодично да го вадите мразот што се насобрал во ладилникот.
Состојбата во преградата за замрзнување е целосно поинаква кај
ладилниците со технологија против мраз. Сувиот и ладен воздух
се разнесува низ преградата за замрзнување со помош на фенот.
Студениот воздух што се распространува рамномерно меѓу полиците
ја лади и целата храна еднакво со што се спречуваат влага и мрзнење.
Воздухот е разнесен хомогено меѓу полиците во делот за ладење со
помош на фенот со што сета ваша храна се лади еднакво и правилно.
Со оглед дека нема проток на воздух меѓу деловите, нема мешање
на миризбите во трите различни делови од вашиот фрижидер.
Затоа, ладилникот со новата технологија против мраз ви овозможува
леснотија при употребата како надополнување на огромниот
капацитет и убавиот изглед.
MK -10-
Екран и контролен панел
5
1
2
3
4
6
Користење на контролниот панел
7
1. Ова е екран со вредности за поставување на ладилникот.
8
2. Ова е индикатор за супер-ладење.
9
3. Ова е екран со вредности за поставување на замрзнувачот.
4. Ова е индикатор за супер-замрзнување.
5. Ова е симбол за економичен режим.
6. Ова е симбол за режим за летувања и празници.
7. Ова е симбол за заклучување за деца.
8. Ова е симбол за аларм.
10
9. Ова е симбол за аларм за отворена врата
10. Овозможува активација на режимите (економичен режим,
режим за летувања и празници) кога е потребно.
Употреба на замрзнувачот на вашиот ладилник
Режим за супер замрзнување
Цел
• Да замрзнете голема количина на храна што не ја собира во полицата за
брзо замрзнување.
• Да замрзнете зготвена храна.
• Да замрзнете свежа храна со што би се задржала свежината.
Како треба да се користи?
Притиснете го копчето за поставување на замрзнувачот додека на екранот не
се појави симболот за супер-замрзнување. Ќе слушнете бипкање. Режимот е
поставен.
Додека е активен овој режим:
• Може да се приспособува температурата за режимот на ладење и суперладење. Во тој случај продолжува режимот за супер-замрзнување.
MK -11-
• Не може да го изберете економичниот режим и режимот за летувања и празници.
• Може да го откажете режимот на супер-замрзнување на истиот начин како што се
избира.
Забелешки:
• Максималната количина на свежа храна (во килограми) што може да се замрзне
за 24 часа е дадена на етикетата на производот.
• Активирајте го режимот за супер-замрзнување 3 часа пред да ја ставите свежата
храна во замрзнувачот за да ги постигнете оптималните резултати од работата со
максимален капацитет за замрзнување.
• На крајот од овој период, фрижидерот ќе пушти звучен аларм којшто индицира
дека процесот на режимот е завршен.
Режимот за супер-замрзнување ќе се откаже автоматски по 24 часа или кога
сензорот за температурата во замрзнувачот ќе се спушти под -32 °C.
Режим за супер-ладење
Цел
• Да изладите и чувате голема количина храна на преградата на ладилникот.
• Да изладите пијалаци за кратко време.
Како треба да се користи?
Притиснете го копчето за поставување на ладилникот додека на екранот не се
појави симболот за супер-ладење. Ќе слушнете бипкање. Режимот е поставен.
Додека е активен овој режим:
• Може да се приспособува температурата за режимот на замрзнување и
супер-замрзнување. Во тој случај продолжува режимот за супер-ладење.
• Не може да го изберете економичниот режим и режимот за летувања и
празници.
• Може да го откажете режимот за супер-ладење на истиот начин како што
се избира.
Економичен режим
Цел
Заштеда на електрична енергија. За време на периоди кога ретко се користи
или кога не сте дома, како на пример во периоди на одмор, еко-програмата
овозможува оптимална температура со заштеда на електрична енергија.
Како треба да се користи?
• Притиснете го „копчето за режим“ додека не се појави еко симболот.
• Ако не притиснете копче во рок од 1 секунда. Режимот ќе биде поставен.
Еко симболот ќе затрепка 3 пати. Ќе слушнете бипкање кога ќе го поставите
овој режим.
• Сегментите за температурата на замрзнувачот и ладилникот ќе покажуваат
„Е“.
• Симболот за економично и Е ќе светат додека не заврши режимот.
Додека е активен овој режим:
• Замрзнувачот може да се приспособува. Кога се откажува економичниот
режим, ќе продолжи со избраните вредности за поставувањето.
MK -12-
• Ладилникот може да се приспособува. Кога се откажува економичниот режим, ќе
продолжи со избраните вредности за поставувањето.
• Може да изберете режим за супер-ладење и супер-замрзнување. Економичниот
режим автоматски се откажува и се активира избраниот режим.
• Не може да го изберете режимот за летувања и празници откако сте го откажале
економичниот режим. Потоа се активира избраниот режим.
• Треба да го притиснете копчето за режим за да го откажете.
Режим за летувања и празници
Како треба да се користи?
• Притиснете го „копчето за режим“ додека не се појави симболот за летувања
и празници
• Ако не притиснете копче во рок од 1 секунда. Режимот е поставен. Симболот
за летувања и празници ќе затрепка 3 пати. Ќе слушнете бипкање кога ќе
го поставите овој режим.
• Сегментот за температурата на ладилникот ќе покажува „--“.
• Симболот за летувања и празници и „--“ ќе светат додека не заврши режимот.
Додека е активен овој режим:
• Замрзнувачот може да се приспособува. Кога се откажува режимот
за летувања и празници, ќе продолжи со избраните вредности за
поставувањето.
• Ладилникот може да се приспособува. Кога се откажува режимот за летувања
и празници, ќе продолжи со избраните вредности за поставувањето.
• Може да изберете режим за супер-ладење и супер-замрзнување. Режимот за
летувања и празници автоматски се откажува и се активира избраниот режим.
• Не може да го изберете економичниот режим откако сте го откажале режим за
летувања и празници. Потоа се активира избраниот режим.
• Треба да го притиснете копчето за режим за да го откажете.
Режим за ладење пијалаци
Кога треба да се користи?
Овој режим се користи за ладење на пијалаците за одредено време.
Како треба да се користи?
• Држете го притиснато копчето за замрзнувачот 3 секунди.
• Ќе се појави специјална анимација на екранот за вредностите за
поставување на замрзнувачот и ќе трепка 05 на екранот за вредностите
за поставување на ладилникот.
• Притиснете го копчето за ладилникот за да го приспособите времето (05 10 - 15 - 20 - 25 - 30 минути).
• Кога го избирате времето, бројките ќе затрепкаат 3 пати на екранот и ќе
се слушне бипкање.
• Ако не притиснете копче во рок од 2 секунди, ќе се постави времето.
• Одбројувањето на внесеното време се намалува за минута.
• Времето преостанато за одбројување ќе трепка на екранот.
MK -13-
• За да го откажете овој режим, држете го притиснато копчето за замрзнувачот 3
секунди.
Режим за штедење на екранот
Цел
Овој режим заштедува електрична енергија со тоа што го исклучува контролниот
панел доколку е неактивен.
Како се користи
• Режимот за штедење на екранот се активира автоматски по 30 секунди.
• Ако притиснете на кое било копче кога светилките на контролниот панел
се исклучени, ќе се појават тековните поставки на екранот за можете да
ги направите саканите измени.
• Ако не го откажете режимот за заштеда на екранот или ако не притиснете
на кое било копче во рок од 30 секунди, контролниот панел повторно ќе
се исклучи.
За да го деактивирате режимот за штедење на екранот,
• За да го откажете режимот за заштеда на екранот, прво треба да притиснете
на кое било копче за да се активираат копчињата, а потоа повторно притиснете го
и држете го копчето за режим во траење од 3 секунди.
• За да го реактивирате режимот за заштеда на екранот, притиснете го повторно и
држете го копчето за режим во траење од 3 секунди.
Функција на заклучувањето за деца
Кога треба да се користи?
За да спречите деца да си играат со копчињата и да ги менуваат поставките
што сте ги направиле, можете да го заклучите уредот за деца.
Активирање на заклучувањето за деца
Притиснете истовремено на копчињата за замрзнувач и ладилник и држете
ги 5 секунди.
Деактивирање на заклучувањето за деца
Притиснете истовремено на копчињата за замрзнувач и ладилник и држете
ги 5 секунди.
Забелешка: Заклучувањето за деца се деактивира и кога има прекин во
електричното напојување или фрижидерот е исклучен од струја.
Функција за аларм за отворена врата
Ако ја оставите вратата нафрижидерот отворена повеќе од 2 минути, уредот ќе
почне да испушта звук на бипкање и ќе свети знакот за отворена врата.
MK -14-
Поставки за температурата
Поставки за температурата во замрзнувачот
• Вредноста за почетната температура кај индикаторот за поставување на
замрзнувачот е -18 °C.
• Притиснете го копчето за поставување на замрзнувачот еднаш.
• Кога ќе го притиснете ова копче за првпат, на екранот ќе трепка последната
поставена вредност.
• Кога ќе го притиснете ова копче, температурата соодветно ќе се намали.
• Кога ќе го притиснете копчето за поставување на замрзнувачот додека е
прикажан симболот за супер-замрзнување, тој симбол ќе трепка ако не
притиснете ниту едно копче 1 секунда.
• Ако продолжите да притискате, ќе започне да одбројува од -16 °C.
• Вредноста на температурата избрана пред да се активираат режимот за
летувања и празници, режимот за супер-замрзнување, режимот за суперладење и економичниот режим ќе остане иста кога завршил режимот или
кога бил откажан. Уредот продолжува да работи со вредноста за оваа температура.
Поставки за температурата за ладење
• Вредноста за почетната температура кај индикаторот за поставување на
ладилникот е +4 °C.
• Притиснете го копчето за ладилникот еднаш.
• Кога ќе го притиснете ова копче за првпат, ќе се појави последно поставената
вредност кај индикаторот за ладилникот.
• Кога ќе го притиснете ова копче, температурата соодветно ќе се намали.
• Кога ќе го притиснете копчето за поставување на ладилникот додека е
прикажан симболот, тој симбол ќе трепка ако не притиснете ниту едно
копче 1 секунда.
• Ако продолжите да притискате, ќе започне да одбројува од +8 °C.
• Вредноста на температурата избрана пред да се активираат режимот за
летувања и празници, режимот за супер-замрзнување, режимот за суперладење и економичниот режим ќе остане иста кога завршил режимот или
кога бил откажан. Уредот продолжува да работи со вредноста за оваа температура.
MK -15-
Предупредувања за приспособување на температурата
• Приспособувањето на температурата треба да се направи согласно зачестеноста
на отворањето на вратата и количината храна што се чува во ладилникот.
• Не преминувајте на нова температура пред да го завршите приспособувањето.
• Ладилникот треба да работи 24 часа во амбиенталната температура без
прекинување откако ќе се вклучи за да се излади комплетно. Не отворајте ги често
вратите на ладилникот и не ставајте храна во текот на овој период.
• Функцијата за одложена работа од 5 минути се применува за да се спречи
оштетување на компресорот на ладилникот кога ќе го исклучите или вклучите
во струја повторно или кога ќе снема струја. Ладилникот ќе започне да работи
нормално по 5 минути.
• Ладилникот е дизајниран да работи во интервали на амбиентална температура
согласно стандардите и климатските услови посочени на етикетата со информации.
Ние не препорачуваме да го користите ладилникот
надвор од наведените вредности за температурата
во контекст на ефикасно ладење.
• Овој апарат е дизајниран да се користи во околина
со температурен опсег од 10 °C - 43 °C.
Важни упатства за поставување
Овој апарат е дизајниран да работи во тешки климатски
услови (до 43 °C или 110 °F) и користи технологија за
„заштита од замрзнување“ со која што замрзнатата храна во замрзнувачот нема да се
одмрзне дури и кога температурата во средината би паднала до -15 °C. Според ова,
апаратот може да го сместите во незатоплена соба без да се грижите дека замрзнатата
храна ќе се расипе. Кога температурата во средината ќе се врати во нормала, можете
да го користите апаратот како и вообичаено.
Климатска
класа
TМеѓу 16 и 43 (°C)
STМеѓу 16 и 38 (°C)
NМеѓу 16 и 32 (°C)
SNМеѓу 10 и 32 (°C)
Амбиентална
температура oC
MK -16-
Дополнителна опрема
Послужавник за мраз
• Наполнете го со вода и ставете го во комора.
• Откако водата комплетно ќе се претвори во мраз, засукајте го послужавникот (како
на сликата, за да излезат коцките).
Фиока во замрзнувачот
Фиоката во замрзнувачот овозможува
порамномерно чување на храната.
Вадење на фиоката во замрзнувачот
• Повлечете ја фиоката докрај
• Повлечете го предниот дел на кутијата
нагоре.
Постапете по обратен редослед за да ја
вратите фиоката на место.
Забелешка: Секогаш држете за рачката
кога ја вадите кутијата.
Преграда за екстра ладење
(кај одредени модели)
Совршена за чување на вкусот и текстурата
на свежите сеченици и сирење. Фиоката на
извлекување обезбедува средина со ниска
температура споредено со остатокот од
фрижидерот, благодарение на активната
циркулација на ладен воздух.
Отстранување на полицата за ладење
• Повлечете ја полицата за ладење кон вас
со лизгање на шините.
• Извлечете ја полицата за ладење нагоре
од шината за да ја отстраните.
Фиока во замрзнувачот
Полица за ладење
MK -17-
Копче за свежина
(кај одредени модели)
Регулаторот на влажност во затворена позиција
овозможува свежото овошје и зеленчукот да се чуваат
подолго.
Ако фиоката за свежо овошје и зеленчук е сосема
полна, копчето за свежина кое се наоѓа пред фиоката
треба да се отвори. Кога ќе го отворите, температурата
и влажноста на воздухот во фиоката ќе се намалат.
Ако видите кондензација на стаклената полица,
може да ја наместите пластиката за регулирање на
влажноста во отворена позиција.
CuomFlex
CuomFlex® ви ја нуди слободата да го уредите просторот
во вашиот фрижидер. Во внатрешноста на вратата има
сад за чување и подвижен сад, така што може да го
уредите просторот според вашите потреби. Садовите се
дури и отстранливи, така што можете да ги отстраните од
фрижидерот за полесен пристап.
Копче за свежина
• Капакот на CuomFlex садот за чување може да се
повлече кон стрелката за отворање.
• За затворање, капакот може да се повлече во обратната
насока.
Визуелните и текстуални описи во делот за додатоци може да се
разликуваат во зависност од моделот.
MK -18-
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТДЕЛ - 3.
Оддел за ладење
• Никогаш не ставајте течности во отворени садови во ладилникот за да ја намалите
појавата на влага и последователно зголемување на мразот. Мразот се собира во
најстудените делови кај испарувањето и со време ладилникот треба да се одмрзне.
• Никогаш не ставајте топла храна во ладилникот. Топлата храна прво треба за се
излади на собна температура и треба да се складира при што ќе се обезбеди
соодветна циркулација на воздухот во одделот на ладилникот.
• Ништо не смее да се допира до задниот ѕид бидејќи така ќе дојде до замрзнување,
а пакувањето може да се залепи за задниот ѕид. Не отворајте ја вратата на
ладилникот многу често.
• Ставете ги месото и исчистената риба (завиткани во пакување или пластичен сад)
што ќе ги искористите за 1-2 дена најдолу во ладилникот (веднаш над фиоката
за свежа храна) бидејќи ова е најстудениот дел и обезбедува најдобри услови за
чување.
• Може да ги ставите овошјето и зеленчукот во фиоката за свежа храна без да ги
спакувате.
Подолу се дадени одредени препораки за ставање и чување на храната во одделот на
ладилникот.
Храна
Овошје и зеленчук1 седмицаКорпа за зеленчук
Месо и риба2 - 3 дена
Свежо сирење3 - 4 денаВо специјалната полица на вратата
Путер и маргарин1 седмицаВо специјалната полица на вратата
Производи во шише
млеко и јогурт
Јајца1 месецВо полицата за јајца
Зготвена храна2 дена На сите полици
Максимално време за
чување
До истекот на рокот што го
одредува производителот
Завиткани во пластична фолија или
кеса во садот за месо
(на стаклената полица)
Во специјалната полица на вратата
Каде се става во
одделот на ладилникот
ЗАБЕЛЕШКА: Компирите, кромидот и лукот не треба да се чуваат во ладилникот.
Оддел за замрзнување
• Користете го одделот за длабоко замрзнување на ладилникот за да ја чувате
замрзнатата храна подолг период и за да правите коцки мраз.
• Употребете го режимот „супер замрзнување“ за брзо да замрзнете свежа храна.
• Храната можете да ја ставате до друга замрзната храна откако таа веќе замрзнала
(по минимум 24 часа).
• За да постигнете максимален капацитет во одделот за замрзнување, користете
ги стаклените полици за горниот и средниот дел. Користете ја долната корпа за
долниот дел.
• Не ставајте ја храната што сакате да ја замрзнете во близина на веќе смрзнатата
храна.
MK -19-
• Треба да ја замрзнувате храната (месо, мелено месо, риба и слично) разделени
во порции за да може да се консумираат наеднаш.
• Не замрзнувајте ја повторно замрзнатата храна што веќе се растопила. Тоа е
опасно по здравјето бидејќи може да предизвика проблеми како труење со храна.
• Не ставајте врела храна во длабокото замрзнување пред да се излади. Може да
предизвикате расипување на претходно замрзнатата храна во одделот за длабоко
замрзнување.
• Кога ќе купите замрзната храна, проверете дали е замрзната во соодветни услови
и уверете се дека пакувањето не е скинато.
• Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата
храна во пластични фолии или кеси.
• Секогаш следете ги упатствата кои се посoчени на пакувањето и никогаш не
надминувајте го максималното посочено време за складирање. Ако немате
конкретни упатства, имајте на ум дека храната мора да се изеде за кратко време.
• Ако не е расипана, храната се замрзнуваа со ставање на полицата за брзо
замрзнување што е можно порано. Не користете ги полиците на вратите за да
замрзнувате.
• Ако пакувањето со замрзната храна е влажно и има непријатен мирис, храната
веројатно била претходно замрзната во несоодветни услови и се расипала. Не
купувајте ваква храна.
• Рокот на употреба на смрзната храна зависи од собната температура, на колку е
поставен термостатот, колку често се отвора вратата, видот на храната и времето
потребно да се однесе производот од продавница до дома. Секогаш следете ги
инструкциите на пакувањето и не надминувајте го нејзиниот период на чување.
Важна забелешка:
• Покријте ги готвените јадења кога ги ставате во фрижидерот. Ставете ги во
фрижидерот кога се ладни, инаку температурата/влажноста во фрижидерот ќе се
зголемува со што му се отежнува работењето. Покривањето на храната и пијалаците
исто така помага во зачувувањето на вкусот и аромата.
• Некои зачини во зготвената храна (анасон, босилок, миродија, оцет, вегета, ѓумбир,
лук, кромид, сенф, мајчина душица, мајоран, црн бибер, колбаси итн.) може да
имаат лош вкус по подолг период на складирање. Затоа, замрзнатата храна треба
да се зачинува во мала количина откако таа се одмрзнала.
• Периодот на чување на храната зависи од употребеното масло. Маргаринот,
животинската маст, маслиновот масло и путерот одговараат, додека маслото до
кикирики и свинската маст не одговараат.
• Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата
храна завиткана во пластични фолии или кеси.
Забелешка: Ако извадите замрзната храна од замрзнувачот и ја ставите во долната
преграда за ладење ден пред да ја ставите да се стопи, така помагате температурата
во фрижидерот да се намали, што помага во заштедувањето струја.
MK -20-
Подолу се дадени одредени препораки за ставање и чување на храната во одделот
на замрзнувачот.
Месо и рибаПодготовка
БифтекЗавиткан во фолија6 - 8
ЈагнешкоЗавиткано во фолија6 - 8
Печено телешкоЗавиткано во фолија6 - 8
Телешко на коцкиНа мали парчиња6 - 8
Јагнешко на коцкиНа парчиња4 - 8
Мелено месоВо пакување без зачини1 - 3
Пилешки џигер (парчиња) На парчиња1 - 3
Колбаси/салама
Пилешко и мисиркаЗавиткани во фолија4 - 6
Гуска и паткаЗавиткани во фолија4 - 6
Елен, зајак и дива свињаВо порции од 2.5 кг како филети6 - 8
Слатководна риба (лосос,
амур, крап, сом)
Посна риба: морски гргеч,
калкан, лист
Мрсна риба (туна, скуша,
ципура, сардела)
Школки, раковиИсчистени и во вреќички4 - 6
Кавијар
Полжави
Треба да се спакувани дури и ако
имаат лушпа
Откако ќе ги исчистите утробата
и крлушките на рибата, измијте и
исушете ја. Ако е неопходно, исечете
ги опашот и главата.
Во своето пакување, во
алуминиумски или пластичен сад
Во солена вода, во алуминиумски
или пластичен сад
Максимално време за
чување (месец)
2
4
2 - 4
2 - 3
3
Забелешка: Смрзнатото месо треба да се готви како свежото штом ќе се
одмрзне. Ако не го зготвите месото кога ќе се одмрзне, не смее повторно да
се замрзнува.
Овошје и зеленчукПодготовка
Боранија и грав
Грашок
ЗелкаИсчистена и сварена во вода6 - 8
Морков
Пиперка
СпанаќИзмиен и сварен во вода6 - 9
Карфиол
Измијте и исечете на мали парчиња
и сварете ги во вода
Исчистете го од мешунките и сварете
го во вода
Исчистен, исечкан на парчиња и
сварен во вода
Исечете ја дршката, исечете на два
дела, извадете ги семките и сварете
ја во вода
Извадете ги листовите, исечете ја
срцевината на парчиња и оставете го
вода со малку лимон
Максимално време за
чување (месеци)
10 - 13
12
12
8 - 10
10 - 12
MK -21-
Овошје и зеленчукПодготовка
Модар патлиџан
Пченка
Јаболко и крушаИзлупете ги и исечете ги на парчиња8 - 10
Кајсија и праска
Јагоди и капиниИзмијте и исчистете ги8 - 12
Зготвено овошјеДодајте 10% шеќер во садот12
Слива, цреша, вишнаИзмијте и исчистете ги семките8 - 12
Исечете го на парчиња од 2 см по
миењето
Исчистете и спакувајте ја со кочанот
или издробена
Исечете на два дела и извадете ги
семките
Максимално време за
чување (месеци)
10 - 12
12
4 - 6
Млечни производиПодготовка
Млеко во кутија
(хомогенизирано)
Кашкавал - со исклучок
на сирењето
Путер, маргарин
Максимално време
за чување (месеци)
Леб4 - 62 - 34-5 (220-225° C)
Бисквити3 - 61 - 1,55-8 (190-200° C)
Печиво 1 - 32 - 35-10 (200-225 °C)
Пита1 - 1,53 - 45-8 (190-200° C)
Лиснато тесто2 - 31 - 1,55-8 (190-200° C)
Пица2 - 32 - 415-20 (200° C)
Во своето
сопствено
пакување
На парчиња6 - 8
Во своето
пакување
Максимално време
за чување (месеци)
2 - 3
6
Време на
одмрзнување на
собна температура
(часови)
Услови на чување
Свежо млеко - во своето
сопствено пакување
Оригиналното пакување
може да се користи за
краткорочно чување.
Треба да се завитка во
фолија за подолготрајно
чување.
Време на одмрзнување
во рерна (минути)
MK -22-
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕДЕЛ - 4.
Исклучете го фрижидерот од напојувањето пред чистење.
Не го мијте со потурање на вода.
За чистење никогаш не употребувајте запаливи, експлозивни или
корозивни материјали како разредувач, киселина, итн.
• Можете да ги исчистите внатрешните и надворешните површини со
мека крпа или сунѓер натопени во вода и сапун.
• Отстранете ги деловите поединечно и чистете со вода со
сапуница. Да не се мијат во машина за миење садови.
• Кондензаторот (задниот дел со црни крила) треба да
се чисти со правосмукалка или со сува четка најмалку
еднаш годишно. Ова ќе помогне замрзнувачот да работи
поефикасно и ќе Ви овозможи да заштедите енергија.
Ладилникот треба да е исклучен од штекер при чистењето.
Одмрзнување
Ладилникот целосно автоматски се одмрзнува. Водата што се
појавува како резултат на одмрзнувањето, поминува низ жлебот
за собирање на водата, истекува во садот за испарување зад
ладилникот и испарува оттаму.
• Проверете дали сте го исклучите ладилникот од штекер пред
да го чистите садот за испарување.
• Извадете го садот за замрзнување од местото така што ќе ги
отшрафите шрафовите како што е посочено. Чистете го со вода и детергент на
посочените интервали. Така, ќе спречите појава на непријатен мирис.
Замена на ЛЕД-сијаличката
Ако ладилникот има ЛЕД-сијаличка, контактирајте со центарот за помош бидејќи само
овластен сервисер може да ја смени.
MK -23-
Табла за
испарување
ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕДЕЛ - 5.
• Може да ги зачувате оригиналното пакување и пената за повторен транспорт (по
избор).
• Треба да го прицврстите ладилникот со цврсто пакување, ремени или издржливи
јажиња и следете ги упатствата за транспорт дадени на пакувањето на повторен
транспорт.
• Извадете ги подвижните делови (полици,
дополнителна опрема, садови за зеленчук и сл.)
или фиксирајте ги во ладилникот со ленти во
текот на преместувањето и транспортот.
Транспортирајте го ладилникот во
исправена позиција.
Менување на положбата на вратата
• Не е можно да се смени правецот на отворање на вратата од ладилникот ако рачките
на вратите се поставени на надворешната површина на вратата.
• Правецот на отворање на вратата може да се смени само кај модели без рачки.
• Ако правецот на отворање на вратата на ладилникот може да се смени, треба да
контактирате со најблискиот овластен сервис за да го сменат правецот на отворање.
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИСЕРДЕЛ - 6.
Проверете ги предупредувањата:
Ладилникот ве предупредува ако температурата за ладилникот и замрзнувачот се на
несоодветни нивоа или кога ќе се појави проблем со апаратот. Овие предупредувања
може да ги видите на приказот за индикации.
ВИД НА ГРЕШКАЗНАЧЕЊЕЗОШТОШТО ТРЕБА ДА СТОРИТЕ
E01
E02
E03
E06
E07
E08
Сензор за
предупредување
Предупредување
за низок напон
Енергијата на уредот е
падната под 170 V.
Веднаш повикајте помош од
овластен сервисер.
1. Уредот не е расипан,
оваа грешка помага
превентивно да не се
оштети компресорот.
2. Напонот треба да се
покачи до посакуваното
ниво
Доколку продолжи
предупредувањето,
контактирајте овластен
сервисер.
MK -24-
ВИД НА ГРЕШКАЗНАЧЕЊЕЗОШТОШТО ТРЕБА ДА СТОРИТЕ
1. Поставете ја
температурата за
замрзнувачот на
поладно или поставете
го супер-замрзнувањето.
Откако ќе биде
постигната посакуваната
температура, би требало
да исчезне кодот за
грешката. Затворете
ги вратите за побрзо да
се постигне правилната
температура.
2. Отстранете ги
производите што се
одмрзнале поради оваа
грешка. Мора да ги
искористите што е можно
побрзо.
3. Не ставајте свежи
производи во преградата
за замрзнување се додека
не се постигне правилната
температура и додека не
исчезне грешката.
Доколку продолжи
предупредувањето,
контактирајте овластен
сервисер.
1. Поставете ја
температурата за
замрзнувачот на
поладно или поставете
го супер-замрзнувањето.
Откако ќе биде
постигната посакуваната
температура, би требало
да исчезне кодот за
грешката. Затворете ги
вратите за побрзо да
се постигне правилната
температура.
2. Ве молиме испразнете го
местото пред отворите
за проток на воздух и
избегнувајте да ставате
храна во близина на
сензорот.
Доколку продолжи
предупредувањето,
контактирајте овластен
сервисер.
E09
E10
Преградата за
замрзнување не
е доволно ладна
Преградата за
замрзнување не
е доволно ладна
Ова може да се случи
по долг период без
струја.
Веројатно е да се
појави по:
- Долг период без
струја.
- Сте оставиле топла
храна во ладилникот.
MK -25-
ВИД НА ГРЕШКАЗНАЧЕЊЕЗОШТОШТО ТРЕБА ДА СТОРИТЕ
1. Проверете дали е вклучен
режимот за супер-ладење
2. Намалете ја
температурата на
преградата на ладилникот
3. Проверете дали отворите
за вентилација се чисти
Доколку продолжи
предупредувањето,
контактирајте овластен
сервисер.
E11
Преградата
за ладење е
премногу ладна
Разновидни
Доколку единицата не работи исправно, можеби е мал квар. Пред да повикате сервис,
за да заштедите време и пари, проверете го прво следното:
Ако ладилникот не лади работи:
• Дали има струја?
• Дали приклучокот е правилно поставен во штекерот?
• Дали осигурувачот за штекерот е прегорен?
• Дали има дефект на штекерот? За да проверите, приклучете го ладилникот во
штекер што сигурно работи.
Ако вашиот фрижидер не лади доволно:
• Дали е соодветна поставената температура?
• Дали врата се отвора и затвора често и била оставена отворена подолго?
• Дали е вратата затворена правилно?
• Дали сте ставиле садови или храна во ладилникот што го допираат задниот ѕид
со што се спречува циркулацијата на воздухот?
• Дали е ладилникот преполнет?
• Дали има соодветно растојание меѓу ладилникот и задниот и страничните ѕидови?
• Дали температурата во средината е во опсегот со вредности што се посочени во
упатството за работа?
Дали храната во ладилникот е многу студена?
• Дали е соодветна поставената температура?
• Дали неодамна сте ставиле многу храна во замрзнувачот? Ако е така, ладилникот
може многу да ја излади храната и ќе работи подолго за што треба подолго да
работи.
Ако ладилникот работи многу гласно
За да се одржи нивото на ладење, компресорот мора да се активира од време на време.
Бучавата на ладилникот тогаш е нормална и се должи на работата. Кога ќе се достигне
потребното ниво за ладење, бучавата автоматски ќе се намали. Ако бучавата опстојува
• Дали е ладилникот стабилен? Дали се ногарките прилагодени?
• Дали има нешто зад ладилникот?
MK -26-
• Дали полиците или садовите на полиците во ладилникот вибрираат? Преместете
ги полиците и/или садовите ако тоа е случајот.
• Дали ставените ставки во ладилникот вибрираат?
Нормална бучава
Звук на пукање (како пукање мраз):
• При автоматско одмрзнување.
• Ако ладилникот се лади или загрева (заради ширењето на материјалите).
Краток звук на пукање:Се слуша кога термостатот го вклучува и исклучува
компресорот.
Бука од компресорот (нормална работа на моторот): Оваа бука значи дека
компресорот работи нормално. Компресорот може да предизвикува поголема бука
накусо кога се активира.
Звук на клокотење и прскање: Оваа бука ја предизвикува протокот на средството
за ладење во цевките на системот.
Звук на вода што тече: Нормален звук на водата што истекува во садот за испарување
во текот на одмрзнувањето. Оваа бука се слуша во текот на одмрзнувањето.
Бука на проток на воздух (нормална бука од вентилаторот): Оваа бука може да
се слушне кај ладилниците со функција за спречување замрзнување во текот на
нормалната работа на системот заради циркулацијата на воздухот.
Ако се наталожува влага во ладилникот
• Дали целата храна е спакувана правилно? Дали садовите се исушени пред да ги
ставите во ладилникот?
• Дали вратите на ладилникот се отвораат честопати? Влагата од просторијата
влегува во ладилникот кога се отвораат вратите. Влагата ќе се наталожи побргу
ако ги отворате вратите многу често, особено ако има многу влага во просторијата.
• Појавата на водени капки на задниот ѕид веднаш по одмрзнувањето е нормално.
(кај статични модели)
Ако вратите не се отвораат и затвораат правилно
• Дали спакуваната храна го попречува затворањето на вратата?
• Дали дополнителната опрема на вратата, полиците и фиоките се поставени
правилно?
• Дали гумата на вратите е скршена или изабена?
• Дали ладилникот е на рамна површина?
Ако рабовите на ладилникот каде се допира врата се топли
Особено налето (кога е жешко), површините на контактите се стоплуваат додека работи
компресорот. Ова е нормално.
MK -27-
Важни забелешки:
• Функцијата за заштита на компресорот ќе се активира по ненадејно сменување
струја или ако го исклучите производот од струја затоа што гасот во системот за
ладење не е уште стабилизиран. Ладилникот ќе започне да работи нормално по
5 минути. Не треба да се грижите.
• Ако нема да го користите ладилникот подолго време (на пр. за време на летниот
одмор), исклучете го од струја. Исчистете го ладилникот како што е посочено
во поглавјето 4 и оставете ја вратата отворена за да спречите појава на влага и
миризба.
• Ако проблемот опстојува откако сте ги следеле сите погоре дадени упатства,
повикајте го најблискиот овластен сервис.
• Ладилникот што го купивте е наменет за домашна употреба и може да се користи
само дома и за наменетата цел. Не е наменет за комерцијална или заедничка
употреба. Ако го користите ладилникот на начин којшто не соодветствува со
одликите, потенцираме дека производителот и застапникот не се одговорни за
поправките и дефектите во периодот на гаранцијата.
Совети за заштеда на енергија
1. Монтирајте го апаратот во студена и добро проветрена просторија, но не и на директна
сончева светлина и подалеку од извор на топлина (грејно тело, шпорет и сл.). Во
спротивно, користете плоча за изолација.
2. Оставете топлата храна и пијалаците за да се изладат надвор од апаратот.
3. Кога одмрзнувате замрзната храна, ставете ја во ладилникот. Ниската температура
на замрзнатата храна ќе помогне при ладењето на одделот за ладилникот при
одмрзнувањето. Така се намалува потрошувачката.
4. Пијалаците и зготвената храна треба да се во затворени садови кога се ставаат внатре.
Во спротивно, влагата се зголемува во апаратот. Така се продолжува и времето за
работа. Затворањето на пијалаците и течностите во садови помага да се зачуваат
миризбата и вкусот.
5. Кога ставате храна и пијалаци, држете ја вратата отворена колку што е можно пократко.
6. Затворајте ги капаците на сите комори во фрижидерот коишто имаат различна
температура (комора за свежа храна, разладување и сл.).
7. Гумата на вратите мора да биде чиста и еластична. Во случај на истрошеност, ако
вашата гума може да се оддели, заменете ја гумата. Ако не може да се оддели, треба
да ја замените вратата.
8. Функцијата за еко режим/стандардна поставка ја чува свежата и замрзнатата храна
штедејќи енергија.
9. Преграда за свежа храна (Фрижидер): Најефикасната искористеност на енергијата
се обезбедува во конфигурацијата со фиоките во долниот дел од уредот и полиците
рамномерно распределени, позицијата на корпите на вратата не влијаат на
потрошувачката на енергија.
10. Преграда за замрзнување (Замрзнувач): Внатрешната конфигурација на уредот е
таа што обезбедува најефикасна искористеност на енергија.
11. Не ги отстранувајте ладните акумулатори од корпата во замрзнувачот (ако постојат.).
MK -28-
ДЕЛОВИ НА АПАРАТОТ И ОДДЕЛИТЕДЕЛ - 7.
A
15
1
2
3
4
5
6
7
14
13
12
B
8
9
Оваа презентација е само за информирање околу деловите на апаратот. Деловите
може да варираат во зависност од моделот на апаратот.